TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

САД му предложија на Иран разговори за Ирак

А1 - 04.03.2007

Соединетите Американски држави му предложија на Иран разговори за состојбата во Ирак, соопшти портпаролот на иранското МНР Мохамед Али Хусеини. „Изминативе месеци Американците преку повеќе канали воспоставија контакти со Иран и предложија разговори за разни аспекти на ирачкиот проблем“, изјави Али ...

Големите сили не се договорија околу казнените мерки против Иран

А1 - 04.03.2007

Големите сили не успеаа во Вашингтон да се договорат околу новите казнени мерки против Иран, кој го одби барањето на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на развојот на нуклеарната програма. „Останува да се разгледаат уште неколку отворени прашања, но сите страни остануваат одлучни ...

Иран нема да отстапи од нуклеарната програма

Макфакс - 04.03.2007

Техеран Техеран нема да отстапи од позицијата на нуклеарната програма бидејќи тоа треба да го направат светските сили кои се чувствуваат „изолирани“, изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. „Светските сили велат дека имаат намера да го изолираат иранскиот народ, но во крајна линија ...

Иран претстави банкнота со симбол на нуклеарната енергија

Макфакс - 04.03.2007

Техеран Иранските власти ја претставија новата банкнота од 50.000 риали на која се наоѓа симболот за нуклеарна енергија, јави денеска катарската телевизија Ал Џезеира. Според истиот извор, банкнотата на која преку мапата на Иран е нацртан нуклеарниот симбол, ќе биде пуштена во оптек за персиската ...

Предложени американско - ирански разговори за Ирак

Макфакс - 04.03.2007

Техеран Соединетите Американски држави му предложија на Иран разговори за состојбата во Ирак, соопшти портпаролот на иранското МНР Мохамед Али Хусеини. „Изминативе месеци, Американците преку повеќе канали воспоставија контакти со Иран и предложија разговори за разни аспекти на ирачкиот проблем“, ...

Дипломатско решение за иранскиот нуклеарен проблем

Макфакс - 04.03.2007

Љубљана Решение за иранскиот нуклеарен проблем може да се најде по дипломатски пат - повтори денеска во Љубљана шефот на Иранската дипломатија Манишер Мотаки. Со поддршка на сите значајни членки на меѓународната заедница, особено во Европа, може да се најде „целосно решение“ за нуклеарното прашање ...

21 загинат во судири во Иран

А1 - 01.03.2007

Иранската револуционерна гарда денеска убила 17 бунтовници во престрелка во северозападниот дел на земјата, во близина на границата со Турција, соопштија иранските државни медиуми, притоа наведувајќи дека во борбите загинале и четворица полицајци.

Зошто Путин не мора да го слуша Вашингтон

Утрински - 01.03.2007

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, објасни зошто повеќе нема соработка меѓу Москва и Вашингтон Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Денешна Русија е во таква економска, но и друга ситуација што раководството на земјата може отворено да ги изнесува своите ставови без ...

Иран виновен за смртта на 170 Aмериканци во Ирак!

Утрински - 01.03.2007

Иран обучува ирачки шиити во градови во Иран и во Либан за употреба на муниција која пробива панцири ВАШИНГТОН - Иран обучува антиамерикански настроени ирачки шиити во градови во Иран и во Либан за употреба на муниција која пробива панцири која е виновна за смртта на 170 американски војници во ...

Русија ги предупреди САД да не го напаѓаат Иран

Вест - 01.03.2007

МОСКВА, 1 март (АП) - Министерот за надворешна политика на Русија Сергеј Лавров остро го предупреди Вашингтон да не употребува сила против Иран и го критикуваше унилатералниот пристап на САД кон останатите глобални кризи. Лавров рече дека Русија е за МОСКВА, 1 март (АП) - Министерот за надворешна ...

Загинаа 17 бунтовници и четири ирански војници

Макфакс - 01.03.2007

Техеран Најмалку 17 бунтовници и четири ирански војници загинаа во судири во западната провинција Азербејџан, на иранско-турската граница, соопштија воени извори. “Бунтовниците влегоа во Иран со цел да изведат саботажа“, изјави полковникот Џалил Бабазаде, додавајќи дека во акцијата против ...

Ивашов-САД во војна со Иран би користеле нуклеарно оружје

Макфакс - 01.03.2007

Москва САД во евентуалната војна против Иран би можеле да користат тактичко нуклеарно оружје, изјави денеска претседателот на руската Академија за геополитички проблеми Леонид Ивашов. Според него, ако САД и Израел користат нуклеарно оружје, ќе започне ескалација на користење на сите средства, кои ...

Советот за безбедност бара ослободување на Британците од Иран

Макфакс - 01.03.2007

Техеран Советот за безбедност (СБ) денеска го повика Иран да ги ослободи 15-те британски морнари кои минатата недела беа задржани во Персиски залив. Светските агенции јавуваат дека иранските власти утрината експресно реагираа на барањето на СБ и порачаа дека проблемот може да се реши само преку ...

Русија нема ултиматуми кон Иран

Макфакс - 01.03.2007

Москва Русија не постави каков и да е ултиматум кон Иран по одбивањето на оваа земја да го сопре збогатувањето на ураниум. Ова синоќа го изјави рускиот претставник во Обединетите нации (ОН) Виталиј Чуркин, негирајќи ги медиумските шпекулации.

Хаманеи: Иран ќе одговори на заканите

Макфакс - 01.03.2007

Техеран Иранскиот верски лидер Ајтолахот Али Хаманеи денеска се закани дека Иран ќе направи се за да се заштити од заканите за употреба на сила врз земјата. „Иран ќе го мобилизира целиот свој капацитет за да одговори на заканите за користење на сила и насилство врз државата“, изјави Хаманеи во ...

САД може да удрат врз Иран во април и со нуклеарно оружје

Макфакс - 01.03.2007

Москва Соединетите Американски Држави (САД) се подготвени да започнат воени операции против Иран уште во април, а не се исклучува ниту употреба на тактичко нуклеарно оружје, јави вечерва руската државна агенција РИА Новости. Првата половина на април, е датум што го добила агенцијата од извор во ...

Светските сили готват нова резолуција на ОН за Иран

Утрински - 28.02.2007

Се зголемува притисокот врз Иран, но Техеран вели дека никогаш нема да се откаже од нуклеарната програма ЛОНДОН - Светските сили во понеделиникот се согласија да работат на нова резолуција од Советот за безбедност на ОН за да се изврши притисок врз Иран околу неговата нуклеарна програма, но и ...

Мекконал: Иран врши воена обука на ирачки шиити во Иран и Либан

Канал5 - 28.02.2007

Иран обучува ирачки шиити како да користат противтенковска муниција, во кампови во Иран и Либан раководени од шиитската милитарна група Хезболах, изјави директорот на Националното разузнавање на САД Мајк Мекконал. Вашингтон, 28 февруари (МИА) - Иран обучува ирачки шиити како да користат ...

Жонглер

Дневник - 28.02.2007

Македонија треба да го искористи вниманието што го добива Балканот во контекст на Косово во оваа година. Да го повторува фактот дека одржлива стабилност во регионот е можна , а со тоа и успешно решавање на косовското прашање, само ако Македонија оди напред и влезе во зоната на стабилност и ...

Иран и САД без сопирачки возат кон директен судир

Дневник - 27.02.2007

Ирански вицепремиер изјави дека Техеран нема ниту сопирачки ниту брзина „рикверц“ за својата нуклеарна програма Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад изјави дека Техеран нема ниту сопирачки ниту брзина „рикверц“ за својата нуклеарна програма, одговарајќи на предупредувањето од Вашингтон дека ...

Лавров е загрижен поради разговорите за напад врз Иран

Утрински - 27.02.2007

Меѓу оние што дискутираат за таа тема е американскиот потпретседател, кој изјави дека не исклучува таква опција МОСКВА - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави вчера дека е загрижен поради разговорите за можни воени напади врз Иран.

Иран никогаш нема да го запре збогатувањето ураниум, изјави шефот на иранската дипломатија

Канал5 - 27.02.2007

Иран никогаш нема да го запре збогатувањето ураниум како што бара Западот, изјави шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки откако светските сили се согласија да ја почнат работата на новата резолуција на ОН за Иран. Техеран, 27 февруари (МИА) - Иран никогаш нема да го запре збогатувањето ...

Воз без сопирачки

Време - 27.02.2007

СПОРОТ МЕЃУ ИРАН И САД ВО КРИТИЧНА ФАЗА Иранскиот водач Махмуд Ахмединеџад изјави дека иранската нуклеарна програма е како воз што нема сопирачки и рикверц и не може да биде запрен. - Иран има нуклеарна технологија и овој нуклеарен воз нема сопирачки и рикверц, кои ги фрливме минатата година.

Разногласие за Иран

Вечер Прес - 27.02.2007

"Четири до пет генерали или адмирали се подготвени да дадат оставка доколку Буш нареди напад на Иран, пишува "Вечерњи лист", повикувајќи се на извор близок до британската разузнавачка агенција. Изворот потврдил дека внатре во Пентагон има големи несогласувања во врска со нападот.

Москва е загрижена поради можноста за американски напади врз Иран

А1 - 26.02.2007

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е загрижена поради можноста за американски напади врз Иран. „Загрижени сме затоа што прогнозите и претпоставките за можен напад врз Иран се се почести“, изјави Лавров по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, ...

14 ирански војници загинаа во пад на хеликоптер

А1 - 26.02.2007

Најмалку 14 припадници на иранската елитна Револуционерна гарда, од кои двајца од висок ранг, загинаа во хеликоптер што се урна во североисточен Иран, јавија денеска локалните гласила. Според истиот извор, хеликоптерот бил соборен по судир со курдски бунтовници, кои нелегално влегле во Иран преку ...

Иран лансираше вселенски проектил

Утрински - 26.02.2007

ТЕХЕРАН - Иран лансираше проектил со капацитет да стигне до вселената, објави вчера веб-страницата на државната телевизија на Иран. „Иран успешно го лансираше првиот вселенски проектил произведен од ирански научници“, изјави шефот на иранскиот аеровселенски истражувачки центар Мосент Бахрами.

ЦИА финансира милитанти во Иран

Утрински - 26.02.2007

Лондон - САД и ЦИА тајно ги финансираат милитантните групи на иранските етнички малцинства за да создадат хаос во земјата и за да го засилат притисокот врз исламскиот режим во Техеран, со цел тој да се откаже од својата нуклеарна програма, открива лондонски „Сандеј телеграф“, повикувајќи се на свои ...

Ако Буш го нападне Иран, американски генерали ќе дадат оставка

Време - 26.02.2007

САД – ИРАН Некои од највисоките американски воени команданти се подготвени да поднесат оставки доколку Белата куќа нареди напад врз Иран додека Израел чека „зелено светло“ од Америка за воздушен напад врз ирански нуклеарни објекти, тврди британскиот печат.

Американски генерали најавуваат оставки ако се нападне Иран

Утрински - 26.02.2007

Лондон - Некои од највисоките американски воени команданти се подготвени да поднесат оставки, ако Белата куќа нареди напад врз Иран, објави електронското издание на лондонски „Сандеј тајмс“. Повикувајќи се на „високи функционери во американската одбрана и разузнавање“, весникот тврди дека најмалку ...

Иран е подготвен за војна

Дневник - 26.02.2007

Техеран е подготвен за секаков развој на настаните поврзани со нуклеарната програма, па дури и за војна, изјави Манучехр Мохамади , заменик-министер за надворешни работи на Иран , јави Макфакс. Тој додаде оти никакви резолуции на Обединетите нации нема да го поколебаат Иран да ги оствари своите ...

Иран лансира ракета во вселената

Вест - 26.02.2007

ТЕХЕРАН, 26 февруари (Ројтерс) - Иран лансираше подорбитална ракета за научни истражувања, а не проектил што може да излета во вселената како што беше претходно објавено, изјави вчера официјален претставник за една иранска новинска агенција.

Иран лансирал вселенска ракета?

Вечер Прес - 26.02.2007

Иран соопшти дека извршил успешно лансирање на вселенска ракета, јави АФП. Како што пренесува МИА, информацијата за лансирањето ја објави иранската државна телевизија, без да соопшти детали. Телевијата пренесе изјава на раководителот на иранскиот Центар за вселенски истражувања, Мохсен Бахрами, ...

Генералите ќе дигнат бунт против Буш

Вечер Прес - 26.02.2007

Некои од највисоките американски воени команданти се подготвени да поднесат оставки, ако Белата куѓа нареди напад врз Иран, објави електорнското издание на лондонски "Сандеј тајмс". Повикувајќи се на "високи функционери во американската одбрана и разузнавање", весникот тврди дека најмалку петмина ...