TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нападната патрола кај Радуша

А1 - 24.06.2001

Албанските терористи денеска повторно нападнале патрола на македонските безбедносни сили во реонот на селото Радуша. При нападот еден војник е полесно ранет. Повредениот војник е пренесен во воената болница во Скопје. Албанските терористи биле разбиени од страна на македонските безбедносни сили.

Нападната полициска патрола кај селото Радуша

А1 - 23.06.2001

Албанските терористи денеса во 10 часот, на патот Дворци - Радуша ја нападнале 6-члената полициска патрола, која патролирала во овој реон. Во нападот кој траел 35 минути потешко бил ранет еден полицаец а останатите се полесно повредени. Меѓу повредените е и командирот на полицисата станица Радуша.

Терористите кај Радуша се локални жители

Дневник - 23.06.2001

СПОРЕД БЕЗБЕДНОСНИ ИЗВОРИ Групата од педесетина албански терористи што се наоѓаат на подножјето на планината Жеден, во реонот на скопското село Рашче, ја предводи Исмаил Н. Групата од педесетина албански терористи што се наоѓаат на подножјето на планината Жеден, во реонот на скопското село Рашче, ...

Албанските терористи на планината Жеден разапнале шатори

Вест - 22.06.2001

НАПАДНАТА ПОЛИЦИСКА ПАТРОЛА КАЈ СЕЛОТО РАДУША Поголема терористичка група завчера во попладневните часови нападнала четиричлена патрола на безбедносните сили, во непосредна близина на селото Радуша, оддалечено 30-тина километри од Скопје.

Разбиена терористичка група на Жеден

Дневник - 22.06.2001

ВО БОРБИ КАЈ РАДУША Полициска патрола нападнала група од 40 терористи, а по неколку минути хеликоптер ја разбил групата Еден албански терорист бил убиен, а еден ранет во судир со патрола на македонската полиција во близина на скопското село Радуша, дознаваме од полициски извори.

Во реонот на селото Радуша нападната полициска патрола

А1 - 20.06.2001

Денеска во реонот на скопското село Радуша околу 15 часот нападната е полициска патрола. Нападот бил извршеон од засега неутврден број на лица кои кон полицајците стрелале со автоматско оружје. Полициска патрола одговорила на нападот, а престрелката траела 10-тина минути.