Георгиевски утре попладне на Извршен комитет конечно ќе пресече. Според извори на А1 ВМРО-Народна ќе го поддржи независниот кандидат Трифун Костовски. И Третиот пат на линија со Георгиевски и тие ќе го поддржат Костовски, тврдат извори од оваа коалиција.
Дали и која од коалициските партии ке застане зад независниот кандидат. Крајот на викендот треба да донесе крај на исчекувањата на Костовски и Пенов. Од денешниот извршен комитет на Вмро Дпмне, според најавите може да призлезе нивниот став сами ли да Дали и која од коалициските партии ке застане ...
ПРЕДИЗБОРНИ КОМБИНАЦИИ ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН Во Свети Николе се собираат 150.000 потписи од граѓани против можните кандидати за градоначалници од ЛП и од ЛДП Слободан Даневски и Љубе Костов. Граѓаните што ја поттикнаа акцијата сметаат дека треба да остане досегашниот градоначалник Јордан Ѓорчев.
"ТРЕТИОТ ПАТ" Ако ВМРО-ДПМНЕ оди со свој кандидат за скопски градоначалник, малку веројатно е дека "Третиот пат" ќе коалира со партијата, дознава "Дневник" од партиски извори. "Третиот пат" смета дека бизнисменот Трифун Костовски сепак е најприфатлив како единствен кандидат на опозицискиот блок.
ВМРОВСКОТО ЧЛЕНСТВО И ПОМАЛИТЕ ПАРТИИ ПРИТИСКААТ Членството на ВМРО-ДПМНЕ и на ВМРО-народна партија деновиве вршело засилени притисоци врз своите партиски раководства да се договорат за поддршка на заеднички кандидат за градоначалник на Скопје, велат извори од двете партии.
Пред самата постапка за предлагање на кандидат за градоначалник по месни организации, СДСМ во Штип, покрај досегашниот градоначалник, ќе ги предложи и Панде Сарев, Перо Јордев, Ристо Петковски и Трајче Димов. Опозициониот блок во Штип ќе истапи со помал број можни кандидати.
РАСПРЕДЕЛБА НА КАНДИДАТУРИ ВМРО-македонска побарала од СДСМ да им се отстапат градоначалнички кандидатури во најмалку две скопски општини, во три поголеми и во пет помали града, дознаваме од партиски извори. Според нив, во преговарачкиот тим на СДСМ останале изненадени откако ги слушнале амбициите ...
КОАЛИЦИЈАТА "ЗА" ЌЕ ПОТПИШЕ ДЕКЛАРАЦИЈА СДСМ смета дека нејзините партнери имаат преголеми барања за локалните избори. Лидерите на партиите од коалицијата "За Македонија заедно" вчера попладне требаше да потпишат декларација за соработка и да ги преиспитаат барањата за градоначалничките места.
Засега само тројца кандидати за скопски градоначалник. Дилемите ќе се расчистат во текот на викендот Сигналите што им ги испраќаат партиите на кандидатите за градоначалник говорат дека тие се подготвени за правење пазар СаШко Димевски Сите дилеми за тоа кој се ќе се кандидира за градоначалник во ...
ВМРО-Народна ќе кандидира сопствен кандидат за градоначалник на Скопје ако ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да предложи сопствен кандидат и ако тоа биде Никола Груевски или Ганка Самоиловска Цветанова. Поради тоа лидерот на Груевски, и покрај притисоците од надвор, се плаши да влезе во изборната трка зашто тоа ...
Партиите од владеачката коалиција ги делат градоначалничките позиции за скопските општини. СДСМ најверојатно ќе предложи свои кандидати во Ѓорче Петров, Карпош, Бутел, Аеродром, Кисела Вода и во Гази Баба. Се дознава дека ЛДП сака да направи трампа да го даде Центар за од СДСМ да добие кандидат за ...
ВМРО-ДПМНЕ размислува за градоначалник во Скопје да го кандидира претседателот на партијата Евентуалната кандидатура на Груевски треба да се гледа единствено во контекст на најавената пресметка на Груевски со Георгиевски СаШко Димевски Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ сериозно ја ...
ПРЕДИЗБОРНИ РАЗДВИЖУВАЊА ВО ОПОЗИЦИЈАТА Двата опозициски табори од македонскиот блок се уште едни од други си ги кријат адутите за претстојната трка за најатрактивната функција на локалните избори - градоначалник на Скопје. Тие не се изјаснуваат ниту за поддршката на неодамна промовираниот кандидат ...
"ТРЕТиот ПАТ" Независниот кандидат за скопски градоначалник Трифун Костовски не може да очекува автоматска поддршка од "Третиот пат", соопштија вчера претставниците на оваа опозициска коалиција. Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, вчера го повика Костовски да преговара ако сака поддршка.
Коалицијата Третиот пат, во договор со ВМРО-ДПМНЕ, до крајот на неделава ќе одлучеле дали за градоначалник на Скопје ќе поддржат независен или ќе истрчаат со сопствен кандидат. Павле Трајанов негира дека Третиот пат има проблеми во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, иако тие траат повеќе недели.
На претстојните локални избори силите ќе ги одмерат две големи коалиции Во коалицијата "За" влегуваат ВМРО-Македонска и Демократски центар, а веројатно ВМРО-ДПМНЕ ќе направи коалициски договор со "Третиот пат" СаШко Димевски Премиерот и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, вчера попладне во Владата ги ...
Високи партиски извори велат дека со Костовски планираат да се сретнат кон крајот на седмицава, најверојатно в недела, откако тој ќе се врати од австрија, каде што заминал деновиве.. Може да се очекува ставот на ВМРО - Народна да се обелодени уште в п Високи партиски извори велат дека со Костовски ...
Трифун Костовски не е сериозен кандидат за градоначалник на Скопје и сметам дека можам да го победам, рече вчера скопскиот градоначалник Ристо Пенов. - Деновиве слушнав дека некој ќе прави обиди да го врати Скопје. Нашиот град во изминативе осум години отиде многу напред и никој не треба да го ...
ПЕНОВ ВО ПОХОД ЗА ТРЕТ МАНДАТ СЕ КИТИ СО ТУЃО ПЕРЈЕ Актуелниот градоначалник многу брзо заборави на донациите што за разни урбанистичко- градежни зафати во Скопје ги даде токму Трифун Костовски. Со нив Пенов постојано се удира в гради како негови големи ус Актуелниот градоначалник на Скопје Ристо ...
СПОРЕД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА САМОИЛОВСКА-ЦВЕТАНОВА Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не му дава поддршка на невидено на независниот пратеник Трифун Костовски за неговата кандидатура за градоначалник на Скопје и најави дека е можно да истакне и сопствен кандидат на претстојните локални избори.
На локалните избори во главниот град треба да излезат најмалку 33 отсто од избирачите Пенов и Костовски официјално ги објавија кандидатурите ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Локалните избори закажани за 13 март ќе бидат спроведени според новата територијална шема, според која Скопје со новите граници, во кои се ...
ПРЕДИЗБОРНИ ИГРИ ВМРО-ДПМНЕ е резервирано за поддршката на независниот кандидат Трифун Костовски за скопски градоначалник. Потпретседателката Ганка Самоиловска-Цветанова вчера изјави дека партијата во овој момент не може да застане зад неговата кандидатура, а конечната одлука ќе ја донесе по ...
ЛИДЕРИТЕ ОД КОАЛИЦИЈАТА "ЗА" КОВААТ СТРАТЕГИЈА Помалите коалициски партии треба да се изјаснат за кои општини сакаат да имаат свои кандидати за градоначалници Партиите од коалицијата "За Македонија заедно" ќе потпишат декларација и ќе изградат стратегија за заеднички настап на изборите и за поделба ...
СДСМ ИМ ДЕЛИ КАНДИДАТУРИ НА КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ Демократската партија на Србите, која учествува во владејачката коалиција „Заедно“, планира свои кандидати за градоначалници на Старо Нагоричани и на Чучер Сандево. Демократската партија на Турците, пак, ги пикира градоначалничките места во Центар ...
По официјалната промоција на приватниот стопанственик Трифун Костовски дека на претстојните избори за татко на Градот ќе се кандидира како независен кандидат, тој и официјално влезе во трка за ова место заедно со првиот човек на ЛДП, Ристо Пенов.
Лидерот во сенка на ВМРО Народна, Љубчо Георгиевски, вчера ја поздрави одлуката на Трифун Костовски да се кандидира за градоначалник на Скопје и со тоа да се вклучи во политичка битка. Сепак, засега не се оптоваруваат со коалиции и не одлучиле со кого ќе одат на избори, односно дали ќе поддржат ...
Врвот на ВМРО-ДПМНЕ вчера цели шест часа расправаше дали да го поддржи пратеникот Трифун Костовски во градоначалничката трка за Скопје. Конечна одлука нема. Таа е одложена за една недела да се направат дополнителни анализи. Лути му се затоа што не знаеле дека има намера да ја лансира својата ...
СЕ МНОЖАТ КАНДИДАТУРИТЕ Се кандидирам како независен кандидат за градоначалник на Скопје, бидејќи сум уверен дека тоа е во најдобар интерес на граѓаните, соопшти вчера независниот пратеник Трифун Костовски, на официјалната промоција на кандидатурата за градоначалник на Скопје.
КОСТОВСКИ ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК Пратеникот Трифун Костовски вчера потврди дека ќе се кандидира за градоначалник на Скопје како независен кандидат. Тој ги повика сите политички партии и невладини организации да го поддржат на претстојните, мартовски локални избори.
КУМАНОВО Месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово предложиле 80 кандидати за идни советници и 11 кандидати за градоначалници. По ова, како што дознаваме, се очекува општинското раководство да ги систематизира предлозите и да ги достави до Извршниот комитет на партијата.
ВМРО ДПМНЕ ќе преговара за евентуална поддршка на градоначалничката кандидатура на Трифун Костовски.. Во партијата на Груевски и Самоиловска Цветанова сметаат дека промовирањето на Костовски без претходно обезбедена широка опозициска поддршка са ВМРО ДПМНЕ ќе преговара за евентуална поддршка на ...
ТРИФУН КОСТОВСКИ СЕ КАНДИДИРА ЗА СКОПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК Трифун Костовски ќе се кандидира како назависен, а мотивите произлегуваат од фактот што Скопје повеќе од една деценија е жртва на партиски поделби и непријателства, етнички гетоизации и политички манипулации, и се души во неефикасна и од ...
ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗБОРИ Најмалку по десетина локални члена на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се можни кандидати за градоначалници на најголемите општини во внатрешноста на Македонија. Најчесто се вртат имиња на доктори, адвокати и бизнисмени.
По Пенов, официјално најавена уште една кандидатура за претстојните локални избори Одлуката на Костовски наиде на внимателни реакции, па и воздржаност кај другите партии, посебно од опозицискиот блок СаШко Димевски Независниот пратеник Трифун Костовски вчера ја објави независната кандидатура за ...
Трифун Костовски ќе се кандидира за градоначалник на Скопје како независен кандидат. Мотивите за кандидирање, како што рече на вчерашната прес-конференција, произлегуваат од намерата на Скопје и неговите граѓани да им го врати градот.
Либерално-демократската партија ќе даде свои кандидати за градоначалници за градот Скопје, скопските општини Центар и Ѓорче Петров и градовите Велес, Валандово, Свети Николе, Виница, Македонски Брод, Градско и Кичево. Ова е договорот што бил постигнат на билатералните разговори меѓу претседателите ...
Пратеникот и несудениот претседателски кандидат Трифун Костовски влегува во трката за Скопје. Тој денеска ја официјализираше својата кандидатура за градоначалник на главниот град, велејќи дека на изборите ќе влезе како независен кандидат.
Кандидатурата на бизнисменот и пратеник е независна.. За мотивите за ваквата одлука, Костовски вели дека ги имало повеќе.. Костовски е независен пратеник, кој во парламентот влезе преку листата на коалицијата За Македонија Заедно.. Одлук Кандидатурата на бизнисменот и пратеник е независна..
Сеуште нема договор мегу Владеачките партнери. Дуе е расположена да соработува но треба да се договорат Бучковски Пенов и Ахмети вели за Канал 5 портпаролката на Дуи, Ермира Мехмети. Канал 5 неофицијално дознава дека мегу тројцата лидери има сгласност Сеуште нема договор мегу Владеачките партнери.
ПОЧНА ЛОКАЛНАТА ИЗБОРНА ТРЕСКА Според извори блиски до двете партии, за градоначалник на Скопје извесна е повторната кандидатурата на Ристо Пенов За СДСМ и ЛДП побитно е кандидатот за градоначалник да има углед пред граѓаните отколку меѓусебниот сооднос на распределбата на градоначалнички места.
ПРЕДИЗБОРНИ СТРАТЕГИИ Диана Младеновска Трифун Костовски денеска ќе обелодени дали ќе формира политичка партија и дали ќе се кандидира за градоначалник на Скопје на мартовските локални избори годинава. Тој за празниците беше во турското летувалиште Анталија, каде што со 120 негови пријатели и ...
КОАЛИЦИРАЊА ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ СДСМ и ЛДП се договорија за заеднички настап на претстојните локални избори. Ова беше договорено вчера помеѓу претседателите на ЛДП и на СДСМ, Ристо Пенов и Владо Бучковски. Двајцата лидери решиле соработката да продолжи како и досега, а коалицијата да се прошири и ...
БИТОЛА СЕ ЗАГРЕВА ПРЕД ИЗБОРИТЕ Хирургот Димче Кузмановски, бизнисменот Кире Стевановски и актерот Владимир Талевски се тројцата кандидати од ВМРО-ДПМНЕ во трката за градоначалник на Битола. Локалниот лидер на партијата Зоран Коњановски вели дека работите ќе се разјаснат до 15 јануари, иако ...
АЛИ АХМЕТИ ВО ГОСТИВАР За возврат, лидерот на ДУИ очекува СДСМ и ЛДП да ги поддржат нивните кандидати во општините со мнозинско албанско население Демократската партија за интеграција ќе го поддржи Ристо Пенов за градоначалник на Скопје, на коалицијата ?Заа? и сигурно дека таа соработка ќе се ...
ПРЕГОВОРИ МЕЃУ СДСМ И ЛДП Градоначалничките места за Скопје и Велес ќе и припаднат на ЛДП, а за другите општини ќе се преговара, изјави вчера претседателот на ЛДП Ристо Пенов по средбата со првиот социјалдемократ Владо Бучковски.
Министерот за култура Благоја Стефановски порано бил, а сега веќе не е во игра за градоначалничко место во Битола. Неговото име досега неколкупати се појавувало како можен кандидат за градоначалник на Битола, бидејќи Стефановски ужива голема доверба кај битолчани.
Социјалдемократскиот сојуз и Либерално-демократската партија се договорија соработката на локалните избори да продолжи врз истите принципи на кои функционира коалицијата "За Македонија заедно". Работни тимови на двете партии ќе работат на составување на заедничките советнички листи кои до шести ...