TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Штрајкот со глад продолжува

Утрински - 21.06.2003

"Лавовите" не попуштат Претставниците на расформираната единица за брзи интервенции ?Лавови", кои веќе десет дена штрајкуваат со глад и бараат вработување во МВР, вчера имале средба по нивно барање со потпретседателката на парламентот, Лилјана Поповска, како и телефонски разговор со советникот за ...

Генералот Стојков осомничен дека проневерил 500.000 евра

Дневник - 21.06.2003

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОРАНЕШНИОТ КОМАНДАНТ НА "ЛАВОВИТЕ" Поранешниот командант на "лавовите", според МВР, купил муниција која никогаш не стасала во Министерството за внатрешни работи Поранешниот командант на полициската единица за брзи интервенции "Лавови" генералот Горан Стојков (33) од средата ...

Генерал Стојков ќе проговори за "случајот Раштански Лозја"

Утрински - 20.06.2003

Притворениот поранешен командант на "лавовите" му се заканил на Љубе Бошкоски Убеден дека зад неговото и притворањето на Николетка Митановска стојат, наводно, Љубе Бошкоски и неговата лоби- група, уапсениот полициски генерал Горан Стојков, на излегувањето од кај истражниот судија, пред него и пред ...

"Лавовите" не ја признаваат одлуката дека не можат да работат во МВР

Дневник - 20.06.2003

ДЕВЕТТИ ДЕН ОД ШТРАЈКОТ СО ГЛАД Архиепископот г.г Стефан за денеска ветил дека во соборниот храм "Св. Климент Охридски во Скопје" ќе одржи литургија посветена на штрајкувачите со глад, тврдат "лавовите" Припадници на полициската единица за брзи интервенции "Лавови", кои веќе девет дена штрајкуваат ...

Генералот на "Лавовите" Горан Стојков, осомничен за проневера

Вест - 19.06.2003

Вчера во Основниот суд 1 во Скопје пред истражниот судија Седат Реџепагич со полициско обезбедување беше донесен Горан Стојков гернерал на Единицата за брзи интервенции Лавови. Според првичните информации од судот поранешниот командант на единицата за брзи интеревенции "Лавови", генерал Стојков е ...

Уапсен полицискиот генерал Горан Стојков

Утрински - 19.06.2003

Екс-командантот на "лавовите" под силно полициско обезбедување кај истражен судија Коста ПОПОВСКИ Томислав КЕЖАРОВСКИ Екскомандантот на Единицата за брза интервенција "Лавови", полицискиот генерал Горан Стојков завчеравечер бил уапсен од полицијата и предаден на истражен судија.

Здравствената состојба на штрајкувачите се полоша

Утрински - 19.06.2003

"Лавовите" револтирани од заклучоците на Советот за безбедност Најголемиот дел од припадниците на расформираната единица за брзи интервенции ?Лавови", кои веќе осум дена штрајкуваат со глад пред Министерството за внатрешни работи, се во лоша здравствена состојба, со покачен крвен притисок и со ...

"Лавовите" не може да бидат вработени во МВР

Дневник - 19.06.2003

СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Безбедносната ситуација во земјава се стабилизира, а последните инциденти наложуваат засилување на мерките и активностите на надлежните органи за да се откријат и да се казнат извршителите, заклучил Советот за национална безбедност на завчерашната седница.

Екс командат на „Лавовите“ ја злоупотребувал службената должност

А1 - 18.06.2003

Поранешниот командант на расформираната единица „Лавови“, Горан Стојков денеска е испрашуван од истражен судија во Основниот суд Скопје 1 поради основано сомнение дека во 2001-ва ја злоупотребил службената должност и овластувањата.

„Лавовите“ сaкаат да ги отворат картите со државниот врв

А1 - 18.06.2003

Поранешните „Лавови“ кои 8-ми ден штрајкуваат со глад пред МВР, иако со влошена здравствена состојба, решени се да опстојат во своите барања се додека не разговараат со претседателот Трајковски, премиерот Црвенковски и министерот за внатрешни работи Хари Костов.

Тројца "лавови" колабираа

Дневник - 18.06.2003

ПО СЕДУМ ДЕНА ПРОТЕСТ ПРЕД МВР Двајца припадници на "Лавовите" вчера се онесвестиле по седумдневниот штрајк со глад на околу 170 припадници на оваа полициска единица, пред зградата на МВР. Екипа на брза помош за неколку минути пристигнала и им дала медицинска помош на момчето и девојката, кои и ...

Здравствената состојба на штрајкувачите „Лавови“ се влошува

А1 - 17.06.2003

Здравствената состојба на поранешните „Лавови“, кои седми ден штрајкуваат со глад пред МВР, се повеќе се влошува. И покрај ова тие најавуваат дека ќе штрајкуваат се додека не им биде исполнето барањето за вработување. Штрајкувачите велат дека се уште не добиле одговор на нивното барање за испраќање ...

"Лавовите" не се откажуваат од барањата

Вест - 17.06.2003

ШЕСТ ДЕНА ШТРАЈК Припадници на "Лавовите" кои веќе шест дена штрајкуваат со глад пред Министерството за внатрешни работи бараат од командантот на единицата генерал Горан Георгиевски да му објасни на министерот Хари Костов зошто со планот за трансформација на единицата беа опфатени само припадниците ...

Повеќе од 450 граѓани ги поддржаа барањата на „лавовите"

Утрински - 17.06.2003

Денеска седми ден од штрајкот со глад на некои "лавови" Припадниците на расформираната единица за брзи интервенции ?Лавови" кои веќе седми ден штрајкуваат со глад пред седиштето на МВР, барајќи вработување, во текот на вчерашниот ден добија поддршка од повеќе од 450 граѓани, во рамките на акцијата ...

"Лавовите" собираат потписи од граѓаните, но го продолжуваат штрајкот со глад

Дневник - 17.06.2003

ПО ШЕСТ ДЕНА ШТРАЈК ПРЕД МВР Акција за собирање потписи од граѓаните за поддршка на 170-те припадници на расформираната Единица за брзи интервенции "Лавови" кои веќе шести ден пред МВР штрајкуваат со глад почна вчера на плоштадот Македонија во Скопје.

Потписи за поддршка на „Лавовите“

А1 - 16.06.2003

Решени да добијат вработување поранешните „Лавови“ го продолжуваат штрајкот со глад пред МВР, додека на плоштадот „Македонија“ започна собирање потписи од граѓаните во знак на поддршка. Поради прегладнетост и жешкото време, неколкумина од штрајкувачите се хоспитализирани.

Од денеска на плоштадот „Македонија" потписи за поддршка

Утрински - 16.06.2003

Шести ден од штрајкот со глад на „лавовите" пред МВР Припадниците на расформираната единица за брзи интервенции ?Лавови" кои веќе шести ден штрајкуваат со глад пред седиштето на МВР од денеска на плоштадот ?Македонија" ќе почнат со собирање потписи од граѓаните за нивна поддршка.

"Лавовите" од денеска ќе бараат поддршка од граѓаните

Дневник - 16.06.2003

по пет дена ШТРАЈК СО ГЛАД "Лавовите" што пет дена штрајкуваат со глад велат дека имаат сознанија дека од МВР се испратени телеграми до полициските станици со кои се бара од нивниот состав да се пополнат испразнетите места во два баталјона од каде што всушност тие биле избркани.