TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Скејтерите бараат свое катче

Утрински - 16.06.2007

Со музика и скејтерски акробации, пред влезот на бараките на Град Скопје, младите од Младинскиот центар за едукација, толеранција и демократија „Примус“ вчера го изразија својот револт поради нереализираното ветување да добијат скејт-парк.

Скејтерите бараат Костовски да им изгради скејт-парк

Време - 16.06.2007

МЛАДИТЕ ВЧЕРА ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ГРАДСКАТА УПРАВА Педесетина скејтери, ролерџии и велосипедисти на импровизирани скејт-реквизити вчера покажуваа разни трикови пред градската управа, барајќи градоначалникот Трифун Костовски да го исполни ветувањето што го дал пред две години - на младите да им изгради ...

Скејтерите си го бараат ветениот парк

Дневник - 16.06.2007

Триесетина скејтери, незадоволни од неисполнетото ветување на градоначалникот Трифун Костовски дека ќе им изгради адреналин и скејт-парк , вчера пред неговиот кабинет одржаа несекојдневен протест со изведба на акробации проследени со музика.

Трифун Костовски вети, па го заборави скејт паркот

Вест - 16.06.2007

ПРОТЕСТ НА СКЕЈТЕРИТЕ ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ Триесетина скејтери вчера протестираа пред кабинетот на градоначалникот Трифун Костовски, барајќи од него да го исполни ветувањето дека запуштениот простор под Железничката станица Градот ќе го претвори во скејт парк.

Сакаме скејт парк, а не ветувања

Вечер Прес - 16.06.2007

Во Скопје нема соодветен скејт парк, постоечкиот во Карпош е речиси неупотреблив, а од другите места не бркаат граѓаните или полицијата, велат скејтерите. Реализацијата на ветениот парк под Транспортниот центар, пак, Градот ја префрли на Министерството за транспорт и врски Во Скопје нема соодветен ...

Скејтерите на протести пред градската управа

Време - 15.06.2007

ДЕНЕСКА Скејтери, велосипедисти и рекреативци денеска мирно ќе протестираат пред кабинетот на градоначалникот Трифун Костовски, зашто, како што велат, се уште не го исполнил ветувањето дека ќе изгради скејт-парк под железничката станица.

Скејтерите ќе протестираат пред Костовски

Дневник - 15.06.2007

Со мирен протест пред кабинетот на градоначалникот Трифун Костовски, младите скејтери денеска напладне ќе го изразат својот револт поради неисполнетото предизборно ветување дека во Скопје ќе изгради модерен скејт-парк. Протестот го организираат во соработка со младинската невладина организација ...