Во основното училиште „Мирче Ацев“ вчера беше промовирана кампањата „Зелени училишта“ за рециклирање пластика.Овој проект е спонзориран од УСАИД во соработка со градските власти и јавното претпријатието „Комунална хигиена“.
Учениците од прво до осмо одделение од "Мирче Ацев" од Ѓорче Петров се првите основци кои го проследија првиот еко-час којшто специјално за нив го одржа генералниот директор на ЈП "Комунална хигиена", Златко Димовски.