TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Премиерот без прецизен одговор, странците негодуваат

Време - 27.05.2006

КРИВИЧЕН ЗАКОН Да се стега обрачот околу функционерите и можноста тие да ги злоупотребат функциите, а не да се намалува нивната одговорност, и порачале странските дипломати на Владата. Таа, пак, според вчерашните изјави на премиерот Владо Бучковски, нема прецизен став за обновената процедура за ...

Легализација на прислушувањето, компензација за злоупотребите

Утрински - 27.05.2006

Владо Бучковски вели дека СДСМ игра со отворени карти ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Законот за следење на комуникациите, со кој фактички ќе се легализира прислушувањето, влезе во заткулисните игри и пазарења за измените на Кривичниот законик кои се однесуваат на службената одговорност.

Кривичниот законик ќе го чека законот за прислушување

Дневник - 27.05.2006

Измените во Кривичниот законик не ги врзуваме со законот за следење на комуникациите и нема да правиме пазар, велат од ВМРО-ДПМНЕ Борбата против корупцијата ќе биде многу поуспешна ако се донесе законот за следење на комуникациите и затоа СДСМ се двоуми дали повторно да ги поддржи измените на ...

СДСМ се повлекува од Кривичниот законик?!

Вечер Прес - 27.05.2006

СДСМ се двоуми дали повторно да гласа за измените во Кривичниот законик, со кои според експертите, се бришат санкциите за злоупотреба на службената должност. "Партијата се двоуми зашто се јавија различни мислења, изјави вчера премиерот Владо Бучковски, по одлуката на претседателот Бранко ...

ВМРО-НП ја прифаќа амнестијата за злоупотреба на службената должност

А1 - 26.05.2006

ВМРО-Народна ја прифаќа понудата на Бучковски законот со кој функционерите ќе бидат амнестирани за злоупотреба на службената должност, но во исто време да се донесе и законот за прислушкување. „Сметам дека законот за следење и заштита на сведоци е еден од значајните и реформски закони во оваа земја.

Бучковски се двоуми околу кривичниот законик

А1 - 26.05.2006

Не е извесно дали СДСМ ќе гласа по втор пат за измените во кривичниот законик. Партијата се двоуми зашто постојат различни мислења, изјави денеска нејзиниот лидер Владо Бучковски. „По дефиниција, кој прв ја води играта е во предност.

Службената злоупотреба летна на последното место

Време - 26.05.2006

ТАКТИКИ СО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК Собранието и вчера не успеа вторпат да се изјасни за измените во Кривичниот законик во делот на изборите и службената злоупотреба, бидејќи пратениците од СДСМ ја „преселија“ оваа точка на крајот од дневниот ред.

СДСМ се пишмани за службената злоупотреба

Утрински - 26.05.2006

По острите реакции во јавноста, СДСМ сега се двоуми дали да го игнорира ветото на шефот на државата ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Социјалдемократите се пишманат за поддршката за измените на Кривичниот законик, со кои се овозможи една значително поблага формулација за злоупотребата на службената должност.

Бучковски: СДСМ се двоуми дали повторно да гласа за измените во Кривичниот законик

Канал5 - 26.05.2006

Не е извесно дали СДСМ ќе гласа по втор пат за измените во Кривичниот законик. Партијата се двоуми зашто постојат различни мислења, изјави денеска нејзиниот лидер Владо Бучковски. Скопје, 26 мај (МИА) - Не е извесно дали СДСМ ќе гласа по втор пат за измените во Кривичниот законик.

Бучковски се пазари со кривичниот законик за сметка за законот за прислушување

Канал5 - 26.05.2006

Премиерот Бучковски јавно побара поддршка од опозициските партии за законот за прислушување. Тогаш, СДСМ веќе немало да се двоуми дали и вторпат позитивно да гласа за измените во кривичниот законик. Премиерот Бучковски јавно побара поддршка од опозициските партии за законот за прислушување.

Кривичниот законик остана неизменет

А1 - 25.05.2006

Кривичниот законик остана неизменет. Се колеба владеачката партија или се откажа од поддршката на љубчовистите и на екс функционерите кои ги обвини за злоупотреба на службената должност. Ниту од СДСМ, ниту од Народна не сакаа да коментираат.

ВМРО-НП го брани предлогот за измена на кривичниот законик

А1 - 24.05.2006

Народна на Георгиевски го брани предлогот за измена на кривичниот законик. Тврдат, се шират дезинформации дека со измените ќе се амнестираат обвинетите функционери, уште помалку дека ќе се декриминализирала корупцијата. Љупчовистите велат дека сакаат само да се прецизира одредбата, а не да се брише.

Се декриминализира корупцијата

Време - 24.05.2006

АНТИКОРУПЦИСКА ЗА ИЗМЕНИТЕ ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК Со измените во Кривичниот законик се декриминализира корупцијата, оцени вчера антикорупциската комисија, откако Собранието со амандманска интервенција го преименува делото злоупотреба на службената положба.

СДСМ тактизира по ветото на Црвенковски

Утрински - 24.05.2006

Репризното издание на измените на Кривичниот законик, со кои фактички се избриша казнувањето на злоупотребата на службената должност, никако да стигнат на дневниот ред од актуелната собраниска седница. Парламентот вчера повторно го одложи заседанието, најнапред по барање на ВМРО-Народна, а потоа ...

Ризик од декриминализација на корупцијата

Дневник - 24.05.2006

Корупцијата се декриминализира и се создаваат услови за неприкосновеност во извршувањето на службената должност, смета Антикорупциската комисија во врска со предложените измени на одредбата за злоупотреба на службената положба и овластувања од Кривичниот законик.

Ќе помине ли кривичниот законик по втор пат во Парламентот?

Канал5 - 24.05.2006

Пред утрешното изјаснување на пратениците за спорните измени на кривичниот законик,ВМРО Народна во последен обид да ја убеди јавноста - со нив нема да се амнестираат криминалците, само ќе се спречеле политички мотивираните апсења.

Ќе гласаат само исплашените?!

Вечер Прес - 24.05.2006

Пратеничката група на СДСМ се поделила при повторниот обид да се изгласа измената на кривичниот законик со која ублажуваат санкциите за злоупотреба на службената должност, дознава "Вечер". Кавгата во владејачката партија настанала вчера на координација на пратеничката група кога еден од постарите ...

Антикорупциска против измена на кривичниот законик

А1 - 23.05.2006

Антикорупција против власта и народњаците. Им сугерира да не се впуштаат во измена на кривичниот законик, зашто со тоа ќе направат упад во законодавството. Комисијата ги предупредува пратениците, ќе се декриминализира корупцијата и ќе се создадат услови уште повеќе да ја има.

Тактизирање за кривичен законик

Канал5 - 23.05.2006

Се тактизира со повторното гласање на кривичниот законик. На две точки пред изјаснувањето на измените со кои се ублажуваат санкциите за злоупотребата на службената положба, ВМРО Народна побара пауза. Се тактизира со повторното гласање на кривичниот законик.

СДСМ и ВМРО-НП за преименување на „злоупотреба на службената должност“

А1 - 22.05.2006

Повторен обид на пратениците да ги изгласаат измените во кривичниот законик со кој злоупотребата на служената должност се преименува и безмалку не се смета за кривично дело. Откако претседателот Црвенковски измените ги окарактеризира како декриминализација, стави вето и не ги потпиша, пратениците ...