TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израел гради безбедносен ѕид кон Западниот Брег

А1 - 16.06.2002

Израел има намера денеска да започне изградба на безбедносна ограда на својата граница со Западниот Брег во обид да го спречи уфрлувањето самоубијци и да го сопре бранот терористички напади во земјата. Оградата, со електронски надзор, треба да биде долга 130 километри, а секој километар, според ...

Израелските сили воведоа полициски час во Џенин

А1 - 15.06.2002

Израелските сили денеска навлегле во градот Џенин, на Западниот Брег, и вовеле полициски час, по добиените информации дека во овој град се подготвуваат антиизраелски напади, соопшти портпаролот на израелската армија. Според палестински извори, во градот влегле десетина тенкови, кои биле покривани ...

Израел пак разговара со Палестинците, но не и со Арафат

Вест - 15.06.2002

ЕРУСАЛИМ, 15 јуни (АП) - Израелскиот министер за надворешни работи Шимон Перез вчера изјави дека ги обновил контактите со палестинските официјални лица, но засега нема намера да разговара со Јасер Арафат. Перез ова го кажа еден ден откако Арафат ја свика првата седница на новата влада која беше ...

Белата куќа го демантира Пауел

Утрински - 14.06.2002

Нова конфузија во американската блискоисточна политика Пауел навести можно создавање привремена палестинска држава Откако американскиот државен секретар Колин Пауел навести можно создавање на привремена палестинска држава, избувнаа нови компликации во врска со американската блискоисточна политика.

Арафат го подели и Вашингтон

Дневник - 14.06.2002

ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Белата куќа наскоро, можеби уште во текот на следната недела, ќе ја соопшти својата нова стратегија за решавање на кризата на Блискиот Исток, и за запирање на војната меѓу Израелците и Палестинците, јави Ројтерс.

Израелците го окупираа селото Тубас

А1 - 13.06.2002

Израелската пешадија, со потпора на оклопни возила, синоќа го окупираше селото Тубас на северозападниот брег и изврши упад во Рафа, објавија израелски и палестински извори. За време на престрелката во селото се ранети двајца Палестинци, како и двајца израелски војници, соопштија истите извори.

Се напил вода, викнал "Алаху акбар" и разнел девојче

Дневник - 13.06.2002

САМОУБИСТВЕН БОМБАШКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ Палестински бомбаш-самоубиец завчера се разнел во сендвичарница во израелскиот град Херзлија, при што убил 15-годишно израелско девојче, јави Ројтерс. - Бомбашот имаше долга брада и зелена маица.

Израел уби петмина Палестинци, девојче загина во самоубиствен напад кај Тел Авив

Вест - 13.06.2002

Палестинските деца се простуваат од 9-годишниот Хусеин ал Матви, кого изралексите трупи го убија при рацијата во Газа ГАЗА СИТИ, Појасот Газа, 13 јуни (АП) - Израелската војска вчера убила петмина вооружени Палестинци и едно 9-годишно момче во неколку одделни акции во близината на една еврејска ...

Палестинските власти ќе сторат се да ги спречат нападите во Израел

А1 - 12.06.2002

Една 15 годишна Израелка почина доцна синоќа од последиците на палестинскиот самоубиствен напад во крајбрежниот град Херзлија, соопшти претставник на полицијата. Во нападот беа повредени осум лица, а за време на експлозијата загина и бомбашот самоубиец.

Експлозија повреди тројца израелски ученици, Шарон доби поддршка од Буш

Вест - 12.06.2002

ЕРУСАЛИМ/ВАШИНГТОН, 12 јуни (Ројтерс) - Најмалку тројца израелски тинејџери биле повредени во експлозија што се случила вчера во близина на автобусот што ги превезувал надвор од еврејската населба Кирјат Арба на Западниот Брег.

Израелските напади охрабрени од Буш

Утрински - 12.06.2002

Блиски исток РАМАЛАХ - Израелските сили вчера продолжија со опсадата на Рамалах, а извршија напади и на други палестински области на Западниот Брег, охрабрени од изразената поддршка од американскиот претседател Џорџ Буш во врска со правото на Израел за самоодбрана.

Незначителен напредок во блискоисточните мировни преговори

А1 - 11.06.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш по шести пат се состана со израелскиот премиер Ариел Шарон во Вашингтон, по што обајцата по средбата дадоа до знаење дека во обновата на израелско-палестинските мировни преговори е направен незначителен напредок.

Израел повторно во Рамалах, новата палестинска влада го одложи првиот состанок

Вест - 11.06.2002

Во експлозијата во палестинскиот бегалски камп Џабалија вчера загина една 18-годишна жена, а 40-мина се повредени РАМАЛАХ, 11 јуни (Ројтерс) - Палестинската власт ја откажа првата седница на новооформената влада што беше закажана за вчера поради нов израелски напад врз Рамалах на Западниот Брег .

Арафат го објави составот на новиот кабинет со 10 министри помалку

А1 - 10.06.2002

Палестинскиот претседател Јасер Арафат го објави синоќа составот на новиот кабинет во кој има десет министерски места помалку во рамките на програмата за реформи на палестинската власт. „Оваа влада од 31 е намалена на 21 министер и исто толку министерства“, им изјави на новинарите во Рамала ...

Шарон не сака обврзувачки дата за мировни преговори

А1 - 10.06.2002

Израелскиот премиер Ариел Шарон во текстот што го објави „Њујорк тајмс“ пред средбата со американскиот претседател Џорџ Буш, изјави дека не би сакал да се определи „цврста и обврзувачка дата“ за мировни преговори за конечен статус на палестинците.

За да отпочнат мировни преговори, израелскиот премиер бара прекин на палестинските напади

Вест - 10.06.2002

ВАШИНГТОН, 10 јуни (Ројтерс) - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера пристигна во воздушната воена база "Ендруз" во САД каде што денеска треба да се сретне со претседателот Џорџ Буш и конгресните лидери. ВАШИНГТОН, 10 јуни (Ројтерс) - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера пристигна во воздушната ...

Шарон сака да преговара со сите Арапи, а не со Палестинците

Дневник - 10.06.2002

СПРОТИ СРЕДБАТА СО БУШ ВО ВАШИНГТОН Израелскиот премиер Ариел Шарон спроти посетата на САД постави три услови за да ги продолжи мировните преговори со Палестинците и истакна дека повеќе сака да гради мир со сите арапски водачи отколку со палестинскиот претседател Јасер Арафат, јави Ројтерс.

Палестинци спречија градба во источен Ерусалим

Утрински - 10.06.2002

Конфликт Израелски полицајци се судрија со Палестинци кои се обидоа да го спречат работењето на израелски градежен проект во источен Ерусалим. Палестинците тврдат дека имаат документи со кои се докажува оти земјата им припаѓа ним и ќе се обратат до суд, нагласувајќи го чувствителното прашање околу ...