TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МО демантира дека Бучковски користел службено возило за партиски цели

А1 - 25.07.2004

Министерството за одбрана денеска со писмено соопштение ги демантираше информациите дека министерот Владо Бучковски користел службено возило за извршување на партиски активности при неодамнешната посета на Струга. „Министерството за одбрана упатува остар демант на грубите дезинформации искажани на ...

СДСМ апелира да не се повтори насилството од Струга

А1 - 25.07.2004

СДСМ ги повика организаторите на утрешните протести пред Собранието, да не дозволат да се повтори насилството од Струга. Тие се согласуваат дека протестите на опозициониот фронт против владиниот предлог за територијално прекројување, се демократско право на секој кој мисли поинаку тоа да го изрази ...

МВР поднесе кривични пријави за настаните во Струга

А1 - 25.07.2004

МВР поднесе пријави против 47 учесници во струшките протести, осомничени за кривично дело „учество во толпа“. 6-мина од нив добиле пријави за други кривични дела, тројца малолетници кои фрлале молотови коктели кон зградата на струшкиот комитет се пријавени за предизвикување општа опасност, кај ...

Реакции на Здружението „Кичевчани за Кичево“ и Кризниот штаб

А1 - 24.07.2004

По Струга и Кичево, се бара од владините функционери тие да не доаѓаат во овој град. Во соопштението здружението „Кичевчани за Кичево“ и Кризниот штаб за опстојување на општина Кичево се вели: Во општина Кичево која со импровизации се укинува наредните 4 години, состојбата е крајно деликатна и ...

ДПМНЕ „Бучковски намерно предизвика инциденти во Струга“

А1 - 24.07.2004

Наместо да постапи според укажувањата на струшката полиција, министерот Бучковски одбил да ги напушти просториите на СДСМ, ова се последните информации на ВМРО-ДПМНЕ, според кои Бучковски намерно предизвикал сериозни инциденти во Струга.

Според Бучковски, безредијата во Струга биле обид за убиство

Утрински - 24.07.2004

Во СДСМ тврдат дека зад инцидентите стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ ?Ако ова беше разбудената Македонија, тогаш е последен момент да дојде до колективно отрезнување. Ако она во Струга бе-ше патот по кој ќе нў водат ?патриотите" и ?ослободителите", тогаш крајно време е Македонија да им каже ...

Крвава струшка ноќ на отпорот

Дневник - 24.07.2004

ЕКСПЛОЗИЈА НА НЕЗАДОВОЛСТВОТО ВО СТРУГА Специјалците го извлекоа министерот за одбрана Владо Бучковски од опседнатиот Општински штаб на СДСМ, а демонстрантите ги разби со солзавец, гумени куршуми и со шок-бомби Четириесетина повредени, демолирана зградата на СДСМ, околу 200 приведени во полиција, ...

На чело на СДСМ ќе застане оној што ќе ја смири Струга?

Утрински - 24.07.2004

Настаните на струшките улици го компликуваат изборот на новиот лидер на социјалдемократите Конечната разврска на лидерската трка во најголемата владејачка партија ќе биде позната откако во Собранието ќе помине пакетот-закони за децентрализација и територијалната поделба Борис Георгиевски Доколку ...

Опозицијата сакаше жив да горам!

Дневник - 24.07.2004

БуЧковски Насилството што се случи прексиноќа во Струга беше обид за линч и за државен удар, зад што стои опозицијата, обвини вчера министерот за одбрана, Владо Бучковски. Тој го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да се изјасни дали стои зад организираното насилство што било наменето за ...

Вандализам!

Дневник - 24.07.2004

ЦРВЕНКОВСКИ Во Струга немаше протест, туку вандализам, смета шефот на државата, Бранко Црвенковски. - Јас сум убеден дека зад таквото однесување не стојат граѓаните на Струга, оние чесните, бидејќи не верувам дека некој од нив, без разлика на нивото на незадоволството што кај него преовладува, ќе ...

Убиена е демократијата

Дневник - 24.07.2004

Ромео Деребан Во Струга се случи убиство на правото на протест. Тоа за демократијата е злосторство. Убиството го изврши министерот за одбрана Владо Бучковски. Неговото доаѓање за стружани претставуваше ставање прст во отворената рана, рече Ромео Деребан, градоначалник на општина Струга на ...

Струшките вечери на поезијата ќе се одржат

Утрински - 24.07.2004

РЕАКЦИЈА Управниот одбор и Дирекцијата на ?Струшките вечери на поезијата" вчера соопштија дека меѓународната поетска манифестација ќе се одржи во предвидениот термин од 25 до 30 август 2004 година. "СВП е институција што ги надминува не само општинските, туку и државните граници и затоа не смее да ...

МВР: Немирите режирани

Дневник - 24.07.2004

ПОЛИЦИСКА ВЕРЗИЈА Најмалку 41 лице, меѓу кои 24 полицајци и 17 граѓани и едно лице на "Проксима", биле полесно повредени, а седум возила и штабот на СДСМ биле демолирани во немирите во Струга, информира МВР. - Полицијата ги бранеше животите на министерот Бучковски и на другите лица во седиштето на ...

Деребан: Доаѓањето на Бучковски во Струга беше провокација!

Утрински - 24.07.2004

Според градоначалникот на Струга Градоначалникот смета дека власта требало да ги предвиди реакциите на стружани "Во Струга се случи злосторство, беше убиено демократското право на граѓаните на протест, а убиецот Владо Бучковски, со силно полициско обезбедување избега во Скопје.

Полицијата вели дека спречила линч на министерот Бучковски

Утрински - 24.07.2004

Според Министерството за внатрешни работи Томислав Кежаровски Дваесет и четири полицајци, седумнаесет демонстранти и еден претставник на "Проксима" се полесно повредени во синоќешните безредија во Струга. Наедно, предизивикани се оштетувања на седум возила, три на Министерството за одбрана, три на ...

МВР: Повредени 24 полицајци, 15 граѓани и еден претставник на "Проксима"

Вест - 24.07.2004

Во немирите во Струга, што ескалираа завчераноќ, по доаѓањето на министерот за одбрана Владо Бучковски и генералниот секретар на СДСМ, Никола Ќуркчиев, во тамошното партиското седиште на СДСМ повредени се 24 полицајци, 15 граѓани, како и еден претставник од "Проксима", информираше на вчерашната ...

Груевски да каже дали е поттикнувач на демонстрациите

Време - 24.07.2004

БУЧКОВСКИ И ЌУРКЧИЕВ РЕВОЛТИРАНИ Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, треба да каже дали е инспиратор на настаните во Струга, побара вчера Владо Бучковски, потпретседателот на СДСМ. Тој соопшти дека неговите адвокати поднеле кривична пријава против непознат сторител за организирано убиство во ...

Бучковски и Ќурчиев се виновни

Време - 24.07.2004

ЖАРКО КАРАЏОСКИ, ВМРО-ДПМНЕ Очигледно е дека состојбата во Струга е многу наелектризирана. Тоа што им се случи на Бучковски и на Ќурчиев е последица на атмосферата што подолго време се насетуваше и вината за сето тоа што ескалира пред се треба да ја сносат тие двајца.

Стружани предолго држани топло-ладно

Дневник - 24.07.2004

РЕАКЦИИ ПО НАСТАНИТЕ ВО СТРУГА Не е момент кога Владо Бучковски и Никола Ќуркчиев треба да се прават храбри, вели Жарко Караџовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека министерот за одбрана и генералниот секретар на СДСМ требало да знаат дека во Струга секојдневно се протестира и дека е најавен ...

Црвенковски: Зад насилството во Струга не стојат стружани

Вест - 24.07.2004

Претседателот Бранко Црвенковски, оценувајќи ги немирите пред седиштето на СДСМ во Струга како вандализам, потенцираше дека не верува дека претходната вечер со молотовите коктели протестирале добронамерните семејни граѓани на Струга.

Бучковски ги испровоцира немирите

Дневник - 24.07.2004

КРИЗЕН ШТАБ Нередите во Струга беа испровоцирани од посетата на министерот за одбрана Владо Бучковски, оцени Кризниот штаб за спас на Струга. Неговата посета беше во време кога требаше да бидат ставени во мирување "Струшките вечери на отпорот" поради фестивалот на албански песни "Кенге Јехо", а ...

Опозицијата ја бара главата на Бучковски и повика на протест

Време - 24.07.2004

ПО СТРУШКАТА ВЕЧЕР НА НАСИЛСТВОТО Жестоки реакции, обвинувања и барање за оставка на Владата, а особено на министерот Владо Бучковски, упати вчера здружената опозиција по немирите во Струга. Опозициските лидери вчера на заедничка прес-конференција ги повикаа граѓаните в понеделник вечер масовно да ...

Македонските интелектуалци молчат за струшките случувања

Утрински - 24.07.2004

СТАВОВИ Македонските интелектуалци како да пропаднаа в земја во текот на вчерашниот ден, никој не осмелувајќи се да ги коментира завчерашните случувања во Струга и инцидентите што се случија предизвикани од посетата на министерот за одбрана, Владо Бучковски, на овој град, а иницирани од ...

Струга не е на распродажба

Дневник - 24.07.2004

ИнтервЈу: Ромео Деребан, градонаЧалник на Струга Црвенковски губи реална претстава за објективната стварност. Не дај Боже да ни ги обезбеди правата што ги имаат Македонците во Тетово. Стружани нема да прифатат да бидат монета за поткусурување на политичкиот пазар Револтот на стружани од ...

Партиски насилници сакале да го линчуваат Бучковски

Време - 24.07.2004

СПОРЕД МВР Александар Божиновски Групата од 500 до 600 луѓе што вчера околу 19 часот ја опколиле општинската зграда на СДСМ во Струга, кога таму пристигнале Владо Бучковски и Никола Ќуркчиев, била предводена од насилници, членови на политички партии, изјави Горан Павловски, портпарол на МВР.

Бевме сведоци на вандализам

Време - 24.07.2004

ЦРВЕНКОВСКИ ЗА СЛУЧУВАЊАТА ВО СТРУГА Бевме сведоци на вандализам во Струга. Таму не се случи ниту демократски, ниту граѓански, ниту мирен протест. Зад тие настани не стојат граѓаните на Струга, бидејќи тие, без разлика на нивното незадоволство, нема да излезат од дома со молотови коктели, изјави ...

Бучко спаси глава

Вест - 24.07.2004

СТРУГА ПУКНА Повеќемина Македонци кои имаат свои собиралишта во центарот на градот велат дека по прексиноќешната пресметка со полицијата им олеснило, бидејќи, според нив, стружани со тој чин и упатиле сериозна порака на в По вчерашниот петнаесетминутен остар утрински судир меѓу стружани и ...

Деребан: Бучковски е убиец на демократијата

Вест - 24.07.2004

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУГА БАРА ДА ПРЕСТАНАТ АПСЕЊАТА ВО СТРУГА Во Струга се апси на големо, се приведуваат луѓе, се претресуваат домовите, пред се на вмровците, од плажите луѓето се носат на информативни разговори, тоа веднаш да престане и да седнеме и убаво да се договори За струшкиот ...

Полицијата го спаси Бучковски од гневните стружани

Утрински - 24.07.2004

Прексиноќа десет часа беше во опседа седиштето на СДСМ во Струга врз кое биле фрлени молотови коктели Во Струга вчера беше мирно и освен засиленото полициско обезбедување околу зградата на Општинскиот комитет на СДСМ, обичен турист тешко можеше да дознае дека токму на ова место, пред само два дена ...

Бучко е виновен за тепањето во Струга

Вест - 24.07.2004

ШИРОК ОПОЗИЦИСКИ ФРОНТ Министерот за одбрана Владо Бучковски е виновник за завчерашниот инцидент во Струга, бидејќи отишол таму само за да ја провоцира масата. Протестот беше спонтан, но и испровоциран од Бучковски, кој ги нарече граѓаните хулигани и малоумни.

Опозицијата тврди дека Бучковски ги испровоцирал инцидентите

Утрински - 24.07.2004

Опозицискиот фронт го обвинува министерот за одбрана за немилите настани во Струга Тодор Петров вели дека досега се собрани 90 илјади потписи на граѓаните за референдум Министерот за одбрана, Владо Бучковски, е виновен за провоцирањето на граѓаните на Струга и за немилите настани кои се случија ...

„За главата на Бучко полицијата го натепа својот народ!“

Време - 24.07.2004

СТРУЖАНИ НЕ ГО САКААТ БУЧКОВСКИ Александра К. Мишевска Четириесет и едно лице се повредени, од кои 24 се полицајци и еден полицаец од Проксима е резултатот од прексиноќешните немири кога илјадници граѓани на Струга демонстрираа пред седиштето на СДСМ во овој град во моментите кога таму беа Владо ...

Груевски побара оставка од Владата

Време - 24.07.2004

ПО НЕМИРИТЕ ВО СТРУГА Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ја повика Владата да поднесе неотповиклива оставка и побара да се формира техничка влада, со единствена задача да подготви предвремени парламентарни избори. Тој од Владата побара да го повлече законот за територијална организација ...

Состојбата во Струга стабилизирана

А1 - 23.07.2004

Денеска ситуацијата во Струга е стабилна. Работат сите угостителски локали и продавници. Беше извршено приведување на педесетина учесници во вчерашните настани, а меѓу нив според информациите на А1 се наоѓаат двајца советници во Општинскиот совет, еден поранешен Началник на ОВР Струга кој бил лишен ...

Нереди во Струга, повредени граѓани и полицајци

А1 - 23.07.2004

Состојбата во Струга изутрината е мирна, откако изминатата ноќ во протестите на Стружани по доаѓањето на министерот за одбрана Владо Бучковски и секретарот на СДСМ Никола Ќуркчиев интервенираше полицијата при што полесно беа повредени 30 лица, од кои 8 припадници на министерството за внатрешни ...

Десетина приведени по нередите во Струга

А1 - 23.07.2004

Од 10 до 12 лица се приведени во врска со синоќешните настани во Струга, кога поголема група демонстранти го нападнеле седиштето на огранокот на Социјалдемократскиот сојуз во тој град, каде што престојуваа министерот за одбрана Владо Бучковски и генералниот секретар на СДСМ Никола Ќуркчиев, изјави ...

Низ Струга пукаа шок бомби, гумени куршуми и солзавци

А1 - 23.07.2004

Шок бомби, гумени куршуми и солзавци, тоа синоќа пукаше низ Струга. Луѓето беа револтирани, особено поради неоправданото користење на гумени куршуми. Најголемиот дел од триесетина повредени приведени во Струшката болница, беа погодени токму со такви куршуми. 14 од повредените се полицајци.

Полицијата со став дека не употребила прекумерна сила

А1 - 23.07.2004

По ноќешните немири во Струга, полицијата со став дека не употребила прекумерна сила кон насобраните демонстранти пред седиштето на струшкиот огранок на СДСМ. Спротивно на граѓаните, во МВР негираат дека полицијата кон Стружани пукала и со гумени куршуми.

Деребан: „Во Струга убиено демократското право на протест“

А1 - 23.07.2004

Вчера во Струга се случи злосторство, беше убиено демократското право на граѓаните на протест, рече денеска струшкиот градоначалник Ромео Деребан. „Доаѓањето на Бучковски во Струга беше класична провокација, затоа што граѓаните на Струга јасно ставија до знаење дека ниту еден од оваа Влада не е ...

Бучковски „Вчерашниот напад во Струга обид за линч“

А1 - 23.07.2004

Вчерашниот напад во Струга беше убиство во обид, вели партискиот потпретседател. Тој тврди дека собирањето на граѓаните пред седиштето на СДСМ бил организиран напад врз државен функционер, а не спонтана реакција на Стружани. Меѓу насобраната толпа од околу 2.000 луѓе, имало и членови на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Црвенковски ги повика македонските граѓани на присебност

А1 - 23.07.2004

Зад синоќешните настани не стојат граѓаните на Струга, синоќа таму не се случи ниту демократски ниту граѓански ниту мировен процес, изјави денеска претседателот Црвенковски, според кого настанот во Струга е сведоштво за вандализам.

Струшките вечери на отпорот три дена во мирување

Вест - 23.07.2004

ПОРАДИ ОДРЖУВАЊЕТО НА АЛБАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СТРУГА Од Кризниот штаб на претставниците на македонската власт им порачаа да не доаѓаат во Струга, бидејќи не се добредојдени и оти ќе се соочат со отпорот на стружани Вчеравечер стружани ја заокружија првата фаза од манифестацијата Струшки вечери на ...

Демонстрантите мируваат за Албанците да заиграат

Дневник - 23.07.2004

за да се избегнат моЖни конфликти Струга привремено ги запре вечерите на отпорот за Албанците да го одржат фолклорниот фестивал "Кнга Јехо" Синоќа стружани ја заокружија првата фаза од "Струшките вечери на отпорот" и најавија дека понатамошниот отпор ќе се одвива според планот "Б".

„К'нга Јехо“ ќе ги замолкне „Струшките вечери на отпорот“

Време - 23.07.2004

СТРУШКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ОДЛУЧИ „К'нга Јехо“, традиционалната струшка албанска манифестација, е причината поради која кризниот штаб за опстанок на Струга реши да ги замрзне „Струшките вечери на отпорот“. Ова вчера го објави штабот, со што манифестацијата „Струшките вечери на отпорот“ ја стави во ...

Стружани ги прекинаа вечерите на отпорот

Утрински - 23.07.2004

Поради одржувањето на балканскиот фестивал на Албанците Симон Илиевски СТРУГА - Струшките вечери на отпорот од вчеравечер се прекинати, соопштува Кризниот штаб за спас на Струга. Причина е одржувањето на традиционалниот Балкански фолклорен фестивал на Албанците што веќе десетина години се одржува ...

Се каменува седиштето на СДСМ во Струга, Бучковски и Ќурчиев се внатре

А1 - 22.07.2004

Зградата во која се просториите на општинската организација на СДСМ во центарот на Струга, каде на состанок со локалните сопартијци вечерва дојдоа Владо Бучковски и генералниот секретар на партија Никола Ѓурчиев на разговори за децентрализацијата, веќе неколку часови е под опсада на жителите на ...

Бучковски: „Инцидентот е наместен, ова е анархија“

А1 - 22.07.2004

Инцидентот е наместен, ова е анархија, изјави потпретседателот на СДСМ Владо Бучковски за А1 и потврди дека и тој и Ќурчиев чекаат во зградата на СДСМ да стивнат нередите за да ја напуштат. Повредени нема, полицијата не интервенира, а деталите за инцидентот ќе бидат обелоденети утре, вели Бучковски ...

Струга е котата на опстанокот

Дневник - 22.07.2004

СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ОТПОРОТ "Никогаш нема да ја напишам последната песна за Македонија. Оние што сакаат да ја уништат Македонија се безнадежни и не можат ни мене ни на народот да ни го одземат Зборот - нашето најсилно оружје" - порача македонска поетеса Светлана Христова-Јоциќ, обраќајќи им се на ...

Малолетници со запалени гуми го блокирале патот кај Мислешево

Утрински - 22.07.2004

Кризниот штаб на Струга против ненајавената блокада Во Струга никој не сака да ја преземе одговорноста за организирањето на блокадата за која се тврди дека има политичка заднина Симон Илиевски СТРУГА - Во завчерашното ненајавено блокирање на патот Струга - Охрид кај Мислешево, кој за среќа заврши ...

Сите во Струга за да си го чуват стравот

Вест - 22.07.2004

ЦЕЛИОТ ПАРТИСКИ ВРВ НА СДСМ НА ПОСЕТА КАЈ ПОБУНЕТИТЕ СТРУЖАНИ Во СДСМ велат дека најприфатлива е опцијата во Струга да одат заедно Бучковски и Шеќеринска, како ударна тупаница на овој процес, како пешадија за премиерот и претстедателот, така што Костов и Црвенковски би мо Сите градоначалници и ...

Писателските асоцијации не најавуваат организирано учество

Време - 22.07.2004

НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ОТПОРОТ Весна Дамчевска На манифестацијата „Струшки вечери на отпорот“ што се одржува на Мостот на поезијата нема организирано учество на писателските асоцијации од земјава, туку само индивидуално пројавување на некои македонски писатели и поети.

Шекеринска и Бучковски во обид да го смират Струшкото СДСМ

А1 - 21.07.2004

Радмила Шекеринска и Владо Бучковски како претставници на колективното раководство на СДСМ до крајот на неделава ќе отпатуваат во Струга за да го смират тамошното партиско членство кое по одлуката за новите граници на Струга се чувствува предадено од Централата.

Продолжува културниот отпор на Стружани

А1 - 21.07.2004

Вечерва е трет ден од Струшките вечери на отпорот. Од мостот на поезијата на Дрим и вечерва ќе се обраќаат писателите, поетите, интелектуалците, професорите и историчари од Струга и Македонија кои се вклучуваат во граѓанскиот отпор организиран од Кризниот штаб за опстанок на Струга во постојните ...

Со запалени свеќи граѓаните се молеа за Струга

Време - 21.07.2004

СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ОТПОРОТ Александра К. Мишовска Неколку стотици стружани завчеравечер со запалени свеќи ја проследија првата вечер од манифестацијата „Струшки вечери на отпорот“, која почна со познатата „Т'га за југ“, која ја рецитираше Ристе Миладинов, правнук на Димитар и на Константин ...

Георгиевски агитира во Струга и во Охрид

Утрински - 21.07.2004

Пораки ОХРИД - Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, завчеравечер пред одржувањето ?Струшките вечери на отпорот" во Струга и Охрид имаше средба со неговите симпатизери, при што истакна дека тие исклучиво се посветени на спречувањето на донесувањето на новиот закон за територијална ...

Црвенковски обвинет за сеење омраза

Дневник - 21.07.2004

ОТВОРЕНИ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ОТПОРОТ Вашата теза за нетолерантноста помеѓу струшките Македонци и Албанци е уште еден трик создаден во лабораторијата на вашиот пеколен ум, се вели во посланието до шефот на државата Отпорот на стружани е насочен кон неколкумина олигарси, кои Македонија ја делат по ...

Стружани обвинуваат дека власта гази врз нивното достоинство

Утрински - 21.07.2004

Со запалени свеќи прексиноќа почнаа Струшките вечери на отпорот по повод територијалната поделба Ромео Деребан: Протестот не е упатен против Албанците, туку против власта што ги прави новите етнички карти Симон Илиевски СТРУГА - Во присуство на над илјада стружани со запалени свеќи во рацете и со ...

Се бара маж за Струга

Вест - 21.07.2004

СДСМ ВО ДИЛЕМА "По се изгледа најхрабариот маж кој ќе оди во Струга ќе биде жена. Тоа е челичната Радмила Шеќеринска, како најречита и најхрабра", велат во партијата Во Социјалдемократскиот сојуз се уште не можат да се договорат кој од раководството ќе оди во Струга за на Македонците да им објасни ...

Втор ден од Струшките вечери на отпорот

А1 - 20.07.2004

Вечерва е вториот ден од Струшките вечери на отпорот, манифестација која ја организираат кризниот штаб за опстанок на Струга во постоечките граници. За вечерва е најавен настап на познати поети и на јавни личности од Струга и Македонија, а меѓу нив ќе биде познатата поетеса Светлана Христова која ...

Со "Т’га за југ" почнаа Струшките вечери на отпорот

Утрински - 20.07.2004

Не стивнува незадоволството во Струга На Мостот на поезијата ќе бидат читани изјави на македонски политичари за територијалната поделба СТРУГА - Со песната "Т'га за југ°, со која традиционално се отвораат Струшките вечери на поезијата, синоќа на мостот на поезијата беа отворени Струшките вечери на ...

Во Струга Струшки вечери на отпорот

А1 - 19.07.2004

На мостот на поезијата во Струга кој вечерва беше затворен за сообраќај започнаа Струшките вечери на отпорот 2004 со што стружани се спротивставија на владиниот предлог за новата територијална поделба. Со свеќи во рацете Стружани, што ги имаше во поголем број отколку изминативе денови од ...

Се надевам дека стружани ќе ги оладат главите

Вест - 19.07.2004

БЛАГОЈА СТЕФАНОВСКИ ЗАГРИЖЕН ЗА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Струга и Струшките вечери на поезијата се местото каде што се говорат сите јазици на светот, па затоа се и патоказ каде треба да се движи Македонија "Се надевам дека стружани ќе ги оладат главите и ќе видат дека Струшките вечери на ...

Стружани денеска ќе почнат со вечери на отпорот

Утрински - 19.07.2004

Протестите околу новите општини не стивнуваат. Најавени нови форми на отпор Протестите на стружани против новата територијална поделба продолжуваат вечерва со отворање на таканаречените Струшки вечери на отпорот. Паралелно ќе продолжат и протестните маршеви со автомобили низ улиците на Струга, а од ...

Струга со културен отпор, опозицијата на ист фронт

Дневник - 19.07.2004

РАСТЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ПРОТИВ ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПОДЕЛБА Вечерва во Струга на Мостот на поезијата ќе почне протестот Струшки вечери на отпорот, со кој граѓаните ќе го изразат револтот против новото територијално решение со кое во општината доминантно ќе биде албанското население.

Не се повлекуваме, Струга не ја даваме

Време - 19.07.2004

СТРУЖАНИ ПРОТЕСТИРААТ И ПОРАЧУВААТ Александра К. Мишовска Никој нема да тргува со граѓаните и со границите на Струга! Политичарите немаат право вештачки да ја делат општината и нема да отстапиме од тоа! Ова се дел од пораките што за време на викендот преку мирни протести и музичка манифестација ...