TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ескалација на турско-курдскиот судир

Канал5 - 21.10.2007

Шеснаесет турски војници беа убиени, а седумнаесет беа повредени при напад на курдските бунтовници врз турската армија, во областа Хакари, Јужна Турција, покажуваат последните податоци пренесени од турските медиуми. Анкара, 21 октомври (МИА) - Шеснаесет турски војници беа убиени, а седумнаесет беа ...

Турција е сериозна за упад во северен Ирак

Утрински - 20.10.2007

АНКАРА - Турција е сериозна околу испраќањето војници во северен Ирак во потрага по курдски сепаратистички бунтовници кои се кријат таму и не блефира, изјави вчера висок министер. Парламентот на Турција во средата одобри предлог што овозможува нејзините единици да започнат прекугранични упади, и ...

Багдад да ги затвори базите на ПКК

Вечер Прес - 20.10.2007

Ердоган ги повика вчера ирачките власти да ги затворат камповите курдските бунтовници во северен Ирак и да и ги предадат сепаратисти на Турција..Нешто што ќе не задоволи е затворањето на сите кампови на ПКК, вклучувајќи ги и тренинг базите, како и предавање на терориститее, нагласи ...

Турција не сака директен дијалог со ирачките Курди

А1 - 19.10.2007

Турски официјален претставник го отфрли апелот на ирачките Курди за директни разговори со намера да се намали напрегнатоста предизвикана од присуството на курдски бунтовници во северен Ирак, бидејќи Анкара за легитимен соговорник го признава само официјален Багдад, пренесе „Франс прес“.

Курдите бараат дијалог со Анкара

Дневник - 19.10.2007

Властите на ирачкиот регион Курдистан ги повикаа турските власти на директни преговори за да се реши прашањето на курдските бунтовници во северен Ирак , откако парламентот во Анкара одобри прекугранична воена интервенција. Регионалната курдска влада објави дека нема да дозволи никој од териториите ...

Турскиот парламент одобри воени операции во Ирак против Курдите

Утрински - 19.10.2007

Ердоган изјави дека предлогот не значи дека воена операција е неминовна Турските пратеници го поддржаа со апсолутно мнозинство, со 507 гласа „за“ наспроти 19 „против“. АНКАРА - Парламентот на Турција даде дозвола владата да започне воени операции во Ирак во потрага по курдски бунтовници.

Турскиот парламент одобри напад врз Ирак

Време - 19.10.2007

ВЕСТИ ОД ТУРЦИЈА Турскиот парламент го одобрил предлогот на Владата за воена интервенција во северен Ирак против герилците од Работничката партија на Курдистан (ПКК), јави телевизијата „Би-би-си“. Според турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, изгласаниот предлог не значи дека веднаш ќе следува воена ...

Турција решителна за удар врз Курдите во Ирак

Вест - 19.10.2007

КАИРО, 19 октомври (Ројтерс) - Турскиот министер за надворешни работи рече дека неговата земја нема да се двоуми да преземе акција против курдските бунтовници кои вршат смртоносни напади врз нејзините војници и ги предупреди да не ја тестираат нејзин КАИРО, 19 октомври (Ројтерс) - Турскиот министер ...

Ирак и Турција во заедничка операција против ПКК?

Дневник - 18.10.2007

Генералите во Анкара ќе имаат одврзани раце да наредат прекугранична акција на втората најголема армија во НАТО Ирачкиот премиер Нури ал Малики и' предложи на Турција заедничка воена операција против базите на герилската група ПКК, во последен обид на Багдад да спречи еднострана интервенција на ...

Турција ќе дозволи влегување на нејзините војници во Ирак

Утрински - 18.10.2007

Турскиот премиер побара да се минимизираат очекувањата за непосреден напад Усвојувањето на овој предлог не значи дека веднаш ќе следи упад, но ние ќе дејствуваме во вистинско време и под вистински услови, изјави Ердоган: Турската армија се движи кон ирачката граница АНКАРА - Турција ќе се ...

Ирак апелира Турција да не ги напаѓа Курдите

Вест - 18.10.2007

ПАРИЗ, 18 октомври (Ројтерс) - Ирачкиот претседател Џалал Талабани вчера апелираше до Турција да не ги напаѓа курдските бунтовници во Ирак и рече дека владата во Багдад е подготвена да соработува со Анкара и Вашингтон за решавање на проблемот.

Парламентот гласа за операција во Ирак

Време - 17.10.2007

ТУРЦИЈА Владината резолуција за прекугранична операција во северен Ирак, која беше одобрена од турската влада, денеска ќе се разгледува пред пратениците во турскиот парламент, пишуваат турските медиуми. Според турските медиуми, гласањето за резолуцијата ќе биде тајно.

Ирак бара „мудрост и трпеливост“ од Анкара

Утрински - 17.10.2007

Ирак побара од владата на Турција да покаже „мудрост и трпеливост“ откако соопшти дека ќе побара дозвола од пратениците за воена акција против курдските бунтовници во Ирак. Ирачкиот премиер Нури Малики изјави дека е подготвен да оствари „ургентни разговори“ за надминување на кризата и рече дека ...

Ердоган се надева дека не треба напад врз Курдите во Ирак

Вест - 17.10.2007

АНКАРА, 17 октомври (Ројтерс) - Турскиот премиер Тајип Ердоган вчера изјави дека добивањето одобрение од парламентот за помасовен напад врз курдските сепаратисти во северен Ирак не значи дека ќе се случи воена интервенција. Багдад го прати потпретседателот на сунитските Арапи, Тарек ал-Хашеми, во ...

ПКК се заканува со „виетнамска војна“

Дневник - 17.10.2007

Лидерот на военото крило на Курдската работничка партија (ПКК), Мурат Карајлан и' се закани на Турција со „виетнамска војна“, ако турските сили за безбедност почнат воена акција против курдските бунтовници во северен Ирак. Карајлан предупреди дека турската армија ќе се соочи со силен отпор.

Ердоган_ Не значи дека е на повидок упад во Ирак

Утрински - 17.10.2007

АНКАРА - Турскиот премиер Таип Ердоган вчера изјави дека обезбедувањето одобрение од парламентот за спроведување напад врз курдските сепаратисти во северниот дел на Ирак не мора да значи дека на повидок е воен упад. „Најискрено сакам овој предлог никогаш да не се спроведе.

ПКК со закани до Турција

Време - 17.10.2007

Водачот на военото крило на ПКК, Мурат Карајлан, &“38; се закани на Турција со „виетнамска војна“, доколку турските безбедносни сили почнат воена акција против курдските бунтовници во северен Ирак. Карајлан предупреди дека турската армија ќе се соочи со силен отпор доколку интервенира во северен ...