TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ донираа по 1.000 денари за "Медицинар"

Утрински - 18.01.2002

Продолжува собирањето средства за санација на Домот "Невена Георгиева-Дуња" Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на студентите од Домот "Невена Георгиева-Дуња" ќе им донираат 42.000 денари, 100 германски марки и 15 евра, со цел да ги вложат овие средства во санирање на уништените бараки во Домот.

Студентите не дојдоа да си ги земат 46-те илјади денари

Дневник - 18.01.2002

ПРАТЕНИЦИТЕ ГИ СОБРАА ПАРИТЕ За обновување на студентските бараки во "Медицинар", пратениците донирале 42.000 денари и 65 евра. Пари за санација на бараките дале 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и пратениците Амди Бајрам и Јордан Бошков.

Се полни банкарската сметка за реновирање на „Медицинар“

А1 - 17.01.2002

Студентите од „Медицинар“ чекаат снегот околу нивните бараки да се стопи за да почнат да се реализираат многубројните донаторски ветувања за помош и за реновирање на домот. Во меѓувреме и сметката отворена во Комерцијална Банка наменета за тие цели се полни, иако студентите, по одбивањето на ...

Новковски најавува поефикасно раководење во образованието

Утрински - 17.01.2002

Министерот вчера врачи решенија на околу 100 нови директори Министерот за образование и наука Ненад Новковски вчера им ги врачи решенијата на околу сто директори од основни и средни училишта и училишни центри во земјава, кои беа именувани минатата година.

Сменет директорот на Скопскиот студентскиот центар, Георги Гошев

Утрински - 17.01.2002

Поради неефикасност и притисок од медиумите Директорот на Државниот студенски центар, Георги Гошев е сменет и на негово место е поставен Јован Трајанов, еден од помошниците во Центарот. Ова вчера и официјално го потврди министерот за образование и наука, Ненад Новковски, потенцирајќи дека решението ...

Новковски: Министерството за образование нема пари за нови студентски домови

Вест - 17.01.2002

Министерот за образование го смени директорот на Студентскиот центар Ѓорѓи Гошев за да не му наштети на Центарот со лошото раководење "Студентите може да собираат пари и да си ги трошат како сакаат. Јас нема да им се мешам", изјави министерот за образование и наука Ненад Новковски, во врска со ...

Студентските бараки ќе се подноват со покрив и прозорци

Дневник - 17.01.2002

ПОЧНАА ПОПРАВКИТЕ ВО "МЕДИЦИНАР" Градежниците почнаа да ги расчистуваат снежните наноси и да ги подготвуваат за реновирање на прокиснатите покриви на трите бараки во студентскиот дом "Невена Георгиева-Дуња". Две градежни фирми вчера го топеа мразот од олуците.

Новковски нема да се меша во реновирањето на „Медицинар“

А1 - 16.01.2002

Министерот за образование и наука Ненад Новковски нема да се меша во реновирањето на студентскиот дом „Медицинар“, туку генерално и стратегиски ќе го уредува образованието. Тој, како што кажа, има проблеми со 100-тина образовни објекти погодени од зимата, а не само со „Медицинар“.

Секоја критика на власта се толкува како "план Б" на опозицијата

Утрински - 16.01.2002

Дејан Павлески, претседател на студентите на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" Жаклина Ѓорѓевиќ Последниве месеци дел од матичните сојузи на факултетите најавија отцепување од ССУКМ. На последната седница на Собранието се појавија и новите делегати од овие факултети.

Комерцијална банка донираше 40.000 денари

Утрински - 16.01.2002

Нови донации за реновирање на Студентскиот дом "Невена Георгиева-Дуња" ДЕЈАН МИШЕВСКИ Директорот на Комерцијална банка, Хари Костов, вчера донираше 40.000 денари помош од банката, во рамките на хуманитарната акција организирана од студентите за реновирање на руинираните бараки на Студентскиот дом ...

Организаторите на балот се марионетки на политичарите

Дневник - 16.01.2002

СПОРЕД СТАНАРИТЕ ОД ТРИ СТУДЕНТСКИ ДОМА Советите на станарите на студентските домови "Стив Наумов", "Кузман Јосифовски -Питу" и "Гоце Делчев" ги поддржуваат барањата на студентите од домот "Медицинар" за реновирање на бараките, но го осудуваат начинот и иронијата со која се обидоа да го решат ...

Студентите бараат "Медицинар" да се реновира за време на зимскиот распуст

Вест - 15.01.2002

ПАРИТЕ ОД СТУДЕНТСКИОТ ХУМАНИТАРЕН БАЛ ЌЕ СЕ ПРЕФРЛАТ ВО СТУДЕНТСКИОТ ЦЕНТАР Студентите од "Медицинар" не го прифаќаат предлогот на министерот за транспорт и врски Љупчо Балковски да бидат преместени во "Пелагонија", додека се санираат бараките каде што седат.

Дојдоа, ветија и си заминаа

Вест - 15.01.2002

ХУМАНИТАРНИОТ БАЛ ВО "МЕДИЦИНАР" ПОСЕТИЈА МНОГУ ВАЖНИ ФАЦИ Студентскиот клуб беше премал да ги прими сите кои сакаа да бидат видени во друштво на студентите, но и овој пат академците добија најмногу ветувања и разбирање за нивните проблеми. Златни влезници купија само...

"Зегин" ќе го реновира поплавениот "Медицинар"

Дневник - 15.01.2002

СТУДЕНТСКИОТ ПАРОДИЈА-БАЛ ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕ Две студентки по медицина ги поканиле за танц двајцата министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Љубе Бошковски и Љупчо Балковски Благој Механџиски, сопственик на веледрогеријата "Зегин", комплетно ќе ја реновира поплавената барака 10 во ...

„Хуманитарниот студентски бал“ привлече спонзори

А1 - 14.01.2002

Студентите од Медицинар се задоволни од одзивот на нивниот вчерашен „хуманитарен бал“, на кој собираа донации за реновирање на студентскиот дом. Преку балот студентите сакаа да ја запознаат јавноста за лошата состојба во која живеат.

Ем бал, ем аукција на студентски антиквитети за да си го поправат покривот над главата

Вест - 14.01.2002

СТУДЕНТИТЕ ОД МЕДИЦИНАР БАРААТ РЕШЕНИЕ ЗА СВОЈАТА МАКА ПО ПРИМЕРОТ НА "БЛАГОВЕСТИЕ" На симболичната аукција што студентите ја отворија во саботата веќе се јави приватна фирма од Охрид која столчето старо над 40 години сака да го купи за 520 евра Студентите од Медицинар доцна во саботата ја добија ...

Студентските старудии на аукција

Дневник - 14.01.2002

ХУМАНИТАРЕН БАЛ ВО "МЕДИЦИНАР" Почетната цена на картонскиот прозорец кон светот беше 100 евра, двете дрвени столчиња стари околу 40 години со непознато потекло беа со почетна цена од 500 и 400 евра, а 1.000 евра чинеше олукот Студентите од скопскиот дом "Невена Георгиева-Дуња", познат како ...