TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Разрешен надзорниот одбор на ЕЛЕМ, Чингоски бил чист

А1 - 06.05.2007

Директорот на Државните електрани Влатко Чингоски ја доби битката со надзорниот одбор во финансиската афера во компанијата. Владата вечерва го разреши седумчлениот состав на надзорниот одбор. Утврдила дека тие ги пречекориле своите овластувања. Чингоски бил чист.

Владата денеска ќе расправа за случајот Чинговски - Надзорен одбор во ЕЛЕМ

Канал5 - 06.05.2007

Владата на Република Македонија на денешната седница ќе го разгледа случајот со генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АД „Електрани на Македонија“ Влатко Чингоски за обвинувањето од страна на Надзорниот одбор за наводно трошење на 500 илјади евра од касата на ЕЛЕМ.

Владата ќе истражува кој е одговарен за аферата во државните електрани

А1 - 05.05.2007

Кој ќе одговара за финансиската афера во државните електрани, директорот Чинговски за малверзации, или Надзорниот одбор во компанијата за хајка против него, владата ќе истражува на идната седница. Побарани се дополнителни информации, владини извори велат дека никој нема да биде поштеден, а ...

Владата не признава дека финансиска афера ја тресе државната компанија ЕЛЕМ

Канал5 - 05.05.2007

Владата не признава дека финансиски скандал ја тресе државната компанија Електрани на Македонија. Владини извори тврдат дека првиот човек на ЕЛЕМ Влатко Чингоски е чист. Владата не признава дека финансиски скандал ја тресе државната компанија Електрани на Македонија.

Не трошевме на спонзорства, туку им позајмивме на нашите подружници

Време - 05.05.2007

ЧИНГОВСКИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА ОД НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ЕЛЕМ Половина милион евра се потрошени како заеми на подружниците на ЕЛЕМ, а не за спонзорства. Ова е одговорот на Влатко Чинговски, директорот на ЕЛЕМ на обвинувањата на неговиот надзорен за потрошени пари за спонзорства.

Владата ќе бара отчет од Чингоски за потрошените пари од ЕЛЕМ

Утрински - 05.05.2007

Од сметката на ЕЛЕМ се земени 500.000 евра. Парите, наводно, се дадени за струја на цркви, манастири, деца на бранители... МАЈА ТОМИЌ Директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски вчера призна дека од сметката на компанијата во изминатите шест месеци, откако е тој на ова раководно место, извлекол половина ...

ЕЛЕМ трошел наменски

Вест - 05.05.2007

ДИРЕКТОРОТ НА ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА СЕ ПРАВДА Директорот на ЕЛЕМ и претседател на Управниот одбор Влатко Чингоски вчера изјави дека не се плаши од смена, зашто не направил грешка во работењето, а половината милион евра се плански потрошени Директорот на ЕЛЕМ и претседател на УО Влатко Чингоски ...

ЕЛЕМ им позајмил половина милион евра на своите хотели

Дневник - 05.05.2007

Им позајмивме 500.000 евра на хотелите, тврди Управниот одбор на АД „Електрани на Македонија“ по обвинувањата од Надзорниот одбор дека директорот Влатко Чингоски потрошил 27 милиони денари за репрезентација. Чингоски вчера обвини дека Надзорниот одбор одржал седница зад затворени врати, без ...

Парите се потрошени за плати на вработени

Вечер Прес - 05.05.2007

Директорот на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) вчера потенцираше дека не се плаши од смена бидејќи работел законски Половина милион евра од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) не се потрошени ненаменски за спонзорства и за репрезентации, туку за плати и придонеси на 705 вработени во хотелите, кои се во ...

Чингоски негира дека незаконски трошел пари

А1 - 04.05.2007

По финансиската афера во Државните електрани, тешка половина милион евра, се огласи директорот Чингоски. Го возвраќа ударот врз надзорниот одбор кој го обелодени скандалот. Тврди, тоа е хајка против мене, парите не се потрошени незаконски, туку биле дадени како позајмица на компаниите што се дел од ...

Чингоски негира дека недомаќински трошел пари на ЕЛЕМ

Канал5 - 04.05.2007

Чингоски не се плаши дека директорската фотелја во Електрани на Македонија му е разнишана. Категорично ги отфрла обвинувањата дека недомаќински на спонзорства потрошил половина милион евра. Тврди, Надзорниот одбор води хајка против него и менаџерскиот тим.

Чинговски на тапет во Надзорниот одбор на ЕЛЕМ

Дневник - 04.05.2007

Надзорниот обор на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) бара објаснување од директорот Влатко Чинговски за голема сума потрошена за спонзорства, репрезентација и за други намени, дознаваме од извори во Одборот. Член на Одборот на ЕЛЕМ вчера ни изјави дека во барањето се посочени конкретни случаи на ...

Чингоски казнет за преголемо трошење

Вест - 04.05.2007

НАДЗОРНИОТ ОДБОР ГО ГЛОБИ ДИРЕКТОРОТ НА ЕЛЕМ Надзорниот одбор го прекорил Управниот одбор на ЕЛЕМ зашто друштвото потрошило половина милион евра за репрезентации и спонзорства, дознаваме од извори во ЕЛЕМ. Притоа, директорот на ЕЛЕМ Влатко Чингоски бил парично казнет, а Јасна Давидовиќ, задолжена ...

Чингоски без одобрение трошел државни пари за спонзорства

А1 - 03.05.2007

Финансиски скандал ја тресе фотелјата на директорот на Државните електрани, Влатко Чингоски. Надзорниот одбор утврдил дека директорот Чингоски со пари од компанијата финансирал репрезентации, за што според неофицијалните информации, без одобрение биле потрошени половина милион евра.

Испумпани 500 000 евра од ЕЛЕМ за спонзорства, директорот Чинговски парично казнет

Канал5 - 03.05.2007

Парична казна заработи директорот на државната енергетска компанија ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, неофицијално дознава Канал 5 од извори од надзорниот одбор на компанијата. Парична казна заработи директорот на државната енергетска компанија ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, неофицијално дознава Канал 5 од извори ...