TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бомбардер „Б-52“ се урна на островот Гуам

Утрински - 23.07.2008

Бомбардер „Б-52“ се урна на островот Гуам ХОНОЛУЛУ – Авион-бомбардер „Б-52“ на воздухопловните сили се урна на островот Гуам, при што загинаа најмалку двајца воздухопловци, и започна интензивна потрага по океанот по другите четворица членови на екипажот, јавија воени извори.

Две лица загина при уривање на американски бомбардер Б-52

Канал5 - 22.07.2008

Вашинтон, 22 јули (МИА) - Најмалку двајца членови на екипажот го загубија животот при вчерашното уривање на американскиот бомбардер Б-52 во близина на островот Гуам, соопштија американските воздухопловни сили. Потрагата по останатите членови на екипажот на авионот продолжува.

Се урна „Б-52“

Дневник - 22.07.2008

Американски авион-бомбардер „Б-52“ со шестчлен екипаж, кој требаше да лета по повод Денот на ослободувањето, се урна крај островот Гуам, само петнаесет минути пред почетокот на парадата, јавија светските агенции.

Двајца загинаа при уривање на американскиот авион

Кирилица - 22.07.2008

Островот Гуам слави 21 година од ослободување од јапонска окупација во 1944 година за време на Втората светска војна. Овој остров е под американска контрола од 1898 година и е единствена американска територија, која некогаш била окупирана од некоја странска сила.

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНА ПРИ УРИВАЊЕ НА АМЕРИКАНСКИ БОМБАРДЕР Б-52

Сител - 22.07.2008

Потрагата по останатите членови на екипажот на авионот продолжува. Авионот со шест член екипаж, се урна вчера, на околу 50 километри од северозападниот брег на Гуам, остров во западниот Пацифик.

Б-52 со шестчлен екипаж се урна покрај Гуам

А1 - 21.07.2008

Американски авион-бомбардер Б-52 со шестчлен екипаж се урна покрај островот Гуам, јавија светските агенции. Крајбрежната стража соопшти дека две лица се извлечени од водата, при што засега нема информации за нивната состојба.

Американски бомбардер Б-52 со шестчлен екипаж се урна покрај островот Гуам

Канал5 - 21.07.2008

Хонолулу, 21 јули (МИА) - Американски авион-бомбардер Б-52 со шестчлен екипаж се урна покрај островот Гуам, јавија светските агенции. Крајбрежната стража соопшти дека две лица се извелечени од водата, при што засега нема информации за нивната состојба.

Се урна Б – 52 во водите на Пацификот, шестмина исчезнати

Нетпрес - 21.07.2008

Американскиот бомбардер Б – 52 со, утрово се урнал во водите на западен Пацифик, во близина на островот Гуам. Веднаш по полетувањето, авионот кој летал за американската територија Гуам да учествува на парадата по повод денот на ослободувањето, паднал во океанот.

АМЕРИКАНСКИ БОМБАРДЕР Б-52 СО ШЕСТЧЛЕН ЕКИПАЖ СЕ УРНА ПОКРАЈ ОСТРОВОТ ГУАМ

Сител - 21.07.2008

Крајбрежната стража соопшти дека две лица се извелечени од водата, при што засега нема информации за нивната состојба. Спасувачки екипи од военопоморските сили на САД, крајбрежната стража и локалната противпожарна служба трагаат по останатите четворица членови на екипажот.

Американски воен авион се урнал во Тихиот океан

Кирилица - 21.07.2008

Во водите на Тихиот океан во близина на островот Гуам, се урна Американскиот авион бомбардер Б-52. Крајбрежната стража соопштила дека две лица од шесточлениот екипаж се извелечени од водата. Засега нема информации за нивната состојба, јавуваат светските медиуми.

Се урна Б-52 со шестчлен екипаж

Вечер Прес - 21.07.2008

Американски авион-бомбардер Б-52 со шестчлен екипаж се урна покрај островот Гуам во Тихиот Океан, јавија светските агенции. Крајбрежната стража соопшти дека две лица се извлечени од водата, при што засега нема информации за нивната состојба.