"Затворскиот систем во Македонија мора да добие неопходни средства за да може да остварува оперативна ефикасност и да се справи со недостатоците"- вака стои во извештајот на Советот на Европа направен по ноемвриската обиколка на македонските затворски институции.
Затворениците во КПД "Идризово" и кажаа збогум на мобилната телефонија. Тие вчера се пожалија дека воопшто немаат сигнал на нивните апарати, а причина за ова е поставениот блокатор, со кој се спречува користење на забранетите телефони.