TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За 2 недели ќе нема САРС во светот

Вест - 28.06.2003

БАНГКОК, 28 јуни, (Ројтерс) - Светската здравствена организација соопшти вчера дека светот би требало да се ослободи од смртоносниот вирус на САРС во текот на наредниве две или три недели, но, предупреди дека болеста би можела повторно да се појави во Кина наредната зима.

САРС-от ќе исчезне за две -три недели

А1 - 27.06.2003

Светската здравствена организација денеска соопшти дека смртоносниот вирус на атипичната пневмонија (САРС) ќе исчезне за две до три седмици, но предупреди дека болеста може повторно да се појави во Кина следната зима. Директорот на Одделот за болести што се пренесуваат преку воздух Дејвид Хејман ...

Кинезот во Солун не е болен од САРС, но има уште 9 сомнителни случаи во Драма

Дневник - 27.06.2003

ТРЕВОГА ВО ГРЦИЈА Резултатите од вториот молекуларен тест покажаа дека кинескиот стопанственик хоспитализиран во болница во Солун со симптоми на САРС, не е болен од тешкиот акутен респираторен синдром, но има уште девет сомнителни случаи во Драма, јави МИА.

Кинескиот бизнисмен во Солун нема САРС

А1 - 26.06.2003

Германските експерти за тропски болести во Хамбург утврдија дека тестовите за проверка на САРС кај кинескиот бизнисмен, кој пред три дена беше хоспитализиран во Солун, се „негативни“, откако грчките првични тестови во болницата Папаниколау се покажаа за „позитивни“.

Кинез со симптоми на САРС во болница во Солун

Дневник - 26.06.2003

НОВА ТРЕВОГА ВО ГРЦИЈА Кинески стопанственик на пат низ Европа е префрлен во болница во грчкиот град Драма со симптоми на тешкиот акутен респираторен синдром САРС, јави Ројтерс. Кинезот заминал од Шангај на 14 јуни и во следната недела ги посетил Франкфурт, Милано, Грац, Рим и Атина.

Прв случај на САРС во Грција?

А1 - 25.06.2003

Попладнево ќе бидат познати анализите на германските експерти за тропски болести во врска со првиот регистриран случај на САРС во Грција, најави грчкиот министер за здравство Костас Стефанис. Стефанис, како што јави агенцијата ДПА, синоќа соопшти дека првиот тест на САРС кај еден кинески бизнисмен ...

И Пекинг ја доби војната со САРС

Дневник - 25.06.2003

ЕДЕН ДЕН ПО ХОНГ КОНГ Светската здравствена организација вчера соопшти дека Пекинг повеќе не се смета за жариште на тешкиот респираторен синдром САРС и ја укина препораката да не се патува во главниот град на Кина, јави Ројтерс.

САРС-от стивна, може да се патува во Пекинг

Утрински - 25.06.2003

Одлука ПЕКИНГ - Светската здравствена организација вчера објави дека кинескиот главен град е безбеден од ширењето на САРС и ги крена предупредувањата за забрана за патување во градот, што предизвика излив на радост. Пекинг беше последната област во светот која беше на листата на СЗО за забрана од ...

СЗО го симна Пекинг од САРС листата

Вест - 25.06.2003

Женева, 25 јуни - Светската здравствена организација вчера соопшти дека го укинува предупредувањето да не се патува во Пекинг поради вирусот на тешкиот акутен респираторен синдром-САРС. На "црниот список" на Организацијата беше останат само главниот град на Кина, откако во изминативе денови беа ...

Хонг Конг го победи вирусот

Дневник - 24.06.2003

сарс Двајца постари жители на Торонто вчера починале по долга борба со вирусот САРС, со што билансот на починати од смртоносната пневмонија во канадскиот главен град се искачи на 38, јави Ројтерс. Министерот за здравство на провинцијата Онтарио, каде што спаѓа и Торонто, изјави дека починатите се ...