TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата не го дава фиксниот девизен курс

Време - 04.12.2008

Весна Дамчевска Нема шанси да се наруши стабилноста на денарот, уверува министерот за финансии Трајко Славески по оценката на агенцијата „Стандард енд пурс“ дека е можно намалување на кредитниот рејтинг на денарот од стабилен во негативен. - Ако треба, Народна банка два или три месеци ќе продава девизи на пазарот, со што ќе го повлекува денарот од промет и нема да дозволи намалување на неговата ...

Ќе тропне ли на врата девалвацијата?

Утрински - 04.12.2008

Фиксниот курс на денарот не се брани со експанзивна буџетска политика. Нина Нинеска-Фиданоска Александрија Стевковска Тропа ли на врата потребата од девалвација на денарот? Откако Меѓународниот монетарен фонд, како и рејтинг-агенциите „Фич“ и „Стандард и Пјурс“ предупредија на големата опасност што ја носи со себе драматичниот раст на трговскиот дефицит и дефицитот на тековната сметка во земјава, ...

Се намалуваат цaрините за петстотини производи

Форум - 04.12.2008

По вчерашниот извештај на угледната аналитичка агенција „Стандард енд Пурс”, денеска Министерот за финансии Трајко Славески пред медиумите гo негираше објавениот став за влошениот кредитен рејтинг ...

Збогум стабилност!

Време - 03.12.2008

Веста дека угледната аналитичка компанија „Стандард енд пурс“ оценила оти Македонија од стабилност се движи кон негатива е дефинитивно вклучување на алармот, кој треба и мора да се слушне во зградата на Илинденска, но и кај политичарите и кај експертската јавност.

Увозот ќе ни ја закопа економијата

Време - 03.12.2008

Наталија Томовска Македонија доби лоша оценка од познатата светска агенција „Стандард енд пурс“ (Стандард анд Поор‘с Ратингс Сервицес) за нејзиниот севкупен кредитен рејтинг. Како причина за тоа од агенцијата ја наведуваат лошата политичка состојба, намалената надворешна ликвидност, како и нарушениот дефицит на платниот биланс кој во 2008 година ќе изнесува 15 проценти од бруто домашниот производ.

Неопходност од попретпазливи фискални политики

Утрински - 03.12.2008

Во услови на режим на фиксен девизен курс на Македонија, најмоќното средство на макроекономската политика е фискалната политика. Во понеделникот, Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд и' честиташе на Македонија за успешните настојувања да го забрза економскиот развој заокружувајќи ги економските консултации за 2008 по „членот 4“.

Темни облаци над девизниот курс на Македонија

Утрински - 03.12.2008

Дефицитот во тековната сметка и експанзивната фискална политика вршат голем притисок врз девизниот курс. Агенцијата за рејтинг „Стандард и Пур“ го направи првиот чекор кон можно деградирање на девизниот рејтинг на Македонија, истакнувајќи дека влошената ликвидност ќе влијае на оваа источноевропска земја додека надворешното финансирање се исцрпува, а извозот ослабува.

Дефицитот ќе го девалвира денарот

Дневник - 03.12.2008

Намалувањето на изворите што ги полнат девизните резерви, ќе вршат притисок врз курсот на денарот. Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ ќе го намали рејтингот на денарот и на македонската економија. Според бодирањето на агенцијата за оценување на кредитен рејтинг, Македонија сега има БББ- рејтинг и е малку над нивото на „џанк-територии“ (ѓубре територија), односни најризични држави за ...

Министерот Славевски демантира дека се размислува за промена на курсот на денарот

Кирилица - 03.12.2008

- Со жалење можам да констатирам дека некои наводи од овој извештај се погрешно интерпретирани и, она што е најсериозно, е погрешното читање на некои делови од извештајот кои во некои медиуми се преведени како опасност за загрозување на цитирам „рејтингот на македонската валута“ или дури и некои навестувања за девалвација.

Денарот ќе остане стабилен

Сител - 03.12.2008

Според него, веста која вчера во овој облик ја пренесоа повеќе странски агенции, меѓу кои и информативниот сервис на Дау Џоунс, е погрешна. Предупредувањето на рејтинг агенцијата дека намалената ликвидност и доток на пари од странство ќе го отежнат одржувањето на фиксниот курс на денарот наспроти еврото, за Славески е предизвик со кој Владата и Централната банка можат да се носат.

ДНЕВНИК: Дефицитот ќе го девалвира денарот

Нетпрес - 03.12.2008

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ ќе го намали рејтингот на денарот и на македонската економија. Според бодирањето на агенцијата за оценување на кредитен рејтинг, Македонија сега има БББ- рејтинг и е малку над нивото на „џанк-територии“ (ѓубре територија), односни најризични држави за инвестирање.Во извештајот објавен вчера, „Стандард и Пурс“ како главна причина за да се намали кредитниот ...

„Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија

Макфакс - 03.12.2008

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го ревидираше надолу рејтингот на Македонија од стабилен во негативен. Ваквата негативна промена на кредитниот рејтинг на Македонија е образложува со растечкиот трговски дефицит, зголемување на дефицитот на тековната сметка на платниот промет и неколку отворени политички прашања.

Меѓународната агенција Стандард и Пурс смета дека кредитниот рејтинг на РМ е намален

Канал5 - 02.12.2008

Меѓународната агенција Стандард и Пурс го смени рејтингот на Македонија од стабилен во негативен. Промената се правда со високиот дефицит на тековната сметка, зголемениот трговски дефицит и низата отворени политички прашања. Влошената надворешна ликвидност, експанзивната фискална политика, може и дополнително да ги влошат рејтинзите во Македонија, пишува на официјалната интернет страница на ...

S&p го намалува рејтингот на денарот

Сител - 02.12.2008

Стандард & Пурс со негативна перспектива за македонската валута. Можното намалување на рејтиног на денарот агенцијата го објаснува со опаѓачката ликвидност, намаленото надворешно финансирање и ослабениот извоз, фактори кои ќе имаат негативен ефект врз македонската економија.