TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Неофицијално, меѓусебни обвинувања меѓу ДУИ и ДПА во Тетово

А1 - 13.03.2005

Во Тетово измина изборниот ден и според картата на ОБСЕ, Тетово беше означено како општина со потенцијални инциденти, поминаа 30-ина минути, откако се затворени гласачките кутии. Во Тетово се натпреваруваат од ДУИ Хазби Лика, од ДПА-ПДП Веби Беџети и трет, независен кандидат Семи Хабиби.

Завршни митинзи на албанскиот политички блок

А1 - 11.03.2005

Владеачката ДУИ и опозициската коалиција ДПА-ПДП вечерва ги одржаа завршните митинзи. ДУИ во Скопје, ДПА-ПДП во Тетово. И едните и другите играат на картата на патриотизмот кај Албанците, но не изостанаа и меѓусебните напади.

Лика: Отворивме многу битки и во сите победивме

Време - 11.03.2005

ДУИ ВО ТЕТОВО Ние не го избравме патот за остварување на личните интереси, ние работевме и ќе работиме како и порано. Направивме многу како партија, а како што работевме на централно ниво, така ќе работиме и на локално, истакна кандидатот за градоначалник на општината Тетово Хазби Лика на ...

Хазби Лика со своите 5.000 војници ќе го освојува Тетово

Дневник - 11.03.2005

КАМПАЊА НА ДУИ Хазби Лика е борец за светата слобода на Косово и командант на 112 бригада, зад кого и сега стојат 5.000 негови војници, така ДУИ го претстави својот кандидат за градоначалник на Тетово на завчерашниот митинг. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред тетовци рече дека Рамуш Харадинај, со ...

Митинг на ДУИ со огромно албанско знаме

Утрински - 11.03.2005

КАМПАЊА ТЕТОВО - "Не се враќам дома ако не ја освојам победата. Рамуш Харадинај им се предаде на органите на Хашкиот трибунал, со што независноста и целосната слобода на Косово ја направи реална. Со победата на ДУИ во Тетово добивате благосостојба, успех и резултати, кои може да ги постигне човек ...

Завршен митинг на НДП

А1 - 10.03.2005

Ништо не е направено онаму каде што живеат Албанците, ниту од владеачката ДУИ ниту пак, од сегашната коалиција ДПА-ПДП која беше на власт, беше кажано на вечерашниот завршен митинг на НДП. Ќе се залагаме за економски просперитет на општините. Чаир да стане европска амбасада.

Ахмети: Нашето возило оди на барут а не на бензин

Утрински - 10.03.2005

Препукувања меѓу ДУИ и ДПА ТЕТОВО - „Слушаме дека од таборот на ДПА-ПДП на митингот во Шипковица, ДУИ бил наречен „мало возило без зимски гуми, заглавено и надвор од патеката°. Ние возвраќаме дека возилото наречено ДПА се наоѓа блокирано и паркирано во некој автосервис уште од 15 септември 2002 ...

Скупи ќе биде Авијано за ДПА и ПДП

Дневник - 10.03.2005

ПОРАКИ ОД МИТИНГОТ ВО СКОПЈЕ Исмет, што велиш, да го смениме ли името на Скопје? Ова не е Скопје, ова е Шкупи. Вака потпретседателот на ДПА Мендух Тачи завчеравечер ги поздрави скопјани на централниот митинг на коалицијата ДПА и ПДП во СРЦ "Кале", откако потпретседателот на ПДП, Исмет Рамадани, ...

ДУИ преку ДБК и се заканува на опозицијата

Дневник - 10.03.2005

ДПА И ПДП ТВРДАТ Закани од службен телефон на ДБК, кинење пропаганден материјал, користење службени возила за кампања и вербални спротивставувања се дел од пресметката, која и вчера продолжи помеѓу активистите на владејачката ДУИ и на опозициската коалиција на ДПА и ПДП.

ДУИ "вози" на барут - ДПА е на ремонт

Вест - 10.03.2005

АХМЕТИ ПОРАЧУВА Возилото наречено ДПА се наоѓа блокирано и паркирано во еден автосервис на ремонт уште од 15 октомври 2002 година. Арбен Џафери заедно со својот заменик Мендух Тачи бараат делови за поправка на тоа возило и спасот го гледаат во деловите на возилото марка ПДП.

ДУИ го претстави кандидатот за градоначалник на Тетово

А1 - 09.03.2005

Како што работевме досега на централно ниво, ќе продолжиме да работиме во општините, рече кандидатот за градоначалник на општина Тетово од редовите на ДУИ, Хазби Лика, на вечерашниот митинг на градскиот плоштад. Ќе ја направиме власта во општините професионална и ќе ја изградиме инфраструктурата, ...

Албанското не е знаме на туѓа држава

Дневник - 09.03.2005

ДУИ Знамето на Република Албанија се вее во Тетово, Скопје, Сарај и во Чаир. Покрај него се партиските знамиња на ДУИ, ДПА и ПДП, но никаде го нема македонското знаме. Во Министерството за внатрешни работи, кое забрани да се истакнуваат знамиња на туѓи држави, велат дека може да поднесат прекршочни ...

ДУИ ги жртвува Албанците

Дневник - 09.03.2005

ДПА И ПДП ВО БОЈАНЕ ДПА и ПДП многу се разликуваат од ДУИ бидејќи никогаш не го ставија народот во опасност, не ги злоупотребивме вашите деца и вашето богатство за да дојдеме на власт, рече потпретседателот на ДПА Мендух Тачи, на завчерашниот митинг во Бојане.

За ДУИ изборите поминале во фер и демократска атмосфера

Макфакс - 09.03.2005

Тетово Демократската унија за интеграции смета дека вториот круг од локалните избори во Македонија минал во фер и демократска атмосфера, со забележании мали неправилности. Портпаролот на ДУИ Елмира Мехмети изјави денеска дека констатираниот притисок и прекршувањата на законските норми, како и ...

ДПА-ПДП во Скопје, ДУИ во Липково

А1 - 08.03.2005

Довчерашните непријатели во Парламентот, познати по честите контра-реплики, а сегашни коалициони партнери - заменик претседателот на ДПА, Мендух Тачи и потпретседателот на ПДП, Исмет Рамадани, на вечерашното претставување на нивните кандидати за градоначалници од Скопје и скопско, преку говорницата ...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе финишираат во Скопје

Време - 08.03.2005

предизборна КАМПАЊА Со централен митинг на плоштадот „Пела“ во Скопје ВМРО-ДПМНЕ в четврток ќе ја заокружи кампањата пред првиот круг од локалните избори. Следниот ден, пак, ДУИ ќе одржи завршен митинг пред платото на Театарот на народностите во Скопје.

Ахмети ќе го вее државното, ако му го остават орелот

Вест - 08.03.2005

ПРЕЌУТЕН ДОГОВОР МЕЃУ СДСМ И ДУИ ЗА ЗНАМИЊАТА Начелниот договор меѓу СДСМ и ДУИ наводно бил Албанците да можат да го користат албанското знаме без да се извршат некои корекции, а за возврат ДУИ да го прифати и да не бара смена на изгледот на актуелното државн Албанското знаме е главниот предизборен ...

Лекарот Тачи го дијагностицира Ахмети

Дневник - 08.03.2005

ДПА ВО ЧАИР Како лекар по професија, сметам дека не е проблем да си стар за да бидеш градоначалник, проблем е ако си болен во главата или ако имаш нарушување во мозокот, изјави вчера Мендух Тачи, потпретседател на ДПА. Тачи реагираше на изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека "со Тетово треба да ...

Градоначалникот на Тетово ќе се избира по две недели

Макфакс - 08.03.2005

Тетово Општинската Изборна комисија за Тетово соопшти синоќа дека Тетово не доби градоначалник при повторениот прв круг гласање на 11 избирачки места и оти кандидатите на двете ривалски партии на Албанците ќе се натпреваруваат во вториот круг, што ќе се одржи по две недели.

Острени објави победа на ДУИ

Макфакс - 08.03.2005

Скопје Демократската унија за интеграција (ДУИ) на локалните избори освои 11 градоначалнички места, соопшти синоќа шефот на изборниот штаб на партијата Гзим Острени. Потпретседателот на ДУИ соопшти дека партијата освоила градоначалнички места во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово, Дебар, ...

Жешки реторики во албанскиот кампус

А1 - 07.03.2005

На само шест дена пред локалните избори, се вжештува реториката на партиите од албанскиот политички блок. Откако на предизборните митизи ДУИ изјавуваше дека Скопје е главен град на косовскиот вилает, денеска високиот партиски функционер Ракип Дочи објаснува - тоа е исто како да речете Солун е наш.

Хашим Тачи работи за ДПА

Дневник - 07.03.2005

АЛИ АХМЕТИ ТВРДИ Врвот на ДПА во договор со Хашим Тачи сакаат да ги девалвираат мојата и заслугите на ДУИ, вели Али Ахмети Челниците на ДПА Арбен Џафери и Мендух Тачи, во договор со Хашим Тачи, претседател на Демократската партија на Косово, прават предизборна кампања за да ги девалвираат мојата и ...

ДПА и ДУИ почнаа со пукотници во Чегране

Дневник - 07.03.2005

НА МИТИНГот НА Демократската партиЈа на албанците ДУИ плаќа луѓе, кои со оружје се обидуваат да ги заплашат нашите кандидати за градоначалници и да ги натераат да се повлечат од изборната трка, обвини вчера Сулејман Рушити, портпарол на ДПА и кандидат за градоначалник на Гостивар.

Коалицијата ДПА-ПДП бара поништување на изборите

Макфакс - 07.03.2005

Тетово Неколку стотици приврзаници на Демократската партија на Албанците од Тетово, како и на нејзиниот коалиционен партнер Партијата за демократски просперитет, денеска излегоа на улиците на Тетово и пред зградата на локалната самоуправа за да го изразат револтот од исходот на првиот круг на ...

ДУИ тврди дека победила во 11 општини

Макфакс - 07.03.2005

Скопје Демократската унија за интеграција (ДУИ) на локалните избори освои 11 градоначалнички места, соопшти вечерва шефот на изборниот штаб на партијата Гзим Острени. Потпретседателот на ДУИ соопшти дека партијата освоила градоначалнички места во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово, Дебар, ...