TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Родителите на удавеното дете под истрага

Време - 01.11.2006

ПО НЕСРЕЌАТА ВО ДЕБАРСКО Центарот за социјални работи во Дебар врши увид во семејството Карамети чие дете пред два дена се удавило во корито, откако било оставено од родителите дома со другите деца. Едногодишниот Егзон Карамети беше погребен, а според наодите кај него немало траги на насилство.

Деветмесечно дете се удави во бетонско корито

Утрински - 31.10.2006

Деветмесечно дете се удави при игра во бетонско корито во дворот на семејството Карамети во дебарското село Крифци. Малиот Егзом во неделата попладне се удавил откако паднал во коритото во дворот, кое било преполно со вода. Дента кога се случила несреќата, родителите го оставиле деветмесечното дете ...

Бебе се удавило во корито со вода

Дневник - 31.10.2006

Деветмесечно бебе се удавило во корито со вода додека си играло во дворот од семејната куќа во дебарското село Крифци. Трагичниот настан се случил завчера околу пладне, кога Егзон Карамети, играјќи си, паднал во коритото од чешмата. Критичниот ден децата биле оставени сами во куќата.

Дете се удавило во корито од чешма

Вест - 31.10.2006

ДЕБАРСКОТО СЕЛО КРИВЦИ Едногодишниот Егзон Карамети завчера се удавил во корито од чешма полно со вода во дворот на неговата куќа. Мртвото тело на детето го пронашле други деца по што соседите случајот го пријавиле во полиција.

Едногодишно дете се удавило во корито со вода

Време - 31.10.2006

НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ Егзон Карамати завчера трагично го загубил животот кога се превртел и паднал во корито полно со вода во дворот од семејната куќа во дебарското село Кривци. Неговите родители во тоа време биле на работа и го нашле безживотното тело на својот син дури откако се вратиле дома.

Едногодишно дете се удавило во корито

Вечер Прес - 31.10.2006

Едногодишно дете паднало во корито од чешма во двор на семејна куќа и се удавило, завчера во дебарскотот село Кривци, информира полицијата. Несреќата се случила во неделата околу 14 часот. Според информациите на МВР, едногодишниот Егзан Карамати си играл во дворот околу куќата, додека неговите ...