TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија економски го признава Косово

Вест - 11.09.2004

НАВЕСТЕНА ПРОМЕНА ВО ТРГОВСКИОТ РЕЖИМ СО СРПСКАТА ПОКРАИНА Во завчерашните разговори со шефот на Мисијата на ОН на Косово Сорен Јенсен Петерсен, и претседателот Црвенковски и премиерот Костов најавија потпишување на времена спогодба и поголема либерализација во Прво претседателот Црвенковски, а ...

Средби на Петерсен со Ахмети и со Џафери

Време - 11.09.2004

ТЕТОВО Сорен Јенсен Петерсен во Тетово оствари средба со лидерите на ДУИ и ДПА, овојпат во својство на шеф на цивилната администрација на УНМИК на Косово. Целосното спроведување на охридскиот договор и решавањето на конечниот статус на Косово, беа централните теми на разговорот меѓу косовскиот прв ...

Делови од Охридскиот договор можат да се спроведат во Косово

Утрински - 11.09.2004

Средба на Петерсен со лидерите на ДУИ и на ДПА ТЕТОВО - ?Целосната имплементација на Охридскиот договор е од извонредна важност за земјата, а делови од него можат да се спроведат на Косово?, изјави Сорен Јесен Петерсен по средбата со Али Ахмети и Арбен Џафери во Тетово.

Ахмети и Џафери задоволни од Петерсен

Дневник - 11.09.2004

КОСОВСКИОТ ШЕФ НА УНМИК ВО ТЕТОВО Целосното спроведување на рамковниот договор и конечниот статус на Косово беа централните теми во разговорот помеѓу косовскиот прв администратор на УНМИК, Сорен Јенсен Петерсен и лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Арбен Џафери.

Македонија ќе склучи спогодба за бесцаринска трговија со Косово

А1 - 10.09.2004

Македонија ќе склучи директна спогодба за бесцаринска трговија со Косово, со што за покраината веќе нема да важи договорот за слободна трговија склучен во 1996-та меѓу Скопје и Белград. Идејата, Македонија и Косово да имаат свој договор и во трговијата со Скопје, Приштина да не ја користи ...

Референдумот ќе го одложи приближувањето на Македонија кон ЕУ

Време - 10.09.2004

СОРЕН ЈЕНСЕН-ПЕТЕРСЕН Одржувањето на референдумот за територијалната организација ќе ги одложи процесот на децентрализација и приближувањето на Македонија до Европската Унија, изјави Сорен Јенсен Петерсен, шефот на УНМИК, по средбата со претседателот Бранко Црвенковски.

Референдумот ќе го одложи, но нема да го запре патот кон ЕУ

Вест - 10.09.2004

ШЕФОТ НА УНМИК ПЕТЕРСЕН ВО СКОПЈЕ Референдумот за територијалната организација ќе го одложи процесот на децентрализација и приближувањето на Македонија до Европската унија, но тоа не треба да значи и застој во активностите на државата по европската агенда, што ја водат кон ЕУ, изјави вчера шефот на ...

Демаркацијата ќе заврши пред да се реши статусот на Косово

Утрински - 10.09.2004

Новиот шеф на УНМИК воспоставува и нови релации меѓу Косово и Македонија Белград има легитимен интерес и право да биде фактор во решавањето на прашањето околу крајниот статус, изјави Петерсен Слободанка Јовановска Македонија ќе попушти околу либерализацијата за да ја заврши демаркацијата- е ...

Границата пред статусот на Косово

Дневник - 10.09.2004

ШЕФОТ НА УНМИК ВО СКОПЈЕ Заедничка цел е мирно, стабилно и мултиетничко Косово, изјавија Црвенковски и Петерсен Демаркацијата на граничната линија на делот кон Косово треба да заврши пред да почне решавањето на статусот на покраината, побара Македонија од администрацијата на ОН во Приштина.

ПЕТЕРСЕН ЗЕМА МЕРКА ЗА НЕЗАВИСНО КОСОВО

Вечер Прес - 10.09.2004

Специјалниот пратеник на ОН во Косово, Сорен Јесен Петерсен, почна дипломатска мисија за отворање дијалог меѓу земјите од Балканот за конечниот статус на Косово. Петерсен вчера во Скопје порача дека земјите соседи на покраината треба да бидат вклучени во разговорите и дека треба да се воспостави ...

УНМИК негира дека во Косово ќе бидат испратени судии на ЕУ

А1 - 09.09.2004

Претставници на УНМИК во Приштина синоќа изјавија дека на Косово не постои судски систем на ЕУ, кој е посебен и независен од оној што го воспостави цивилната управа на ОН во покраината. Портпаролот на УНМИК за правосудство и полиција Нераџ Синг истакна дека извештаите на австриските медиуми оти во ...

Демаркација на границата пред решавањето на статусот на Косово

А1 - 09.09.2004

Шефот на УНМИК дојде денеска во Македонија да не убеди дека Косово под негово раководство ќе стане демократско и мултиетничко општество и дека нема да има прелевање на насилствата за време на општите избори во октомври. Неизбежна тема бил престојниот референдум во Македонија.

РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ ГО ОДЛОЖИ ПРОЦЕСОТ НА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА ,,.. КОСОВСКИОТ АДМИНИСТРАТОР ПЕТЕРСЕН ВО СКОПЈЕ

Канал5 - 09.09.2004

Одржувањето на референдумот на кој граѓаните ќе се изјаснат против новиот Закон за територијална органзиација ќе го забави процесот на децентрализација, но тоа не значи и застој на активностите што Македонија ги презема согласно европската агенда, одно Одржувањето на референдумот на кој граѓаните ...

По 6 недели Сорен Јенсен Петерсен повторно во Македонија, Овојпат како специјален пратеник на Обединетите нации во ...

Канал5 - 09.09.2004

Мирно, стабилно и демократско Косово - заедничката определба на Европа, Македонија и регионот , а демаркацијата на границата ќе биде завршена пред конечното решавање на косовското прашање, ветуваат Црвенковски и Петерсен. Зголемувањето на економскат Мирно, стабилно и демократско Косово - ...

Ако косовските Срби ги бојкотираат изборите, тоа ќе биде пораз за УНМИК

А1 - 07.09.2004

„Доколку косовските Срби ги бојкотираат престојните избори, тоа ќе биде срамен пораз за УНМИК“, оценува виенскиот дневен весник „Пресе“ во денешното издание, пренесуваат белградските гласила. „Само ако сите етнички заедници учествуваат во демократските процеси може да се зборува за функционални ...

Судии од ЕУ ќе воспостават независно правосудство на Косово

А1 - 07.09.2004

Судии од Европската унија ќе бидат испратени на Косово како неутрални органи со цел да се воспостави независно правосудство и владеење на правото, пишува денеска австрискиот дневен весник „Пресе“. Весникот наведува дека косовските затвори се полни, и дека голем број судски процеси дополнително се ...

Европската Унија ги повикакосовските Срби да гласаат

Дневник - 06.09.2004

НА ИЗБОРИТЕ ВО ОКТОМВРИ Европската Унија ги повика Србите на Косово да не го следат повикот од Белград за бојкот на регионалните парламентарни избори на 23 октомври во Косово и вети дека ќе им помогне во заштита од насилствата што се случија во март годинава, јави МИА.