TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Скопјани се згрозени од градскиот превоз

Време - 23.02.2008

ВО КАКВИ АВТОБУСИ СЕ ВОЗИМЕ? Емилија Јовановска Скопјани не се задоволни од градскиот превоз. Без разлика кои автобуси ги користат, на ЈСП или на приватните превозници, велат дека им пречи нехигиената, вратите што не се затвораат, искршените столчиња.

Постојките конечно ќе заличат на европски?!

Вечер Прес - 23.02.2008

ЈСП во најскоро време ќе распише јавен повик за уредување на 330 постојки на целата територија на градот. Новите постојки ќе бидат снабдени со столчиња, информативна табла со возниот ред и времето на пристигнување на автобусите, а на самите постојки ќе има простор за рекламирање Голем број на ...

Скопјани не се задоволни од градскиот превоз

А1 - 22.02.2008

Скопјани не се задоволни од градскиот превоз. Без разлика дали станува збор за автобуси на ЈСП или на приватните превозници, велат дека подеднакво не ги исполнуваат условите за превоз на патници во една метропола. На луѓето кои го користат градскиот превоз им пречи нехигиената, вратите кои не се ...

Приватниците од јануари идната година ќе возат нови автобуси!?

Утрински - 21.02.2008

Трифун Костовски побарал приватните превозници да го обноват возниот парк Хаваријата што се случи во центарот на Скопје, кога приватен автобус по целата улица „Димитрие Чуповски“ разлеа моторно масло и нафта, е последна опомена за надлежните дека повеќе не смеат да дозволат да возат по градските ...

Со трактор ја преселиле автобуската постојка

Вест - 21.02.2008

ВО СЕЛО ЗЕЛЕНИКОВО, БЕЗ ОДОБРЕНИЕ ОД ЈСП ЈСП ќе провери дали новата локација на постојката им одговара на сите жители на селото, а ако има некој што е против, ќе ја врати постојката на старото место Пред неколку дена група жители од село Зелениково го качиле на трактор натстрешникот на автобуската ...

Итно да се среди хаосот во сообраќајот низ Скопје!

Време - 21.02.2008

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈСП СО БАРАЊЕ Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, не се грижи за ЈСП, обвинуваат од Јавното претпријатие. Според нив, првиот човек на градот, место да го среди хаосот и да издаде лиценци, бара помош од министерствата за претпријатие што е во негова надлежност.

Костовски никако да направи ред во градскиот превоз

А1 - 20.02.2008

Иако законска обврска на градот е да ги санкционира превозниците кои не го почитуваат возниот ред, да издаде лиценци, дозволи за превоз на патници, градоначалникот Костовски никако да направи ред во градскиот превоз. Од друга страна, постојано бара друг да ги заврши неговите задачи.

Градот го уништува ЈСП

Време - 20.02.2008

ВОЗАЧИТЕ НА АВТОБУСИ ГИ ОБВИНУВААТ НАДЛЕЖНИТЕ Емилија Јовановска Автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници не го почитуваат определениот возен ред. Возилата на „Слобода превоз“ сообраќаат по линии без дозвола издадена од Градот.

Градот не признава дека ги фаворизира приватните превозници

А1 - 19.02.2008

Градот не признава дека ги фаворизира приватните превозници за сметка на ЈСП. Од градското Собрание кое ги дава возните редови и кое е надлежно да врши контрола велат: „Инспекторатот во однос на почитувањето на возниот ред, констатира дека немало поголеми нарушувања на истиот, од страна на ЈСП и на ...

Градските автобуси во Скопје немаат лиценци

А1 - 18.02.2008

„Да ги менуваме законите“. Вака пишува по билбордите кои низ Скопје ги поставил градоначалникот Трифун Костовски. Но, закони има, Костовски не ги почитува. Во градскиот превоз во Скопје владее хаос, иако законот за патен сообраќај одамна е донесен.