TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Еден од осомничените атентатори во Лондон, уапсен во Рим

Макфакс - 09.07.2005

Рим Еден од четворицата осомничени извршители на атентатите во Лондон од 21.јули, попладнево, е уапсен во Рим, јавуваат светските агенции. Министерот за внатрешни работи на Италија Џузепе Пизану соопшти дека во главниот град на Италија бил уапсен Осман Хусеин по потекло од Сомалија.

“Тајмс“: Можни 70 жртви во лондонските напади

Макфакс - 09.07.2005

Лондон Британскиот печат денеска објави за можни 70 жртви во терористичките напади што во четвртокот се случија во центарот на Лондон, и оти истрагата е насочена кон приведување на сторителите со цел да се спречи нов напад. Лондонскиот весник “Тајмс“, повикувајќи се на полициски извори, пишува дека ...

Турција очекува напад од “Ал Каеда“ во ноември

Макфакс - 09.07.2005

Истанбул Турција може да биде цел на терористичката организација “Ал Каеда“ во следните неколку месеци, па затоа полицијата набљудува околу 1.000 лица, осомничени за врски со организацијата, соопшти висок функционер во турските безбедносни сили.

Скотланд јард: Ниту една од жртвите се уште не е идентификувана

Макфакс - 09.07.2005

Лондон Ниту една 50-те жртви на терористичките напади во Лондон се уште не е идентификувана, изјави денеска претставникот на Скотланд јард Џим Дики. “Засега, не поседуваме ниту еден елемент што би ни овозможил идентификација барем на една жртва“, изјавил Дики.

Блер: Треба да се соочиме со причините за тероризмот

Макфакс - 09.07.2005

Лондон Светските лидери мора да се соочат со причините за тероризмот, а тоа се сиромаштија, недостаток на демократија и блискоисточниот конфликт. Ова, денеска, го изјави британскиот премиер Тони Блер, во интервју за британскиот сервис Би-Би-Си, додавајќи дека некои од овие проблеми биле на дневниот ...

Исламски лидер јавно предупредил за атентатите во Лондон

Макфакс - 09.07.2005

Лондон Уште пред 15 месеци исламски лидер јавно предупредил за атентатите во Лондон во организација на Ал Каеда, јавуваат денеска британските медиуми. „Во Лондон се наоѓа една многу добро организирана група која себе си се нарекува Ал Каеда - Европа“ - изјавил во интервју за португалскиот весник ...

Средба Блер-Карзаи

Макфакс - 09.07.2005

Лондон Британскиот премиер Тони Блер денеска во Лондон ќе се сретне со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, само 12 дена по крвавите терористички напади во британската престолнина. На средбата, која беше планирана многу одамна, треба да бидат потврдени добрите односи меѓу двете држави.

Нова организација презеде одговорност за нападите во Лондон

Макфакс - 09.07.2005

Каиро Уште една засега непозната група која тврди дека е поврзана со терористичката мрежа на Ал Каеда презеде денеска одговорност за терористичките напади во Лондон. Организацијата која се нарекува “Бригади на Абу Хафс ал Масри“ соопшти дека ги “извршила нападите во престолнината на неверниците“.

Ал Каeда со ултиматум до европските земји

Макфакс - 09.07.2005

Дубаи Терористичката мрежа на Ал Каeда денеска им упати ултиматум на европските држави кои имаат трупи во Ирак, во рок од еден месец да ги повлечат своите војници од земјата, во спротивно, ќе изведат нови напади во Европа. Ова се наведува во најновото соопштение на организацијата Бригадите на Абу ...

Осомничен за тероризам уапсен во Ливерпул

Макфакс - 09.07.2005

Лондон Полицијата во Манчестер уапси 46-годишен маж врз основа на законот за борба против тероризмот, но полицијата одрекува дека апсењето има врска со атентатите в Лондон од 7 јули. Лицето уапсено денеска во Ливерпул, е задржано во Манчестер "поради сомнение за учество, извршување и поттикнување ...

Војна на исламот

Вечер Прес - 09.07.2005

Се плашиме, ама нема да попуштиме пред тероризмот, ќе продолжиме со нашиот нормален живот. Ова беа реакциите на жителите на Лондон ден по четирите експлозии во градот кои однесоа десетици човечки животи, а 700 лица се повредени.

Скотланд Јард: Бомбите имале по 4,5 кг експлозив

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Секоја од бомбите што експлодираа вчера во Лондон содржела околу 4,5 кг експлозивен материјал, соопшти на пресконференција во претставникот на Скотланд Јард за специјални операции Анди Хејман. “Сметаме, дека секоја од експлозивните направи содржела најмалку 10 фунти/околу 4,5 кг/ експлозивен ...

Улиците на Лондон преплавени со велосипедисти

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Лондонските улици, денеска, буквално се преплавени со велосипедисти, а продажбата на велосипеди нагло се зголеми по вчерашните бомбашки напади во јавниот превоз на британската престолнина. Искусните велосипедисти велат дека синоќа биле “нападнати“ од уморни пешаци кои се обидувале да стигнат ...

Британија очекува нови напади

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Шефот на лондонската полиција Иан Блер денеска изјави дека во Британија би можеле да се наоѓаат уште ќелии на потенцијалните бомбаши по двата брана напади во британската престолнина за последните три недели. “Можно е оние што се на слобода повторно да нападнат.

Масовна истрага за терористичкиот напад

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Британската полиција започна обемна истрага за вчерашниот терористички напад врз транспортниот систем во Лондон при што 37 лица загинаа, а над 800 се повредени. Полицијата ги повика сите очевидци и оние кои настаните ги снимиле со мобилни телефони да придонесат во истрагата.

Отворено метрото во Лондон

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Лондонското метро од утрово од 06.30 часот по британско време повторно е отворено, откако сите 12 линии беа затворени по вчерашните терористички напади во кои загинаа најмалку 50 лица. Седум линии во лондонската подземна железница би требало да функционираат нормално, но можни се доцнења на ...

Над 50 убиени во Лондон, потврди британската полиција

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Над 50 лица се убиени во серијата напади во британската престолнина Лондон, извршени вчера - соопшти началникот на полицијата во главниот британски град Јан Блер. Полицискиот шеф додаде дека во болниците има уште 350 ранети, од кои 22 се во критична состојба.

“Дејли телеграф“: Британија “плати“ поради војната во Ирак

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Британските весници денеска пренесуваат делови од извештајот на Кралскиот институт за меѓународни односи во кој терористичките напади во Лондон за прв пат отворено се поврзуваат со британското учество во војната во Ирак.

Лондонската полиција пред поголем предизвик од мадридската

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Британските полицајци, за разлика од истрагата на бомбашките напади во Мадрид, се пред поголем предизвик, поради тоа што на лондонската истрага ќе и недостасуваат траги, како и собирање докази од местата на експлозиите, од кои три беа под земја.

Започнуваат важни преговори за тероризмот

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Британскиот министер за внатрешни работи Чарлс Кларк ќе се состане денеска со високи претставници на опозицијата во обид да добие поддршка од сите партии во парламентот за новите закони за борба против тероризмот. Новите антитерористички мерки се предложени кратко време по терористичките ...

Непозната група се закани дека ќе го нападне Рим

Макфакс - 08.07.2005

Дубаи Непозната терористичка група која тврди дека е поврзана со Ал Каеда, се закани денеска дека ќе го нападне Рим, поради поддршката на Италија на Соединетите Американски Држави. Организацијата Ал Каеда - Џихад на Арпскиот полуостров, која ги поздрави вчерашните терористички напади во Лондон, ја ...

Кларк- Не се исклучува атентатите да се дело на самоубијци

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Можноста еден или повеќе од вчерашните атентати во Лондон да се извршени од терористи самоубијци, е предмет на истрагата, заедно со сите други варијанти. Ова денеска го изјави британскиот министер за внатрешни работи Чарлс Кларк.

Најмалку 37 загинати и над 800 повредени

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Најмалку 37 загинати и над 800 повредени трагичниот биланс на терористичките напади во Лондон соопшти официјален претставник на полицијата. Според истиот извор најмалку 35 лица го загубиле животот ви три одвоени бомбашки напади во подземната железница.

Хауард:Најмалку 52 загинати во Лондон

Макфакс - 08.07.2005

Канбера Најмалку 52 лица загинаа во терористичките напади во Лондон, изјави утринава австралискиот премиер Џон Хауард, повикувајќи се на британски официјални извори. “Последните информации со кои располагам говорат за најмалку 52 загинати и неколку стотици ранети“, изјави Хауард.

Приведени три жени кои го засолниле напаѓачите во Лондон

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Британската полиција приведе три жени за кои се сомнева дека им дале засолниште на лицата одговорни за нападите на 21 јули во Лондон, соопшти денеска Скотланд Јард. “Тие се приведени поради тоа што им пружиле сместување на лицата поврзани со терористичките напади во Лондон“, изјави ...

Обемна и интензивна истрага за терористичките напади во Лондон

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Британската полиција не ја исклучува можноста дека терористичките напади во Лондон се дело на бомбаши самоубијци, изјави министерот за внатрешни работи Чарлс Кларк. Тој, денеска, во интервју за британската телевизија „Скај њус“ рече дека „многу е веројатно“ оти терористичките напади во ...

Еј-Би-Си – пронајдени две неактивирани бомби, Скотланд јард демантира

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Лондонската полиција на местата на кои беа извршени терористичките напади открила и две неактивирани експлозивни направи, јави американската телевизија Еј Би-Си, но Скотланд јард информацијата ја демантира. Телевизијата, повикувајќи се на анонимни американски владини извори, јави дека ...

Ќелии на Ал Каеда стојат зад нападите во Лондон

Макфакс - 08.07.2005

Лондон Терористичките напади во Лондон ги организираа ќелии на мрежата на Ал Каеда формирани во Европа и Америка од најблискиот соработник на Осама Бин Ладен. Ова денеска го пишува арапскиот весник “Ам Шарк ал Авсат“ што излегува во Лондон, повикувајќи се на анонимен претставник на исламистичка ...

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ

Вечер Прес - 08.07.2005

"Лондон утрово беше цел на серија терористички напади во кои за жал има повредени и мртви", изјави британскиот премиер Тони Блер во Глениглс во Шкотска каде се одржува Самитот на Г8.Во кусата изјава Блер, не криејќи ја својата возбуда од она што се случи во главниот град, рече дека станува збор за ...

Лондон нападнат!

Вечер Прес - 08.07.2005

Нема прецизни сознанија за тоа кој би можел да стои зад серијата лондонски експлозии, но се претпоставува дека тоа не е ИРА, туку најверојатно мрежата на Ал Каеда Лондон е во паника и шок! Само ден по големата национална еуфорија дека станаа домаќини на ЛОИ во 2012 година, англиската метропола го ...

Најмалку 37 жртви и 700 повредени во Лондон

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Најмалку 37 загинати, а 700 повредени, е последниот трагичен биланс, официјално потврден вечерва од британската полиција. Според полициски податоци, 37 лица загинале во три бомбашки напади во подземната железница, додека две го загубиле животот во експлозија на градскиот автобус, јавија ...

Британскиот министер за внатрешни советува да не се посетува Лондон

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Британскиот министер за внатрешните работи Чарлс Кларк посоветува да не се посетува Лондон освен при неодложна неопходност по денешните експлозии, кои усмртија и ранија засега непознат број на луѓе. Полицијата засега не дава информации за бројот на настраданите.

Неколку лица загинаа во експлозиите

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Неколку луѓе загинале во серијата експлозии во транспортниот систем во Лондон, во утринската гужва денеска предизвикувајќи хаос во британска престолнина, тврдат полициски претставници. Полицијата потврди дека се случиле четири експлозии, една во метрото и три во ...

Борел експлозиите во Лондон се координирани атентати

Макфакс - 07.07.2005

Стразбур Координирани атентати се експлозиите што денеска се случија во Лондон, изјави претседателот на Европскиот парламент Жозел Борел Станува збор за “серија координирани атентати што однеле животи на многу луѓе“, изјави Борел. Тоа е прва официјална изјава по серијата експлозии во Лондон.

Лондон експлозии – има тешко повредени

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Британскиот министер за внатрешни работи соопшти дека има “тешко повредени“ во експлозиите што денеска се случија во Лондон. Тој не го прецизираше нивниот број. Медиумите јавуваат за најмалку двајца загинати во серијата експлозии.

Блер: Во серијата атентати има убиени и ранети

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Британскиот премиер Тони Блер во обраќањето од Гленигел изјави дека во "серијата од терористичките напади", во Лондон, има убиени и тешко ранети. Тој прецизира дека во блиски часови ќе ја напушти средбата на врвот на Г8 и ќе се врати во Лондон, но работата на Г8 ќе продолжи.

Силна експлозија во центарот на Лондон

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Силна експлозија се случи претпладнето во финансискиот центар на Лондон, јавуваат агенциите. Во првите извештаи, со ознака итно, агенциите наведуваат дека во експлозијата има поголем број повредени. Полицијата го блокираше подрачјето околу железничката станица Ливерпул стрит, каде што се ...

Уапсени шест лица осомничени за вмешаност атентатите

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Четири лица се уапсени во Бирминген врз основа на противтерористичкиот закон, а во врска со атентатите во Лондон на 21 јули, соопшти денеска Скотланд Јард. “Едно лице е уапсено врз основа на противтерористичкиот закон од 2000 година, додека други три лица се уапсени да друга адреса во ...

Скај њуз: Најмалку 45 загинати, а 1000 повредени

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Најмалку 45 загинати и околу илјада повредени, е трагичниот биланс од утринските експлозии во Лондон, јави британската телевизија Скај њуз, повикувајќи се на доверливи извори. Телевизијата, исто така, јави дека проценките на лондонската итна помош е дека бројот на жртви е најмалку 45 лица.

Експлозија во лондонското метро сообраќајот прекинат

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Повеќе лица се повредени, од кои едно е во животна опасност, од експлозијата што денеска се случи во лондонското метро, јавуваат агенциите. По експлозијата на станицата Ливерпул стрит, во финансискиот центар на Лондон, во прекин е сообраќајот во подземната железница во британската метропола.

Лондонска полиција: Најмалку шест експлозии, многу жртви

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Лондонскиот транспортен систем денеска го погодија најмалку шест експлозии, предизвикувајќи притоа големи жртви, објави командантот на лондонската Метрополитен полиција сер Јан Блер. Медицински извори известуваат за најмалку 90 повредени на кои им е пружена помош веднаш по експлозиите кај ...

Серија експлозии во Лондон

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Неколку лица се повредени во експлозија на двокатен автобус во Лондон, јавуваат агенциите, повикувајќи се на полициски извори. Експлозијата во која на автобусот буквално му била однесен горниот дел, се случила само неколку минути по експлозијата во лондонското метро.

Блер: Терористите нема да успеат

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Целосно е јасно дека в Лондон се извршени серија терористички атентати. Што и да прават терористите, никогаш нема да успеат. Ова го изјави британскиот премиер Тони Блер. Тој соопшти дека многу скоро ќе ја напушти средбата на врвот на Г8, но ги замоли државните раководители да продолжат со ...

Полиција го потврди идентитетот на двајца од атентаторите

Макфакс - 07.07.2005

Лондон Британската полиција синоќа го потврди идентитетот на двајца од осомничените четворица атентатори од бомбашките напади во Лондон од пред десет дена. Полицијата со сигурност тврди дека двајца од атентаторите биле Мохамед Сидик Хан(30) и Џермејн Линдси(19).

Британската полиција ги повика муслиманите на контратероризам

Макфакс - 06.07.2005

Лондон Британските граѓани со муслиманска вероисповед беа повикани синоќа од властите да се вклучат во борбата против тероризмот. „Дојде момент муслиманската заедница, потпомогната од сите луѓе со добра волја, да излезат од сегашната состојба на шок и недоверливост и да минат во состојба на активно ...

Расте популарноста на Тони Блер

Макфакс - 06.07.2005

Лондон Популарноста на британскиот премиер Тони Блер во јули пораснала, покажува анкетата спроведена од институтот “Популис“ веднаш по вторите терористички напади. Резултатите од испитувањето на јавното мислење, објавени во весникот “Тајмс“, покажуваат дека Британците на својот премиер на скалата ...

Тројца од лондонските атентатори лани биле во Пакистан

Макфакс - 06.07.2005

Исламабад Тројца од осомничените лондонски атентатори-самоубијци престојувале во Пакистан минатата година - соопштија денеска високи функционери на службите за безбедност во Исламабад. Триесетгодишниот Мохамед Сидик Хан и 22 годишниот Шехзад Тенеир, допатувале заедно на аеродромот во Карачи во ...

Расте бројот на жртвите на терористичките напади

Макфакс - 05.07.2005

Лондон Британската полиција соопшти дека почина уште едно лице кое беше повредено во терористичките напади во Лондон на 7. јули. Починатиот бил повреден при експлозијата во автобусот, се наведува во соопштението објавено синоќа.

Познат идентитетот на еден од бомбашите

Макфакс - 05.07.2005

Лондон Британската полиција го соопшти идентитетот на еден од учесниците во терористичките напади во Лондон минатиот четврток. Тоа е Линдзи Жермен, кој живеел во грофовијата Бакингамшир, а роден е на Јамајка, се вели во соопштението објавено синоќа.

Скотланд Јард го потврди апсењето во Каиро

Макфакс - 05.07.2005

Лондон Скотланд Јард го потврди апсењето во Каиро на човек, поврзан со атентатите од 7 јули, без да го идентификува лицето. Според американската телевизија АВС, човекот е “хемикот”, ги изработил експлозивните направи што се користеле во атентатите во лондонското метро и двата автобуса.

Откриен идентитетот на двајца од осомничените атентатори од 21 јули

Макфакс - 05.07.2005

Лондон Британската полиција попладнево го откри идентитетот на двајца од четворицата осомничени атентатори, од нападите направени на 21 јули. Првиот е 27 годишниот Мохтар Саид Ибраими или Мохтар Мохамед Саид, кој се обидел да активира бомба на автобуската линија 26, соопшти на прес конференција ...

Уапсено лицето одговорно за експлозивите во лондонските напади

Макфакс - 05.07.2005

Каиро Човекот одговорен за експлозивите употребени во терористичките напади на 7 јули во Лондон е уапсен денеска во Каиро, јави американската телевизија “Еј-би-си“. Египетските власти извршиле распит на уапсениот, но засега не се соопштуваат други детали.

Лондонската полиција ја продолжи потрагата по бомбашите

Макфакс - 05.07.2005

Лондон Лондонската полиција ја продолжи потрагата по четворицата извршители на минатонеделните неуспешни бомбашки напади во јавниот градски сообраќај. Три дена по објавувањето на нивните фотографии во медиумите, четворицата осомничени се и натаму на слобода.

Скотланд јард потврди - атентатите дело на самоубијци, можен и нов напад

Макфакс - 04.07.2005

Лондон Атентатите од 7 јули во Лондон се дело на четворица самоубијци, соопшти денеска британската полиција и повтори дека нов напад е многу веројатен. “Тие се качиле во метрото и автобусот за да убиваат.“, изјави директорот на Скотланд јард Иан Блер, денеска во Лондон на прес конференција со ...

Убиениот во лондонското метро не бил поврзан со нападите

Макфакс - 04.07.2005

Лондон Човекот кој во петокот беше застрелан од полицајци во цивилна облека во лондонската метро станица Стоквел немал никаква врска со бомбашките напади од ден порано во Лондон. Ова синоќа го соопшти британската полиција, изразувајќи жалење поради трагичниот настан...

Идентификуван водачот на терористичките напади во Лондон

Макфакс - 04.07.2005

Лондон Британската полиција соопшти дека најверојатно го идентификувала водачот на групата што ги изврши четирите терористички напади во Лондон. Водачот е британски државјанин од пакистанско потекло, соопшти претставник на полицијата, додавајќи дека тој еден месец пред нападите допатувал во ...

Турција бара од Ирак екстрадиција на припадници на Ал Каеда

Макфакс - 04.07.2005

Анкара Турција денеска од Ирак побара екстрадиција на двајца припадници на терористичката Ал Каеда и осомничени за крвавите напади во Истанбул, во 2003 година. Екстрадиција е побарана за турските државјани Бурхан Кус и Садетин Акдаш, кои се наоѓаат во американскиот затвор Абу Граиб, во околината на ...

Нов биланс – 53 загинати во нападите во Лондон

Макфакс - 04.07.2005

Лондон Уште едно лице подлегна на повредите од минатонеделните експлозии во Лондон со што бројот на загинати се искачи на 53, соопшти вечерва британската полиција. Британските власти денеска и официјално објавија дека зад атентатите на 7 јули во Лондон стои терористичката организација “Ал Каеда и ...

Властите потврдија дека зад нападите во Лондон стои “Ал Каеда“

Макфакс - 04.07.2005

Лондон Британските власти денеска официјално објавија дека зад терористичките напади на 7 јули во Лондон стои организацијата “Ал Каеда“. Во соопштението објавено од владата е наведен список со редни броеви, под кои се обележани сите напади што организацијата на Осама Бин Ладен ги извршила во ...

Експлозивот за атентатите во Лондон, најверојатно е од Балканот

Макфакс - 04.07.2005

Брисел Постојат сериозни сомневања дека експлозивите користени во атентатите во Лондон минатата седмица, се доставени од Балканот, изјави синоќа францускиот министер за внатрешни работи Никола Саркози. Тој ова го изјави по средбата на министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската ...