TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ бара политичка одговорност од Јанкуловска

А1 - 20.11.2008

СДСМ ја пофалија полициската акција „Пепел“, но во истовреме побараа политичка одговорност од врвот на МВР, како и премиерот Никола Груевски да ја повика на одговорност министерката Јанкуловска. „Директорот на бирото за јавна безбедност, ја информираше јавноста дека вработените во СВР Куманово, не учествувале ниту еден процент во акцијата „Пепел“.

СДСМ бара казни за сите од „Пепел“

Дневник - 20.11.2008

СДСМ бара казни за сите од „Пепел“. СДСМ вчера побара целосно да заврши полициската акцијата „Пепел“ и да се казнат сите одговорни. - За да биде целосно успешна, акцијата мора да има свој крај. Јавноста беше информирана дека во криминалот биле вклучени судии, обвинители и високи функционери на МВР.

МВР: Акцијата е круна на борбата против тутунската мафија

Дневник - 20.11.2008

МВР: Акцијата е круна на борбата против тутунската мафија. Операцијата „Пепел“ е круна во двегодишната борба против тутунската мафија во која се поднесени кривични пријави против над 80 осомничени дека го оштетиле буџетот на државата со повеќе од 40 милиони евра, одговори МВР на вчерашните обвинувања од СДСМ.

СДСМ и МВР разменија обвиненија за случајот "пепел"

Телма - 19.11.2008

СДСМ денеска побара целосно завршување на полициската акцијата „Пепепл“ и санкционирање на сите одговорни. Горан Минчев на денешната прес-конференција ја поздрави акцијата, која, како што рече, покажала оти кога се сака може да се спроведе професионална акција. - Меѓутоа за да биде целосно успешна мора да има свој крај.

Зошто нема одговорност за смената на раководството на СВР Куманово

Канал5 - 19.11.2008

По месец од акцијата пепел СДСМ прашува зошто по смената на раководството на СВР Куманово никој не понел политичка одговорност за случајот. - Сите овие раководни лица во СВР Куманово се поставени по доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт во 2006 година.

МВР ја гледа одговорноста во резултатите од борбата против организираниот криминал

Канал5 - 19.11.2008

МВР одговорноста ја гледа само преку резултатите во бескомпромисната борба против организираниот криминал стои во одговорот од министерството на пресот на СДСМ. Долгогодишното замижување пред шлеперите со цигари кои ја минуваат границата и игнорирање на создавањето на империјата на осомничените во операцијата Пепел претпоставуваме дека е преголем товар за опозициската СДСМ, веројатно тие најдобро ...

СДСМ бара комплетирање на „Пепел“ и санкции за одговорните

Алсат-М - 19.11.2008

СДСМ денеска побара целосно завршување на полициската акцијата „Пепел“ и санкционирање на сите одговорни. Пратеникот Горан Минчев на денешната прес-конференција ја поздрави акцијата, која, како што рече, покажала оти кога се сака може да се спроведе професионална акција. „Меѓутоа за да биде целосно успешна мора да има свој крај.

МВР: Пепел е преголем товар за СДСМ

Алсат-М - 19.11.2008

Операцијата „Пепел“ досега беше најуспешната реализација и круна во двегодишната борба против тутунската мафија во која се поднесени кривични пријави против повеќе од 80 лица осомничени дека го оштетиле државниот буџет со над преку 40 милиони евра.

Сдсм бара целосно завршување на операцијата "пепел"

Телма - 19.11.2008

СДСМ денеска побара целосно завршување на полициската акцијата „Пепепл“ и санкционирање на сите одговорни. Портпаролот на партијата Емилијан Станковсиќ на денешната прес-конференција ја поздрави акцијата, која, како што рече, покажала оти кога се сака може да се спроведе професионална акција. - Меѓутоа за да биде целосно успешна мора да има свој крај.

МВР: Операцијата “Пепел“ е круна во двегодишната борба против тутунската мафија

Нетпрес - 19.11.2008

Министерството за внатрешни работи преку соопштение ги информира раководството на СДСМ дека операцијата “Пепел“ досега беше најуспешната реализација и круна во двегодишната борба против тутунската мафија. Во оваа операција се поднесени кривични пријави против преку 80 лица кои се осомничени дека го оштетиле буџетот на дражавата преку 40 милиони евра.

СДСМ: Дали завршетокот на акцијата “Пепел“ ќе се претвори во случај “Процес 2“

Нетпрес - 19.11.2008

СДСМ преку денешната прес конференција прашува дали сменетите функционери во СВР Куманово кривично ќе одговараат или завршетокот на акцијата “Пепел“ ќе се претвори во случај “Процес 2“. Исто така СДСМ ја поздравува акцијата на МВР “Пепел“, меѓутоа за оваа полициска акција биде целосно успешна мора да има свој крај.

МВР: Нема да замижуваме пред криминалот и неспособност

Форум - 19.11.2008

Во СДСМ, најверојатно најдобро знаат дали со криминалните дејанија пресечени со акцијата „Пепел“ биле во прашање нечии лични интереси или неспособноста да се сосече криминалот правен во времето на нивното владеење, одговрааат од македонската полиција „Операцијата „Пепел“ досега беше најуспешната реализација и круна во двегодишната борба против тутунската мафија во ...

СДСМ бара смена на Јанкуловска

Форум - 19.11.2008

СДСМ побара целосно завршување на акцијата „Пепел“, обвинувајќи дека вработените во СВР Куманово не биле лојални на службата, па го запрашаа премиерот Никола Груевски дали ќе ја смени Гордана Јанкуловска затоа што дозволила нелојални лица да раководат со полиција Опозиционата СДСМ обвини дека сите раководни лица на СВР Куманово се поставени по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2006 ...

Целосно комплетирање на „пепел“ и санкционирање на одговорните

Сител - 19.11.2008

Пратеникот Горан Минчев на денешната прес-конференција ја поздрави акцијата, која, како што рече, покажала оти кога се сака може да се спроведе професионална акција. - Меѓутоа за да биде целосно успешна мора да има свој крај. Јавноста беше информирана дека во овој криминален настан биле вклучени судии, обвинители и високи функционери на МВР и беше презентиран доказниот материјал од акцијата.

За операцијата „Пепел“ е круна на борбата против тутунската мафија

Сител - 19.11.2008

Операцијата „Пепел“ досега беше најуспешната реализација и круна во двегодишната борба против тутунската мафија во која се поднесени кривични пријави против повеќе од 80 лица осомничени дека го оштетиле државниот буџет со над преку 40 милиони евра.