TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Над 60 000 загинати во земјотресот во Кина

Макфакс - 04.05.2008

Пекинг Над 60.000 луѓе до сега загинаа во катастрофалниот земјотрес што на 12-мај ја погоди Кина, соопштија кинеските власти кои стравуваат дека бројот на загинатите може да достигне до 80.000. Најновиот биланс на загинатите го соопшти кинескиот претседател Ван Џиабао по средбата со генералниот ...

Пронајдени опасни извори на радијација по земјотресот во Кина

Макфакс - 04.05.2008

Пекинг Кинеските власти пронајдоа 50 „опасни извори на радијација“ по минатонеделните земјотреси, изјави висок кинески претставник посочувајќи дека ситуацијата е под контрола. Заменик министерот за околина Ву Ксиаокинг соопшти дека до сега не била испуштена радијација во регионот.

Над 20 000 жртви на земјотресот во Кина

Макфакс - 04.05.2008

Пекинг Најмалку 20 000 мртви и исчезнати се регистрирани во земјотресот во Кина, кој се смета за најсмртоносен земјотрес што ја погодил Кина во изминатите 30 години. Во потрага по евентуално преживеани луѓе се вклучија и 100 000 војници.

Кина прифаќа помош, но не и спасувачи

Макфакс - 04.05.2008

Пекинг Кинеските власти прифаќаат странска помош во пари и опрема, но не дозволуваат влез на спасувачки екипи во потрагата по преживеани од катастрофалниот земјотрес. Образложението на кинеските власти е дека постојат огромни проблеми во транспортот и сообраќајот.Кинеските власти со ова ...

Бан Ки Мун во посета на кинеската провинција Сечуан

Макфакс - 04.05.2008

Њујорк Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки Мун денеска ќе го посети градот Инсу, каде беше регистриран епицентарот на разорниот земјотрес што пред десеттина дена ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан. Бројот на жртвите во земјотресот што ја погоди Кина на 12.

Над 20 000 жртви на земјотресот во Кина, уништено и древното наследство

Макфакс - 04.05.2008

Пекинг Најмалку 20 000 мртви и огромен број исчезнати се регистрирани во земјотресот во Кина, кој се смета за најсмртоносен земјотрес што ја погодил земјата во изминатите 30 години. Над 7 700 луѓе се загинати само во малото градче Инсју кое е во близина на епицентарот на земјотресот и кое брои ...

Над 14 000 загинати и 40 000 исчезнати во земјотресот во Кина

Макфакс - 04.05.2008

Пекинг Над 14 000 луѓе загинаа, а најмалку други 40 000 се водат како исчезнати, по земјотресот што во понеделникот ја „опустоши“ југозападна Кина, јави денеска агенцијата Ксинхуа. Локалните власти соопштија дека само бројот на затрупаните под урнатините изнесува 28 788 луѓе.

Проверка на нуклеарните централи во Кина

Макфакс - 03.05.2008

Пекинг Кинеското Министерство за животна средина испрати екипи во областите кои што вчера беа погодени од силниот земјотрес со цел да се спречи евентуална еколошка катастрофа, особено во нуклеарните централи. Дваесет и еден експерт ќе ја контролираат безбедноста на централите, како и на фабриките ...

Бројот на жртвите во Кина се искачи над 55 000

Макфакс - 03.05.2008

Пекинг Бројот на жртвите од страотниот земјотрес што ја погоди Кина се искачи на 55 239 луѓе, соопшти вицепремиерот на најзагрозената провинција Сечуан. Кинеските власти стравуваат дека бројот може да се зголеми, особено поради големиот број на луѓе кои се затрупани под рушевините.

Речиси 12 илјади е новиот биланс на загинати во Кина

Макфакс - 03.05.2008

Пекинг Речиси 12 илјади луѓе загинаа во силниот земјотрес што вчера ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан, соопшти претставник на кинеските власти. Според последните официјални податоци само во градот Мјанчжу има две илјади загинати, додека 4.800 се наоѓаат под урнатините на зградите, ...

Катастрофален земјотрес над 10.000 загинати –неизвесна судбина на 60.000 луѓе

Макфакс - 03.05.2008

Пекинг Најмалку 10.000 луѓе загинаа во катастрофален земјотрес што во понеделникот ја погоди провинцијата Сечуан во Кина, јави државната новинска агенција Ксинхуа. Според истиот извор неизвесна е судбината на околу 60.000 жители во три града во провинцијата Сечуан.

Нов силен земјотрес во Кина

Макфакс - 03.05.2008

Пекинг Нов силен потрес претпладнево ја погоди Кинеската провинција Сечуан, која во понеделникот бече зафатена од катастрофален земјотрес. Како што јави агенцијата Синхуа новиот потрес со сила од 6,1 степени потекнува од истото епицентрално подрачје, на околу 90 километри од градот Чанду.

Еколошка катастрофа по земјотресот во Кина

Макфакс - 03.05.2008

Пекинг Земјотресот што вчера ја погоди југозападна Кина предизвикува еколошка катастрофа во државата. Локалните медиуми јавуваат дека во погодената провинција Сечуан буквално експлодирале две фабрики за производство на хемиски материјали, а под нивните рушевини се затрупани стотици работници.

Најмалку 107 загинати во земјотресот во Кина

Макфакс - 02.05.2008

Пекинг Најмалку 107 луѓе загинаа, а 34 се повредени во југозападна Кина, која што денеска беше погодена од силен земјотрес, чиј што епицентар е лоциран во провинцијата Сечуан, пренесува агенцијата Синхуа. Земјотресот предизвика материјални штети во поголемиот дел од погодената провинција, како и во ...

Над 51,000 загинати во земјотресот во Кина

Макфакс - 02.05.2008

Пекинг Вкупно 51,151 загинати и 29,328 исчезнати, е новиот биланс што Кина денеска го соопшти за земјотресот што пред десет дена го погоди југозападниот дел на државата. Претходно, кинеските власти најавија дека очекуваат бројката на загинати да надмине 50,000.

Повеќе од 8.500 мртви во земјотресот во Кина

Макфакс - 02.05.2008

Пекинг Најмалку 8.500 луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес што ја погоди денеска кинеската провинција Сечуан, пренесува кинеската агенција Ксинхуа. Освен Сечуан, со земјотресот се погодени и провинциите Ганса и Јунан во северозападниот дел на земјата, како и големата област Чонгчинг во ...

Силен земјотрес ја погоди Кина, загинаа најмалку четири деца

Макфакс - 02.05.2008

Пекинг Најмалку четири деца загинаа, а околу 100 се повредени во земјотресот со јачина од 7,5 степени по Рихтер што денеска ја погоди кинеската покраина Сечуан. Епицентаот е регистриран на 100 километри од главниот град на покраината, Ченгду.

Меѓу 3.000 и 5.000 загинати во земјотресот во Кина

Макфакс - 02.05.2008

Пекинг Меѓу 3.000 и 5.000 луѓе загинаа само во еден реон на кинеската југозападна провинција Сечуан, која што денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер. Ова го јави кинеската агенција Синхуа, која што се повикува на локалните власти.

Најмалку 900 ученици затрупани во Кина, шест загинати

Макфакс - 02.05.2008

Пекинг Речиси 900 ученици се затрупани како последица на силниот земјотрес што денеска ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан, пренесуваат локалните медиуми. Според досегашните информации, во земјотресот загинале шест луѓе, од кои четири се деца, но бројот на жртвите може да порасне.

Најмалку 7.000 мртви во земјотресот во Кина

Макфакс - 02.05.2008

Пекинг Бројот на жртвите во денешниот земјотрес што ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан се искачи на 7.000, соопшти агенцијата Синхуа, повикувајќи се на информации на локалните власти. Најмалку 50 ученици загинаа, а 850 останаа затрупани под урнатините на училиште во градот Дучзјанан, ...

Парична помош за настраданите од земјотресот во Кина

Макфакс - 02.05.2008

Скопје Советот на Град Скопје денеска ќе одржи вонредна седница на која треба да донесе одлука за испраќање финансиска помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Кина. Скопје, градот што го носи симболот на солидарност за меѓународната помош со која беше обновен по катастрофалниот ...

Бројот на жртвите во земјотресот во Кина достигна 39 577 луѓе

Макфакс - 01.05.2008

Пекинг - Бројот на жртвите на катастрофалниот земјотрес што ја погоди Кина достигна 39 577 луѓе и тоа само во провинцијата Сeчуан, соопштија локалните власти. Во земјотресот повредени се над 236 000 луѓе, а огромен број се водат како исчезнати.

Два нови послаби земјотреси во Кина

Макфакс - 01.05.2008

Пекинг Два нови земјотреси од по четири степени по Рихтеровата скала утринава ја погодија кинеската провинција Сечуан, која беше епицентар на минатонеделниот страотен земјотрес во кој загинаа најмалку 71 илјади луѓе. За сега нема информации за нови жртви, но локалното население панично бега од ...

Евакуирани 197 илјади лица поради можни поплави

Макфакс - 01.05.2008

Пекинг Кинеските власти евакуирааа над 197 илјади лица во страв од можни поплави како последица од разорниот земјотрес во провинцијата Сечуан, јавуваат агенциите. Природна брана на езерото Тангџијасан, која поради обилните дождови се заканува да попушти, е главната закана поради која се одвива ...

Штета од 29 милијарди долари во Кина

Макфакс - 01.05.2008

Пекинг Индустријата во кинеската провинција Сечуан претрпе губитоци од околу 29 милијарди долари од последиците на катастрофалниот земјотрес што ја погоди оваа област месецов. Само во градовите Дејанг. Ченгду, Мијанјанг, Гуангјуан, Аба и Јаан, губитоците на фирмите се проценуваат на 28,5 милијарди ...

Во земјотресот загинале 41.353

Макфакс - 01.05.2008

Пекинг Кина официјално објави дека во земјотресот од12 мај во провинцијата Сечуан загинале 41.353 лица. Други 32.666 се водат за исчезнати. Повредени се близу 274 000 лица. Претходните официјални податоци говореа за 40 075 загинати.