TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ѕинго забрзано го враќа долгот и бара да плаќа на рати

Време - 06.12.2007

ПО НАПИСИТЕ ВО „ВРЕМЕ“ Фирмите на пратеникот и бизнисмен Љубисав Иванов - Ѕинго од вчера забрзано го плаќаат долгот за неплатена струја и преговараат со ЕСМ - ЕВН да им овозможи плаќање на рати. Станува збор за долг од повеќе од 100 илјади евра, направен за само неколку години, а финалните ...

Под лупа инвестициите на ЕВН

Дневник - 05.12.2007

Работна група во Министерството за економија ќе ја провери документацијата за инвестициите на ЕВН во првата година по преземањето на ЕСМ. Ако се утврди дека вложувањата се помали од 35,5 милиони евра, колку што според купопродажбениот договор треба да изнесуваат, компанијата ќе плати пенали, изјави ...

ЕСМ-ЕВН ќе се реорганизира, ама нема да отпушта

Вечер Прес - 05.12.2007

Девет помали испостави на компанијата се затвораат, а вработените ќе се префрлат во најблиските поголеми подружници за да не останат без работа Нема да се отпуштаат вработени од ЕСМ-ЕВН, ветуваат од енергетската компанијата, која од неодамна почна да ги затвора дел од подружниците низ земјава за да ...

ЕВН: Инвестициите се остварени и видливи

А1 - 04.12.2007

Сите инвестиции се остварени и видливи. Ова е пораката на Австријците од ЕВН, откако Владата ги прозва дека наместо предвидените 35 милиони евра, инвестирале само 10 милиони за една година. „Можеби има разлика во интерпретацијата.

ЕВН ги покажува инвестициите, Владата чека ревизори

Време - 04.12.2007

ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕПУКУВАЊАТА ЕВН вчера организираше обиколка на дел од своите инвестиции реализирани од нивното влегување на македонскиот пазар па се досега. Обиколката имаше за цел да и покаже на јавноста дека ЕВН ги исполнила инвестициските ветувања за кои Владата тврдеше дека потфрлила.

40 милиони евра за нови чевли, трафостаници и броила

Вест - 04.12.2007

ЕВН СЕ ПОФАЛИ ВО ШТО ИНВЕСТИРАЛА Нови чевли и заштитна облека за работниците, нови возила, дигитални броила кои стојат во магазин и чекаат на законските измени за да бидат монтирани, нов сервер во посебно климатизирана просторија со двоен под и блиндирана врата, како и мала трафостаница без куќиште ...

Пратеникот и бизнисмен Ѕинго 10 години крадел струја од ЕСМ!

Време - 04.12.2007

ВО КРАТОВО Емил Зафировски Фирмите од Кратово на Љубисав Иванов - Ѕинго, пратеник и претседател на Социјалистичката партија, десет години краделе струја од ЕСМ без да платат денар за трошокот што го правеле, дознава „Време“ од извори во подружницата на ЕСМ - ЕВН во Кратово.

ЕВН инвестирала повеќе од ветеното во договорот

Утрински - 04.12.2007

АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ - ГОЈКО ЕФТОСКИ ЕСМ - ЕВН ги побива тврдењата на Владата дека компанијата не ги остварила ветените инвестиции во договорот од 35,5 милиони евра од моментот на приватизацијата на ЕСМ до денес. Според прегледот на реализираните инвестиции, австриската компанија од март 2006 година ...

ЕСМ останува во сопственост на ЕВН

Дневник - 04.12.2007

ЕВН нема да го продаде ЕСМ, изјави заменик-претседателот на Управниот одбор на компанијата Карл Хајнц Грасман при вчерашната презентација на инвестициите што ги реализирале во текот на годинава. - Ние не дојдовме за да седиме до утре или до задутре. Имаме цели што треба да ги постигнеме.

Ревизорот ќе ни каже колку вложиле ЕВН

Вечер Прес - 04.12.2007

Тоа е единствениот начин на кој Владата утврдува ниво на инвестиции во било која фирма во Македонија - изјави владиниот портпарол Боцевски Владини претставници вчера не се одѕваа на јавната покана од ЕВН да ги посетат енергетските капацитети на ЕСМ за да се уверат во досегашните инвестиции во ...

Владата се заканува со пенали за ЕВН - уште го нема точниот податок за инвестициите

Канал5 - 03.12.2007

Владата се заканува со пенали за ЕВН, а се уште го нема точниот податок за инвестициите во дистрибутивната компанија. Владата се заканува со пенали за ЕВН, а се уште го нема точниот податок за инвестициите во дистрибутивната компанија.

ЕВН ЕСМ тврди дека инвестирала 40 милиони евра

Макфакс - 03.12.2007

Тетово Компанијата ЕВН ЕСМ ја има испочитувано обврската од купопродажниот договор за инвестициите, а истото го очекува од владата за враќање на дел од парите при продажбата. Ова денеска го изјави претседателот на Управниот одбор на компанијата ЕВН ЕСМ Карл Хајнц Гросман, јавува Макфакс.