TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски ќе разговара со Ахмети и Тачи

А1 - 22.06.2008

Во текот на оваа недела се очекува да започнат разговорите за новата Влада. Се поизвесно е дека Груевски ќе има разговори и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со лидерот на ДПА Мендух Тачи. По вчерашното конституирање на Собранието, претседателот Црвенковски утре на Груевски ќе му го даде мандатот за ...

Груевски на маки по триумфот

Утрински - 21.06.2008

Премиерот ќе има главоболки околу изборот на коалиционен партнер и старите проблеми Гордана Дувњак Двојната желба на Никола Груевски да го продолжи своето владеење за уште четири нови години и да освои повеќе од 61 пратенички мандат не само што се оствари туку и ги надмина неговите очекувања.

Колачот мал, апетитите големи

Време - 20.06.2008

ПОЧНУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КОАЛИЦИСКА ВЛАДА Неизвесноста со која од албанските партии, ДУИ или ДПА, ќе коалицира премиерот Никола Груевски во новата влада, или можеби со двете, како што се шпекулира, останува до крај. Од ВМРО-ДПМНЕ официјално упатуваат на изјавата на Груевски дадена во Брисел дека ...

Селмани ќе ја преземе ДПА?

Вест - 20.06.2008

СЦЕНАРИЈА ЗА ИЗОЛАЦИЈА НА МЕНДУХ ТАЧИ Ако лидерот на ДПА Мендух Тачи ја одбие идејата на премиерот Груевски да прави влада со двете албански партии, тогаш ќе му се најде замена, тврдат партиски извори Премиерот Никола Груевски не отстапува од замислата двете албански партии да ги внесе во новата ...

Шпионски трилер со Тачи и со Ахмети

Утрински - 20.06.2008

Си велам... Ерол Ризаов Улогата на странска тајна служба во македонските избори е сериозно обвинување на Мендух Тачи Изборите завршија иако ќе се прегласува до среде лето, а како што тргнало може и до есен. На повидок е нова голема по многу нешта опасна постизборна афера.

Подготвени сме да ја поднесеме власта

Вечер Прес - 20.06.2008

ДУИ е подготвена да ја презема одговорноста во новата власт во Македонија после победата на предвремените парламентарни избори на 1 и 15 јуни, изјавил Али Ахмети за тиранскиот весник Кориери. Во интервјуто, Ахмети напоменал дека без разлика на проблемите, ДУИ ќе се справи со ситуацијата, како што е ...

Ахмети: ДУИ е подготвена за влез во новата Влада

А1 - 19.06.2008

Демократската унија за интеграција е подготвена да ја земе одговорноста за влез во новата Влада на Македонија. Ова го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети за денешниот број на тиранскиот весник „Корери“. Ахмети додаде дека не треба да се повторат грешките што беа направени во 2006 година, кога не беше ...

Тачи си кажа, државата остана жива

Време - 19.06.2008

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ИТНА ИСТРАГА Институциите мора да спроведат сериозна истрага по изјавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дека служби на странска држава финансирале политичка партија од Македонија за да предизвикува инциденти во текот на изборниот процес, инсистираат експертите.

Влада со ДПА и со ДУИ- мир в куќа или рогови во вреќа

Утрински - 19.06.2008

Се спомнува Груевски во Владата да ги покани и ДУИ и ДПА, но за аналитичарите тоа е неспроведливо На плоштадот во Тетово вчера ДПА истакна две паноа, на кои со бројки на избирачки места беа искажани две состојби со освоените гласови на ДПА и на ДУИ Светлана Унковска Дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Предлогот на Ахмети е во туѓ интерес

Дневник - 19.06.2008

За соседите многу поелегантно е прашањето за името да се покрене внатре во Македонија и од политичар и партија што можеби ќе бидат дел од новата влада, вели професор Малковски Не стивнуваат реакциите и осудите за изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за мултиетничко име на земјава, а историчарите ...

ДУИ е подготвена да ја преземе одговорноста во новата македонска влада

Канал5 - 19.06.2008

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за тиранскиот весник “Кориери“ изјави дека неговата партија е подготвена да ја преземе одговорноста во новата македонска влада по победата во однос на ДПА на парламентарните избори. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за тиранскиот весник Кориери изјави ...

Мартовски или мајски - договор ќе има

Време - 18.06.2008

ПРЕМИЕРОТ МОЖЕ ДА ИЗБИРА, АМА НЕМА ИЗБОР Премиерот Никола Груевски вчера телефонски разговарал со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, што се први негови контакти со двете партии по прегласувањето, по кои и двете очекуваат покана за учество во владината коалиција.

Груевски ги кани и ДУИ и ДПА во власта

Вест - 18.06.2008

ДВЕТЕ АЛБАНСКИ ПАРТИИ ВЛЕГУВААТ ВО ВЛАДАТА Пет министерски места, од кои едно вицепремиерско, идниот мандатар Никола Груевски планирал да им ги даде на ДУИ и на ДПА да си ги поделат меѓу себе според бројот на освоени пратенички места.

Тачи не влегува во иста влада со ДУИ

Вест - 18.06.2008

ДПА нема да биде дел од влада во која ќе партиципира и ДУИ. Лидерот Мендух Тачи вчера негираше дека ќе се повлече од лидерската позиција и ја обвини ДУИ дека е криминална струкура. "Мислам дека со една таква криминална струкура не е добро ДПА да дише ист воздух а не да седнат на иста заедничка маса.

Тачи не сака заедно со Ахмети во Владата

Утрински - 18.06.2008

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека првичните информации ќе следуваат по седницата на Извршниот комитет Светлана Унковска Гојко Ефтоски Премиерот Никола Груевски уште во понеделникот, ден по прегласувањето на 15 јуни, телефонски разговарал со првите луѓе на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Тачи- Странска држава инвестирала во политичка партија

Утрински - 18.06.2008

ТЕТОВО - „Тајни служби на соседна држава инвестирале милиони евра во политичка партија од нашата земја за да се создадат немир и конфликтна ситуација. Намерата била да се дестабилизира Македонија и да се оцрни пред светот, со што би се аргументирало тврдењето дека не сме подготвени за влез во ...

ДУИ поблизу до власта

Дневник - 18.06.2008

Изборните резултатии„лошиоткарактер“наМендухТачи, најверојатно, ќе пресудат при изборот на ВМРО-ДПМНЕ на коалициски партнер Македонија ќе добие нова влада до средината на јули, две недели порано од законските рокови, прогнозираат високи извори во владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои не сакаат да ...

Ахмети бара мултиетничко име за земјава

Дневник - 18.06.2008

Партиските потпретседатели Теута Арифи и Рафиз Алити потврдија само дека ставот на ДУИ е оти државниот врв треба да најде компромис за името заМакедонија данеги прокоцка евроатлантските интеграции Али Ахмети и партискиот врв на ДУИ молчат и одбиваат да го објаснат ставот на лидерот објавен во ...

Мендух Тачи: Соседна земја ги плати инцидентите

Дневник - 18.06.2008

ДПА не прецизира која партија зела милиони евра за да прави изборни нерегуларности Лидерот на ДПА Мендух Тачи вчера обвини дека тајна служба на соседна држава и' платила милионска сума на партија од Македонија за да предизвика инциденти на изборите, да ја дестабилизира државата и да ја оддалечи од ...

Ахмети да не гази по името Македонија

Вечер Прес - 18.06.2008

Али Ахмети не смее да гази по светоста на Македонците - името на државата, реагираат од Светскиот Македонски Конгрес, на ставовите на лидерот на ДУИ изнесени во интервју за грчкиот весник Елефтеротипиа. Ахмети завчера изјави дека решението на спорот за името треба да одговара на мултиетничкиот ...

Груевски може и сам да состави Влада

Вечер Прес - 18.06.2008

Лидерот на ДПА Мендух Тачи вчера обвини дека странска разузнавачка служба од соседна држава вложила милиони евра за дестабилизација на Македонија и создавање на лоша слика за државата за време на одржувањето на парламентарните избори.

Груевски телефонски разговарал со Ахмети и Тачи

А1 - 17.06.2008

Груевски денеска телефонски разговарал со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Не се споменува можноста за коалиција. Им го честитал изборниот резултат и освоените пратенички мандати. Груевски вчера во телефонскиот разговор со Ахмети и Тачи разговарал за текот на изборниот процес и ...

Каде е Тачи?

Вест - 17.06.2008

ШПЕКУЛАЦИИ ДЕКА ЛИДЕРОТ НА ДПА ДОЖИВЕАЛ ИНФАРКТ Според непотврдени информации, Тачи преживеал два послаби инфаркта едноподруго, по што итно, со приватен авион бил пренесен во Турција Лидерот на ДПА Мендух Тачи, по насилните избори на први јуни доживеал инфаркт, тврдат партиски извори.

И по повторените избори, ДПА и ДУИ се прогласија за победници

Утрински - 17.06.2008

И од двете партии најавуваат приговори до ДИК поради изборни нерегуларности Гојко Ефтоски ТЕТОВО - Двете најголеми политички партии на Албанците во Македонија - ДУИ и ДПА, ноќта спроти понеделникот во своите седишта во Тетово прогласија победи.

Груевски им честитал за изборните резултати и на Ахмети и на Тачи

Канал5 - 17.06.2008

Груевски телефонски разговарал со Ахмети и со Тачи. Ни од кабинетот на премиерот, ни од ДУИ и ДПА не соопштуваат детали. “Премиерот искажа задоволство од текот на гласањето на 15 – ти јуни и на Ахмети и на Тачи им го честиташе изборниот резултат и освоените пратенички мандати” соопшти владиниот ...

Премиерот Груевски телефонски разговарал со Ахмети и Тачи

Канал5 - 17.06.2008

Премиерот Никола Груевски вчера телефонски разговарал со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, во врска со текот на изборниот процес, соопшти владиниот портпарол Ивица Боцевски. Скопје, 17 јуни (МИА) - Премиерот Никола Груевски вчера телефонски разговарал со лидерите на ДУИ и на ДПА, ...

ДУИ ја прослави победата

А1 - 16.06.2008

18-те пратенички места за ДУИ наспроти 11-те за ДПА синоќа беа доволни за еуфорија во партијата на интегративците. Во победничка атмосфера лидерот на ДУИ Ахмети ја испрати пораката - никој не може да ја победи волјата на народот.

Ахмети: Мислам дека Груевски научи од грешката во 2006-та

А1 - 16.06.2008

Мислам дека Груевски научи од грешката што ја направи во 2006-та што не ја почитуваше волјата на мнозинството Албанци во Македонија, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети во интервју за грчкиот весник „Та неа“. Според Ахмети, перманентната политичка криза што водеше кон предвремени избори, како и ...

Се тепаа на избори, ќе се мират во влада

Време - 16.06.2008

ДУИ И ДПА ЧЕКААТ ПОКАНА ОД ГРУЕВСКИ Двајцата албански лидери во Македонија, Али Ахмети и Мендух Тачи, го чекаат премиерот Никола Груевски да ги повика да се договорат за идната владина коалиција. Лидерот на ДУИ преку албанската телевизија „Њуз 24“ веќе му порачал на идниот мандатар оти, по ...

Кого Груевски ќе го земе во власта?

Канал5 - 16.06.2008

Сите опции се на маса – се зависи од политичката волја и политичката проценка на идниот мандатар – анализираат експертите по изборниот исход во албанскиот блок. Јетон Шасивари, професор на Штуловиот универзитет, вели дека би било пожелно Груевски во власта да ги вклучи и ДУИ и ДПА за полесно да ги ...

Ахмети: Реално е до 9-ти јули да се реши проблемот со името

Канал5 - 16.06.2008

Реално е до 9-ти јули да се реши проблемот со името, изјави во интервју за грчка Елефтеротипија лидерот на ДУИ Али Ахмети. Решението на спорот за името треба да одговара на мултиетничкиот карактер на нашата држава, да го земе во предвид идентитетот на граѓаните, но и историските и географските ...