TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски и Тачи ја задржаа коалицијата

А1 - 27.05.2007

Излезе така како што влезе, со папката в раце. Тачи не му го остави на Груевски на писмено најавуваното излегување од коалицијата. По час и половина отворен разговор, во очи си кажаа што мислат еден за друг, но коалицијата ја задржаа. И двајцата им мавтаа на новинарите, но не дадоа изјави.

Владината коалиција раскината преку медиуми

А1 - 27.05.2007

Раскин на коалицијата преку медиуми за 24 часа. Тачи најави, излегува од власта. Груевски дозна оти партнерството не функционира кога синоќа по полноќ се симна од авион. Еден час пред неговото доаѓање потпретседателот на ДПА за А1 изјави, излегува од Владата поради ниското ниво на комуникација и ...

ВМРО ДПМНЕ и ДПА ќе се смируваат

Канал5 - 27.05.2007

За само 24 часа два екстремни пресврта во односите на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. По синоќешната драматична изјава на Мендух Тачи дека ДПА излегува од владата, денешната негова итна средба со Груевски донесе свртување во смирувачка насока.

Тачи: ДПА излегува од Владата

А1 - 26.05.2007

ДПА излегува од Владата. Потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи, во вечерашната изјава вели дека овој потег е договорен со Џафери, а причина е договорот на Груевски со Ахмети. ДПА смета дека за клучните прашања ВМРО-ДПМНЕ требала да разговара со својот коалиционен партнер, а не со ДУИ.

ДПА останува на заканата за напуштање на Владата

А1 - 26.05.2007

ДПА останува на заканата за напуштање на Владата и го чека Груевски да се врати, за да им даде одговор дали и што точно договорил со Ахмети. Дека договор постои и дека дијалогот е на крај потврдуваат и во ДУИ и во ВМРО-ДПМНЕ, но не сакаат да обелоденат што точно се договориле нивните лидери.

Ахмети: Блиску сме до договор со ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 26.05.2007

Постигнат е сериозен напредок во досегашните разговори со ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер е премиерот Никола Груевски, изјави лидерот на ДУИ во интервју за Би-Би-Си. Според Ахмети, надминати се разликите околу барањето за службена употреба на албанскиот јазик, за поранешните припадници на ОНА, како и за ...

Дијалогот при крај, ДПА излегува од коалицијата?

Дневник - 26.05.2007

Владата и ДУИ се пред крајот на политичкиот дијалог, соопштија вчера официјални извори од Владата и од оваа партијата. Ивица Боцевски, портпарол на Владата, вчера изјави дека „се догледува крајот на постапката и дека дијалогот ќе продолжи во парламентот“.

ДУИ ќе се врати по потписите на Груевски и на странците

Утрински - 26.05.2007

Местото на ВМРО -ДПМНЕ во Комитетот за односи меѓу заедниците ќе му биде понудено на СДСМ БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ДУИ ќе изработи документ во пет точки за кој ќе бара да биде потпишан од челниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и од меѓународните претставници во земјава, како услов за враќање на нивните пратеници во ...

ДУИ се вразумува

Вечер Прес - 26.05.2007

Политичкиот дијалог меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ нема да заврши со потпишување на писмен договор меѓу Ахмети и Груевски. Дека договореното ќе се спроведува, гарантираат претставниците на САД и ЕУ ДУИ ќе се врати во Собранието на почетокот на идната недела, откако ќе се оконча политичкиот дијалог на ...

Ахмети: Усогласени се ставовите со ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 25.05.2007

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија. Усогласени се ставовите околу барањата на ДУИ за правата на борците на ОНА, официјализирање на албанскиот јазик, како и за промена на Комисијата за односи меѓу заедниците. Ова денеска во интервју за Би-Би-Си го обелодени лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Ахмети: Брањето влада според бадинтер ќе биде дел од договорот кој ќе го прифатат ВМРО ДПМНЕ

Канал5 - 25.05.2007

Постигнат е сериозен напредок во досегашните разговори со ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер е македонскиот премиер Никола Груевски, изјави претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во интервју за Би-Би-Си. Скопје, 25 мај (МИА) - Постигнат е сериозен напредок во досегашните разговори ...

ДУИ по празниците во Собрание?

Дневник - 24.05.2007

ДУИ нема да инсистира пратеничката-Влаинка Анита Кипаризовска да излезе од Комитетот за меѓуетнички односи, а за возврат опозицијата таму ќе добие мнозинство Листа со 46 закони што ќе се гласаат според Бадентеровиот принцип, рекомпонирање на Комитетот за меѓуетнички односи и рок до септември во ...

Три димензии на политичкиот дијалог

Утрински - 24.05.2007

Мислења ЕРМИРА МЕХМЕТИ Дијалогот покажа дека ДУИ е единствената партија која ги промовира и брани интересите на Албанците Европската унија и НАТО го поставија политичкиот дијалог како нова обврска за Македонија и нејзините аспирации за членство во овие две организации.

Партијата на Ахмети в понеделник ќе ја донесе одлуката дали ќе ги врати пратениците во парламентот

Канал5 - 24.05.2007

ДУИ в понеделник ќе донесе одлука дали да се врати во Парламентот – врвот околу Ахмети од Централниот одбор тогаш ќе побара согласност да го одобри ваквиот потег, што ако се случи би можело уште во вторник, веднаш по празников да ги врати пратениците на ДУИ во парламентарните клупи.

ДУИ се враќа во Собранието веќе в понеделник?

Утрински - 24.05.2007

Интегративците планирале да формираат параинституции, но се премислиле КАТИЦА ЧАНГОВА БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Само стравот дека ќе се предизвика контрареакција на Косово ја одвратило ДУИ од идејата да ги блокира патиштата во општините каде што оваа партија има свои градоначалници и да формира паралелни ...

Дијалогот продолжува идната недела?!

Вечер Прес - 24.05.2007

Нова средба на премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, или пак на работните групи, како продолжение на политичкиот дијалог ќе се случи идната недела, велат извори од партијата на Ахмети. Неофицијално, таа ќе ја иницираат странските претставници.

Ахмети го најави враќањето на ДУИ во Собранието

А1 - 22.05.2007

Али Ахмети го најави враќањето на ДУИ во Собранието. Станувало збор за денови, а не за месеци. Лидерот на ДУИ најави и дека политичкиот дијалог е пред крај. Ваквиот пресврт доаѓа по силните притисоци од Европската Унија и НАТО, кои како приоритети за Македонија ги поставија успешен политички ...

ВМРО-ДПМНЕ ја чека ДУИ во парламентот

Време - 22.05.2007

ПО КРИТИКИТЕ ЗА ПОЛИТИЧКИОТ ДИЈАЛОГ Пратениците на ДУИ да се вратат во парламентот, за да можат сите партии да разговараат за нивните барања, велат од ВМРО-ДПМНЕ по најавите дека партијата на Ахмети брзо ќе се врати во собраниските клупи.