TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски: „СДСМ почнува предкампања за референдумот“

А1 - 22.08.2004

СДСМ денеска излезе со нов предлог до опозицијата, откако ВМРО-ДПМНЕ вчера ја одби понудата од власта таа да го одреди датумот за одржување на изборите и побара СДСМ да ги почитува законите. Според сегашните решенија, референдумот за територијална организација би можел да се одржи меѓу 10 ноември и ...

Малиќи: „Референдумот ќе ги врати назад сите процеси во Македонија“

А1 - 22.08.2004

Евентуалното одржување на референдум во Македонија, против новата територијална организација ќе ги врати назад сите процеси и ќе ја одложи реализацијата на Охридскиот договор сметаат првите луѓе од Унијата на албанската интелегенција во Македонија.

Иванов: „Референдумот е облик на директна демократија“

А1 - 22.08.2004

„Референдумот мора да се распише, затоа што потписите се собрани. Власта мора да се соочи со демократското владеење на народот, па затоа референдумот е директна демократија“, изјави Ѓорѓе Иванов професор на Правниот факултет. Атмосферата околу ова прашање се повеќе се вжештува.

Бичиклиски: „Бадинтеровиот принцип не е предвиден при референдум“

А1 - 22.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ со уверување до граѓаните, дека со спроведувањето на референдумот за територијалната поделба во државава, нема да се случи ниту српско, ниту какво било друго сценарио. „Уште еден доказ на паника во нивните редови.

Петров очекува конечната бројка да е над 185.000 потписи

А1 - 22.08.2004

За одржување на референдум до сега се изјасниле вкупно 178.000 граѓани. Иницијаторот на акцијата за собирање на потписи Тодор Петров до утре, кога истекува рокот, очекува да бидат собрани 185.000 потписи. Од вторник, 24-ти август следува работа на Министерството за правда, кога сите собрани потписи ...

Значително се зголемува бројот на собрани потписи

А1 - 21.08.2004

Непосредно пред истекот на рокот за референдум, граѓаните се помасовно го даваат својот потпис за поддршка. Во Подрачните единици на Министерството за правда велат дека изминатава недела значително се зголемил бројот на избирачи кои се потпишале против новата територијалната поделба.

Опозицијата одбива да го одреди денот за изјаснување на граѓаните

А1 - 21.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ не сака да лицитира со датата кога треба да се организира референдумот за територијалната организација. Со ова опозицијата ја одбива понудата на СДСМ, да го одреди денот за изјаснување на граѓаните. „ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека законските одредби се многу јасни, експлицитни и она што го ...

Власта го прифаќа терминот што ќе го изберат иницијаторите на референдумот

Вест - 21.08.2004

СДСМ ПОБАРА ДОГОВОР ЗА ДАТУМОТ НА ОДРЖУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И во СДСМ и во Владата минатата недела се размислувало да се даде поддршка за референдум дури и ако не успеело собирањето на потписите од страна на иницијаторите, соопшти вчера потпретседателката на СДСМ ...

ВМРО - ДПМНЕ: Стево Пендаровски да се смени заради фер референдум

Вест - 21.08.2004

ВМРО - ДПМНЕ по четврти пат побара неотповиклива оставка од претседателот на ДИК Стево Пендаровски заради фалсификатот на претседателските избори. Тие сметаат дека императив за одржување фер референдум е оставка на Пендаровски или негова смена и поставување претседател на ДИК чиј морален интегритет ...

Претстои вистинската битка за опстанок на општините

Време - 21.08.2004

ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА НЕ ПРИФАЌА СКРАТЕНИ РОКОВИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ Лидерите на здружената опозиција не го прифаќаат предлогот на премиерот Хари Костов да се скратат роковите за одржување на референдум, оти ќе немаат доволно време да се подготват.

ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на граѓаните и побара уште потписи

Време - 21.08.2004

ПО УСПЕХОТ НА ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ВМРО-ДПМНЕ јавно им се заблагодари на граѓаните што се потпишаа за иницијативата за референдум за задржување на досегашната територијална организација за која завчера беа собрани над 150.000 потписи.

Со референдумот ќе почне распадот на Македонија

Време - 21.08.2004

АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ Сотир Ристо Референдумот против новата територијална организација нема да биде успешен, а евентуалниот успех би значел почеток на крајот на Македонија. Се претендира дека референдумот е против територијалната организација, но во суштина тој е против ...

Опозицијата да одбере датум за референдумот

Време - 21.08.2004

СДСМ ПОВИКУВА Ги повикуваме иницијаторот, Светскиот македонски конгрес, и опозицијата, да се договорат за точниот датум на претстојниот референдум во септември и јавно да го соопштат. Тоа во СДСМ ќе го прифатиме, со што ќе ги отфрлиме критиките на опозициските партии дека власта го попречувала ...

Опозицијата не прифаќа промена на роковите за референдум

Вест - 21.08.2004

НЕМА ДОГОВОР ЗА ДАТУМОТ ЗА ГЛАСАЊЕ ПРОТИВ НОВАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДРЖАВАТА Измената на роковите би претставувало упад во граѓанската иницијатива за распишување референдум против новата територијална поделба, изјави вчера Тодор Петров Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски ...

Од правниот лавиринт се излегува со политички консензус

Време - 21.08.2004

РЕФЕРЕНДУМ ПРЕД ИЛИ ПО ИЗБОРИТЕ? Диана Младеновска Александра М.Митевска Владата создава непотребна забуна со најавата за забрзување на роковите за одржување на референдум за задржување на досегашната територијална организација на државата, сметаат правните експерти.

Референ бум

Вест - 21.08.2004

Зошто да плаќаме данок кога си имаме јазик? 1 Нешто не е во ред. Власта е супер, Бранко е супер, законот е супер, странците се супер, а сепак се собраа 150 илјади потписи. Кој ќе биде виновен сега што ќе мора да се распише референдум? Народот што Бранко го кодошеше во Брисел!? Ќе мора Љубчо да се ...

Бадинтеровото правило не важи кога се собрани 150 илјади потписи

Утрински - 21.08.2004

Експертите ја отфрлаат дилемата на ДУИ за евентуалната употреба на т.н. Бадинтерово мнозинство при одлучувањето за референдумот Десковска: Ова е задолжителен референдум и Собранието нема право да расправа суштински дали да го дозволи овој референдум или не Борис Георгиевски Владејачката Демократска ...

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Пендаровски за фер референдум

Утрински - 21.08.2004

Најголемата опозициска партија се заложи за заминување на претседателот на ДИК Пендаровски: Мојот натамошен ангажман не може да зависи од ставовите на политичките субјекти кои вината за изборните резултати ја бараат на погрешно место ВМРО-ДПМНЕ вчера уште еднаш побара оставка или смена на ...

СДСМ сигурен дека референдумот нема да успее

Утрински - 21.08.2004

Потпретседателката на Владата, Радмила Шекеринска, најавува целосна поддршка за организација на граѓанското изјаснување Во случај да се бара од пратениците во Собранието да гласаат за распишување референдум, парламентарците на СДСМ ќе гласаат за таквата одлука, најавува потпретседателката на ...

Референдумот на 31 октомври?

Утрински - 21.08.2004

Владата бара модус за скратување на роковите за референдумот, опозицијата е за нормална процедура Државен законодавен референдум за територијалната организација на Македонија и на Скопје, со евентуално скратување на законските рокови, најверојатно, ќе се одржи на крајот на октомври, а како можен ...

Опозицијата бара редовни рокови за референдумот

Утрински - 21.08.2004

Блокот опозициски партии го отфрли предлогот на премиерот Хари Костов Правото на вето на етничките заедници може да се примени само во случаи кога одлуката на пратениците се однесува на идентитетот, националните и културните особености на заедницата СаШко Димевски Четири дена пред крајот на ...

Мора да се спречи етничката кантонизација

Дневник - 21.08.2004

ИнтервЈу: ТОДОР ПЕТРОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СВЕТСКИот МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Спроведувањето на босанскиот модел во нашата земја почна со наводната размена на население и на територии во 2001 година, а бидејќи тоа не се оствари, продолжението на приказната е проектот за новата територијална поделба Откако се ...

Опозицијата нека каже кога

Дневник - 21.08.2004

СДСМ СДСМ вчера им понуди на иницијаторите на референдумот против новата територијална организација самите да го определат датумот на изјаснувањето на граѓаните. Владејачките социјалдемократи во Собранието на РМ ќе го поддржат распишувањето на референдумот без какви и да е оспорувања.

Оставка на претседателот на ДИК

Дневник - 21.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ инсистира Ако претседателот на Државната изборна комисија не поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе бара Собранието да го разреши Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, бара неотповиклива оставка од претседателот на Државната изборна комисија Стево Пендаровски бидејќи смета дека тој не може ...

Ахмети ќе удри вето?

Дневник - 21.08.2004

ДУИ се заканува со бадинтер Додека експертите се двоумат, СДСМ стравува дека повикувањето на формулата за двојно гласање ќе ги зголеми тензиите Демократската унија за интеграција (ДУИ), искористувајќи ја Бадинтеровата формула, ќе се обиде да стави вето на референдумот за задржување на постојните ...

Државата ќе биде една изборна единица

Дневник - 21.08.2004

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Референдумот за Законот за територијалната организација, ако биде распишан, најверојатно, ќе се спроведе исто како и вонредните претседателски избори, а државата ќе биде една изборна единица со 34 општински комисии и 2.973 гласачки места, велат во ДИК.

Заокружување на државата

Дневник - 21.08.2004

Уводник - Злате Лозановски Сега е најважно Македонија да покаже дека е држава, дека и во неа - како и во државите во чие друштво тежнее да се најде - може да се организира референдум, нешто што таму каде што бараме да не примат е речиси секојдневие.

Трет обид

Дневник - 21.08.2004

филиппетровски Ништовни се заканите дека ако успее овој референдум, Албанците ќе го активирале својот референдум за Илирида. Ако за сите важат истите закони, ќе треба да излезат мнозинството од избирачите, а од нив повеќето од половина да гласаат Во 1996 година тогашната опозиција се обиде со ...

Битка за референдум

Дневник - 21.08.2004

по собраните 150.000 потписи Собранието е должно да го распише референдумот и тоа не може да го попречат пратениците од етничките заедници, тврдат во здружената опозиција Првата битка против новата територијална организација граѓаните ја извојуваа преку собирањето повеќе од 150.000 потписи, втората ...

ВМРО-ДПМНЕ бара смена на претседателот на ДИК

А1 - 20.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ бара неотповиклива оставка од претседателот на Државната изборна комисија Стево Пендаровски, затоа што учествувал во фалсификувањето на претседателските избори. Ако Пендаровски остане на оваа функција кога граѓаните ќе се изјаснуваат против законот за територијалната поделба на ...

Шекеринска: „Власта ќе го прифати терминот за референдум“

А1 - 20.08.2004

Владеачката партија ги повика иницијаторот на референдумот, Светскиот македонски конгрес и опозициските партии што го поддржуваат, да се договорат и јавно да го соопштат датумот на одржување на референдумот, што ќе биде прифатен од страна на СДСМ.

Собрани 158.000 потписи за референдум

А1 - 20.08.2004

158.000 собрани потписи до денеска е официјалната бројка која ја соопшти носителот на иницијативата за организирање на референдум против новата територијална поделба, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

Собрани 150-те илјади потписи за референдум

Вест - 20.08.2004

ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА ОБЈАВИ Опозицијата ги повикува граѓаните и во наредните два дена масовно да ги депонираат своите потписи за референдум, оти власта може да се обиде да оспори дел од потписите Централниот оперативен штаб за поддршка на иницијативата за распишување референдум против новата ...

Локалните избори во јануари?

Време - 20.08.2004

НОВО ОДЛОЖУВАЊЕ НА ГЛАСАЊЕТО Локалните избори повторно ќе се одложат, овојпат за јануари следната година, дознава „Време“ од владини извори. Доколку опозицијата до 23 август ги собере потребните 150 илјади потписи за референдум, Владата на 30 август ќе го коригира Законот за локални избори, за да ...

И опозицијата е за одложување на изборите

Време - 20.08.2004

Претставниците на блокот партии од опозицијата сметаат дека најавените локални избори не може да се одржат во предвидениот рок и оти најразумно решение е кога ќе се одлучува за распишувањето референдум да биде донесена одлука и за одложување на изборите.

Албанците си ги сакаат општините, но не се за Петров

Време - 20.08.2004

АПСУРДНИ РЕАКЦИИ ВО ГОСТИВАРСКО Сунчица Стојановска Ниту еден Албанец од гостиварските општини Вруток, Чегране, Србиново, Неготино-Полошко и Долна Бањица не се потпишал за иницијативата на Светскиот македонски конгрес да се задржи постојната територијална организација.

Собрани повеќе од 150 илјади потписи

Време - 20.08.2004

РЕФЕРЕНДУМ Потребниот цензус од 150.000 потписи за распишување референдум за неменување на територијалната организација е обезбеден, соопшти блокот од политички партии, граѓански здруженија и поединци што ја поддржуваат иницијативата на Светскиот македонски конгрес за одржување референдум.

Успешен референдум - вонредни парламентарни избори

Време - 20.08.2004

ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА НА ИСТА ЛИНИЈА Александра М. Митевска Диана Младеновска Власта и опозицијата конечно застанаа на иста линија - ако успее референдумот против новата територијална организација, власта ќе мора да си го тестира рејтингот на вонредни парламентарни избори.

Изборите напролет?

Вест - 20.08.2004

СДСМ И ЉУБЧО СО НОВА ИЗБОРНА КОМБИНАЦИЈА Одложувањето му одговара на СДСМ поради моментално нискиот рејтинг меѓу населението, а му одговара и на Љубчо Георгиевски оти ќе може да го дискредитира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, за што би требало да биде искористен токму референдумот Локалните избори ...

„Илирида“ ќе се активира доколку успее референдумот!?

Утрински - 20.08.2004

Референдумот против територијалната организација ги мобилизира опозициските партии на Албанците Засега нема сериозна најава за организирање паралелен референдум на албанската заедница во државава Борис Георгиевски Опозициските партии на етничките Албанци во државава - ДПА и ПДП- сметаат дека со ...

Изборите ќе се одложат уште еднаш

Утрински - 20.08.2004

Извесниот референдум повторно ги менува плановите за одржување на локалните избори Собирањето на 150.000 граѓански потписи за референдум, повторно ќе ги одложи локалните избори. Како што дознава †Утрински весник", извесно е дека новите градоначалници и советници ќе се избираат или во декември ...

Собрани 150 илјади потписи за референдум,тврди опозицијата

Утрински - 20.08.2004

Иницијативата на СМК го надмина потребниот број потписи по завчерашните турканици во месните канцеларии Опозицијата типува на собирање 200 илјади потписи за да ја спречи новата територијална организација ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Над 150 илјади граѓани до депонирале својот потпис за поддршка на ...

Коалицијата е цврста иако не се посетуваат

Утрински - 20.08.2004

Владините партнери тврдат дека се хармонизирани односите меѓу СДСМ и ДУИ Мехмети: За референдумот не сме разговарале ниту во партијата, ниту во коалицијата, но јас верувам дека ќе имаме координиран настап ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Дали на референдумот ќе пукне "идилата" меѓу партнерите во владината ...

Изборите во јануари?

Дневник - 20.08.2004

неофициЈално Локалните избори наместо на 21 ноември, ќе се одржат во средината на јануари наредната година, дознава "Дневник". Владини извори потврдија дека собраниската седница на која ќе се расправа за одложувањето на изборите ќе се одржи на 30 август.

Ако не успее овој власта ќе прави нов референдум!

Дневник - 20.08.2004

СДСМ И ЛДП сакаат по секоЈа цена да го тестираат законот Територијалната поделба предизвика незадоволство, па Законот мора да го провериме на референдум, вели висок владин функционер Референдум за Законот за територијалната организација ќе има, независно дали здружената опозиција ќе го собере ...

Власта и без потписи да овозможи референдум

Дневник - 20.08.2004

ПОРАКА ОД трифун КОСТОВСКИ Ако досега Струга се идентификуваше со поезијата, сега овој град стана синоним на отпорот, рече претседателот на Ракометната федерација на Македонија Трифун Костоски, на завчерашното отворање на ракометниот турнир.

Стружани во редици за потпис

Дневник - 20.08.2004

РЕФЕРЕНДУМ Во месната канцеларија во Струга се собрани 9.000 потписи од граѓаните за иницијативата за распишување референдум за враќање на старата територијална организација во земјава. Вчера се собрани околу четиристотини потписи, а редица граѓани чекаа трпеливо за потпис.

Собрани 150.000 потписи!

Дневник - 20.08.2004

опозициЈата Ја исполни нормата, но АКЦИЈАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМ НЕ ЗАПИРА По 30 дена од предавањето на потписите во Собранието, треба да се распише референдумот, кој ќе се одржи во рок од 90 дена Собрани се 150.000 потписи за распишување референдум за враќање на старата територијална организација, но ...

Собрани потребните 150.000 потписи

А1 - 19.08.2004

До денеска 150.000 граѓани го дадоа својот потпис за иницијативата за одржување на референдум против новата територијална поделба. За здружениот опозициски блок кој ја соопшти оваа информација ова значи победа на граѓаните на Македонија, но тие повикаа потпишувањето да не престане туку да биде уште ...

ДУИ: „Одлуката за референдум да се донесе со Бадинтерово мнозинство“

А1 - 19.08.2004

Се поизвесниот референдум ги разбранува партиите на власт. По предлогот на Костов да се скусат роковите за негово одржување и партијата на Ахмети излезе со своја иницијатива. Во ДУИ била разгледувана идејата, одлуката за распишување на референдум собранието да ја донесе со т.н.

Ако се соберат потписите, не мора да се чекаат 60 дена за референдум

Вест - 19.08.2004

ПРЕМИЕРОТ РАЗМИСЛУВА ЗА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР ЗА СКРАТУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ "Лично мислам, значи ова е само мој личен став а не на Владата, дека ако биде успешно собирањето на потписите, би било добро тие рокови од 60 и 90 дена да се скратат, се разбира ако постои согласност од сите ...

Трајанов: Не заговарам референдум поради политички, туку поради патриотски побуди

Време - 19.08.2004

СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ БАРИТОН ВЛЕГУВА ВО ПОЛИТИКАТА? Борис Трајанов, оперски пејач од светски калибар, деновиве интензивно се дружи со опозициските политичари, здружени во блокот на партии, здруженија на граѓани и поединци, кои ја туркаат иницијативата за распишување референдум за уривање на владиниот ...

Владата ќе ги скрати роковите за одржување референдум

Време - 19.08.2004

АКО СЕ СОБЕРАТ 150 ИЛЈАДИ ПОТПИСИ Македонската влада ќе побара скратување на законските рокови за одржување референдум доколку Светскиот македонски конгрес успее да собере 150 илјади потписи. Ова вчера го изјави премиерот Хари Костов, кој додаде дека во зависност од исходот на 23 август, Владата ќе ...

Алиу: Референдумот ќе значи крај за Македонија

Време - 19.08.2004

АЛБАНЦИТЕ ЗА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ Албанците не се рамнодушни на евентуалниот успешен финиш на иницијативата за собирање потписи за распишување референдум против новата територијална поделба. Зголемениот интерес на граѓаните за потпишување и објавувањето на бројката од 120.000 собрани потписи пет дена ...

За референдум се потпишаа 135.000 граѓани

Време - 19.08.2004

„ТРЕТИОТ ПАТ“ БАРА ХУМАНИ УСЛОВИ ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ Околу 135 илјади граѓани до вчера ја потпишале иницијативата за референдум против новата територијална организација, иако Министерството за правда не ги овозможи сите услови за нормално собирање на потписите, изјави Павле Трајанов од коалицијата ...

Кедев ги повика своите гласачи да се потпишат за референдум

Време - 19.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев, пратеник и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од последните претседателски избори, вчера ги повика 330-те илјади избирачи, кои пред неколку месеци гласале за него, да излезат и да ја потпишат иницијативата за одржување референдум за неменување на општинските граници.

Ќе собереме повеќе од 150 илјади потписи

Време - 19.08.2004

ЗДРУЖЕНА ОПОЗИЦИЈА До понеделник ќе собереме повеќе од потребните 150 илјади потписи, бидејќи граѓаните сфатија дека власта ги измами и масовно ја потпишуваат иницијативата за референдум против територијалната организација, рече Ганка Самоилова-Цветановска од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната ...

Костов ќе бара скратување на роковите за одржување референдум

Утрински - 19.08.2004

Доколку опозицијата успее до 23 август да ги собере потребните 150.000 потписи Доколку опозицискиот блок партии успее да ги собере потребните 150.000 потписи за иницијативата на СМК за референдум за останување на старата територијална поделба во државата, премиерот Хари Костов планира да побара ...

Венецуела треба да изврши ревизија на референдумот

Утрински - 19.08.2004

Поради тврдења за измама на референдумот со кој Хуго Чавез остана на власт Џими Картер изјави дека тврдењата на опозицијата се неоправдани КАРАКАС - Изборните власти на Венецуела треба да извршат ревизија на резултатите од неделниот референдум, со кој се потврди останувањето на функцијата на ...

ВМРО - ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори напролет

Утрински - 19.08.2004

Доколку локалните избори се одложат поради совпаѓање со референдумот Во таква ситуација заедно би се одржале и парламентарните и локалните избори Доколку се совпадне тајмингот на локалните избори предвидени за 21 ноември и на оној за референдум за задржување на постојните 123 општини, и се отиде на ...

Досега се собрани 120 илјади потписи за референдум

Утрински - 19.08.2004

Според опозицијата Опозицијата тврди дека потписите ќе бидат собрани По иницијативата за организирање референдум за поништување на усвоениот Закон за територијална организација на државата, досега се потпишале над 120 илјади граѓани, тврдат организаторот и опозицискиот блок.

Референдумот и локалните избори во цајтнот

Дневник - 19.08.2004

НЕПРИЈАТНО СОВПАЃАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ РОКОВИ Ако дојде до референдум, пожелно е со партиски договор да се скратат роковите и тој да се одржи пред локалните избори, вели премиерот Костов Ако успее иницијативата за референдум, треба или да ги скратиме роковите за неговото одржување или повторно да ги ...

Ситно до референдум

Дневник - 19.08.2004

КАНЦЕЛАРИИТЕ НА ПРАВДА ПОД ОПСАДА Досега се собрани 125.000 потписи, но има доволно време до 23 август да се соберат многу повеќе од потребните 150.000, тврди опозицијата Една канцеларија и една службеничка. Дури и во такви отежнати услови, какви што создаде Министерството за правда за жителите на ...

Зачестија заканите за отцепување на Албанците

Дневник - 19.08.2004

АКО УСПЕЕ РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ОПШТИНИТЕ ДПА повтори дека охридскиот договор е ништовен и дека сите опции се на маса ако Македонците и Албанците не почнат дијалог за нов договор Се поизвесно е дека албанските опозициски партии ќе распишат референдум за отцепување на дел од западна Македонија ако успее ...

Собрани потребните 150.000 потписи за референдум

Канал5 - 19.08.2004

Собрани повеќе од 150 илјади потписи за граѓанската иницијатива за референдум против новата територијална поделба на македонските општини, ова е информацијата на Здружената опозиција, според која неофицијално денеска е пробиен прагот од 150 илјади.

РЕФЕРЕНДУМОТ ПРОТИВ ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ГИ ОДЛАГА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Канал5 - 19.08.2004

Власта најверојатно ќе се реши за одлагање на локалните избори за почетокот на иднината година.. Од владеачката коалиција тврдат дека тоа е логична последица на законските рокови за организирање референдум и локални избори.. Одлуката не е дефинитивна, но Власта најверојатно ќе се реши за одлагање ...

Здружената опозиција оптимисти дека ќе ги соберат потписите

А1 - 18.08.2004

Денес од населбата Ѓорче Петров лидерите на блокот политички партии, здруженија и поединци повикаа Скопјани масовно да излезат и да се потпишат за иницијативата за референдум против законот за новата територијалната поделба на Република Македонија.

Ако има референдум ќе се одложат локалните избори

А1 - 18.08.2004

Евентуалното собирање на 150.000 потписи за референдум, најверојатно ќе ги одложи локалните избори, велат за А1 правни експерти. Иако законот не предвидува ваква обврска, пожелно би било власта да ги одложи изборите, зашто успешниот референдум ќе значи и враќање на старите општински граници, со што ...

Граѓаните помасовно ја поддржуваат иницијативата за референдум

А1 - 18.08.2004

Граѓаните се помасовно ја поддржуваат иницијативата за референдум и секој ден се соборува рекордот на собрани потписи од претходниот ден, велат претставниците на Здружената опозиција. И покрај опструкциите од страна на власта, тие се убедени дека до 23 ти август ќе бидат собрани повеќе од ...

ДПМНЕ: „Власта не смее да брза со одржувањето на локалните избори“

А1 - 18.08.2004

Според опозиционата ВМРО-ДПМНЕ власта не смее да брза со одржувањето на локалните избори. Во одложување на изборите опозицијата гледа повод за одржување и на вонредни парлементарни избори. „Ја користам оваа прилика да го упатам уште еднаш апелот и до владеачката коалиција, да не брза со ...

Во Прилеп таксистите возат бесплатно за потпис

Вест - 18.08.2004

РЕДИЦИ ПРЕД ПОДРАЧНИТЕ ЕДИНИЦИ И НИЗ МАКЕДОНИЈА Последниве неколку дена низ повеќето македонски градови бројот на луѓе што се потпишуваат за распишување референдум бил двојно зголемен. Нашите дописници од поголемите градови во земјава јавуваат дека пред подрачните единици на Министерството за ...

Битолчани собрале 11.300 потписи

Време - 18.08.2004

РЕФЕРЕНДУМ Претставниците на СМК и битолските активисти на ВМРО-ДПМНЕ вчера почнаа отворени средби со граѓаните за собирање потписи за референдумот против територијалната поделба. - Имаме собрано 11.300 потписи. Во Битола немаме забелешки за работата на службениците од Министерството за правда, а ...

И Албанците да се потпишат на иницијативата за референдум

Време - 18.08.2004

ОПОЗИЦИСКИОТ БЛОК АПЕЛИРА И граѓаните на Република Македонија од албанско етничко потекло треба масовно да се потпишат на иницијативата за референдум против новата територијална организација - порача вчера Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес.

Во Скопје двојно зголемени редиците за потписи

Вест - 18.08.2004

ОСТАНУВААТ УШТЕ ПЕТ ДЕНА ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ Скопјани последниве неколку дена помасовно излегуваат да го дадат својот потпис за распишување референдум против новиот Закон за територијална организација на земјата.

Таксистите возат бесплатно за потпис за референдумот

Време - 18.08.2004

ПРИЛЕП Прилепските такси-компании „Милениум“, „Стела“ и „Лорд“ ќе ги возат без пари сите што одат во подрачната единица на Министерството за правда за да се потпишат за референдумско изјаснување. Компаниите на тој начин се вклучија во иницијативата на СМК за собирање потписи.

Собрани 120.000 потписи за распишување референдум

Вест - 18.08.2004

ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА ТВРДИ: Светскиот македонски конгрес поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената должност против министерот за правда Иџет Мемети и против Измир Ајази, претседател на Подрачната единица на Министерството во Струга Досега околу 120.000 граѓани се потпишале во подрачните ...

Досега собрани 112.000 потписи за референдум

Утрински - 18.08.2004

Опозицијата задоволна од текот на граѓанската иницијатива Тодор Петров е сигурен дека неопходните 150.000 потписи ќе бидат собрани до крајниот термин - 23 август Нема разлика меѓу бројката на собраните потписи за референдум што го презентира здружената опозиција и онаа што ја соопштува ...

До 23 август повеќе од 150.000 потписи

Дневник - 18.08.2004

ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА ВО ОФАНЗИВ Десет илјади активисти агитираат кај граѓаните за да се потпишат Потребните 150.000 потписи сигурно ќе бидат собрани до 23 август, кога истекува рокот, и дека потоа ќе биде распишан референдум за укинување на законите за територијалната организација и за Градот ...

КЕДЕВ БАРА ПОМАСОВНА ПОДДРШКА НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМ

Канал5 - 18.08.2004

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев ги повика 330-те илјади избирачи кои на вонредните претседателски избори го дадоа својот глас за него да излезат и да ја потпишат иницијативата за одржување референдум за неменување на оп Пратеникот и член на Извршниот комитет на ...

Костов предлага скратување на роковите за одржување референдум ако успее иницијативата за собирање 150 000 потписи

Канал5 - 18.08.2004

Премиерот Хари Костов предлага скратување на роковите за одржување референдум ако успее иницијативата за собирање 150 илјади потписи.. Премиерот нуди таква варијанта за да не се одлагаат одново локалните избори.. Законот за референдум и граѓанска иницијат Премиерот Хари Костов предлага скратување ...

ВМРО-ДПМНЕ апелира за поддршка на референдумот

А1 - 17.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува изјавите на високи претставници на ДИУ за обединување на сите Албанци во една држава и ги повикува граѓаните масовно да излезат на референдум и да ја спречат поделбата на Република Македонија, изјави портпаролот на оваа партија Александар Бичиклиски.

Собрани 113.000 потписи за референдум

А1 - 17.08.2004

До пред една недела разочараната поради малиот одзив на граѓаните, здружената опозиција денеска оптимистички расположена изјави дека е сигурна оти ќе собере и повеќе од потребните 150.000 потписи. Аргумент за ова според опозицијата се околу 113.000 досега потпишани граѓани.

САД не ги призна резултатите од референдумот во Венецуела

А1 - 17.08.2004

САД денеска ги одбија резултатите од референдумот во Венецуела, на кој е потврден претседателскиот мандат на Уго Чавез, барајќи хитна истрага по повод обвинувањето од страна на опозицијата за изборна кражба. Поздравувајќи ги напорите на набљудувачите на „Картеровиот центар“ на поранешниот ...

Жалбите на СМК се неосновани

Време - 17.08.2004

ВЛАДА Владата ги отфрла шпекулациите за попречување на иницијативата за собирање потписи за распишување на референдумот против територијалната поделба. На вчерашната седница Владата го отфрли и барањето на Светскиот македонски конгрес, иницијатор на референдумот, за отворање нови месни канцеларии ...

Нема нови канцеларии за потписи

Вест - 17.08.2004

ВЛАДАТА СЕ ОГЛАСИ ЗА ОДЗИВОТ ЗА РЕФЕРЕНДУМ Заменик министерот за правда Тања Алтанџиева објави дека до сега се собрани околу "100.000 и некои стотина илјади потписи" Министерството за правда нема да отвори нови канцеларии за собирање потписи за референдум, зашто тие детаљи биле договорени уште во ...

Венецуелците решија: Чавез останува претседател

Вест - 17.08.2004

Илјадници приврзеници на Чавез пред претседателската палата ја поздравија неговата победа. Венецуелците масовно излегоа на референдумот и чекаа дури и по 12 часа да гласаат на гласачките места КАРАКАС (АП) - Претседателот Хуго Чавез го преживеа народниот референдум за негово сменување во гласањето ...

Редици за потпис за референдум

Утрински - 17.08.2004

Опозицијата организирано го зголемува одѕивот на граѓаните за собирање потписи за изјаснување против новата територијална организација Последните неколку денови и особено вчера е зголемен бројот на граѓаните кои го ставаат својот потпис на иницијативата за распишување референдум против новото ...

Не е потребно создавање нервоза кај граѓаните

Утрински - 17.08.2004

Владата не отвора нови места за собирање потписи Владата одлучи да не се зголеми бројот на местата за собирање потписи за иницијативата за референдум на СМК, бидејќи законски е определено тие да се утврдат три дена пред да почне постапката.

Во регионалните центри дневно се потпишуваат по 200 граѓани

Утрински - 17.08.2004

Се зголемува интересирањето на граѓаните за поддршка на иницијативата за референдум Во Струмичко досега се собрани околу 3.500 потписи за распишување референдум, а во Куманово бројката достигна до 2.500 ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА - САШКО ДИМЕВСКИ Во текот на вчерашниот ден се интензивира собирањето потписи ...

Опозицијата ги бара Груевски и Георгиевски

Дневник - 17.08.2004

ВО ЕКОТ НА АКЦИЈАТА ЗА ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ Партнерите во здружената опозиција одново се незадоволни од ангажманот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во акцијата за собирање потписи за референдум против новата територијална организација.

Глигоров е за референдум,ама не е за опозицијата

Дневник - 17.08.2004

ПО ПРОЗИВКАТА НА ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Поранешниот претседател уште пред три години повика на референдум за уставните промени направени врз основа на охридскиот договор Киро Глигоров не сака да и одговори на здружената опозиција, која го повика да се изјасни за новата територијална организација на ...

Граѓанско мирување, удар, движење?

Дневник - 17.08.2004

Став - Димитар Мирчев Премиерот отишол во Облешево и им понудил референдум, што било договорено некаде во Владата; ама, не ги прашал чешиновци. А, не дај боже, да им го понудел тоа на оние од Струга, Кичево или од Маврово Жешкото топло лето заврши. Државата ни е прекроена и скроена.

Уште 30.000 потписи кои треба да бидат собрани до понеделник недостасуваат за да успее иницијативата за одржување ...

Канал5 - 17.08.2004

Денешната бројка што ја соопшти претседателот на Светскиот Македонски Конгрес е 120.000.. Вели дека во текот на вчерашниот ден се потпишале рекордни 10 илјади и 500 граѓани.. Од Министерството за правда велат дека заклучно со вчера на листите се п Денешната бројка што ја соопшти претседателот на ...

Хуго Чавез останува на функцијата

А1 - 16.08.2004

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез победи на референдумот на кој гласачите се изјаснуваа дали тој да го продолжи мандатот или предвремено да ја напушти функцијата, јавија агенциите. За останување на Чавез, според првичните податоци на изборната комисија се изјасниле 58.25 насто од избирачите, а ...

Петров: „Убеден сум дека ќе ги собереме потребните потписи“

А1 - 16.08.2004

„Ги повикуваме и охрабруваме граѓаните од ништо да не се плашат и да веруваат дека со влегувањето на оваа граѓанска иницијатива во Собранието на РМ, успешно ќе биде реализиран референдумот“, изјави претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

Скопјани масовно да се потпишат за референдумот

Време - 16.08.2004

АПЕЛ НА ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА Скопјани масовно да се потпишат на иницијативата за референдум против територијалната поделба, апелира вчера здружената опозиција. - Ги повикувам моите сограѓани да не се однесуваат велеградски, туку да покажат солидарност, како што светот покажа кон Скопје по ...

Ајази: Петров се служи со полувистини

Време - 16.08.2004

СТРУШКИОТ НАЧАЛНИК СО КОНТРАОБВИНУВАЊЕ По обвинувањето од Тодор Петров дека ги фатил надлежните во струшкото одделение на Министерството за правда како ги крадат потписите за распишување референдум, со допис се јави началникот на тоа одделение Измир Ајази, кој тврди дека претседателот на Светскиот ...

Уште седум дена за собирање потписи за референдум

Вест - 16.08.2004

Блокот на политички партии, граѓански здруженија и поединци вчера ги повика граѓаните следните седум дена да ги дадат своите потписи за одржување на референдум. Тие се се пофалја дека во саботата откако е започната иницијативата за одржување референдум биле собрани најмногу потписи.

Опозицијата го повика Киро Глигоров да се изјасни

Утрински - 16.08.2004

Ќе се соберат ли неопходите 150.000 потписи за распишување референдум Досега се собрани околу 100.000, а неделава треба да се соберат уште 50.000 потписи Блокот опозициски партии, асоцијации и граѓани, вчера го повика поранешниот претседател Киро Глигоров да се изјасни дали е за новата ...

Скопје ќе го реши референдумот

Дневник - 16.08.2004

ОПОЗИЦИЈАТА МОБИЛИЗИРАНА Психолошката граница од 100.000 потписи е веќе надмината и до истекот на рокот сигурно ќе ги собереме сите, вели Павле Трајанов Водачите на здружената опозиција вчера ги повикаа граѓаните на Скопје масовно да се потпишуваат за иницијативата за референдум против ...

Исчезнале потписи за референдумот

Дневник - 16.08.2004

КРАЖБА ВО ОХРИД Некој ги украл потписите за референдум и надлежните брзо треба да откријат кој го сторил тоа, реагираат граѓани на Охрид. Никола Шишковски, Љупчо Славевски, Игор Колевски и Никола Верговски уште пред пет месеци се потпишале на иницијативата на СМК за распишување референдум против ...

Власта подготвува нов фалсификат

Дневник - 16.08.2004

ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА ВО КУМАНОВО По пописот на населението и претседателските избори, власта се подготвува да изврши нов фалсификат на волјата на граѓаните против новата територијална поделба, обвини Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз, на прексиноќешниот митинг на здружената опозиција во ...

ВЕНЕЦУЕЛСКАТА ОПОЗИЦИЈА НЕ ГИ ПРИЗНАВА ОФИЦИЈАЛНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ

Канал5 - 16.08.2004

Опозицијата во Венецуела одби да ги признае резултатите од референдумот, според кои се признава победата на претседателските избори на Хуго Чавез, изјави портпаролот на опозицијата Хенри Рамос Алуп. "Јасно и категорично ги отфрламе резултатите, Опозицијата во Венецуела одби да ги признае ...