TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Излетал камион, тројца повредени

Време - 18.11.2005

НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО - СКОПЈЕ Возач и двајца сопатници биле повредени во сообраќајна незгода, која се случила завчера кога нивниот камион излетал од автопатот Тетово - Скопје. Во незгодата, возачот на камионот Насе Лазаров (45) од Крива Паланка и неговиот сограѓанин Драгутин Димитриевски (65) биле ...

Со камион излетал од пат, а починал од срцев удар

Дневник - 16.11.2005

СТРУМИЧКО Возач на камион починал од срцев удар обидувајќи се да избегне сообраќајна несреќа откако изгубил контрола над камионот што го управувал и излетал од патот, завчера попладнето кај Струмица. Во несреќата починал Костадин Костадинов (51) од струмичкото село Добрејци.

Починал од инфаркт додека возел

Време - 16.11.2005

СТРУМИЦА Струмичанец починал од срцев удар додека го управувал својот камион, завчера, на регионален пат во околината на градот. Костадин Костадинов загубил контрола над товарното возило, излетал од патот и удрил во дрво. За среќа, сопатничката во камионот, негова блиска роднина, минала неповредена.

Загина возач на камион

Вечер Прес - 16.11.2005

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што завчера попладне се случи на магистралниот пат Струмица-Просениково, кога камион "застава 635" излета од патот и удри во дрво. Сообраќајката, според релевантни полициски извори, се случила околу 16,30 часот.

Камион покосил колона ученици

Дневник - 15.11.2005

ТРАГЕДИЈА ВО КИНА Камион излетал од пат и прегазил 18 лица од колона деца и наставници на пат кон училиште вчера изутрината во кинескиот регион Кинјуан, јави Ројтерс. Од ударот на камионот веднаш загинале 18 лица, а уште две починале во болница. Не се објавени други детали за несреќата.

Камион излетал од патот и удрил во ученици - 20 мртви

А1 - 14.11.2005

Најмалку 20 луѓе загинаа денеска во Кина, кога камион излетал од патот и удрил во група ученици и нивниот учител што оделе кон училиштето, јави агенцијата Синхуа. Според истиот извор, несреќата се случила во областа Кинхуан, во западниот дел на Кина.

Најмалку 20 загинати во сообраќајна несреќа во Кина

Канал5 - 14.11.2005

Најмалку 20 лица загинаа денеска во Кина кога камион излетал од патот и удрил во група деца и наставници кои оделе кон училиште, јави кинеската агенција Ксинхуа. Пекинг, 14 ноември (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа денеска во Кина кога камион излетал од патот и удрил во група деца и наставници кои ...