TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Се бројат само важечките голови

Вест - 12.09.2008

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и вицепремиерот Ивица Боцевски завчера му беа домаќини на холандскиот министер за европски прашања Франс Тимерманс и на Градскиот стадион каде што го проследија квалификацискиот меч Македонија - Холандија.

Холандска помош за капацитетот на македонските институции

Утрински - 12.09.2008

Холандска помош за капацитетот на македонските институции Холандија финансиски ќе го помага јакнењето на институционалните капацитети и на граѓанскиот сектор во Македонија со цел побрзо зачленување на земјава во ЕУ.

ЕУ бара силна контрола на трошењето државни пари

Утрински - 12.09.2008

ЕУ бара силна контрола на трошењето државни пари Подигнување на системот за јавна внатрешна финансиска контрола на ниво што е присутно во развиените земји на Европската унија е приоритет на Владата и важен елемент за подготовките на Македонија за пристапување во ЕУ.

Се продлабочува соработката со Холандија

Дневник - 12.09.2008

Се продлабочува соработката со Холандија Меморандум за разбирање за програмата МАТРА и програмата „Влада за Влада“ потпишаа вчера во Скопје македонската влада и Кралството Холандија.

Македонија укина визи за 20 држави

А1 - 11.09.2008

Македонија ги укина визите за 20-ина држави од Белата листа на Европската унија, за кои важи визната либерализација и за државјаните на околу 100-тина останати земји кои поседуваат валидни Шенген визи.

Холандија финансиски ќе го помага нашето евроинтегрирање

Утрински - 11.09.2008

Холандија финансиски ќе го помага нашето евроинтегрирање Меморандум за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Холандија вчера во Скопје потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји, Антонио Милошоски и Франс Тимерманс.

ХОЛАНДИЈА ПОРАЧУВА "БЕЗ ОГЛЕД НА СПОРОТ СО ИМЕТО ОДЕТЕ КОН ЕУ"

Телма - 11.09.2008

Наша најголема цел е Македонија да ги исполни условите за членство во Европската унија, не заради желбите на владата туку поради сите македонски граѓани кои безрезервно во огромен број се изјаснуваат за европската иднина, вели Франс Тимерманс, министер за европски прашања на Холандија.

Во потрага по правдата

Форум - 11.09.2008

Тука се погребани жртвите од Сребреница Тужбата беше поднесена од двајца преживеани , Хасан Нухановиќ и Алма Мустафиќ. Тие не сакаа пари, туку сакаа правдата да биде задоволена. Ја тужеа холандската држава, за да се разјасни кој е одговорен за смртта на нивните роднини во Сребреница.

Холандскиот суд го отфрли барањето за жртвите од Сребреница

Н.Македонија - 11.09.2008

Окружниот суд во Хаг вчера го отфрлил барањето на семејствата на жртвите од Сребреница, холандската влада да биде прогласена за виновна поради неуспехот на нејзините војници од составот на мировните сили на ОН да го спречат геноцидот во таа муслиманска енклава, во текот на војната во БиХ, јави МИА.

Македонија и Холандија ја прошируваат соработката

Форум - 11.09.2008

Меморандум за разбирање за програмата МАТРА и програмата Влада за Влада потпишаа денеска во Скопје македонската Влада и Кралството Холандија.

ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА НА ТРОШЕЊЕТО НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕУ

Сител - 11.09.2008

ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА НА ТРОШЕЊЕТО НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕУ Воспоставување постојан систем на внатрешна контрола која има за цел да спречи неправилности во трошењето на јавните средства е приоритет на Владата и важен елемент за подготовките на Македонија за пристапување во ЕУ истакнаа ...

Засилена соработка на Македонија со Холандија

Кирилица - 11.09.2008

Меморандум за разбирање за програмата Влада за Влада денеска потпишаа македонската и владата на Холандија. - Со ова се продлабочува соработката меѓу Македонија и Холандија истакнаа двајцата потписници, холандскиот министер за европски прашања Франс Тимерманс и неговиот македонски колега Ивица ...

Се засилува контрола на трошењето на јавните пари

Кирилица - 11.09.2008

Потребен е систем за постојана внатрешна контрола заради спречување на неправилности во трошењето на јавните средства како приоритет на владата и важен елемент за подготовките на Македонија за пристапување во ЕУ, заклучиле учесниците на денешната презентација на резултатите од твининг проектот ...

Холандска помош за земјава

Вечер Прес - 11.09.2008

Во процесот на евроинтеграции Холандија сака да прејде од зборови на дела и затоа потпишавме меморандуми за соработка со земјава за да и помогнеме на патот кон Европската унија, изјави холандскиот министер за европски прашања Франс Тимерманс по потпишувањето на документот со кој на земјава ќе и се ...

Македонија и Холандија ќе потпишат Меморандум за разбирање

Нетпрес - 11.09.2008

Вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски и министерот за европски прашања на Холандија Франс Тимерманс денес ќе потпишат Меморандум за разбирање за програмата МАТРА и програмата Влада за Влада.

Тимерманс: Разрешувањето на спорот со името е одговорност на двете Влади

Нетпрес - 11.09.2008

Министерот за европски прашања на Холандија Франс Тимерманс рече дека разрешувањето на спорот со името е одговорност на Македонската и Грчката владa, а меѓународната заедница треба да ги вложи сите напори, да стори се што е во нејзина моќ да им помогне околу ова договарање.

Македонија и Холандија потпишаа Меморандум за разбирање

Нетпрес - 11.09.2008

Вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски и министерот за европски прашања на Холандија Франс Тимерманс денес потпишаа Меморандум за разбирање за програмата МАТРА и програмата Влада за Влада.

Презентација на Твининг проект финансиран од ЕУ

Макфакс - 11.09.2008

Краткорочни резултати на твининг проектот „Зајакнување на системот за јавна внатрешна контрола“ финансиран од Европската унија ќе биде презентиран денеска во Скопје.

РМ ја прилагодува јавната финансиска контрола со ЕУ

Макфакс - 11.09.2008

Подигнување на системот за јавна внатрешна финансиска контрола на ниво кое што е присутно во развиените земји на Европската унија (ЕУ), е цел на твининг прокетот финансиран од Унијата.

Македонија и Холандија потпишаа меморандум за разбирање

Макфакс - 11.09.2008

Меморандум за разбирање за програмата МАТРА и програмата Влада за Влада потпишаа денеска во Скопје македонската Влада и Кралството Холандија.

СО ДОБРА ИГРА МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД ХОЛАНДИЈА

Телма - 10.09.2008

СО ДОБРА ИГРА МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД ХОЛАНДИЈА Македонија - Холандија 1 : 2 . Тоа е резултатот од вечерашниот фудбалски меч за квалификациите за Светското првенство што се одигра на Градскиот стадион во Скопје. Единствениот гол за Македонија го постигна Горан Пандев во второто полувреме од пенал.

Македонија вечер против Холандија за пласман на Мундијалот во Јужна Африка

Канал5 - 10.09.2008

Скопје, 10 септември (МИА) - По саботниот триумф против Шкотска во премиерниот натпревар од новиот кавалификациски циклус за пласман на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, македонската фудбалска селекција вечер на Градскиот стадион во Скопје ја пречекува Холандија.

Ќе изгорат ли лалињата на нашето сонце?

Кирилица - 10.09.2008

Поминаа три години од последниот натпревар на Македонија одигран со Холандија, а на „Амстердам арената“, „лалињата“ не успеаа да победат. Мечот заврши без голови. Првиот меѓусебен дуел пак беше одигран на 9 – ти октомври 2004 година, на Градскиот стадион во Скопје.

Холандските војници не можеле да го спречат геноцидот во Сребреница

Кирилица - 10.09.2008

Судот во Хаг денеска го отфрли барањето на семејствата на жртвите од Сребреница холандската влада да биде прогласена за виновна поради неуспехот на нејзините војници во составот на мировните сили на ОН да го спречат геноцидот во таа муслиманска енклава, во текот на војната во БИХ.

Холандија е за македонската евроинтеграција

Вечер Прес - 10.09.2008

Холандија е за македонската евроинтеграција Во посета на земјава вчера и денеска е Франс Тимерманс, министер за европски прашања на Кралството Холандија.

По шкотските килтови, дојдоа холандските лалиња

Канал5 - 10.09.2008

Центарот на Скопје денеска е обоен во портокалово – околу 500-тини верни навивачи на холандската фудбалска репрезентација допатуваа за вечерва да го бодрат својот тим. Сите посакуваат победа, но предвидувањата им се различни.

Пандев и дружината во берба на "лалиња"

Нетпрес - 10.09.2008

Поттикнати од трите освоени бода по победата над Шкотска на стартот на квалификациите, најдобрите македонски фудбалери, кои можат да се пофалат и со два нерешени исхода против Холандија, потајно се надеваат дека вечерва (20:30 часот) против големиот фаворит можат да подготват ново изненадување.

Холандија ќе и помага на Македонија на патот кон ЕУ

Нетпрес - 10.09.2008

Холандскиот министерот за европски прашања, Франс Тимерманс, денеска доаѓа во дводневна посета на Македонија, при што тој во име на Холандија со македонскиот шеф на дипломатија, Антонио Милошоски и вицепремиерот за евроинтеграции, Ивица Боцевски, ќе потпише два меморандуми, за интензивирање на ...

Холандија ја отфрли тужбата на жителите од Сребреница

Нетпрес - 10.09.2008

Судот во Холандија ја отфрли тужбата на семејствата жртви на војната во Сребреница во 1995 година поднесена против оваа земја. “Државата не може да биде одговорна за постапките на холандскиот баталјон во Сребреница“ изјавил судијата Хабс Хофнус во судот во Хаг, пренесува “Мондо“.

Квалификации за СП: Холандија нов предизвик за Македонија

Макфакс - 10.09.2008

Македонија осоколена по стартната победа против фаворизираната Шкотска, вечерва против Холандија пречекува уште еден фаворит во квалификациите за пласман на Мундијалот 2010 година.

Судот во Хаг го одби барањето на семејства од Сребреница

Макфакс - 10.09.2008

Судот во Хаг го отфрли барањето на две семејства на босански муслимани, чии членови во 1995 година беа убиени во сребреничката енклава кои бараа Холандија да ја преземе одговорноста за смртта на нивните блиски.

Со Холандија мора подобро

Кирилица - 08.09.2008

Освоивме три бода со Шкотска, но јас сум задоволен само од играта во првото полувреме. Нема да биде добро ако против Холандија одиграме такво второ полувреме. Недостатоците во играта ги покривме со борбеноста на теренот, но има простор да се напредува.