TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За „Кермес“ барам виза од граѓаните

Време - 22.10.2005

КОСТОВСКИ ГО НУДИ ПРОЕКТОТ НА ЈАВЕН УВИД Проектот за изградба на ресторанот „Кермес“ ќе се стави на јавна расправа и градбата нема да почне без виза од граѓаните, најави вчера градоначалникот Трифун Костовски, сопственик на 51 отсто од акциите во фирмата „Кермес“ ДОО.

Костовски се огради од одговорност за случајот со "Кермес"

Утрински - 22.10.2005

Првиот човек на Скопје ја поддржа Антикорупциската комисија Градоначалникот Трифун Костовски ја поддржа иницијативата на Антикорупциската комисија доставена до Јавното обвинителство за преиспитување на одобрението за градба на објектот "Кермес" и се огради од инволвираност во неговото набавување.

Изградбата на "Кермес" ќе чека дозвола и од скопјани

Дневник - 22.10.2005

СПОРЕД КОСТОВСКИ Изградбата на кафеаната "Кермес" во Градскиот парк нема да почне се додека проектот не добие виза од граѓаните на Скопје, кои самите ќе одлучат каков објект сакаат. Ако тие не се согласуваат со постојниот проект, ќе го сменам, изјави вчера скопскиот градоначалник Трифун Костовски.

Костовски не го засегаат обвинувањата на антикорупциската комисија

А1 - 21.10.2005

Градоначалникот на Скопје и еден од газдите на Кермес - Трифун Костовски, не го засегаат обвинувањата на антикорупциската комисија, иако ја поздравува нејзината одлука. Пред неколку дена, антикорупциската комисија побара од јавното правобранителство да го поништи одобрението за градба на кафеаната ...

Костовски: Нема да го градам Кермес без амин од граѓаните

Канал5 - 21.10.2005

Нема да го градам Кермес без амин од граѓаните, се огласи денеска градоначалникот Трифун Костовски кој е доминантен сопственик на објектот. Тој вели дека неколкукратно зголемениот проект го затекол уште пред да стане доминантен сопственик, а не објасни како добил градежна дозвола токму во мај ...

Фуфо: Ги имаме сите потребни документи за „Кермес“

А1 - 20.10.2005

Ние ги имаме сите потребни документи за кафеаната „Кермес“, вели еден од сопствениците Љупчо Николовски Фуфо. Ги платиле и комуналиите. Според Фуфо, Антикорупциската комисија, која се заинтересира за овој случај, е меродавна институција и треба да ја истера работата до крај.

Кој ја утна дозволата за „Кермес“?

Време - 20.10.2005

ОПШТИНАТА ЦЕНТАР ЌЕ ЈА ПРЕИСПИТУВА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ ОДОБРЕНИЕ Гоце Трпковски Општинарите од Центар ќе ја преиспитаат постапката за издавање одобрение на фирмата „Кермес ДОО“ за изградба на ресторанот „Кермес“ во Градскиот парк, откако антикорупциската комисија утврди дека во оваа постапка ...

Аларова е да се повтори постапката за "Кермес"

Вест - 20.10.2005

ОТКАКО КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦВИЈАТА ПОБАРА ПОНИШТУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНАТА ДОЗВОЛА Општина Центар го поддржува барањето да се повтори постапката за издавање градежна дозвола за објект "Кермес" во градскиот парк во Скопје.

Центар и Министерството за транспорт ја отфрлаат одговорноста

Утрински - 20.10.2005

По најавите за поведување постапка за „Случајот Кермес" По најавите дека случајот со "Кермес" ќе оди пред Обвинителството поради сомневање на злоупотреба на службена должност при донесувањето на ДУП и издавањето одобрение за градба, министерот за транспорт и врски, Џемали Мехази, вчера рече дека ...

Општина Центар и Министерство за транспорт и врски си ја префрлаат одговорноста за случајот „Кермес“

Канал5 - 20.10.2005

Каде е одговорноста за објектот „Кермес“? Додека се чека реакција на Јавното обвинителство и јавното правобранителство, двете институции што ги повика антикорупциската комисија да реагираат во заштита на државниот интерес во случајот „Кемрес“, Министерството за транспорт и општина центар си ја ...

Одобренијата за "Кермес" под лупа

Дневник - 20.10.2005

ПО УКАЖУВАЊАТА НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА Сопствениците на објектот "Кермес", Трифун Костовски и Љупчо Николовски-Фуфо вчера не сакаа да ги коментираат тврдењата на антикорупциската комисија дека одобренијата за градба се добиени незаконски.

Ќе ја почитуваме процедурата!

Вечер Прес - 20.10.2005

Општина Центар ја поддржува иницијативата за обнова на постапката за издавањето на Одобрението за градба за објектот "Кермес" во Градскиот парк и се обврзува дека ќе го почитува мислењето и препораката од Управата за заштита на културното наследство.

Случајот со ,,Кермес" пред Обвинителство поради сомнение за корупција

Утрински - 19.10.2005

Антикорупционерите бараат одговорност од Центар и од Министерството за транспорт Државната антикорупциска комисија ќе поведе иницијатива до Јавното обвинителство за поведување постапка за казнено гонење на лицата инволвирани во случајот со ,,Кермес", а наедно ќе побара и поништување на одобрението ...

Антикорупциска комисија: Да се поништи одобрението за градба на Кермес

Канал5 - 19.10.2005

Антикорупциската комисија бара да се поништи одобрението за градба на угостителскиот објект Кермес во градскиот парк. Антикорупциската комисија бара да се поништи одобрението за градба на угостителскиот објект Кермес во градскиот парк.

Кривични пријави за Кермес

Вест - 19.10.2005

КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА Државната комисија за спречување на корупцијата побарала од Јавното обвинителство на Македонија да поднесе кривични пријави за раководители и службеници од секторот за урбанизам при Министерството за транспорт и врски, од подрачната единица на Министерството во ...

Ратка Марковиќ извршила промена на деталниот урбанистички план за објектот „Кермес“

Канал5 - 19.10.2005

Ратка Марковиќ, поранешен началник во подрачната единица на Министерството за транспорт и врски, сега вработена во Општина Центар го променила деталниот урбанистички план за објектот „Кермес“, дознава Канал 5 од извори во Министерството за транспорт и врски.

Да се запре изградбата на „Кермес“

Време - 19.10.2005

АНТИКОРУПЦИСКА Државната антикорупциска комисија поднела иницијатива до Јавното правобранителство да покрене постапка за поништување на одобрението за градба што му било издадено на „Кермес ДОО Скопје“ за да изгради угостителски објект со комерцијални дејности во Градскиот парк.

Дозволата за градба на "Кермес" е нелегална

Дневник - 19.10.2005

АНТИКОРУПЦИСКА Државната антикорупциска комисија вчера побара од Јавното обвинителство да поднесе кривични пријави против службеници од Министерството за транспорт и од Општината Центар поради сомневање дека извршле повеќе кривични дела во случајот "Кермес".

Антикорупциската комисија бара постапка за „Кермес“

А1 - 18.10.2005

Антикорупциската комисија побара Народниот правобранител да почне постапка за поништување на одобрението за градба и за прекин на градењето на кафеаната „Кермес“ во Градскиот парк. Според Антикорупциската комисија, промените во проектот на „Кермес“ се спротивни со деталниот урбанистички план.