TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Штрајкувачите на „Саса“ излегоа од јамите

А1 - 30.11.2002

Новиот застапник на државниот капитал на „Саса“ Ангелко Вакански, генералниот директор Филип Петровски, потпомогнати од претседателот на гранковиот синдикат Пеце Ристевски, по едночасовна напната дискусија, синоќа конечно ги убедија штрајкувачите со глад да ја напуштат јамата, во која тие поминаа ...

Потпишан договорот за продажба на цинковиот концентрат, пари за "Саса" в понеделник

Вест - 30.11.2002

НА ПОВИДОК КРАЈОТ НА ДРАМАТА ВО РУДНИКОТ ЗА ОЛОВО И ЦИНК ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Вчера, по потпишувањето на договорот со купувачот, претставници од Владата и од раководството на рудникот се симнаа во јамите да ги убеди рударите да го прекинат штрајкот со глад и да излезат од јамите, но до зат ...

Додека не легнат парите на сметката, рударите остануваат во јамите

Утрински - 30.11.2002

Иако се потпиша договор меѓу велешка Топилница и "Саса" Иако постојат реални шанси, сепак, сў уште е неизвесно дали ќе прекине 12-дневниот штрајк со глад на околу 400 рудари од "Саса", бидејќи вчера до доцна попладне штрајкувачите сў уште го немаа видено документот дека на нивната сметка е легната ...

Вистинската норма се вика реформа

Дневник - 30.11.2002

Уводник - Бранко Героски Веста за окончување на десетдневниот штрајк на рударите од "Саса" можеби ќе го престаса печатењето на овој уводник. Тие напатени луѓе веројатно ќе добијат шанса (пари) да земат здив и да го остварат својот сон да го обноват производството, макар за кратко.

„Саса“ ќе се рестартира, штрајкувачите ќе излезат од јамите

А1 - 29.11.2002

По два дена долгочасовни преговори во министерството за економија, конечно денеска ставени се потписи на договорот со кој се гарантира дека Велешката топилница ќе биде купецот на 5.000 тони олово-цинков концентрат. Поради ветувањето дека парите најдоцна утре ќе стигнат на сметката на рудникот, ...

Постигнат договор за купување на концентратот?

Утрински - 29.11.2002

ПРЕГОВОРИ Вчера во Министерството за економија претставници на МХК ?Злетово" и на компанијата ?Гленкор" преговараа со претставници на рудниците ?Саса" и ?Злетово" за откуп на олово- цинковиот концентрат, како излезно решение за прекин на штрајкот на рударите.

Рударите до смрт ќе ја бранат "Саса"

Дневник - 29.11.2002

СИТУАЦИЈАТА ВО РУДНИКОТ СТАНУВА С¦ ПОДРАМАТИЧНА Повеќе од 300 рудари на рудникот "Саса" веќе десетти ден штрајкуваат со глад 800 метри под земја. Здравствената состојба на рударите е се полоша. Изнемоштени рудари секојдневно се изнесуваат од јамите, но тие повторно се враќаат назад.

Tопилница ќе го откупи рудниот концентрат од „Саса“

А1 - 28.11.2002

Велешката топилница ќе откупи 5.000 тони олово-цинков концентрат од „Саса“, но штрајкот со глад продолжува се додека 10 милиони не легнат на сметката на рудникот. И оваа ноќ рударите на „Саса“ ќе останат во рударското окно По шестчасовните преговори во министерството за економија постигнат е ...

Денеска ќе се знае новиот сопственик на "Саса"

Утрински - 28.11.2002

Штрајкот на рударите од Македонска Каменица најверојатно прдолжува уште еден ден МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА - Штрајкот со глад на рударите од рудникот за олово и цинк "Саса" во Македонска Каменица продолжи и вчера, а продолжува и изутринава.

Рударите и вчера не ги добија парите за репроматеријали

Вест - 28.11.2002

ДЕВЕТ ДЕНА ШТРАЈК СО ГЛАД ВО ЈАМИТЕ НА "САСА" Според Синдикатот, рударите се во очекување парите од продадениот концентрат, Велешката топилница да им ги префрли денеска и конечно да ги напуштат јамите во кои девет дена штрајкуваат со глад Штрајкот на рударите од Саса продолжува и денес зашто вчера ...

Сметката празна, јамите полни со штрајкувачи

Дневник - 28.11.2002

РУДАРИТЕ НА "САСА" ИЗЛАЖАНИ Повеќе од 300 рудари ќе го продолжат штрајкот со глад во влажните и задушливи јами на рудникот за олово и цинк "Саса", бидејќи вчера на сметката на рудникот не беа префрлени парите што Владата ги вети за откуп на олово-цинковиот концентрат.

"Саса" е македонска реалност, а не лош сон што треба да се заборави

Капитал - 28.11.2002

"Саса" е македонска реалност, а не лош сон што треба да се заборави Повеќе од 320 рудари на рудникот "Саса" повеќе од една недела штрајкуваат со глад на 800 метри под земја. И онака изгладнетите рудари, кои не земале плата веќе неколку месеци, се одлучија со гладување да го сочуваат единствениот ...

Штрајкот со глад во „Саса“ продолжува

А1 - 27.11.2002

За рударите на „Саса“ претстои 8-та ноќ што ќе ја поминат во рударските јами. Штрајкот со глад продолжува. Повеќечасовните преговори меѓу штрајкувачкиот одбор, ресорниот синдикат и престваниците на министерствата за економија и за финасии денеска не дадоа резултат.

Владата не смее да крене раце од рудниците

Дневник - 27.11.2002

СИНДИКАТ НА МЕТАЛЦИТЕ, ЕНЕРГЕТИЧАРИТЕ И РУДАРИТЕ Во изминативе години Владата назначувала повереници, кои придонеле за денешната катастрофа на рудниците, смета Маре Анчева од Синдикатот на металците Владата е одговорна за сегашната состојба на рудниците "Саса" и "Злетово" бидејќи во изминативе ...

Рударите на "Саса" денеска го прекинуваат штрајкот

Утрински - 27.11.2002

Владата и Штрајувачкиот одбор на рудникот од Македонска Каменица постигнаа договор Иван Бојаџиски МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА- Владата и Штрајкувачкиот одбор на рудникот "Саса" постигнаа договор за прекин на штрајкот. Рударите во јамите останаа уште синоќа, а денес е договорено да излезат од нив, откако ќе ...

Емисарите на Владата не ги извадија изгладнетите рудари од јамите

Вест - 27.11.2002

ОСМИ ДЕН ОД ШТРАЈКОТ СО ГЛАД ВО "САСА" Во јамите меѓу рударите вчера се симнал претставник на Министерството за економија, а заменик - министерот за финансии Димко Кокаловски останал пред рудникот, но двајцата емисари не им понудиле ништо ново на ш По осумдневно штрајкување со глад на околу 400 ...

Обезбедени пари за репроматеријали и плати за „Саса“

А1 - 26.11.2002

На осмиот ден од штрајкот со глад во рудникот „Саса“, денеска на преговорите меѓу владини преставници со рударите е постигната согласност пари за репроматеријали да бидат обезбедени со продажба на 4.000 тони концентрат, кој Владата гарантира дека ќе го купи велешката „Топилница“.

Рударите во "Злетово" ќе работат

Утрински - 26.11.2002

ОДЛУКА ПРОБИШТИП - Рударите од рудниците "Злетово" ја примија августовската плата и во очекување Владата да го реши статусот на рудниците за олово и цинк решија да се вратат во јамите и да ја продолжат работата. Најпрвин ќе влезат 30 рудари за да направат согледување на оштетувањата во јамите, ...

Решението се бара во откупот на залихите на концентрат

Утрински - 26.11.2002

Рударите на "Саса" и натаму го продолжуваат штрајкот со глад Иван Бојаџиски М.КАМЕНИЦА - Во јамите каде што штрајкуваат 320 рудари на рудникот "Саса" со група новинари вчера беше Пеце Ристевски, претседател на гранковиот синдикат.

"Сум бил во рудник, знам како е"

Вест - 26.11.2002

ПРОДОЛЖУВА ДРАМАТА ВО "САСА" - МИНИСТЕРОТ ГОШЕВ ИМ ПОРАЧАЛ НА РУДАРИТЕ Од вчера во јамите на рудникот се симнаа и 80-те рудари кои ги менуваа рударите со нарушено здравје, така што сега 800 метри под земја со глад штрајкуваат сите 400 рудари на "Саса". Рударите не може да стигнат до ...

"Саса" не е само рудник

Дневник - 26.11.2002

Коментар - Слободан Содиќ Повеќе од илјада вработени во рудникот за олово и цинк "Саса" во Македонска Каменица штрајкуваат со глад, но не бараат плата, туку работа! Тие дури се откажаа од платата за да ги намалат трошоците на државата, само за поевтино да се рестартира рудникот.

"Саса", "Злетово" и МХК ќе се решаваат во пакет

Утрински - 26.11.2002

Владата навестува ново решение за загубарската тројка од обоената металургија Состојбите во рудниците "Саса" и "Злетово" беа ставени како приоритетни за разгледување на вчерашната владина седница и во врска со нив Владата донесе низа конкретни решенија.

За рударите пари за репроматеријали

Утрински - 26.11.2002

СИНДИКАТ Здравјето на околу 400 рудари од Македонска Каменица, кои една недела штрајкуваат со глад во јамата на рудникот "Саса", сериозно е загрозено, а дневно им се дава здравствена помош на стотина од нив, кои веднаш потоа се враќаат во јамите, соопшти на вчерашната прес-конференција ...

Рударите не добија ни денар за да го обноват производството

Дневник - 26.11.2002

СЕДУМ ДЕНА ШТРАЈК СО ГЛАД ВО РУДНИКОТ "САСА" Владата нема намера да дава пари за рудниците "Саса" и "Злетово", туку за нив ќе бара долгорочно решение што подразбира овој проблем да се реши во пакет со Топилницата во Велес - рече Јован Манасиевски министер за труд и социјала Здравствената состојба ...

Штрајкувачите со глад од „Саса“ не попуштаат

А1 - 25.11.2002

Рударите од „Саса“ веќе една седмица штрајкуваат со глад во јамите. Нивната здравствена состојба е влошена, но не попуштаат и понатаму бараат пари за репроматеријали и трите неисплатени плати. Денеска во „Хоризонтот 14“, јамата во која континуирано веќе седми ден околу 300 рудари од „Саса“ ...

Никој од Владата не ги посети рударите во "Саса"

Вест - 25.11.2002

ЕДНОНЕДЕЛНИОТ ШТРАЈК СО ГЛАД 800 МЕТРИ ПОД ЗЕМЈА ПРОДОЛЖУВА Интерес за здравствената состојба на рударите, кои веќе една недела штрајкуваат со глад во јамата на "Саса" пројавија само неколку приватни фирми, кои вчера беа во рудникот да им однесат сокчиња и минарални вод Никој од Владата не ги ...

Денеска 320 рудари на „Саса" излегуваат од окната?

Утрински - 25.11.2002

Штрајкот со глад на рударите од Македонска Каменица трае една недела ИВАН БОЈАЏИСКИ М.КАМЕНИЦА - Денеска се навршува една недела од моментот кога 320 рудари на ?Саса", во една од јамите на рудникот, на 800 метри под земја, го почнаа својот втор по ред штрајк со глад.