TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ подготвува конгрес во септември

А1 - 17.08.2008

Црвенковски обединителот или Заев реформаторот? СДСМ ќе добие нов лидер на почетокот на септември, тврдат за А1 високи партиски извори. Сегашното раководство на чело со Шеќеринска инсистирало Конгресот да се одржи најдоцна до средината на идниот месец.

Не дадовме поддршка на Црвенковски за Заев

Вечер Прес - 17.08.2008

Не дадовме поддршка на Црвенковски за Заев Либералната партија ги демантира искажувањата на претседателот Црвенковски во неговото последно обраќање дека оваа партија дала поддршка на аболицијата на Заев и непотпишувањето на законите изгласани во Собранието.

Започна конечната пресметка меѓу Црвенковски и Груевски

Утрински - 16.08.2008

Првичните одгласи се дека претседателот настапил во популистички манири и дека тоа е „стариот“ Црвенковски Соња Крамарска Пред два дена, во четвртокот попладнето, пред главните партиски канцеларии на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје одненадеж почнаа да пристигнуваат црни „мерцедеси“ и џипови.

Што ќе му е Македонија на Црвенковски ако тој не владее

Н.Македонија - 16.08.2008

Бранко Црвенковски му објави војна на Никола Груевски. Овојпат го стори тоа без политички обланди за демократија, правна држава, возвишени аспирации. „Допрва ќе те маам“, му порача „државникот“ на „дерлето“.

Различни оценки за ескалацијата во релациите Претседател – Влада

Канал5 - 16.08.2008

Навестувањето на Црвенковски за негово враќање на партиската политичка сцена и тоа како можен ривал на Груевски од опонентната СДСМ отвори различни толкувања – од тоа дека Црвенковски тактизира за да ја покрие аболицијата на Заев, преку предвидувања дека може да ја консолидира СДСМ, до процени дека ...

Не губете време, не се плашам!

Време - 15.08.2008

Ана Велјановска Одлуката за аболиција на струмичкиот градоначалник Зоран Заев е уставна и законска, истакна вчера претседателот на државата, Бранко Црвенковски, одговарајќи на обвинувањата изнесени против него изминативе десетина дена.

Со Груевски ќе се соочам на избори

Време - 15.08.2008

Претседателот Бранко Црвенковски му порача на премиерот Никола Груевски дека ќе му ја исполни желбата да се соочат на избори и однапред му најави голем пораз. - Ќе се соочиме, но не на претседателски, туку на парламентарни избори, без оглед на тоа кога ќе се одржат.

Ќе се видиме на парламентарни избори

Вест - 15.08.2008

"По завршувањето на претседателскиот мандат наредната година, ќе се вратам во СДСМ и ќе направам се да ја консолидирам партијата, на следните парламентарни избори да ја победи оваа власт", соопшти вчера претседателот Бранко Црвенковски.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш го возврати ударот

Утрински - 15.08.2008

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера се огласи со соопштение по повод прес-конференцијата на претседателот Бранко Црвенковски. „Господине Црвенковски, ниту една партиска книшка и ниту една партиска функција не смее да биде заштита за кого било“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Црвенковски испука политички рафал кон Груевски

Утрински - 15.08.2008

Варди се на парламентарните избори, му порача на премиерот Соња Крамарска Одморен и освежен од летниот одмор во Турција, претседателот Бранко Црвенковски вчера на прес-конференција жестоко возврати на нападите кои во изминатите денови дојдоа од страна на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и партискиот ...

Не трошете залудно пари и енергија за да ме уплашите!

Н.Македонија - 15.08.2008

Ќе се соочиме на избори, ама не на претседателските, како што вие сакате, бидејќи на нив и не можете да учествувате, туку на парламентарните, кога и да се одржат.

СДСМ во исчекување, што значеше вчерашната порака од Црвенковски до Груевски?

Канал5 - 15.08.2008

Исчекување во СДСМ по вчерашната најава на Црвенковски дека ќе се соочи со Груевски на следните парламентарни избори – навести ли Црвенковски враќање на лидерската палка во опозициската СДСМ - ќе извиси ли Заев - раководството на СДСМ е на одмор а коментарите одат во иста насока - се очекува екс ...

Однесувањето на Црвенковски е иницирано од тесно-партиски интереси

Вечер Прес - 15.08.2008

Однесувањето на Црвенковски е иницирано од тесно-партиски интереси ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата по повод обраќањето на претседателот Бранко Црвенковски, смета дека неговото однесување и делување во последните неколку месеци било иницирано од тесно-партиски интереси.

Црвенковски му објави „војна“ на Груевски

А1 - 14.08.2008

Претседателот Црвенковски му објави политичка пресметка на премиерот Груевски. Само ден по враќањето од одморите, со контра напад наспроти обвинувањата што на негова сметка ги испраќаа владини претставници, ВМРО-ДПМНЕ, невладини организации за аболицијата на Заев.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Црвенковски

А1 - 14.08.2008

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на претседателот Црвенковски. Во соопштението до медиумите, ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто господинот Црвенковски се нашол лично и партиски погоден од законската и судската постапка против Заев.

Црвенковски во отворен судир со Груевски

BBC - 14.08.2008

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска изнесе серија обвинувања кон премиер Никола Груевски. Шефот на државата го обвини премиерот дека има низок демократски капацитет и оти опозицијата ја смета за зло што треба да се елиминира.

ЦРВЕНКОВСКИ НАЈАВИ ПОЛИТИЧКА БИТКА НА ИЗБОРИ СО ГРУЕВСКИ

Телма - 14.08.2008

Секојдневно поставуваните прашања и обвинувања од страна на премиерот, владата, владејачката партија и оркестрираните груби напади преку таканаречени невладини организации и други инсталации и структури за претседателот Бранко Црвенковски беа повод, како што рече, да ги соопшти своите одговори.

РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ НА ИЗЈАВИТЕ НА ЦРВЕНКОВСКИ

Телма - 14.08.2008

РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ НА ИЗЈАВИТЕ НА ЦРВЕНКОВСКИ ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата по повод денената прес-конференцијата на претседателот Бранко Црвенковски оцени дека неговото однесување и делување во последните неколку месеци било иницирано од тесно - партиски интереси.

Власта нема демократски капацитет

Форум - 14.08.2008

Ако со моето непотпишување на законот за енергетика би ја оштетил државата за 50 милиони евра за една година, тогаш власта со неговото неносење во минатите две години ја оштети државата за 100 милиони евра“, одговори денеска Претседателот Црвеконвски Претседателот Бранко Црвенковски одговори ...

Црвенковски има искривени вредности

Форум - 14.08.2008

По прес-конференцијата на Претседателот Бранко Црвенковски, очекувано се јави ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија останува на ставот дека партиската припадност не треба да биде чија и да е заштита од правдата.

Црвенковски на изборен дуел со Груевски

Дневник - 14.08.2008

Господине Груевски, ќе ви ја исполнам желбата да се соочиме на избори. Ќе се соочиме на избори, ама не на претседателските како што сакате, бидејќи на нив и не можете да учествувате, туку на парламентарните кога и да се одржат. Ви ветувам дека вистинската политичка битка за вас, допрва почнува.

ВМРО-ДПМНЕ се радува на враќањето на Црвенковски

Дневник - 14.08.2008

ВМРО-ДПМНЕ се радува на враќањето на Црвенковски Наместо да дадете точно образложение за причините за носење на одлуката за аболиција, на што сте со закон обврзани, повторно се обидувате со напади и измислени конструкции да ја одбегнете вашата законска обврска, реагира вчера со соопштение ...

Црвенковски ќе се соочи со Груевски на избори

Кирилица - 14.08.2008

Во контекст на јавниот повик од премиерот Никола Груевски , претседателот Бранко Црвенковски да се кандидира на претседателските избори за да се соочат, претседателот Црвенковски истакна дека ќе му ја исполни желбата, но не на претседателски, туку на парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски промовира неодговорна и тесно-партиска политика

Кирилица - 14.08.2008

Претседателот Бранко Црвенковски со своите изјави, промовира неодговорна и тесно-партиска политика во моменти кога се работи на решавањето на прашање за името кое е од државен интерес, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на неговата претходна прес-конференција.

Ќе ви удоволам да се соочиме на избори, но на парламентарни – му порача Црвенковски на Груевски

Канал5 - 14.08.2008

“Господине Груевски, вистинската политичка битка за вас допрва почнува” – оваа порака денеска на премиерот му ја упати претседателот Црвенковски кој на прес-конференција одговори на обвинувањата и прашањата што власта му ги упати претходните десетина дена додека тој беше на одмор – аболицијата на ...

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот Бранко Црвенковски

Канал5 - 14.08.2008

Скопје, 14 август (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ  во реакцијата по повод денената прес-конференцијата на претседателот Бранко Црвенковски оцени дека неговото однесување и делување во последните неколку месеци било иницирано од тесно - партиски интереси. - Се радуваме на вашето враќање во СДСМ.

ЦРВЕНКОВСКИ СЕ ВРАЌА ВО СДСМ

Сител - 14.08.2008

По завршување на претседателскиот мандат Црвенковски дефинитивно се враќа во редовите на СДСМ. Претседателот одлучил, со Груевски ќе се соочи на избори, но не на претседателските, туку на парламентарните. - Г-дине Груевски, оваа желба не можам да не ви ја исполнам.

РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ

Сител - 14.08.2008

РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата по повод денената прес-конференцијата на претседателот Бранко Црвенковски оцени дека неговото однесување и делување во последните неколку месеци било иницирано од тесно - партиски интереси.

Црвенковски: Ќе му ја исполнам желбата на Груевски да се соочиме на избори

Нетпрес - 14.08.2008

Претседателот Брако Црвенковски денеска излезе со одговор на обвинувањата од страна на Владата на неговите одуки за аболиција на струмичкиот градоначалник Зора Заев и непотпишувањето на шесте закони, истакнувајќи дека се неосновани оти тој единствено по почитувал Уставот од кој произлегува неговото ...

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски e поврзан со македонската транзиција, тој не може да биде жртва

Нетпрес - 14.08.2008

ВМРО-ДПМНЕ денеска со реакција на прес конференцијата на претсеадтелот Бранко Црвенковски. Од партијата бараат одговор од претседателот на државата, зошто опозицијата излезе од македонскиот парламент и кој ја дал наредбата за таквата одлука.

Црвенковски и Груевски „во војна“

Макфакс - 14.08.2008

Некохабитацијата, тензиите и затегнатите односи меѓу претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска кулминираа до крајни граници.

Одморот на претседателот чинел еден милион евра

Време - 13.08.2008

Одморот на Бранко Црвенковски, кој место седум траеше десет дена, ја чинеше државата 1.369.860 евра, обвини вчера ВМРО-ДПМНЕ.

Аболиција и извинување

Време - 13.08.2008

Ненад Новковски Аболицијата на потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, покрена широка расправа во јавноста и пред нејзиното донесување и потоа.

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Црвенковски за самоволие

Утрински - 13.08.2008

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Црвенковски за самоволие Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвини претседателот на државата, Бранко Црвенковски, за несериозност и самоволие поради непотпишувањето на законите донесени по втор пат во парламентот и му пресмета колку ја чини државата неговото отсуство, односно ...

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски ја оштети државата 1.369.860 евра

Дневник - 13.08.2008

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски ја оштети државата 1.369.860 евра Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвини претседателот Бранко Црвенковски дека со непотпишување на Законот за енергетиката направил ненадоместлива штета на државата.

ВМРО-ДПМНЕ: Одморот на Црвенковски не чинеше прескапо

Н.Македонија - 13.08.2008

Државата загуби повеќе од еден милион евра за 10 дена, што е ненадоместлива штета, која ја предизвика претседателот Бранко Црвенковски со тоа што не го потпиша Законот за енергетика и замина на годишен одмор, обвинија вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

Кои се условите за аболиција?

Време - 12.08.2008

Бранко Црвенковски да каже кои се услови треба да се исполнат за да помилува некого - праша вчера владејачката ВМРО-ДПМНЕ. - Дали е тоа партиска книшка од СДСМ, пријателство со Црвенковски или, пак, основен услов е досега непозната тарифа.

ВМРО-ДПМНЕ пука од сите оружја кон Црвенковски

Утрински - 12.08.2008

ВМРО-ДПМНЕ пука од сите оружја кон Црвенковски Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и вчера ја продолжи серијата прес-конференции против шефот на државата, Бранко Црвенковски, што ја започна по неговото доделување аболиција на струмичкиот градоначалник Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ: Кои се условите за амнестија?

Н.Македонија - 12.08.2008

Дали е партиската книшка од СДСМ услов за амнестија од претседателот Црвенковски? Дали условот е пријателството со Бранко Црвенковски? Или, пак, основен услов е досега непозната тарифа т.

Одморот на Црвенковски чини 1.369.860 евра

Форум - 12.08.2008

Денеска ВМРО-ДПМНЕ го обвини Претседателот Бранко Црвенковски за антидемократско владеење кое во транзициониот период е производ на неговите лични и теснопартиски интереси - „Кога беше најповикан да даде одговор, на стотиците прашања поврзани со аболицијата и непотпишувањето на законите, ...

ОДМОРОТ НА ЦРВЕНКОВСКИ ЈА ЧИНЕШЕ ДРЖАВАТА 1.369.860 ЕВРА

Сител - 12.08.2008

ОДМОРОТ НА ЦРВЕНКОВСКИ ЈА ЧИНЕШЕ ДРЖАВАТА 1.369.860 ЕВРА Владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со тврдење дека претседателот Бранко Црвенковски со непотпишување на Законот за енергетика направил ненадоместлива штета на државата и го обвини за антидемократско и транзициско работење базирано на лични ...

Одморот на Црвенковски не чини над милион евра

Кирилица - 12.08.2008

Денес сме сведоци дека несериозноста и самоволието на г-динот Бранко Црвенковски со непотпишувањето на законите донесени по втор пат во Собранието продолжува, а интересите на Македонија и граѓаните остануваат основни заложници на ваквиот негов однос.

ВМРО ДПМНЕ: Неодговорноста на Црвенковски ја чинеше државата 1.400.000 евра

Канал5 - 12.08.2008

ВМРО ДПМНЕ го обвини претседателот Црвенковски за неодговорно однесување поради непотпишувањето на преостанатите пет закони, пред се на оној за енергетика.

Одморот на Црвенковски ја чини државата повеќе од милион евра

Вечер Прес - 12.08.2008

Одморот на Црвенковски ја чини државата повеќе од милион евра Со секој ден со кој се пролонгира потпишувањето на Законот за енергетика, Македонија губи по 136.986 евра и лесно може да се пресмета колку ја чинеше државата одморот на г-динот Црвенковски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: До кога ќе продолжи заложничката драма г-дине Црвенковски?

Нетпрес - 12.08.2008

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека претседателот Црвенковски последниов месец го крунисал своето транзициско и антидемократско работење базирано на неговите лични и теснопартиски интереси.

Не може аболиција, но може амнестија

Време - 11.08.2008

Затворениците од „Идризово“ не можат да добијат аболиција, зашто веќе се осудени, но можат да бидат амнестирани и за тоа правата адреса е Министерството за правда, велат во кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Црвенковски ќарува од помилувањата

Време - 11.08.2008

Аболицијата на Заев, помилувањето на Верушевски помладиот и ослободувањето на поранешниот пратеник на СДСМ Милојко Ангеловски се само мал дел од долгата листа на помилувани од Бранко Црвенковски - обвини викендов ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ пак го обвинува Црвенковски

Утрински - 11.08.2008

ВМРО-ДПМНЕ пак го обвинува Црвенковски ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција презентираше примери на лица кои биле осудени за изборни насилства и помилувани од претседателот Бранко Црвенковски.

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски штити и помилува криминалци

Дневник - 11.08.2008

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски штити и помилува криминалци Сите ослободени и помилувани лица од страна на Бранко Црвенковски, кога промовирале насилство, рекет и самоволие, полнеле гласачки кутии, избегнувале данок, краделе од државата, уништувале фабрики и кога правеле голем капитал добро знаеле кој ...

Аболиција на една заблуда

Дневник - 11.08.2008

Одлуката за аболицијата на спектакуларните апсења без почитување на сите човечки и законски права на уапсените, може да биде предмет за сериозна полемика само околу тоа дали сме за таквата практика или сме против неа.

И Законот за помилување зрел за аболиција

Н.Македонија - 11.08.2008

Претседателот Бранко Црвенковски сè уште не даде никакво толкување за оправданоста на помилувањето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев. По сè изгледа такво објаснување јавноста нема ни да добие.

Помилување и за таткото и за синот Поповски

Н.Македонија - 11.08.2008

Листата на Црвенковски со помилувани членови на СДСМ не завршува со Заев, Верушевски, Ангелковски... Да потсетиме на уште еден член на СДСМ, осуден за корупција, кој се најде на листата на помилувани на господинот Црвенковски, соопштија во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Помилувањата се привилегија за СДСМ

Форум - 11.08.2008

Минатава седмица ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференции јавно ги бележеше помилувањата што Претседателот Бранко Црвенковски ги дал последниве години за сторители на кривични дела од раководството на СДСМ.

Црвенковски годинава помилувал 177 осуденици

Кирилица - 11.08.2008

Претседателот Бранко Црвенковски од почетокот на годинава до сега помилувал 177 осуденици, објави „Вечер“. Според информациите што ги објави весникот, од 177 помилувани во оваа година, 74 се целосно, а 103 делумно помилувани, односно, затворската казна им е заменета со условна.

КОИ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА АМНЕСТИЈА ?

Сител - 11.08.2008

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција го повика претседателот Бранко Црвенковски да одговори кој ќе биде следниот помилуван и кои се условите за некој да биде амнестиран.

Бичиклиски до Црвенковски: Кој е следниот за помилување?

Кирилица - 11.08.2008

Помилувањата што претседателот Бранко Црвенковски им ги давал на своите сопартијци беа тема и на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски .

Мирен протест во знак на несогласување со одлуките на Црвенковски

Канал5 - 11.08.2008

Предвоени од коалицијата на НВО „Право и правна држава“, повеќе од илјада граѓани денеска излегоа на мирен протест да го изразат своето незадоволство за последните одлуки на претседателот Црвенковски.

Црвенковски да каже кои се условите да се биде помилуван

Вечер Прес - 11.08.2008

Црвенковски да каже кои се условите да се биде помилуван Кои се условите кои треба да се исполнат за некој да биде помилуван од Бранко Црвенковски? Дали тоа е партиската книшка од СДСМ, пријателство со Бранко Црвенковски или пак основен услов е досега непозната тарифа, т.

Црвенковски ги разгледа знаменитостите во градот на Босфор

Вечер Прес - 11.08.2008

претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски, кој со семејството е на летен одмор во Турција, ги посети историските и туристичките места во Истанбул, пишува електронското издание на турскиот весник "Сабах".

Црвенковски ги разгледа знаменитостите во градот на Босфор

Нетпрес - 11.08.2008

Претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски, кој со семејството е на летен одмор во Турција, ги посети историските и туристичките места во Истанбул, пишува електронското издание на турскиот весник “Сабах“.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали основен услов за помилување е досега непозната тарифа, односно сума на пари?

Нетпрес - 11.08.2008

ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека македонските граѓани можеле да видат како Бранко Црвенковски од позицијата на која се наоѓа, изминатиов период помилувал изнудувачи на поткуп, промотори на насилство, изборни насилници, уништувачи на фабрики, затајувачи на данок, луѓе кои злоупотребувале функции на ...