TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Гостување на Хелена Папаризу

Дневник - 04.06.2005

БУДВАНСКИ ФЕСТИВАЛ Дванаесеттиот музички фестивал во Будва, Црна Гора, почнува на 23 и ќе трае до 26 јуни, а како најголема ѕвезда на една од вечерите ќе биде Хелена Папаризу, годинашната победничка на изборот за песна на Евровизија.

Пополнети правни "дупки"

Вечер Прес - 04.06.2005

Правниот факултет во Скопје "Јустинијан Први", вчера доби 499 книги од стручна литература, со што се заокружени сите области од правото. Ова е втора донација од германската фондација за меѓународно правна соработка, која повеќе години соработува со правни факултети и ги поддржува земјите од средна, ...

Уапсен Грк "натоварен" со хероин и кокаин

Вечер Прес - 04.06.2005

Хрватската полиција осомничи еден 40-годишен Грк за обид за шверцување поголемо количество дрога во Хрватска, како и за здружување со уште двајца хрватски државјани заради купување, шверцување и продажба на наркотици во таа земја.

До 15 јуни "нов" Лешочки манастир

Вечер Прес - 04.06.2005

Работите околу реконструкцијата на манастирскиот комплекс "Свети Атанасиј" во селото Лешок се во завршна фаза. Во тек е монтажата на иконостасот кој се реставрираше една година во Штип, потоа на иконите, на владичката столица и на големиот полиелеј кој е изработен од "Пролукс" во Прилеп.

По "Градиште" блокада и на Елешец?

Вечер Прес - 04.06.2005

И покрај тоа што Основниот суд во Охрид завчера донесе решение со кое е издадена привремена мерка за отстранување на блокадите, кампот "Градиште" и вчера беше под клуч. Поранешните сопственици на имотите во овој автокамп, кој влезот го држат под опсада веќе 15-тина дена, тврдат дека не го добиле ...

Ингеренциите за "шпанско село" во рацете на општинарите

Вечер Прес - 04.06.2005

-За подобрување на состојбите во урбанистичкото планирање, треба да се подобрат активностите во изработка на самите плановите, но и процесот на спроведување на планската документација, конкретно за градот Скопје треба да се пристапи кон изменување и дополнување на ГУП, а притоа да се утврдат ...

Кирјас "излета" од Извршниот одбор заради Андора!?

Вечер Прес - 04.06.2005

Либерално-демократската партија до крајот на јуни ќе ги избере новите членови во Извршниот одбор и Централниот одбор на партијата. Во Извршниот одбор треба да се пополнат испразнетите места на Лилјана Поповска, Тихомир Крцковски и Дарко Бабамов, кои по нивното разрешување од државни функции се ...

Ќе гласаат ли "новопечените Бугари"?!

Вечер Прес - 04.06.2005

Бугарската амбасада во Скопје ги повика за едни, македонски државјани со бугарски пасоши, а за други "новопечени Бугари" од Македонија да гласаат на изборите за 40. Народно собрание на Бугарија, што ќе се одржат на 25 јуни. "Огласот со кој Амбасадата ги повикува гласачите е наменет токму за ...

Уапсени "скорпионите" од Сребреница

Вечер Прес - 04.06.2005

Српската полиција потврди дека уапсила осум лица поради основано сомнение дека како припадници на специјалните полициски сили, учествувале во убиството на над 7.000 муслимани во Сребреница во 1995 година. Апсењето на осумтемина припадници на специјалните сили "Скорпиони" следуваше по еден ден ...

"Индијана Џонс 4" чека зелено светло од Харисон Форд

Вечер Прес - 04.06.2005

Сценариото за четвртиот дел на "Индијана Џонс" што го пишува Џеф Натенсон, доби зелено светло од страна на Џорџ Лукас и Стивен Спилберг. Но, пред "Парамоунт" да почне со понатамошен развој на проектот свој благослов на сценариото мора да даде и главниот актер Харисон Форд, кој се уште не го ни ...

"Витезите на виното" во Битола

Вечер Прес - 04.06.2005

Два дена во Битола престојуваше австриска делегација, меѓу кои беа и припадници на Асоцијацијата "Витези на виното". Тие на австриската читална во објектот "Магнолија" и донираа целосно опремена кујна и друг прибор, преку кои ќе можат покрај културните литературни услуги во ова катче да придонесат ...

Со грешка 7 000 "рено клио"!

Вечер Прес - 04.06.2005

На хрватските патишта во моментов се наоѓаат околу 7 000 автомобили "рено клио" за кои се сомнева дека имаат грешка што настанала при монтирањето на возилата. Имено, на нив се можни оштетувања на жиците за сирената кои можат да предизвикаат краток спој во пределот на воланот.

Хелена Папаризу на "Будва фест"

Вечер Прес - 04.06.2005

На дванасетиот фестивал "Будва 2005" од 23 до 26 јуни, како најголема ѕвезда се очекува Хелена Папаризу, победничката на Евровизија 2005. -На овој фестивал минатата година настапуваше Руслана (и Жељко Јоксимовиќ), а традицијата со евровизиските победнички продолжува со Гркинката Хелена, најавува ...

И Холанѓаните кажаа "неј"

Вечер Прес - 03.06.2005

По Франција, Европскиот устав претрпе уште еден тежок удар на референдумот во Холандија, зголемувајќи ги така поделбите меѓу партнерите во Унијата. Според излезните анкети, над 60 отсто од граѓаните кажаа "неј" со што му се противставија на обидот, нивната земја да го ратификува Европскиот устав.

Не туркаат во "османлискиот воз"!?

Вечер Прес - 03.06.2005

Форсирањето на посебен договор за слободна трговија меѓу Македонија и Косово е обид Македонија дискретно да се префрли на "османлискиот воз за ЕУ". Ова го тврдат владини луѓе блиски до преговарачките тимови за слободна трговија, кои велат дека од контроверзни причини се туркаат за нас понеповолни ...

"Лондон микс" од Цеца

Вечер Прес - 03.06.2005

Од седми јуни во продавниците ќе може да се набави новиот албум на Светлана Цеца Ражњатовиќ, под наслов "Лондон микс", што беше повод за завчера одржаната конференција за новинари во клубот "Колинг" во Белград и заедничкото преслушување на материјалот.

Гранитот на улицата "Македонија" не издржа

Вечер Прес - 03.06.2005

Гранитните плочки на улицата "Македонија" не издржаа ниту една година. Дел од нив се оштетени, испукани, искршени или одлепени. Затоа, од пред дестина дена Општина Центар презеде акција за нивно менување и повторно ги ангажираше градежните екипи на "Гранит".

"Витаминка" ќе произведува за "Дрога-Колинска"

Вечер Прес - 03.06.2005

ПРИЛЕП.- Наскоро ќе почне реализацијата на петгодишен договор за деловно-техничка соработка меѓу прилепска "Витаминка" и словенечката фирма "Дрога-Колинска". Со овој договор е регулирано во следните пет години "Витаминка", со технологија на "Дрога-Колинска" да произведува 500 тони годишно еурокрем, ...

Гламурозно отворање на "Рамстор"

Вечер Прес - 03.06.2005

Свеченото пуштање во употреба на ексклузивниот трговски центар "Рамстор Македонија", ќе се случи в сабота, на 11 јуни. За таа цел, менаџерскиот тим подготвува гламурозна официјална промоција, која како што велат, ќе биде токму онаква каква што прилега за еден ваков светски центар.

Отворање со "Совршенство или смрт"

Вечер Прес - 03.06.2005

Со премиерата на претставата "Совршенство или смрт" од Блаже Миневски, во режија на Владо Цветановски, а во продукција на театарот - домаќин, ќе биде подигната завесата на 40. Македонски театарски фестивал "Војдан Чернодрински" во Прилеп.

Ламбе со "Спаси ме", Александра со "Сонце и месечина"

Вечер Прес - 03.06.2005

Ексклузивците на М2, Александра Пилева и Ламбе Алабаковски, ќе настапат на 12. фестивал "Будва-фест". Фестивалот ќе се одржи од 23 до 27 јуни на Градскиот плоштад под ѕидините на Стариот Град во Будва. Ламбе ќе настапи со песната "Спаси ме" (музика и аранжман Дарко Димитров , текст Раде ...

Поуспешно "читање" на музејските предмети

Вечер Прес - 03.06.2005

Македонија има барем 10 000 споменици на културата со големо значење и висока вредност. За нивното проучување и заштита, вчера, во Музејот на Македонија, започна дводневниот собир насловен "Дијалог меѓу конзерваторите и научниците".

Реплек се "набилда" со 35 отсто од државните резерви

Вечер Прес - 03.06.2005

Во државните резерви со лекови скопски "Реплек" се "протнува" со 35 проценти од фармацевтската палета со етикетата "домашно производство". Ваквиот влез го "избоксувал" заштитниот бренд на оваа куќа, првиот човек на "Реплек" и македонски фармацевтски доајен Душко Туџаров и тоа преку Министерството ...

Македонија ќе паузира поради француското "не"

Вечер Прес - 03.06.2005

ВАШИНГТОН, 3 ЈУНИ (МАКФАКС) - Француското отфрлање на Европскиот устав ќе има негативни последици за земјите кои претендираат на вклучување во Европската унија, меѓу кои и за Македонија, смета Филип Хендерсон, потпретседател на германскиот Фонд Џорџ Маршал од Вашингтон.

Одземени 44 "нечисти" возила

Вечер Прес - 02.06.2005

ТЕТОВО.- Во петте месеци од годинава од тетовската полиција се одземени 44 патнички моторни возила. Од нив, дури 19 поради царински прекршоци сторени од наши државјани на привремена работа во странство, кои по враќањето "забораваат" да ги пријават возилата оставени во родниот крај.

Со "Каменот..." до врвот

Вечер Прес - 02.06.2005

Годинашен добитник на престижната литературна награда Рациново признание е Јагода Михајлова-Георгиевска за романот "Каменот од Твојот ден", во издание на "Култура" од Скопје. Жирито во состав д-р Васил Тоциновски, академик Ката Ќулавкова и д-р Весна Мојсова-Чепишевска, лауреатот го одбраа во ...

Димов "пакува" комисија за позитивна листа

Вечер Прес - 02.06.2005

Министерот за здравство Владо Димов 'токми' нова Комисија за позитивната листа лекови, а во тек е и дефинирањето на персоналниот состав на Советот кој е стручно советодавно тело на првиот лекар во државата. Можниот состав на новата Комисија која ќе одлучува кои лекови ќе влезат на листата што ...

Македонија ќе паузира поради француското “не“

Макфакс - 02.06.2005

Вашингтон Француското отфрлање на Европскиот устав ќе има негативни последици за земјите кои претендираат на вклучување во Европската унија, меѓу кои и за Македонија, смета Филип Хендерсон, потпретседател на германскиот Фонд Џорџ Маршал од Вашингтон.

Тендер за "Чебрен"

Вечер Прес - 02.06.2005

ПРИЛЕП. - Хидроцентралата "Чебрен" - Мариово, за која се зборува околу 40 години и за која по десетина дена ќе се одржи нова расправа, а чија изградба се предвидува да чини над 400 милиони долари, сака да ја гради Руската Федерација, која чека објавување тендер.

"Што имате против Азис"!

Вечер Прес - 02.06.2005

"Што имате против ѕвездата Азис? Тој не е полош од Мајкл Џексон. Се направил сам, со свој труд. И со мене е така", изјавил генералот Бојко Борисов во Асеновград, во рамките на предизборната кампања. Генералот, кој ја предводи царската листа во областите на Пловдив и Благоевград, објави дека нема да ...

"Лукоил Македонија" ќе гради 80 бензински пумпи

Вечер Прес - 02.06.2005

ПРИЛЕП.- Руската компанија "Лукоил", која завчера се регистрира и како "Лукоил Македонија", во нашата држава ќе гради 80 бензински пумпи, а само неколку во Прилеп. Ова го изјави амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, при вчерашната посета на Прилеп и тоа му го соопшти на градоначалникот, ...

Општината плаќа и за "дивите" потрошувачи

Вечер Прес - 02.06.2005

Електро Скопје за улично осветлување од Општина Гази Баба побарува 16,5 милиони денари. Тоа според градоначалникот на Општината Коце Трајановски е голем и нереален износ, но и сериозен проблем кој во најскоро време треба да се елиминира.

Динамит за 78 хациенди од "шпанското село"

Вечер Прес - 02.06.2005

Ставот на Министерството за транспорт и врски околу легализацијата на дивата елитна населба на Водно е идентичен со мислењето на скопскиот градоначалник. "Шпанското село" треба да се легализира. Уште минатата година, експертски тим од ресорното министерство и Државниот градежен инспекторат ...

Александра и Ламбе на "Будва 2005"

Вечер Прес - 01.06.2005

Утре, организаторот на фестивалот "Будва 2005" ќе одржи прес-конференција на која ќе се обелоденат сите детали врзани за дванаесеттото издание на овој фестивал. Од Македонија, сигурно е дека учествуваат ексклузивците на М-2- Александра Пилева и Ламбе Алабакоски.

"Не сум тешко ранет!"

Вечер Прес - 01.06.2005

Водачот на терористичката група Организација на Ал Каеда за Џихад во Ирак, Абу Мусаб ал Заркави, преку аудио-запис му порача на Осама бин Ладен дека е полесно повреден. "Верувам дека преку медиумите сте слушнале дека сум тешко ранет.

Нероден мјузикл "крка" долари

Вечер Прес - 01.06.2005

Мјузиклот, работен според популарниот оскаровец "Господар на прстените", својата премиера ќе ја доживее на 2 февруари следната година во Торонто, Канада. Продажбата на влезниците која стартуваше на 15 мај, само во Канада во првите 24 часа инкасирала дури милион долари.

"Шпанското село" заглави на тендер

Вечер Прес - 01.06.2005

Легализација или уривање?! Шпанското село повторно ја разбранува јавноста и ги подели мислењата на скопјани. Многумина останаа затекнати кога актуелниот скопски градоначалник Трифун Костовски рече дека елитната дива населба на Водно треба да се легализира.

Бекам во блиндирани џипови "а ла Џејмс Бонд"

Вечер Прес - 01.06.2005

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам, моментно се наоѓа во Америка, каде што "Гордиот Албион" е на турнеја, а веќе ја совлада и домашната селекција со 2:1. Бекам, како што се знае, не пружа којзнае какви партии во дресот на Реал Мадрид, но затоа бизнисот со рекламите му ...

Димов му ја "лапна" советничката на Пановски

Вечер Прес - 01.06.2005

Министерот за здравство Владо Димов ја "лапна" во својот кабинет првата советничка за фармација на директорот на Фондот за здравствено осигурување Никола Пановски. Трансферот на д-р Гордана Дамјановска, која покрај другите набавки и прашања за и околу лековите, го истурка и меѓународниот тендер со ...

ФРАНЦУСКОТО "НЕ" НЕМА ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ЗАПАДЕН БАЛКАН

Вечер Прес - 01.06.2005

БРИСЕЛ. - Европската унија не очекува завчерашното француско "не" на Уставот на ЕУ да има негативни последици врз процесот на доближување на западнобалканските земји кон Унијата на кои крајна цел им е влез во ЕУ, изјави Кристина Галах, портпарол на високиот претставник за надворешна политика и ...

Македонскиот "Windows XP" на 30 000 компјутери

Вечер Прес - 01.06.2005

Компаниите што минатата година потпишаа тригодишни ОСЛ договори за легализирање на софтверот со "Мајкрософт", годинава бесплатно ја добија македонската верзија на програмата "Windows XP" и пакетот македонски бизнис-алатки. Според Илијанчо Гаговски, претставник на "Мајкрософт" во Македонија, ...

Здравко од "Арија" доби ќерка

Вечер Прес - 01.06.2005

Здравко од "Арија" пред десетина дена по втор пат стана татко. Неговата мала принцеза се вика Милена и, како што ни кажа, за разлика од синот Васил, кој името го доби по својот дедо, се вика така затоа што едноставно им се допаѓало името.

БЈРМ најголема "утка" на Караманлис

Вечер Прес - 01.06.2005

БЈРМ немаше никогаш да биде признаена под уставното име, ако беше ПАСОК на власт. Владата и премиерот беа отсутни од сите настани во изминатиот период, а интересите на Грција се доведени во опасност по вина на Костас Караманлис и неговата влада, порача лидерот на најголемата опозициона партија ...

"Тетовче" миленик на тренерот Функел

Вечер Прес - 01.06.2005

Во зимскиот преоден рок Александар Васоски го напушти Вардар, но остана верен на црвено - црната комбинација, потпишувајќи за Ајнтрахт од Франкфурт. Клубот на полусезоната беше во горниот дом, но со мали шансите за враќање во Бундес лигата.

"Белене" - балкански Чернобил?!

Вечер Прес - 31.05.2005

Експерти за нуклеарна енергија, кои учествуваа на конференцијата што се одржа на грчкиот остров Родос, предупредија дека постои опасност од "балкански Чернобил" поради плановите на Бугарија, Романија и на Турција да изградат нови нуклеарни централи, објави вчера весникот "Елефтеротипија".

ОДЛУКИТЕ НА СПЦ СЕ "ЦРКОВЕН ТЕРОРИЗАМ"

Вечер Прес - 31.05.2005

Полошко-кумановската епархија дава целосна поддршка на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и на сите членови на Светиот Архиерејски синод на МПЦ и натаму достоинствено да продолжат во зачувувањето на светоста и вечноста на нејзиниот народ, суверената држава и црква.

Липи ги "откачи" Тоти и Дел Пјеро

Вечер Прес - 31.05.2005

Големите ѕвезди на италијанскиот фудбал Франческо Тоти и Алесандро дел Пјеро не се на списокот на селекторот за средбата со Норвешка во квалификациите за СП. Двајцата настапија за своите клубови на средбите од последното коло во Серија А, но селекторот Марчело Липи, сепак, реши да ги изостави.

Со "Аида" се спушта завесата

Вечер Прес - 31.05.2005

Традиционално, со легендарната "Аида" на Џузепе Верди, вечерва (20 ч.) во салонот на Македонската опера и балет, завршува најголемата оперска манифестација во државава, 33. издание на Мајските оперски вечери. Напишана по нарачка на Театарот во Каиро, по повод отворањето на Суецкиот Канал и првпат ...

Тетовци уживаа во свирката на "Синтезис"

Вечер Прес - 31.05.2005

Со концертот во неделата вечерта во Домот на културата "Иљо Антоски - Смок" во Тетово, групата "Синтезис" го означи почетокот на големата турнеја низ Македонија по повод 10-годишниот јубилеј. Присутните во салата уживаа во живата свирка на "Синтезис", не само што не ги штедеа рацете, туку ...

Во "Градиште" летово ќе нема кампување?!

Вечер Прес - 31.05.2005

Веќе десеттина дена, околу четириесет поранешни сопственици на имотите во еден од најатрактивните автокампови во Охрид "Градиште" го блокираат влезот во кампот оневозможувајќи му на сегашниот корисник, хотелот "Два Бисери" да го подготви за претстојната туристичка сезона.

"Падна" уставот, падна еврото!

Вечер Прес - 31.05.2005

Според нецелосните резултати од завчерашниот референдум за Уставот на Европската унија во Франција, 67,27 проценти се изјасниле "против" документот, соопшти француското Министерство за внатрешни работи. Шефот на француската држава Жак Ширак во обраќањето до нацијата потврди дека Франција го отфрли ...

"Гранит" со три награди за врвен квалитет

Вечер Прес - 31.05.2005

Минатата недела во украинскиот град Јалта, нашата градежна компанија "Гранит" доби три врвни признанија за квалитет на извршените работи во Украина. Во организација на Европскиот центар за истражување на пазарот од Брисел, Европската бизнис асоцијација од Оксфорд и украинскиот Институт за ...

Литературни средби "Илинден 2005"

Вечер Прес - 30.05.2005

Меѓународните литературни средби- "Илинден 2005", што шеста година едноподруго се одржуваат во чест на поетот Драган Крушкарковски, викендов во хотелот "Белви" беа место каде што се собраа познати поети од Републикава, како и од Словенија, Бугарија, Грција, Црна Гора и Романија.

Детско катче обоено со виножитото на "Сони"

Вечер Прес - 30.05.2005

Јана, Марко, Сашко, Ана и нивните врсници од улицата ”Никола Тесла" во Карпош 2, викендов имаа голема причина за радост. Нивното омилено катче - детското игралиште, блесна освежено со нови бои како на оградатата така и на реквизитите.

Градоначалникот "ги турка" салата и театарот

Вечер Прес - 30.05.2005

Изградбата на спортската сала и театарот, покрај ифраструктурните зафати според новиот градоначалник, се објекти кои ќе добијат приоритет веднаш по ребалансот на градскиот буџет. Додека се утврдуваат реални приходи на Градот согласно со новиот Закон за децентрализација, најголем дел од тековните ...

Во инвалидска количка од Прилеп до битолски "Монмартр"

Вечер Прес - 30.05.2005

БИТОЛА.- Вчера околу 7 часот од Прилеп кон Битола со инвалидска количка тргна Миле Стојкоски за околу 15 часот да пристигне пред хотелот "Епинал" и да присуствува на ликовната манифестација "Мал битолски Монмартр" која по 24-пат се одржува со присуство на стотина млади ликовни творци од 30-тина ...

"Остани"

Вечер Прес - 30.05.2005

Димитар Димески е новата фаца на македонската забавна сцена. Тој беше дел од првата потрага по ѕвезди на М2 продукција во 2002 година. Неговата прва тема носи наслов "Сон", а сега деновиве го реализира своето второ музичко остварување "Остани" на Ристо Апостолов- Водолија.

Среќен почеток со "Хамлетовиот... сос"

Вечер Прес - 30.05.2005

Градот Охрид, сведокот на вековната историска и културна патина, но и надградба на македонската култура, од завчеравечер и официјално доби нов градски професионален театар. Темелите на овој театар, бездруго, му се во античкиот, кој датира од пред повеќе од 2,5 милениума, како и од првиот модерен ...

"Point Blank" на најголемиот отворен фестивал во Романија

Вечер Прес - 30.05.2005

По одличната свирка во клубот "Вега" во Скопје, одржана на 21 април годинава, двата скопски бенда "Поинт Бленк" (Point Blank) и "Ту Сајдс" (Two Sides) ја продолжуваат соработката. Така, истиот тандем на четврти јуни, в сабота, ќе настапи во клубот "Тропикал" во Прилеп, заедно со домашната поддршка ...

Крај на "happy hour" политиката

Вечер Прес - 30.05.2005

Здружението на сопственици на британските пабови реши да им стави крај на оние што привлекуваат гости во своите локали со таканаречената "happy hour" политика. За време на тој час, на гостите им се дава можност во ограничено време за малку пари да испијат огромни количества алкохол.