TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Почна 17-дневното уживање во зимските спортови

Време - 11.02.2006

20. ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ТОРИНО Со вчерашното свечено отворање од 20 часот почнаа јубилејните 20. Зимски олимписки игри (ЗОИ), во Торино (Италија). Игрите ќе траат до 26 февруари и на нив ќе учествуваат рекордни 2.600 спортисти од 84 земји во 84 дисциплини од 15 спорта.

Маровски пропушти тренинг поради болки во коленото

Време - 11.02.2006

ВЕСТИ ОД МАКЕДОНСКАТА ЕКСПЕДИЦИЈА ОД ЗОИ ТОРИНО 2006 Ѓорѓи Марковски, македонскиот алпинец што на Зимските олимписки игри во Торино треба да скија во слалом и во велеслалом, го пропушти вчерашниот тренинг поради болки во десното колено.

Данскиот знаменосец со посебна полициска заштита

Утрински - 11.02.2006

Поради можни акции на милитантните исламски групи Натпреварувачката во карлинг Дорте Холм, која го носеше данското знаме за време на дефилето на свеченото отворање на Игрите во Торино, доби посебна полициска заштита. Организаторите добија предупредување за можни акции на милитантните исламски групи ...

Македонија со тројца спортисти

Утрински - 11.02.2006

Македонија со тројца спортисти ќе се претстави на 20. Зимски олимписки Игри во Торино. Тоа се скијачите Ѓорѓи Марковски и Ивана Ивчевска кои ќе се натпреваруваат во алпските дисциплини и нордиецот Дарко Дамјановски. Прв од нив ќе настапи токму Дамјановски кој ќе го скрши мразот на 17 февруари во ...

Страста живее во Торино

Утрински - 11.02.2006

Со церемонијата на свеченото отворање, синоќа почнаа 20. Зимски олимписки игри Отварањето и затварањето на ЗОИ ќе го чинат организаторот 28 милиони евра Извонредното шоу го привлече вниманието на две милијарди гледачи кои синоќа останаа пред малите екрани и предизвикаа силни емоции при отворањето ...

Торино е центарот на спортскиот свет вечерва

А1 - 10.02.2006

Стадионот „Комунале“ во Торино е центарот на спортскиот свет вечерва. По неколку минути на северот на Италија, во главниот град на покраината Пиемонте, ќе стартува церемонијалот на свеченото отворање на 20-те зимски олимписки игри.

Почнуваат 20-те зимски олимписки игри

А1 - 10.02.2006

Во Торино денеска ќе бидат отворени 20-те Зимски олимписки игри на кои ќе настапат и тројца македонски спортисти. Знамето на Македонија на отворањето ќе го носи скијачот Ѓорѓи Марковски, а покрај него во македонскиот тим се и Ивана Ивчевска и Дарко Дамјановски.

Помалку од четири часа остануваат до почетокот на ЗОИ

А1 - 10.02.2006

Одбројувањето привршува помалку од четири часа остануваат до почетокот на церемонијалот на свеченото отворање на 20-сетите ЗОИ во Торино. Навидум се е подготвено, функционираат повеќе сегменти неопходни за организација но неодминлив е и впечатокот дека Торино како и Атина пред година ипол, ќе мора ...

Торино 2006 се "пали"

Вест - 10.02.2006

ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРААТ 20. ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ Величествено шоу се подготвува вечерва во Торино. Олимпискиот стадион во универзална прегратка ќе обедини 5.000 спортисти од 85 држави, кои ќе се обидат да си обезбедат место во вечноста, што единствено олимписки Величествено шоу се подготвува вечерва ...

По 50 години, Игрите повторно се вратија во Италија

Утрински - 10.02.2006

Под слоганот "Тука живее страста" вечерва во Торино ќе бидат отворени 20. Зимски олимписки игри Организаторите се надеваат дека ќе бидат домаќини на безбедни ЗОИ Под слоганот "Тука живее страста" вечерва во Торино ќе бидат отворени 20. Зимски олимписки Игри кои ќе траат до 26 февруари.

Снежна бајка со многу рекорди

Дневник - 10.02.2006

Торино вечерва ќе ја крене завесата на 20 зимските олимписки игри. Јубилејот во италијанскиот град ќе се прослави и со рекорден број спортисти, новинари, ТВ-гледачи... - Сметам дека ЗОИ во Торино ќе бидат најдобрите досега. Последните три олимпијади беа со право нарекувани најдобри, а сметам дека ...

Игрите низ бројки

Дневник - 10.02.2006

На 20 ЗОИ ќе учествуваат рекорден број спортисти, но и новинари од рекорден број земји. Околу 2.500 олимпијци и олимпијки од 88 земји ќе се натпреваруваат на ЗОИ 2006 во следните 17 дена, а ќе се поделат 252 медали во 15 спорта. Уште 2.500 учесници ќе имаат овие игри.

Трето претставување на независна Македонија

Дневник - 10.02.2006

нашиот ТИМ НА ОТВОРАЊЕТО СО ОСУММИНА Знаменосец на малобројниот олимписки тим на Македонија, на свеченото отворање на ЗОИ 2006, ќе биде алпскиот скијач Ѓорѓи Марковски (20). Него го сметаат за наш најдобар скијач на сите времиња.

Игрите тешки 28 милиони евра

Вечер Прес - 10.02.2006

Церемонијата на отворање и затворање на 20. Зимски олимписки игри , кои од денеска до 26 февруари, ќе се одржат во Торино, според најновите проценки, ќе чини 28 милиони евра, соопштија организаторите. На свеченоста ќе присуствуваат околу 12 илјади лица, а целата програма ќе биде следена со 32 ...

Мексико без свои спортисти

Утрински - 09.02.2006

На Зимските олимписки игри во Торино што стартуваат утре Мексико ќе нема свои спортисти на претстојните Зимски олимписки Игри во Торино, иако право за настап избори 47. годишниот скијач, Хубертус вон Хохенлох. Впечатливиот Фон Хохенлох, внук на покојниот сопственик на Фиат и основачот на ...

Павароти ќе учествува на отворање на Зимските олимписки игри

А1 - 08.02.2006

Италијанскиот оперски пејач Лучано Павароти ќе учествува во програмата на свеченото отворање на 20-тите Зимски олимписки игри, што од 10 до 26 февруари ќе се одржат во Торино. Портпаролот на светската оперска ѕвезда, Рената Мерони потврди дека Павароти ќе пее на отворањето на зимската Олимпијада, ...

Отворањето и затворањето на стадионот "Олимпико"

Утрински - 08.02.2006

Борилишта на 20. Зимски олимписки игри во Торино Посебно изградените или реновирани зимски објекти во Торино се сместени во централното подрачје познато како Олимписки кварт Специјално изградени или реновирани објектите, за потребите на Зимските олимписки Игри, во Торино се наоѓаат во средишното ...

Страв од можни муслимански протести

Дневник - 08.02.2006

ЗОИ 2006 Организаторот на ЗОИ 2006 се плаши од можни протести на муслимани во Торино за време на Игрите. Карикатури на пророкот Мухамед, објавени во некои дански, односно европски весници, предизвикаа севкупни проблеми. Владата на Италија објави дека се преземени додатни сигурносни мерки, иако не е ...

Брилијанти за "златните" Руси

Дневник - 08.02.2006

вести Руските спортисти што ќе освојат златни медали на ЗОИ 2006, покрај големите премии во долари, ги чека и по еден брилијант како награда. Така решија Олимпискиот комитет на оваа земја, компанијата Алроса и Здружението на јувелирите на Русија.

Загриженост за безбедноста на Игрите

Вечер Прес - 08.02.2006

Данските спортисти можат да добијат поголем заштита во Торино Италијанскиот министер за внатрешни работи Ѓузепе Пизану завчера претседаваше со состанокот на кој се разговараше за последните безбедносни мерки пред почетокот на Зимските олимписки игри во Торино, имајќи го предвид бесот на муслиманите ...

Мануела ди Чента му посака добредојде на македонскиот тим

Време - 07.02.2006

ЗОИ ТОРИНО 2006 ОФИЦИЈАЛЕН ПРИЕМ ЗА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА Откако во саботата во Торино пристигнаа преостанатите шест члена од македонската олимписка делегација, вчера за нашиот тим во Сестриере беше одржана свечена церемонија за добредојде во Олимпиското село.

Одржани првите тренинзи

Утрински - 07.02.2006

Македонскиот олимписки тим комплетен во Сестриере Миодраг МицковиЌ Членовите на македонскиот олимписки тим, кои ќе настапат на Зимската олимпијада во Торино од 10 до 26 февруари, веќе ја почувствуваа атмосферата на најголемата зимска спортска приредба што годинава ќе се одржи во светот.

Македонците ги запознаа олимписките терени

Дневник - 07.02.2006

ЗОИ 2006 Македонските олимпијци Ивана Ивчевска, Ѓорѓи Марковски и Дарко Дамјановски вчера првпат ги испробаа олимписките патеки во околината на Сестриере, Италија, каде што ќе се возат натпреварите од ЗОИ 2006. Алпинците Ивчевска и Марковски, заедно со тренерот Иван Лесевски, тренирале по патеката ...

Македонските спортисти заминаа за Торино

Време - 06.02.2006

ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ 2006 Со желба да ги остварат најдобрите резултати во кариерата, тројцата македонски олимпијци и уште тројца членови на делегацијата заминаа за Торино, каде што идниот петок ќе бидат отворени 20. Зимски олимписки игри.

Специфичната конвертибилна тежина на златото

Дневник - 06.02.2006

ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОРИНО 2006 Италијанските олимписки "власти" одлучија да ги изедначат премиите за освојување медали на зимските и летните Игри. Освојувачите на злато од земјата домаќин во Торино ќе добиваат по 130.000 евра, среброто кај "аѕурите" чини 65.000 евра, а бронзата вреди 40.000 евра.

Македонското знаме кренато во Торино

Дневник - 06.02.2006

ЗОИ ТОРИНО 2006 Македонското знаме вчера свечено се развиори над Олимпиското село во Торино, во присуство на комплетниот македонски тим што ќе не претставува на ЗОИ (10-26 февруари). Чинот беше увеличан и со присуството на делегација од домаќинот, предводена од градоначалникот на селото, ...

Бучковски на затворањето на Зимските олимписки игри

Макфакс - 06.02.2006

Скопје Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска ќе присуствува на свеченото затворање на Зимските олимписки игри во Торино. Бучковски според најавата треба да се сретне со македонските учесници на олимписките игри и со поранешниот претседател на Меѓународниот олимписки комитет Хуан Антонио ...