TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вардар - Работнички 1:2

А1 - 18.05.2008

Работнички Кометал го победи Вардар во дербито без резултатско значење во 32-то коло од првата македонска фудбалска лига. Во локалната пресметка Шкендија загуби од Ренова и со тоа веќе се пресели во понизок ранг. Башкими е сигурен учесник во баражот за опстанок, тоа ќе се обидат да го избегнат ...

Вардар Про е првиот финалист во ракометниот куп на Македонија

А1 - 17.05.2008

Во воведниот полуфинален дуел, „црвено-црните“ го совладаат Пелистер со 28:20. Битката меѓу некогаш големите ривали кои сезонава се на различни страни на квалитативната скала, попладнево во „Кале“ беше рамноправна во првото полувреме.

Финалето никогаш попредвидливо

Вест - 17.05.2008

ВИКЕНДОВ ВО "КАЛЕ" СЕ ИГРА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР НА РАКОМЕТНИОТ КУП Целосна доминација на Металург или поделба на пленот? - Од последниот дуел во "Кале" Целосна доминација на Металург или поделба на пленот, каков ќе биде епилогот на домашната ракометна сезона ќе биде познато викендов, кога во "Кале" се ...

Костовски: Со Вардар полесно ќе се пробиеме во Европа

Вест - 17.05.2008

РАБОТНИЧКИ ЌЕ МОРА ДА БАРА НОВ ФИНАНСИЕР? Не го крие интересот за преземање на Вардар. - Коста Костовски Постои голема шанса во новото првенство нашиот најтрофеен фудбалски клуб Вардар да биде спонзориран од Коста Костовски, односно од компанијата "Кометал", досегашниот спонзор на шампионот ...

Вардар ќе ја спасува сезоната

Време - 17.05.2008

ЗАВРШНИЦА НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА Зоран Спасоски Годинашната „војна“ меѓу Вардар про и Металург ќе заврши викендов, со финалниот турнир во Купот на Македонија. Според квалитетот, организаторот, Вардар про, денеска не би требало да има проблеми со Пелистер (18 ч), како ни Металург со Преспа (20 ч).

Вардар про го брани трофејот

Утрински - 17.05.2008

Денеска и в недела во СРЦ „Кале“ завршница во националниот куп во машка конкуренција Сашко Ѓ. Димовски Вардар про и Металург најавуваат победи во денешните полуфинални пресметки против екипите на Пелистер Еуролинк, односно, Преспа, и пласман во големото финале во националниот куп.

Вардар и Металург ќе израмнуваат сметки

Дневник - 17.05.2008

Фаворитите во денешните полуфинални средби ќе се загреваат за утрешната меѓусебна финална пресметка во Кале Нема сомнежи дека утре (18.30 ч.) во финалето од ракометниот Куп на Македонија ќе играат екипите што водат главен збор на домашната машка сцена, Вардар Про и Металург.

Вардарци го посакуваат купот

Вечер Прес - 17.05.2008

Пикерот на "црвено-црните" Младен Ракчевиќ верува дека неговата екипа ќе се радува во финалето на Купот каде, најверојатно, противник ќе им биде новиот шампион Металург Денеска и утре "Кале" ќе биде мегдан на завршницата на македонскиот ракометен Куп.

Никој не сака нова црна дамка

Вест - 16.05.2008

ВАРДАР И МЕТАЛУРГ СЕДНАА НА ИСТА МАСА ПРЕД КУП-ВИКЕНДОТ Претставниците на Вардар и на Металург вчера седнаа на иста маса за првпат по тешките инциденти на нивниот последен првенствен дуел во "Кале". Тие се единствени во желбата на претстојниот Куп-викенд да се заборави таа непријатна епизода од ...

Вардар и Работнички ќе се фузираат

Вест - 16.05.2008

Чаршиски муабети или реалност Нашиот најтрофеен клуб Вардар и официјалниот шампион Работнички Кометал ќе се фузираат - е веста што вчера проструи низ скопската чаршија. Според шпекуалциите газдата на "кометалци" Трифун Костовски веќе се пријавил на конкурсот за преземање на Вардар и ако неговата ...

Инцидентот заборавен, се очекува празник на ракометот

Време - 16.05.2008

ПРЕД ФИНАЛНИОТ ТУРНИР ОД КУПОТ Учесниците во финалниот турнир од Купот на Македонија побараа да се заборават немилите настани, со најава дека викендот ќе има вистински празник на ракометот. Во саботните полуфинални дуели ќе играат Вардар про - Пелистер (18 ч) и Металург - Преспа (20 ч), додека ...

Ракометарите на Вардар и Металург викендот по Куп-трофејот

Утрински - 16.05.2008

Раководствата на Вардар про и Металург се' на добар пат да ги закопаат воените секири во пресрет на завршницата во националниот куп во кој обете екипи најавуваат пласман во финалето, но и освојување на трофејот. За „црвено-црните“ тоа е единствениот начин за, колку-толку, спас на сезоната, за ...

Вардар за спас на сезоната, Металург по двојна круна

Дневник - 16.05.2008

Лутите ривали в недела очекуваат уште еден дуел за паметење во Кале Организаторот на завршницата на македонскиот ракометен куп, Вардар Про, најави одбрана на трофејот и неизвесност во финалето в недела против својот единствен конкурент во последните неколку сезони, Металург.Двата скопски ривала ...

Металург е во предност

Вечер Прес - 16.05.2008

- Во овој момент интересот за завршницата на Македонскиот куп е поголема, по она, што се случи во последниот меѓусебен дуел во првенството меѓу Вардар и Металург, кој одлучуваше за титулата. Полуфиналето и финалето на купот ќе бидат празник на ракометот во Македонија и посакувам да минат фер и ...

Вардар Про и Металург апелираат на коректен настап

А1 - 15.05.2008

Да се заборават тензиите и спортскиот ривалитет да биде приоритет меѓу Вардар Про и Металург кои на денешниот прес веќе се промовираа во финалисти на завршниот турнир од македонските ракометен куп, викендов во салата „Кале“ во Скопје.

Навредите и неисплатените плати - причина за штрајкот

Време - 15.05.2008

ВАРДАРЦИ ОБЈАСНУВААТ ЗОШТО НЕ ОТПАТУВАЛЕ ВО КУМАНОВО Петар Једиковски Фудбалерите кои не беа во Куманово, каде што Вардар од Милано го доживеа најтешкиот пораз од осамостојувањето на Македонија и еден од најтешките во неговата фудбалска историја, на прес-конференцијата се обидоа да се оправдаат за ...

Играчите не го сакаат Шехтански

Утрински - 15.05.2008

На брифингот се појави и мала група навивачи на Вардар кои ги обвинија фудбалерите за предавство во Куманово Емил Китановски Навредени и длабоко разочарани 14 стандардни првотимци на скопски Вардар, вчера во клубот на новинари во Скопје, за прв пат јавно проговорија за причините поради кои тие во ...

„Црвено-црните“ во се' поголем ќор-сокак

Дневник - 15.05.2008

На прес-конференцијата на фудбалерите-штрајкувачи имаше конфронтации со дел од навивачите Вардар се' повеќе се заглавува во ќор-сокак, а недоразбирањата меѓу фудбалерите што не учествуваа во кумановскиот дебакл против Милано кога најтрофејниот македонски клуб загуби со 1-9, и новата управа, ...

Фудбалерите на Вардар во штрајк

А1 - 14.05.2008

Два дена по најсрамниот пораз на фудбалскиот клуб Вардар во историјата, дебаклот од 9:1 од кумановски Милано, во јавноста излегоа 15-те играчи кои од петокот штрајкуваат поради неисплатената априлска плата и ветената премија за победата над Силекс.

Има ли крај бламажата на Вардар?

Утрински - 14.05.2008

Доколку не се преземе некоја посериозна акција да му се помогне на Вардар, клубот е на пат тотално да згасне Миодраг Мицковиќ Дали некој во сегашниот момент може да даде одговор на прашањето: кога ќе престане оваа невидена бламажа на нашиот најтрофеен фудбалски клуб која се заканува со она ...

Сите крадеа од Вардар, никој не му даваше

Време - 13.05.2008

РАЗОЧАРУВАЊЕ ОД СОСТОЈБИТЕ ВО КЛУБОТ Петар Једиковски Во својата 60-годишна историја Вардар имал убави и тешки моменти, доживувал подеми и падови, но ова што сега се случува не му се случило никогаш. Клубот е без сопственик, без средства, а и без фудбалери.

Дното на Вардар

Утрински - 13.05.2008

Поглед Роберт Димитриевски Еден навивач на Вардар во 1987 година на шега го повика на помош Дражен Петровиќ, сметајќи дека само со тројка од кошаркарскиот Моцарт ќе може да се анулира поразот од 3:0 во првиот натпревар со бранителот на трофејот Порто во тогашниот Куп на европските шампиони.

„Деветката“ ич не го потресе раководството

Дневник - 13.05.2008

Казни за мизеријата на“црвено-црните“ќе добијат само фудбалерите што не патуваа за Куманово, а кои како што се зборува, за тоа биле потплатени со по 500 евра Дебаклот против Милано од 1-9 нема да донесе посериозни промени во курсот на раководење со Вардар.

„Душегрижниците“ да не се појавуваат на „Градски“

Време - 12.05.2008

РАКОВОДСТВОТО НА ВАРДАР ПОРАЧУВА Раководните луѓе на Вардар немаат намера повеќе да разговараат со никого. Ниту еден од поранешните функционери не дојде на закажаниот термин и челниците на „црвено-црните“ немаат намера да трошат време и сила за беспредметни разговори. - Нема веќе никакви состаноци.

Иницијаторите за спас на Вардар мислат и на своите џебови

Утрински - 12.05.2008

Новиот претседател на Вардар ќе мора дел од приходите да ги префрла и на Иницијативниот одбор Миодраг Мицковиќ За да биде ситуацијата околу хаотичната состојба во Вардар појасна ќе ја запознаеме јавноста со донесените критериуми за евентуалното преземање на Вардар на новиот спонзор што ги имаат ...

Новиот спонзор на Вардар ќе треба добро да го одврзе ќесето

Дневник - 12.05.2008

Новиот спонзор или сопственик на Вардар ќе треба да одвојува од 3 до 5 проценти од вредноста на трансферите на фудбалери на најтрофејниот клуб кај нас во корист на членовите на Иницијативниот одбор што моментно владеат со клубот.

Пак штрајк кај црвено-црните

Дневник - 12.05.2008

Плата за април, премиите од 5 илјади евра за победата над Силекс, потоа рати и кирии, во петокот, не добија актуелните фудбалери на Вардар, па одново имаше штрајк. Тие се суспендирани, па вчера Вардар во Куманово против Милано играше со комбиниран тим составен од младинци и неколку играчи од првиот ...

Случајот под Кале кај Натпреварувачката комисија

Вечер Прес - 12.05.2008

Иако членовите на Управниот одбор на Федерацијата подолго време расправаа за инцидентот и изречените казни на суперлигашкиот натпревар Вардар - Металург, кој одлучуваше за новиот првак, не донесоа решение и "случајот" се враќа кај првостепениот орган кој денеска ќе расправа за ова Инцидентот на ...