TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Македонија табак 2000“ врши транскации преку гевгелиска фирма

А1 - 09.11.2002

Фирмата „Таља Бикова“ од Гевгелија стана централен столб на транскациите на тандемот Коцевски - Иванчиќ од „Македонија табак 2000“. Во Гевгелија никој не знае чија е фирмата „Таља Бикова“, а нејзин правен застапник во Скопје е адвокатот Александар Тортевски.

Адвокатите на Стевче Коцевски обвинуваат за партиско-синдикален упад во "Македонија табак"

Вест - 09.11.2002

Александар Тортевски, адвокатот на избрканиот менаџерски тим од "Македонија табак 2000", предводен од Стевче Коцевски, вчера ги оквалификува случувањата во ова друштво како сериозно нарушување на принципите на правната држава, како партиски инструирано криминално однесување и апелираше до ...

Адвокатите го обвинуваат Нелковски за упад во фирмата

Утрински - 09.11.2002

Правните застапници на †Македонија табак 2000" го возвраќаат ударот на штрајкувачите ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Направен е упад во легитимно регистрирана приватна фирма, под закрила на Сојузот на синдикатите. Ова вчера на прес-конференција го изјавија адвокатите на "Македонија табак 2000", Александар ...

СДСМ го презема тутунскиот бизнис

Вест - 08.11.2002

ДЕЛОВНАТА ЕДИНИЦА ОД ТЕТОВО ОБВИНУВА ЗА УПАД ВО "МАКЕДОНИЈА ТАБАК 2000" Вработените во оваа деловна едница, вчера соопштија дека единицата ја прогласуваат за самостоен профитен центар, зашто "Македонија табак 2000" ја презема старата гарнитура од СДСМ, која ја доведе оваа фирма до питачки стап и ...

Фондот го врза здравството за "Табак осигурување"

Утрински - 08.11.2002

По неколкукратно поништување на лицитациите Фондот за здравствено осигурување, поточно неговото началство, само на неколку дена пред разрешувањето, сепак, успеа да го врзе осигурувањето на имотот и опремата во државниот здравствен сектор за компанијата "Табак-осигурување, фирма од бизнис-кругот на ...

Тетовските "Извозни магацини" ќе работат без Стевче Коцевски

Утрински - 08.11.2002

СМЕНИ ТЕТОВО - Раководниот тим на РЕ ?Извозни магацини" на "Македонија табак 2000" во Тетово, на чело со извршниот директор Божидар Гроздановски, тетовскиот дел од најголемата македонска тутунска куќа го прогласи за самостоен профитабилен центар.

Последни обиди за партиски бизнис зделки на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 07.11.2002

Сеуште актуелниот директор на Фондот за здравство Војо Михајловски ги осигурал сите медицински центри за наредната година во „Табак осигурување“, но не преку тендер, туку со директна спогодба, што е спротивно на законот за јавни набавки.

Заврши газдувањето на Стевче Коцевски

Вест - 07.11.2002

ВРАБОТЕНИТЕ ВО "МАКЕДОНИЈА ТАБАК" ГИ ИЗБРКАА МЕНАЏЕРИТЕ Директорот Стевче Коцевски мирно ја напуштил "Македонија табак", но во дворот се уште стојат две "тојоти лексус" натоварени со документи, во кои увид треба да изврши полицијата Акционерите на "Македонија табак" вчера ја активираа ланската ...

Сменет комплетниот менаџмент на "Македонија табак 2000"

Утрински - 07.11.2002

Кулминираа синдикалните и акционерските незадоволства во најголемата тутунска куќа ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Стевчо Коцевски, Винко Ивачиќ и Милорад Китановски се разрешени од менаџерските структури и од Надзорниот одбор на "Македонија табак 2000".

Возачот на Стевчо Коцевски газда на фирма во Софија

Утрински - 07.11.2002

Шоферската приказна продолжува Марјанчо Коневски, шоферот на Војо Михајловски кој од заштеда и зајмени пари си купи банка, веќе не е сам акционер. И друг возач, овој пат на ексгенералниот директор на "Македонија табак 2000" си купи фирма за тутунски бизнис во Софија.

Вработените го вратија Нелковски во фотелјата

Дневник - 07.11.2002

ДРАМА ВО "МАКЕДОНИЈА ТАБАК 2000" Двесте вработени во "Македонија табак 2000", кои штрајкуваат три дена по ред, завчера доцна вечерта од објектот на компанијата во Скопје ги избркаа Стевче Коцевски и Винко Иванчиќ, досегашните управители на фирмата.

Разрешено раководството на „Македонија табак“

А1 - 06.11.2002

Стевче Коцевски и Винко Иванчиќ се сменети од директорските позиции во „Македонија табак 2000“. Во тобако бизнисот се вратија старите кадри на СДСМ. Акционерите денеска одржаа продолжение на акционерското собрание на кое избраа нов надзорен одбор, во кој се наоѓа и поранешниот директор на ...

Вработените од денеска во генерален штрајк

Утрински - 06.11.2002

Растат тензиите во "Македонија табак 2000" ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Доколку до денеска во 8 часот наутро не му се даде задоволителен одговор на Синдикатот и на вработените од "Македонија табак 2000", околу 200 лица од оваа некогаш најуспешна тутунска куќа ќе стапат во генерален штрајк.

Радовишката тутунска реколта тежи 450 милиони денари

Утрински - 06.11.2002

Во "Јака табак" се е подготвено за откуп на жолтото злато ИВАН БОЈАЏИСКИ РАДОВИШ - Во производството на тутун радовишкото подрачје е второ по значење во Македонија, веднаш по прилепскиот регион. Над 4.200 кооперанти на ?Јака табак" од тутунската нива распослана на 3.200 хектари, ќе обезбедат околу ...

Акционерите бараат ревизија на трансформацијата на тутунскиот гигант

Дневник - 06.11.2002

ПРОДОЛЖУВА ШТРАЈКОТ ВО "МАКЕДОНИЈА ТАБАК 2000" "Македонија табак 2000" неодамна од Скопје била пререгистрирана во еден двособен социјален стан во Штип Предупредувачкиот штрајк на вработените и акционерите во зградата на "Македонија табак " продолжи и вчера.

Вработените бараат отчет за матните зделки на Стевче Коцевски

Вест - 05.11.2002

СИНДИКАТОТ НА "МАКЕДОНИЈА ТАБАК 2000" НАЈАВИ ШТРАЈК До четврток, работниците ќе дежураат 24 часа во друштвото, за да ги спречат менаџерите да не ги блокираат активностите на синдикатот Синдикалната организација на "Македонија табак 2000" вчера најави дека од четврток, 7 ноември, мнозинството ...

Вработените со штрајк ќе бараат плата и отчет од менаџерите на "Македонија табак 2000"

Дневник - 05.11.2002

ПРЕВИРАЊА ВО ТУТУНСКИОТ ГИГАНТ Газда на некогашниот тутунскиот гигант е приватната фирма "Таља Бикова" од Гевгелија, која располага со 99,9 отсто од капиталот, тврди Винко Иванчиќ, вториот директор во компанијата Повеќе од 200 вработени во "Македонија табак-2000" ДОО ќе штрајкуваат ако менаџерскиот ...

Вработените во „Македонија табак“ се кренаа против раководството

А1 - 04.11.2002

Вработените на „Македонија табак“ се кренаа против актуелното раководство, предводено од Стевче Коцевски, обвинувајќи го дека ја упропаствува фирмата. Директорите трошеле огромни суми за патувања, поради неодговорно работење залихите тутун почнале да скапуваат, а сега на принуден одмор испратиле ...