TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шверцот со керозин ја чини Македонија околу четири милиони марки

А1 - 13.07.2001

Од организираниот шверц на керозин државава досега изгубила околу четири милиони германски марки, пари што наместо во буџетот се слеале во џебовите на оние што учествуваат во синџирот на овој организиран криминал. Ако се покаже дека се точни наводите дека во мај и во јуни во Македонија влегле околу ...

Наточете "солна киселина"

Дневник - 13.07.2001

Коментар-Неда Поповска Високи функционери во МВР подолго време шверцувале керозин и оствариле високи профити за лични цели. Секако, таа зделка не би можела да се реализира ако во неа не била вклучена и одредена "логистика" од царината.

Јас го открив, а не го шверцував керозинот

Вест - 12.07.2001

РЕАКЦИЈА НА ПОЛИЦИСКИОТ ФУНКЦИОНЕР ЉУПЧО ТОДОРОВСКИ ПО ОБЕЛОДЕНУВАЊАТА НА АФЕРАТА ЗА ШВЕРЦ НА БОГОРОДИЦА Политичко-полициската афера поврзана со обелоденетиот шверц на керозин преку граничниот премин Богородица доби нов тек. Во отсуство на официјални информации за овој скандал, за кој неколку ...

Шверцерите со керозин поврзани со исчезнатиот кокакин од МВР

Вест - 11.07.2001

НОВИ ДЕТАЛИ ОКОЛУ ШВЕРЦЕРСКАТА ПОЛИТИЧКО-ПОЛИЦИСКА ЧЕТВОРКА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА Еден од полициските функционери за кои постои сомневање дека шверцувале керозин, бил поврзан со кокаинската афера во МВР, а против другиот се водела интерна истрага за наводен шверц на дрога во Италија ...

Гевгелиските цариници "по грешка" откриле шверц на авионско гориво

Дневник - 11.07.2001

СЛУЧАЈ "КЕРОЗИН" Шверцот на керозин се чува во голема тајност бидејќи според непотврдени информации станува збор за вмешаност на високи полициски и царински функционери Кумановска фирма е нарачател на трите цистерни со 60 тони керозин што во минатата недела ги запленила гевгелиската царина.

Високи полициски функционери шверцувале керозин

Вест - 10.07.2001

НОВА АФЕРА ГО ПОТРЕСУВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ Полициските функционери во керозинскиот шверц работеле во тандем со двајца видни политичари. Откриени три цистерни тешки над половина милион марки, полициските функционери суспендирани, а потоа со одлука на министерот за внатрешни работи ...

Нелегален увоз на керозин

А1 - 09.07.2001

Утрешен „Вест“ открива афера со нелегален увоз на керозин, чии главни актери се двајца високи функционери од министерството за внатрешни работи, а шверцот бил откриен при една случајна контрола на документите. Во овој бизнис, според тврдењето на „Вест“, биле вмешани и двајца видни политичари, чии ...