TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Гласање за мртви и вметнување гласачки ливчиња

Утрински - 17.09.2002

Во село Зовиќ, Старавина Избирачкиот одбор од изборното место 0178 во село Зовиќ, Општина Старавина, од Изборната единица 4, со записник утврдил две неправилности за време на изборниот процес, во неделата, поради кои сега се бара прегласување.

СДСМ најавува приговор за гласањето во Воѓани

Утрински - 16.09.2002

Во Прилеп се гласаше масовно и мирно ПРИЛЕП - Мирно, без речиси никакви проблеми, измина гласањето во 201 избирачко место во Прилеп и околните општини. Главна карактеристика на вчерашниот изборен ден беше раното излегување на гласачите.

Во Лешок тежок инцидент - гласањето прекинато

Вест - 16.09.2002

Околу 15.30 часот, во селото со автомобили пристигнале неколку вооружени лица, испукале неколку куршуми, насилно ја одзеле гласачката кутија заедно со гласачкиот материјал и го малтретирале Мирко Васов Гласањето, со исклучок на неколку инциденти, до 17 часот вчера се одвиваше во мирна атмосфера.

Оружена група го прекина гласањето во Лешок

Дневник - 16.09.2002

ВО "ШЕСТКАТА" РЕЛАТИВНО МИРНО Забележани повеќе мали инциденти и голем одѕив на избирачите Во тетовското село Лешок вчера гласањето било насилно прекинато откако оружена група влегла на избирачкото место и ја однело гласачката кутија, потврдија ДИК и МВР.

Раселените ќе гласаат за две недели

Вест - 16.09.2002

ПОРАДИ НЕСРЕДЕНИ ИЗБИРАЧКИ СПИСОЦИ И НЕДОСТИГ НА ИЗБИРАЧКИ МАТЕРИЈАЛ ВО КУМАНОВО Во хотелот "Кристал" на избирачкото место на кое во саботата гласаа раселените лица од селата од Липковската општина, околу 15 часот гласањето беше прекинато.

Активисти на ЛП украле спреј за обележување

Утрински - 16.09.2002

Прекинато гласањето на раселените во Куманово КУМАНОВО - По интервенција на Државната изборна комисија, завчера во раните попладневни часови е прекинато гласањето на избирачкото место во кампот "Кристал" на кое гласаа раселените граѓани од Матејче и од другите села на Липковскиот регион.

Во Скопје завчера гласаа 2.140 раселени лица

Вест - 16.09.2002

Во Скопје гласањето на 2.140 раселени лица се одвиваше во интернатот на Градежниот училишен центар "Здравко Цветковски". Претставниците на избирачкиот одбор оценуваат дека одsивот на гласањето бил добар. Дел од раселените од скопското село Арачиново денеска не можеа да го остварат своето право на ...

Активисти на ВМРО-ДПМНЕ го демолираа избирачкото место

Утрински - 16.09.2002

Тежок инцидент во тетовското село Лешок Гојко Ефтоски ЛЕШОК - Еден партиски набљудувач е повреден, гласачката кутија е насилно однесена, изборите се прекинати, а избирачкото место е демолирано во тежок инцидент во тетовското село Лешок.

Раселените во Кумановскоќе прегласуваат по две недели

Дневник - 16.09.2002

ПОРАДИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ ВО САБОТАТА Претседателката на избирачкиот одбор во паника го напушти гласачкото место зашто голем дел од раселените не беше во списоците Гласањето на раселените лица во кумановски "Кристал" завчера беше прекинато затоа што имало многу незапишани во избирачкиот список.