TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шпедитери и возачи ставени зад решетки

Вечер Прес - 02.12.2005

Седум лица, еден велешанец, и по двајца од Прилеп, Берово и Куманово, се уапсени вчера изутрина поради наводна вмешаност во меѓународно организирната криминална група која подолго време шверцувале мигранти. На седуммината пријавени истражен судија им одреди мерка притвор од по 30 дена.

Нови притворени за шверцот на албански мигранти

А1 - 01.12.2005

Невработени, возачи на камиони и сопственик на транспортна фирма. Вкупно 7-мина се новите уапсени за трговија со луѓе. По 2-ца се од Прилеп, Берово и Куманово, еден е од Велес, сопственикот на транспортната фирма. Тие се дел од групата трговци со луѓе кои беа уапсени пред две седмици.

Уапсени 11 струмичани за криумчарење мигранти

Вест - 01.12.2005

ОСНОВНИОТ СУД 1 ВО СКОПЈЕ Во истражното одделение во Основниот суд 1 во Скопје вчера цел ден се сослушуваа 11 лица осомничени за криумчарење мигранти. Сите се од Струмица. Оваа група е дел од групата од 11 луѓе кои пред две недели беа уапсени и притворени исто така осомничени за трговија со луѓе.

Акцијата „Југ“ однесе во затвор уште девет луѓе

Канал5 - 01.12.2005

Девет нови лица се осомничени дека се дел од меѓународна криминална група која подолго време криумчарела мигранти. Седум од нив од синоќа се во притвор а по двајца кои се во бегство е распишана потерница. Девет нови лица се осомничени дека се дел од меѓународна криминална група која подолго време ...

Нови притворени за шверцот на албански мигранти

Макфакс - 01.12.2005

Скопје Македонската полиција приведе уште седум, а трага по други две лица во рамки на истрагата за разбивање на голем илегален канал на мигранти од Албанија преку Македонија. Како што е соопштено денеска, покрај веќе пријавените осум лица, полицијата вчера поднела кривични пријави за криумчарење ...

Приведени 11 струмичани

Вечер Прес - 01.12.2005

Полицијата ја прошири истрагата за криумчарење мигранти што против неколку лица, деветмина македонски и двајца албански државјани, се води во Основниот суд Скопје 1. Заради вмешаност во трговијата со луѓе, а врз основа на изјави дадени од притворените, уапсени се единаесет лица, сите од Струмица.

Ослободителна пресуда за шверцување мигранти

Време - 30.11.2005

ОСНОВЕН СУД ТЕТОВО Тетовскиот основен суд вчера му изрекол ослободителна пресуда на жител на селото Боговиње обвинет за шверцување мигранти, пренесе агенцијата „Макфакс“. Во образложението на судот се вели дека воопшто не станува збор за нелегално влегување на пет бугарски државјанки затекнати во ...

Нови 11 притворени за криумчарење мигранти

Канал5 - 30.11.2005

Нови единаесет притворени во аферата „Шверц на мигранти“. Од утрово, со решение на истражен судија од Основниот суд Скопје 1, во притвор се единаесет струмичани, осомничени дека се дел од организираниот синџир на пренесување на илегалци низ земјава, најчесто кон Грција.