TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

НСДП нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ пред изборите

А1 - 20.04.2008

Ако НСДП се одлучи да влезе во предизборна коалиција, тогаш тоа би се случило само со СДСМ. Коалиција со ВМРО-ДПМНЕ пред изборите не е можна. Така оцениле Груевски и Петковски на последната нивна средба. „Во политиката, знаете, интересот е доминантна категорија, љубов тука не постои, постои интерес.

До Велигден ќе се знаат партнерите на ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 20.04.2008

Најдоцна до Велигден ќе завршат преговорите со политичките партии кои ќе коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ. Промовирајќи ја новата спортска сала во општина Илинден, премиерот Груевски кажа дека очекува окрупнување на двата политички блока и фер и демократски избори.

Националниот демократски институт за фер избори

А1 - 19.04.2008

По самитот на НАТО во Букурешт и пред добивањето датум за преговори со ЕУ, Македонија мора да потврди дека може да организира фер и демократски избори. Во кампањата за избори по меѓународни стандарди по четврти пат се вклучува американскиот Национален демократски институт.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ за партиски вработувања

Утрински - 19.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ вчера го обвини СДСМ дека неговите локални разграноци од Охрид и од Струга вработиле 180 свои членови и блиски поддржувачи во јавното претпријатие „Проаква“. „ВМРО-ДПМНЕ ја прашува Радмила Шекеринска дали се точни информациите дека деновиве во Охрид и во Струга се прават списоци за нови ...

Груевски оди на освојување 61 пратеник и влада со Тачи

Утрински - 19.04.2008

Груевски, кој вчера се сретна со амбасадорите на ЕУ и на НАТО во Македонија Премиерот Никола Груевски вчера обелодени дека по изборите, доколку освои потребно мнозинство, во составот на новиот владин кабинет за партнер од албанскиот блок партии повторно ќе коалицира со ДПА.

Груевскија ја сака ДПА за партнер

Дневник - 19.04.2008

Се надеваме дека ДПА ќе остане коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, рече вчера премиерот Никола Груевски и додаде дека, покрај веќе најавените - европска и патриотска коалиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи третата, која ќе ги почитува обете насоки, и европската и патриотската.За можна постизборна ...

Партиска предизборна полемика СДСМ - ВМРО ДПМНЕ на тема името

Канал5 - 19.04.2008

a - Помина времето кога Груевски можеше да глуми патриот за зачувување на уставното име дома, а надвор да прифаќа предлози за негова промена. Политиката на две тотално различни лица на премиерот во заминување повеќе не поминува во јавноста.

Либералдемократи и либерали преминуваат во ДОМ

Вечер - 19.04.2008

На Македонија и треба широка коалиција за одбрана на македонскиот идентитет, велат од партијата на Лилјана Поповска која разговара со ВМРО-ДПМНЕ Дел од раководствата и членови на општинските и младинските организации на ЛДП во Штип, Пробиштип и Свети Николе деновиве преминуваат во Демократската ...

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже и европски и патриотски дух

А1 - 18.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе ги покаже и својот европски и својот патриотски дух. Премиерот Груевски денеска најави формирање на трета коалиција со која ќе настапи на предвремените избори. „Деновиве слушам низ медиумите дека за следните избори се најавуваат две коалиции.

СДСМ: ДПМНЕ не може да ги скрие криминалните дејствија

А1 - 18.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ можат сто пати лажно да не обвинуваат, но не можат да ги скријат криминалните дејствија и затоа ќе одговараат по смената на власта на 1 јуни, возвратија од СДСМ. Го обвинија премиерот Груевски и ВМРО дека нивните партиски војници физички се пресметувале во период кога официјалната ...

ДПМНЕ: СДСМ вработи 180 членови во „Проаква“

А1 - 18.04.2008

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција го обвини СДСМ дека вработиле 180 свои членови и блиски поддржувачи во локалното јавно претпријатие „Проаква“. Како што посочи портпаролот Александар Бичиклиски, директор на „Проаква“ е Бранислав Трпчевски, координатор на СДСМ за петтата ...

НСДП и ЛП се кршат меѓу Груевски и Шекеринска

Време - 18.04.2008

НСДП ПОВТОРНО СЕ ПОДЕЛИ Ана Велјановска Новите социјалдемократи на Тито Петковски се повеќе се доближуваат до идејата за предизборна коалиција со СДСМ, тврдат партиски извори. Ова прашање ќе се постави како тема на Централниот одбор в недела, кога се очекува да има и жестока дебата и да се донесе ...

СДСМ треба да го потпише кодексот

Време - 18.04.2008

ОД ВМРО-ДПМНЕ СЕ УПОРНИ Од ВМРО-ДПМНЕ, вчера, повторно ја повикаа лидерката на СДСМ, Радмила Шекеринска, да го потпише кодексот за фер и демократски избори и да застане зад повиците на сите прогресивни сили во државава за достоинствен политички натпревар.

ВМРО-ДПМНЕ бара потпис на кодексот

Дневник - 18.04.2008

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера уште еднаш апелира до партии што ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори да го потпишат кодексот за фер и демократско изјаснување. Портпаролот Александар Бичиклиски ја повика претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, да одговори на повиците на ...

Груевски: Ќе правам патриотско европска коалиција

Канал5 - 18.04.2008

Ќе правам патриотско европска коалиција – Груевски излезе со уверување дека ќе работи на евроатлантска иднина на Македонија – премиерот е испровоциран од оценките во јавноста дека партиите ќе се поделат во два блока – околу политиката на премиерот која се толкува тврдо националистичка и другата ...

Националниот демократски институт деновиве ќе им достави на партиите кодекс за фер избори

Канал5 - 18.04.2008

Националниот демократски институт иницира политичките партии да потпишат кодекс за слободни и фер парламентарни избори. Организираат и национална кампања поддржана од меѓународната заедница Националниот демократски институт иницира политичките партии да потпишат кодекс за слободни и фер ...

Нови препукувања меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Канал5 - 18.04.2008

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат за партиски вработувања и подготвување изборен фалсификат. ВМРО денеска јавно покажа конкурс со кој СДСМ партиски вработил 180 членови во Охрид и Струга и јавно ја праша лидерката Радмила Шеќеринска дали се прават партиски списоци за нови вработувања.

Само ЛДП има шанси сама, останатите мали - во бунар!

Вечер - 18.04.2008

Се погласни се шпекулациите дека екс премиерот Владо Бучковски ќе биде еден од носителите на листите на СДСМ. Апсурдот е во тоа што социјалдемократите се надеваат дека ќе им донесе поддршка кај граѓаните, иако му се суди за криминал со армиските тенкови во времето кога беше министер за одбрана НСДП ...

Битката на изборите ќе ја водат ВМРО и СДСМ

А1 - 17.04.2008

Битката за освојување на власта на предвремените парламентарни избори, ќе ја водат два политички блока на чело со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Социјалдемократите на политичката сцена најверојатно ќе настапат како движење за „Европска Македонија“.

ВМРО пак ги повика СДСМ да потпишат кодекс

А1 - 17.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ и денеска ги повика СДСМ и Шеќеринска да застанат зад повиците на, како што велат, сите прогресивни сили во државата, за достоинствен политички натпревар и да го потпишат кодексот за фер избори. Од владејачката партија повикаа, СДСМ да престане со праксата на партиски вработувања.

ЛДП: Кодексот е параван за фалсификат

Време - 17.04.2008

ОДБИЕН ПРЕДЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Либералдемократите вчера го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ сите партии да потпишат предизборен кодекс на однесување, оценувајќи го како лицемерен. - На сите политички субјекти им е јасно дека договор со Никола Груевски нема.

Во Скопје на мегдан Груевски и Шекеринска, во Тетово - Ахмети и Тачи

Дневник - 17.04.2008

За евентуалната коалиција со НСДП Груевски оцени оти и двете партии ќе постигнат подобри резултати ако одат посебно на изборите , а во СДСМ чекаат што ќе решат либералите „Единицата“ и „шестката“ најверојатно ќе бидат изборните единици каде што ќе ги измерат силите лидерите на четирите најголеми ...

Кодексот беспредметен за опозицијата

Дневник - 17.04.2008

Либералдемократите вчера го отфрлија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за потпишување кодекс за фер и демократски избори, оценувајќи го како беспредметен и израз на врвно лицемерство. ЛДП се сомнева дека намената на предложениот кодекс е да послужи како параван за намерата за фалсификување на предвремените ...

ВМРО ДПМНЕ и денеска го повика СДСМ да го потпише кодексот за фер и демократски избори

Канал5 - 17.04.2008

Портпаролот Бичиклиски од името на ВМРО ДПМНЕ и денеска го повтори повикот до лидерката на СДСМ Шеќеринска да го потпише кодексот за фер и демократски избори. За СДСМ, понудениот кодекс од ВМРО ДПМНЕ е фарса и покритие за изборен фалсификат.

СДСМ не е подготвен за фер избори

Вечер - 17.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира пред изборите, но со кои партии засега е непознато. Наредниве денови продолжуваат разговорите на претседателот на партијата со можните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира пред изборите, но не се прецизира со кого би бил потпишан договор за заеднички настап на ...

ВМРО-ДПМНЕ повторно реагираше на одбивањето на кодексот

А1 - 16.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно реагираше на одбивањето на СДСМ да го потпишат кодексот за фер и демократски избори. „Сите политички субјекти да потпишат кодекс со кој ќе се обврзат дека со своето однесување ќе гарантираат фер и демократски избори и изборна кампања.

Единицата резервирана за Груевски и за Шекеринска

Време - 16.04.2008

ПОЧНА ТРКАТА ЗА ПРАТЕНИЧКИ ФОТЕЛЈИ Ана Велјановска Партиите ја почнаа трката за избор на пратеници. Според одлуката на Државната изборна комисија, крајниот рок за доставување на пратеничките листи е 2 мај. Скратените рокови ги натераа партиите да почнат на терен да ги кројат своите стратегии за ...

ВМРО вака си ја финансира кампањата

Време - 16.04.2008

СДСМ ОБВИНУВА Во услови на двоцифрена инфлација, кога живеачката станува се потешка и потешка, Владата во заминување воведе таканаречени патриотски фискални каси, пронаоѓајќи уште еден начин како да ја финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, обвини СДСМ.

ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ вработува партиски војници во администрацијата

Вест - 16.04.2008

Владиниот портпарол Ивица Боцевски за обивнувањата за партиски вработувања и огласи за работни места во здравствени институции, рече дека процесот се одвива согласно со законската регулатива Либерално - демократската партија ја обвини власта за партиски вработувања во пресрет на предвремените ...

ВМРО-ДПМНЕ нуди изборен бонтон

Време - 16.04.2008

ПРЕДЛОЖЕН КОДЕКС ЗА ПАРТИИТЕ ВМРО-ДПМНЕ ги повика вчера политичките партии, учесници на претстојните парламентарни избори, заеднички да усвојат кодекс на однесување со кој ќе се обврзат пред целата јавност дека ќе се залагаат за спроведување фер и демократски избори.

СДСМ го спасуваат само млади фаци

Вест - 16.04.2008

ОПОЗИЦИЈАТА КРОИ ИЗБОРНА СТРАТЕГИЈА Партиски извори тврдат дека ако опозицијата, предводена од СДСМ, не ги освежи партиските листи со нови и докажани фаци од базата и ако се трка со стари кадри, тогаш владината ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи Ако опозициониот блок, предводен од СДСМ, на предвремените ...

Почнаа турканиците за место на кандидатските листи

Утрински - 16.04.2008

Кандидати многу, но во партиските централи владее воздржаност, и покрај кусите рокови Александра М. Митевска Во партиските штабови тргнаа првичните комбинаторики за можните кандидати за пратеници на предвремените избори и за нивно рангирање на листите во шесте изборни единици.

ЛДП обвинува за партиски вработувања

Утрински - 16.04.2008

Опозициските либералдемократи обвинуваат дека дневниот весник „Вечер“, што го нарекуваат партиски билтен, е преплавен со огласи за партиски вработувања во последните два дена, особено за работни места во јавното здравство низ целата држава.

Два блока ќе одат на изборен мегдан

Утрински - 16.04.2008

Се профилира проевропска и конзервативена групација на партии Оливера Војновска Во партиските седишта на власта и на опозицијата врие. Се прават калкулации за претстојните вонредни парламентарни избори, за кои веќе се профилираат два блока што ќе го трчаат изборниот маратон и ќе ги одмерат силите ...

Тито Петковски му намигнува на СДСМ

Дневник - 16.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ завчера ја потврди коалицијата со ДС на Павле Трајанов и со СП на Љубисав Иванов-Ѕинго Засега нема ништо од коалицијата со СДСМ, но во политиката никогаш не вели никогаш, е вчерашниот одговор на лидерот на НСДП Тито Петковски на прашањето дали на предвремените парламентарни избори ќе ...

ЛДП обвинува за партиски вработувања

Дневник - 16.04.2008

Уште од првиот ден на распишување на изборите, партискиот билтен на ВМРО-ДПМНЕ, „Вечер“, е преплавен со огласи за партиски вработувања, обвини вчера Роза Топузова Каревска од ЛДП. Таа смета дека со партиските вработувања во Македонија се повторува 2002 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на заминување од ...

Партиски комбинаторики: Груевски и Петковски се раздружуваат

Канал5 - 16.04.2008

Премиерот се уште прецизно не ја знае коалицијата со која ќе оди на предвремените избори. Денешните негови одговори, сепак, ги потврдуваат информациите дека со НСДП, довчерашниот коалициски партнер од Владата, нема да има предизборна соработка.

ВМРО-ДПМНЕ нуди кодекс за фер избори

Вечер - 16.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ вчера ги повика сите политички партии кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори да усвојат кодекс со кој ќе се обврзат дека ќе се залагаат за атмосфера која ќе осигура спроведување на фер и демократски избори.

Партиите во предизборна офанзива

А1 - 15.04.2008

Партиите во предизборна офанзива. ВМРО-ДПМНЕ веќе ја соопшти тактиката како ќе ги освојува гласачите. Со каравани по градовите и селата ќе организира големи и мали митинзи, но и контакти со граѓаните. Партискиот генерален секретар Мартин Протоѓер ќе го води изборниот штаб.

ВМРО-ДПМНЕ бара кодекс за фер избори

А1 - 15.04.2008

На прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ ги повика политичките партии на заедничко донесување на кодекс во кој сите ќе се обврзат на атмосфера за спроведување на фер и демократски избори. „ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна политичка партија, ги повикува политичките партии, учесници на претстојните парламентарни ...

ДПМНЕ: Градоначалникот на Сопиште доградувал штаб на СДСМ

А1 - 15.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ ги повика партиите да не ги користат ресурсите на јавните институции во предизборната кампања. Директно го прозваа градоначалникот на Сопиште, кој деновиве го доградувал локалниот изборен штаб на СДСМ со парите на општинското комунално претпријатие.

Груевски не може без Павле Трајанов

Утрински - 15.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ вчера ги почна преговорите за формирање коалиција за претстојните парламентарни избори, соопшти прес-канцеларијата. Како што се наведува, средби ќе има со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“, но се можни разговори и со политички партии што не биле дел од ...

Груевски ги почна разговорите со коалициските партнери

Дневник - 15.04.2008

Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги почна разговорите со своите партнери од коалицијата „За подобра Македонија“ за заеднички настап и на предвремените парламентарни избори. Во седиштето на партијата вчера тој се сретна со Павле Трајанов и Мите Костов, претседатели на ...

Од 3 до 5 илјади партиски членови ќе бидат вработени во предизборието

Канал5 - 15.04.2008

ВМРО ДПМНЕ масовно вработува партиски кадри во предизборието, обвинува опозициската ЛДП. Во првите два дена по распишувањето на изборите, еден печатен медиум близок до власта е преплавен со огласи за вработување на над 60 лица во здравствени институции во повеќе градови во земјава.

Партиски комбинаторики за предизборни коалиции

Вечер - 15.04.2008

Европската комисија очекува претстојните избори да бидат фер и демократски, што ќе и даде можност да препорача датум за почнување на преговори со Македонија за членство во ЕУ ВМРО-ДПМНЕ вчера ги започна консултациите со останатите политички партии во врска со евентуално коалицирање на идните ...

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да побара од ОБСЕ набљудувачи

А1 - 14.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција побара од Државната изборна комисија да се обрати до мисијата на ОБСЕ за набљудувачи на изборите на 1 јуни. „ВМРО-ДПМНЕ ја повикува ДИК да упати барање до мисијата на ОБСЕ, ЕУ и меѓународната заедница за делегирање на претставници во својство на набљудувачи на ...

Опозицијата кове блок против Груевски

Дневник - 14.04.2008

Власта ќе ги задржи старите партнери, без ЛП, а блок партии чиј заеднички именител ќе биде спротивставување на политиката на премиерот Груевски е можниот сојуз Подготвени се за самостоен настап, но добрите понуди за коалиции нема да се одбијат, е ставот со кој повеќето политички партии одат на ...

Се кројат стратегии за освојување на власта - во партиските штабови врие

Канал5 - 14.04.2008

Иако партиите веќе подолго се на терен се калкулира со тимовите што ќе ја трчаат изборната кампања и можните коалицирања. Речиси е извесно дека два блока ќе ги спротивстават силите на први јуни – едниот за политиката на премиерот Груевски и другиот против неа.

СДСМ - ВМРО ДПМНЕ препукувања

Канал5 - 14.04.2008

ВМРО ДПМНЕ вчера организираше партиска трибина на која ги величаше успесите на министерката за внатрешни работи во оставка, Гордана Јанкуловска, и ги лажеше партиските членови и граѓаните дека води вистинска борба против организираниот криминал и корупцијата, обвинуваат од опозициската СДСМ.