TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Имотот спасен, образот не!

Дневник - 17.08.2006

Синодот на Македонската православна црква може да го раскине или да го поништи договорот за продажба на црквите во скопското село Говрлево Синодот на Македонската православна црква може да го раскине или да го поништи договорот за продажба на црквите во скопското село Говрлево.

Никој нема да одговара за продажбата на манастирот во Говрлево

Време - 16.08.2006

СИНОДОТ ВЧЕРА НЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА Синодот на Македонската православна црква нема да повика никого на одговорност за продажбата на црковното земјиште во селото Говрлево на фабриката „Усје“. На вчерашната седница на Синодот епископите биле само информирани за случајот и не донеле никаква одлука за тоа, ...

Молк по скандалозните продажби

Време - 16.08.2006

Пишува:Гоце Трпковски До каде дојдоа работите?! Во јавноста деновиве кружи нова поговорка, по скандалозните продажби на земјиште, цркви и манастири. „Не пуштај поп на МПЦ во црква и во манастир. Ќе го продаде!“ Вака граѓаните го пренесуваат усно незадоволството од она што се случи во Скопската ...

Синодот го премолчи прашањето за одговорност за „случајот Говрлево"

Утрински - 16.08.2006

Рокади во Повардарската и во Брегалничката епархија Членовите на Светиот архијерејски синод на вчерашната седница не го поставија прашањето за одговорност за продажбата на 17 илјади квадратни метри црковен имот во скопско Говрлево за 200 илјади евра на скопска цементарница „Усје".

За Синодот, „Говрлево“ е завршена приказна

Дневник - 16.08.2006

Светиот синод на МПЦ вчера не расправаше за случајот „Говрлево“ и покрај најавите на дел од владиците дека ќе го отворат ова прашање Светиот синод на Македонската православна црква вчера не расправаше за случајот „Говрлево“ и покрај најавите на дел од владиците дека ќе го отворат ова прашање.

Треба да се чува угледот на Црквата

Вечер Прес - 16.08.2006

Синодот на МПЦ нема да бара одговорност од поглаварот г.г. Стефан за потпишување на спорниот договор за продажба на манастирот "Св. Трифун" во скопското село Говрлево. Владиците вчера само упатиле забелешка дека треба да се внимава при секоја одлука за дислокација на свети објекти, а "притоа во ...

Синодот не побара одговорност од г.г.Стефан за Говрлево

А1 - 15.08.2006

Владиците му простија на поглаварот Стефан. На денешната седница на Синодот, иако најавија, од него не побараа ни кривична, ниту морална одговорност за продажбата на црковниот имот во Говрлево. За тоа бил надлежен судот, а не Синодот.

Скопската епархија и „Усје“ не го укинаа договорот

Време - 15.08.2006

СЛУЧАЈ „ГОВРЛЕВО“ Скопската епархија и фабриката за цемент „Усје“ не го укинаа договорот за продажба на земјиштето околу селото Говрлево. Како што вчера соопшти таа епархија, со „Усје“ се договориле само „да прекине договорот за изградба на нов, односно за преместување на оштетениот манастир Свети ...

Нема да се дислоцира манастирот Свети Трифун во Говрлево

Вест - 15.08.2006

Скопската епархија на Македонската православна црква и Цементарницата "Усје" се договориле да прекине договорот за изградба на нов, односно за дислоцирање на оштетениот манастир Свети Трифун во скопското село Говрлево. Од Скопската православна епархија соопштуваат дека со тоа манастирската црква, ...

МПЦ се откажа од продажбата во Говрлево

Утрински - 15.08.2006

МПЦ и Цементарница „Усје" се договориле црковното земјиште да остане во владение на Црквата Македонската православна црква се откажа од намерата за продажба на вкупно 17 илјади квадратни метри црковно земјиште во скопско Говрлево, за кое во изминативе две недели се најде на удар на медиумите поради ...

Поглаварот Стефан ќе реферира за „Говрлево“

Дневник - 15.08.2006

Според извори во МПЦ, владиците ќе бараат одговорност од сите замешани во случајот ако се потврди дека е прекршен Уставот на МПЦ Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан се очекува денеска да реферира пред владиците од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква за случајот ...

Говрлевци се задоволни – успеаја да го зачуваат светиот рид

Канал5 - 15.08.2006

Ако го продадеше Манастирот Свети Трипун ние ќе баравме поглаварот Стефан да биде разрешен од својата функција – децидни се Говрлевци. Сепак петте цркви на ридот кај скопското село куртулија, а мештаните се пресреќни што светиот имот ќе остане на ридот да го чува селото Ако го продадеше Манастирот ...

Се откажа продажбата на црковниот имот во Говрлево

А1 - 14.08.2006

Господин Стефан се откажа од продажбата на црковниот имот во Говрлево. МПЦ и цементарница Усје денеска го прекинале договорот за продажба на археолошкиот комплекс. Повлекувањето на Скопската епархија од оваа скандалозна продажба доаѓа откако јавноста и експертите го осудија раскрчмувањето на ...

Поглаварот Стефан реши да се повлече од продажбата на манастирот и црквите на кај Говрлево

Канал5 - 14.08.2006

Манастирот свети Трифун и црквите на ридот кај скопско Говрлево се спасија. Скопската епархија на МПЦ дури денеска по двонеделните жестоки критики во јавноста по објавувањето на скандалозниот договор за нивното продавање на грчкиот газда на скопска цементарница, објави дека се повлекува Манастирот ...