TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДПА и ДУИ со жалби до Врховниот суд

А1 - 22.06.2008

Во врска со одлуките на Државната изборна комисија за повтореното гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, одржано на 15 јуни годинава, до Врховниот суд ДПА вчера поднела 13 жалби, а ДУИ четири, соопшти денеска ДИК.

ДПА поднесе 13, ДУИ четири жалби до Врховниот суд за прегласувањето од 15 јуни

Канал5 - 22.06.2008

Во врска со одлуките на Државната изборна комисија за повтореното гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, одржано на 15 јуни годинава до Врховниот суд ДПА вчера поднела 13 жалби, а ДУИ четири, соопшти денеска ДИК.

ДИК

Утрински - 21.06.2008

Мандатите на 114 пратеници се чисти, неоспорни и тие денеска можат да добијат уверенија за функцијата во законодавниот дом. Вкупно шест мандати, односно по три во Првата и во Шестата изборна единица, но повеќе теоретски отколку практично, можат да бидат променети.

Во собраниските фотелји ќе седнат 114 пратеници

Дневник - 21.06.2008

За комплетирање на новото Собрание со уште шест пратеници ќе се почека до 29 јуни, кога во Шестата и во Првата изборна единица ќе се прегласува на 12 избирачки места На конститутивната седница на новиот парламентарен состав денеска ќе бидат верификувани мандатите на 114 пратеници.

Потврдени мандатите на 114 пратеници

А1 - 20.06.2008

На 114 пратеници утре Собранието ќе им го верификува мандатот. Останатите шест ќе го причекаат прегласувањето на 29 јуни и одлуката на Врховниот суд, кој по прегласувањето на 15 јуни треба да одлучува уште по 18 жалби на ДПА.

Поништено гласањето на 12 избирачки места

А1 - 20.06.2008

Државната изборна комисија врз основа на приговорите на ДУИ и ДПА, но и по сила на закон на седницата што заврши синоќа, ги поништи гласањата на вкупно 12 избирачки места во изборните единици 1 и 6. Во изводот од избирачкиот список на 10 од 12-те избирачки места во изборната единица шест се ...

Ќе се прегласува најмалку во 9 места

Време - 20.06.2008

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА На 29 јуни ќе се прегласува во девет избирачки места, три во тетовска Голема Речица, две во општина Желино, две во општина Гостивар и во селото Чегране и едно во Брвеница, соопшти вчера Државната изборна комисија, додавајќи дека одлуката не е конечна зашто жалбите се уште ...

ДИК фрапирана од огромни вишоци ливчиња во гласачки кутии

Утрински - 20.06.2008

Само на едно место во Гостивар пронајдени двесте ливчиња повеќе Катица Чангова Двесте ливчиња вишок се пронајдени во гласачка кутија од избирачкото место 0505 во Гостивар. Ливчињата се искинати на парчиња. Целосно е уништен и кочанот од ливчињата за гласање.

ДИК го поништи прегласувањето на 12 избирачки места во шестата изборна единица

Канал5 - 20.06.2008

Државната изборна комисија врз основа на приговорите на ДУИ и ДПА, но и по сила на закон на седницата што заврши синоќа, ги поништи гласањата на вкупно 12 избирачки места во изборните единици еден и шест. Скопје, 20 јуни (МИА) - Државната изборна комисија врз основа на приговорите на ДУИ и ДПА, но ...

ДИК ги потврди мандатите на 114 пратеници

Канал5 - 20.06.2008

Државната изборна комисија на денешната седница едногласно го усвои Извештајот за спроведените предвремени парламентарни избори, во кој е дадена хронолошка слика за текот на изборниот процес, заклучно со последната седница на ДИК, на која беа разгледувани жалбите на подносителите на кандидатски ...

Ќе се прегласува во десет избирачки места

А1 - 19.06.2008

На 29 јуни ќе се прегласува на десет избирачки места, на три во Голема Речица, две во општина Желино, едно во Вејце, едно Брвеница и две во гостиварско Чегране. За гласачките места во Чегране, ДИК констатира дека во гласачките кутии се најдени 200 гласачки ливчиња повеќе од запишаните гласачи во ...

ДПА бара ДИК да го поништи прегласувањето на 15 јуни

Вест - 19.06.2008

ДПА поднесе 16 приговори за 148 избирачки места, со што, практично, бара повторување на гласањето во најголем дел од изборните единици каде што се прегласуваше Двете албански партии до Државната изборна комисија поднесоа 24 жалби за поништување на изборите поради нерегуларности на неделното ...

Ќе фрчат откази заизборните пропусти

Време - 19.06.2008

ДИК РИГОРОЗНА КОН АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ За државните и јавни службеници вклучени во изборниот процес ќе следат дисциплински постапки и откази од работа ако се утврди дека грубо ги прекршиле одредбите од Изборниот законик. Ригорозните санкции ќе ги бара Државната изборна комисија од институциите од каде ...

ДИК решава за трета рунда гласање на 178 избирачки места

Утрински - 19.06.2008

Коалицијата „Сонце“ доставила забелешка до Јосифовски за грешка во гласовите за Куманово Катица Чангова Државната изборна комисија решава по приговорите на ДПА и на ДУИ кои бараат трета рунда гласање во 178 избирачки места на три територии, прва, втора и шеста.

ДУИ и ДПА со 24 жалби

Вечер Прес - 19.06.2008

ДУИ и ДПА до Државната изборна Комисија поднесоа вкупно 24 жалби за прегласувањето на парламентарните избори на 15 јуни на 183 избирачки места во првата, втората и шестата изборна единица. Од нив осум се на ДУИ за првата и шеста изборна единица, а 16 на ДПА за 1,2 и 6 и ИЕ.

Вашингтон го поздравува мирното прегласување

А1 - 18.06.2008

Вашингтон го поздравува мирното прегласување на изборите, но изразува загриженост поради одолговлекувањето на целиот изборен процес. Македонските лидери треба да бидат свесни дека нерегуларности и насилства, како оние што се случија на 1 јуни, повеќе нема да се толерираат.

ДУИ и ДПА поднесоа 24 жалби до ДИК

А1 - 18.06.2008

На 29 јуни ќе се прегласува на пет избирачки места. На три во тетовска Голема Речица, каде беше украден гласачкиот материјал и на две во општина Желино. На овие избирачки места има околу 3.000 гласови, кои, пак, може да има влијание само врз еден мандат.

ДИК најави ригорозни санкции за изборната администрација

Утрински - 18.06.2008

Државната изборна комисија на вчерашната седница најави ригорозни санкции за сите државни и јавни службеници кои како членови на општински комисии и на одбори придонеле за инциденти на одредени избирачки места. За седум дена, односно најдоцна до 25 јуни, ДИК очекува детален отчет од комисиите за ...

Стејт департмент- Суштествен напредок на повторените избори во Македонија

Утрински - 18.06.2008

Вашингтон – Неделните повторени избори во Македонија беа „суштествен напредок“ во однос на гласањето пред две седмици, што го нарушија нерегуларности, заплашувања и насилство, оцени Стејт департментот. „Прегласувањето во неделата помина во значително подобрена безбедносна атмосфера и на повеќето ...

Прегласувањето подобро од изборите

Вечер Прес - 18.06.2008

Делумното прегласување на изборите поминало значително подобро за разлика од изборите на први јуни, кои поминале во атмосфера на заплашување и насилство, смета американскиот Стејт департмент. - На делумното прегласување на 15 јуни имаше значително подобрување од изборите на први јуни кои ги ...

ДИК е решена инцидентите да ги расчисти докрај

А1 - 17.06.2008

Државната изборна комисија е решена изборните инциденти да ги расчистува докрај, а виновниците да ги гони. Во рок од седум дена ги задолжи општинските изборни комисии да достават извештаи за нивната работа и работата на избирачките одбори.

САД: Прегласувањето подобро од 1 јуни

А1 - 17.06.2008

На делумното прегласување имаше значително подобрување од гласањето на 1 јуни, кога беа регистрирани нерегуларности, заплашувања и насилство, изјави вршителот на должноста портпарол на Стејт департментот, Гонзало Галегос, на редовниот брифинг во Вашингтон, јави „Гласот на Америка“.

В петок се конституира новото Собрание

Вест - 17.06.2008

СПОРЕД НАЈАВИТЕ ОД ДИК В петок, 20-тиот ден од предвремените парламентарни избори, според најавите од Државната изборна комисија и од кабинетот на претседателот на претходниот парламентарен состав Љубиша Георгиевски, најверојатно, ќе се одржи конститутивната седница на новото Собрание.

Странски медиуми- Македонија гласаше без инциденти

Утрински - 17.06.2008

Прегласувањето на парламентарните избори во Македонија помина мирно, без повторување на инцидентите и нерегуларностите што се заканија да ја поткопаат евроинтеграцијата на државата. Ова го оценуваат странските медиуми во извештаите за неделното прегласување на околу 180 избирачки места во ...

Избори со старатели

Утрински - 17.06.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Катица Чангова Македонија го истурка второто изборно полувреме. Мирно и без куршуми, крв и насилство. Покажа дека може да се организираат избори како што треба и така како што сите се надеваа (и бараа) од нас. За одработеното на поправниот испит по демократија од меѓународните мисии ...

Германија се надева дека прегласувањето ќе донесе стабилност

Утрински - 17.06.2008

БЕРЛИН - Германија се надева дека прегласувањето на парламентарните избори во некои делови на Македонија ќе донесе стабилност во земјата, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Мартин Јегер. Тој изрази надеж дека резултатот од гласањето ќе помогне за надминување на ...

ОДИХР- Прегласувањето успешно, а забелешките за изборите остануваат

Утрински - 17.06.2008

Прегласувањето покажа значително подобрување во однос на клучното прашање на безбедноста Тамара Грнчароска Прегласувањето на гласачките места каде што на 1 јуни имаше сериозни прекршувања, според странските набљудувачи, во неделата покажа значително подобрување и овозможи гласачите во тие места да ...

„Мост“- Гласањето мирно со нарушувања на процедурата

Утрински - 17.06.2008

Граѓанската асоцијација „Мост“ во прелиминарниот извештај за прегласувањето на предвремените парламентарни избори оценува дека денот на прегласувањето бил мирен, со силно присуство на полицијата и со сериозни нарушувања на процедурата на гласање на одредени избирачки места.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ победник, но виси за еден мандат

Утрински - 17.06.2008

На 29 јуни прегласување во четири избирачки места во Тетовско Катица Чангова Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“, која со 481.602 гласа освои 63 пратенички места, е убедлив победник на предвремените парламентарни избори.

Прегласувањето подобро, но со сериозни нерегуларности

Утрински - 17.06.2008

Џилијан Миловановиќ Забелешки на сериозни нерегуларности на повеќе избирачки места Прегласувањето на 15 јуни на предвремените парламентарни избори беше спроведено значително подобро во однос на изборите од 1 јуни, вели во писмената изјава до медиумите амбасадорот на САД во Македонија, Џилијан ...

Франција го поздрави мирното прегласување

Утрински - 17.06.2008

Амбасадата на Франција го поздрави мирното прегласување на парламентарните избори во Македонија, оценувајќи дека завчерашниот изборен ден поминал задоволувачки. Во изјавата на амбасадорот Бернард Валеро, доставена завчеравечер до медиумите, се нагласува дека државните институции ја исполниле ...

ДУИ освои седум пратеници повеќе од ДПА

Дневник - 17.06.2008

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ги задржа 63 мандати, а „Сонце“ остана без еден мандат во „двојката“ Новото Собрание, кое најверојатно ќе биде конституирано в петок, ќе има 63 пратеници на коалицијата „За подобра Македонија“, 27 на коалицијата „Сонце“,18 на ДУИ, 11 на ДПА, а ПЕИ ќе има еден пратеник.

Франција го поздрави мирното прегласување

Дневник - 17.06.2008

Амбасадата на Франција го поздрави мирното прегласување, оценувајќи го завчерашниот изборен ден како задоволувачки. Амбасадорот Бернард Валеро нагласи дека државните институции ја исполниле обврската да обезбедат услови за демократско изјаснување на граѓаните на кои тоа им беше оневозможено на 1 ...

Странски медиуми: Македонија гласаше мирно

Дневник - 17.06.2008

Прегласувањето на парламентарните избори во Македонија помина мирно, без повторување на инцидентите и нерегуларностите што се заканија да ја поткопаат евроинтеграцијата на државата. Ова го оценуваат странските медиуми во извештаите за неделното прегласување на околу 180 избирачки места.

Побезбедно гласање, но со случаи на тензии и закани

Дневник - 17.06.2008

Државните институции треба да побараат одговорност од сторителите на насилство, како и отстранување на партиски активисти што вршат високи политички функции, побара шефот на посматрчите, Роберт Бери На прегласувањето на парламентарните избори во неделата забележани се значителни подобрувања во ...

Франција го поздравува мирното прегласување и очекува продолжување на реформите

Канал5 - 17.06.2008

Франција, идниот претседавач на ЕУ, го поздравува мирното прегласување на парламентарните избори во Македонија и очекува брзо формирање влада и продолжување на реформите неопходни за евроинтеграцијата на земјата. Скопје, 17 јуни (МИА) - Франција, идниот претседавач на ЕУ, го поздравува мирното ...

ДИК го поништи гласањето на 4 избирачки во ИЕ 6, ќе се прегласува на 29 јуни

Канал5 - 17.06.2008

Државната изборна комисија по службена должност го поништи гласањето на четири избирачки места во шестата изборна единица и одлучи да се прегласува на 29 јуни. Три места се во Голема Речица каде што во неделата не започна гласањето затоа што бил украден гласачкиот материјал, а едно во Седларево, ...

Прегласувањето беше без насилство

Вечер Прес - 17.06.2008

Државните институции треба да побараат одговорност од сторителите на насилство, вклучувајќи и отстранување на партиските активисти кои вршат високи полициски функции. Во спротивно културата на неказнување во етнички албанските области ќе продолжи, рече амбасадорот Роберт Бери, шеф на набљудувачката ...

ВМРО-ДПМНЕ vs СДСМ 63:27

Вечер Прес - 17.06.2008

Сепак, постои можност за мала измена од еден пратенички мандат, бидејќи на 29 јуни ќе се прегласува на три избирачки места во Тетовско. Можно е уште в петок да се одржи конститутивната седница на Собранието, на која ќе бидат верификувани пратеничките мандати Државната изборна комисија вчера ги ...

ДИК: ВМРО 63 места

А1 - 16.06.2008

Еден ден по прегласувањето на предвремените парламентарни избори, кои се одвиваа на 183 избирачки места во три изборни единици, ДИК ги соопшти добиените мандати на политичките партии и коалиции. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 63 пратенички места во Собранието, коалицијата „Сонце“ ...

САД: Прегласувањето со „сериозни нерегуларности“

А1 - 16.06.2008

Вчерашното прегласување беше значително подобро во однос на изборите на 1 јуни, но со „сериозни нерегуларности“, се вели во денешното соопштение од американската амбасада. Амбасадата ги поздравува органите на власта задолжени за спроведување на законот поради нивното ефикасно и професионално ...

Прегласувањето не ја поправи вкупната оценка

А1 - 16.06.2008

Вчерашното релативно мирно прегласување не беше доволно да ја поправи вкупната оценка за предвремените парламентарни избори во Македонија. Според странските набљудувачи, значителното подобрување на прегласувањето не ја менува оценката дека изборите во Македонија не ги задоволија клучните критериуми ...

МОСТ: Прегласувањето го изолира насилството

А1 - 16.06.2008

Прегласувањето ги спречи и изолира насилните однесувања на криминалните групи, но не придонесе за значително менување на впечатокот за целосната слика на изборите. Ова е прелиминарната оценка на МОСТ за текот на вчерашниот изборен ден.

Странски медиуми: Македонија гласаше мирно

А1 - 16.06.2008

Прегласувањето на парламентарните избори во Македонија помина мирно без повторување на инцидентите и нерегуларностите, што се заканија да ја поткопаат евроинтеграцијата на државата. Ова го оценуваат странските медиуми во извештаите за неделното прегласување на околу 180 избирачки места во неделата ...

МВР: Без сериозни инциденти

Вест - 16.06.2008

До попладневните часови МВР нема забележано сериозни инциденти и нарушување на процесот на гласање на местата каде вчера имаше прегласување. Полицијата нема примено пријави за употреба на оружје, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Изборите се подобрија, но не положија

Време - 16.06.2008

ОБСЕ СО КОНЕЧЕН СУД, ДИК СО РЕЗУЛТАТИ Клучните услови за демократски спроведени избори не беа исполнети, иако завчерашното прегласување им даде можност на гласачите да ја изразат својата волја во главно посмирена атмосфера, што претставува значително подобрување во однос на гласањето одржано пред ...

Мирно и масовно прегласување

Вест - 16.06.2008

ВОНРЕДНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Вчера, под нагласено присуство на полицијата околу избирачките места и претставници на ОБСЕ и партиски набљудувачи на местата на кои се вршеше прегласување на вонредните избори за пратеници во Собранието Вчера, под нагласено присуство на полицијата околу избирачките ...

За МВР повторените избори беа мирни

Утрински - 16.06.2008

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчерашното прегласување за парламентарните избори поминало без ниту еден посериозен инцидент, кој значително би го нарушил процесот на гласање. Сепак, полицијата регистрирала неколку нарушувања на избирачкиот процес, при што биле приведени десет лица, ...

Казна - престанок на вработување

Утрински - 16.06.2008

Мислење Ана Павловска -Данева За да бидеме сигурни дека изборите нема да претставуваат момент на сеење страв, потребно е да се искористат сите законски мерки за спречување на насилството Откако се случија првите македонски предвремени парламентарни избори, (за жал, проследени со сите инциденти, ...

Прегласувањето под мониторинг на дипломатите и на полицијата

Утрински - 16.06.2008

Прегласувањето треба да ја даде финалната слика за конечниот распоред на мандатите Катица Чангова Прегласувањето на вонредните парламентарни избори во трите изборни единици, еден, два и шест, вчера, до заклучување на весникот во 17 часот, помина во мирна атмосфера, под засилен домашен и странски ...

Положен поправниот

Дневник - 16.06.2008

Мирно, без поголеми инциденти и во фер и демократска атмосфера помина вчерашното прегласување на 187 избирачки места во земјава на кои гласањето пред две недели беше поништено поради насилството. Инциденти на гласањето, кое се одвиваше под засилено полициско обезбедување, беа забележани само на ...

Мал чекор за демократијата, голем за Македонија

Дневник - 16.06.2008

Во целина, беше онака како што треба. Ако го исклучиме тоа што не се гласаше на неколку избирачки места и неколкуте поситни инциденти, прегласувањето помина мирно.Онака како и што се бараше од нас за да добиеме минимална преодна оценка за изборите чија регуларност ја решаваше европската иднина на ...

Вчерашните избори беа подобри, но тоа не ја менува генералната оценка

Канал5 - 16.06.2008

Вчерашните избори покажаа значително подобрување во однос на први јуни. До засилувањето на безбедноста граѓаните можеа слободно да го дадат својот глас. Но ова не ја менува генералната оценка дека во целокупното спроведување на парламентарните избори не беа запазени одредени клучни заложби на ОБСЕ ...

Јосифовски: Позитивна вкупната оценка за изборите одржани на први и 15 јуни

Канал5 - 16.06.2008

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 1 јуни и на денешното повторено гласање освоила 481.602 гласови, Сонце - Коалицијата за Европа 233.362, ДУИ 125.997, ДПА 83.678, ПЕИ 14.

Германија се надева дека прегласувањето ќе донесе стабилност во Македонија

Канал5 - 16.06.2008

Германија се надева дека прегласувањето на парламентарните избори во некои делови на Македонија ќе донесе стабилност во земјата, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Мартин Јегер. Берлин, 16 јуни (МИА) - Германија се надева дека прегласувањето на парламентарните ...

ДИК ги соопшти резултатите од изборите, в петок ќе се конституира новиот парламент

Канал5 - 16.06.2008

Демократската унија за интеграција освоила 18 пратеници а Демократската партија на Албанците 11 пратеници, соопшти Државната изборна комисија. По вчерашното прегласување, на контото на ДУИ има 125.997 гласа, а кај ДПА 83.678 гласови.

Миловановиќ: Прегласувањето спроведено значително подобро во однос на изборите од 1 јуни

Канал5 - 16.06.2008

Прегласувањето на 15 јуни на предвремените парламентарни избори беше спроведено значително подобро во однос на изборите од 1 јуни, вели во писмената изјава до медиумите амбасадорот на САД во Македонија Џилиен Миловановиќ. Скопје, 16 јуни (МИА) - Прегласувањето на 15 јуни на предвремените ...

Зауздани партиските насилници

Вечер Прес - 16.06.2008

МВР до попладнето не регистрираше ниту еден посериозен инцидент кој значително би го нарушил процесот на гласање. Полицијата информира дека се приведени десет лица, но поголемиот дел од нив се осомничени за инволвираност во инцидентите кои се случија пред две недели Во мирна атмосфера со неколку ...