Коментар - Соња Казиовска Синдикатот за образование, наука и култура и покажа заби на Владата. Организираше генерален штрајк за да ја натера да ги почитува роковите на кои самата се обврза кога ја потпиша спогодбата, според која платите и надоместоците во јавниот сектор ќе се исплаќаат најдоцна до ...
По дводневно штрајкување, почна исплатата на јануарската плата за вработените во училиштата и во градинките МАЈА ТОМИЌ Дводневниот генерален штрајк на вработените во сите основни и средни училишта, на факултетите и во градинките во земјава прекина вчера попладне.
ЗАВРШИ ШТРАЈКОТ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, НАУКАТА И КУЛТУРАТА Синдикатот подготвува кривични пријави против директорите на училиштата кои го попречуваа штрајкот и вршеа притисок врз вработените Генералниот штрајк на вработените во образованието, науката и културата заврши, а училиштата денес ќе продолжат ...
СТИГНАА ПЛАТИТЕ ЗА ОСМОЛЕТКИТЕ Вчера кон штрајкот на синдикатот се приклучија и училиштата што работеа во понеделникот Генералниот штрајк во образованието, науката и културата вчера заврши, а од денеска училиштата, детските градинки и културните институции продолжуваат да работат.
Утре учениците ќе одат на училиште. Штрајкот во образованието денеска заврши. Поголемиот број од основните и средни училишта денеска добија плата, а на останатите им е префрлена на нивните жиро сметки и платата ќе ја добијат во текот на утрешниот ден.
Поради штрајкот на просветарите, учениците се шетаа по градските улици, слаткарници, паркови... СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Ученици со ранци како седат во училишните дворови, рашетани по градските улици, парковите, слаткарниците по продавниците, но многу помалку во училишните клупи, беше сликата што вчера ...
Од 10-тина средни и основни училишта во Штип, само во основното училиште "Тошо Арсов" вчера се одржа настава. Во штрајк стапија и вработените во Народниот театар, Домот на култрата и Народната библиотека. Градинките во Штип кои имаат забавишни групи денеска ги примија децата, но немаа настава.
Во сите средни и основни училишта во Битола вчера не се одржуваше настава, согласно со штрајкот во образованието во земјата. Исклучок од ова беа основното училиште "Кирил и Методиј" во Битола и основното училиште "Крсте Петков Мисирков" од Бистрица, каде наставниците се солидаризираат по барањата ...
УЧИЛИШТАТА ВЧЕРА СО КЛУЧ НА ВРАТА Повеќето училишта во земјава вчера ги пречекаа учениците со заклучени врати на кои беше истакнат написот "Штрајк". Некои од училиштата и детските градинки работеа, но просветарите генерално се приклучија кон повикот на Синдикатот за образование, наука и култура ...
Клупите во училниците во основните и средните училишта денеска останаа празни. Иако имаше и училишно ѕвоно, ученици денеска немаше во школите. Во речиси сите образовни институции во републиката штрајкуваа професорите. Тие до петокот не добија плата, ниту надоместоци за храна и превоз за јануари, ...
Незадоволство Според најавата на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), денеска во генерален штрајк ќе стапат сите синдикални организации од предучилишните установи, основното, средното и од високото образование, како и од науката и културата.
ДЕНЕСКА УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ НЕМА ДА РАБОТАТ По најавата за генерален штрајк во петокот, потсекретарот во Министерството за образование Ѓорѓи Илиевски се обиде да направи притисок врз синдикатот, а врз наставниците истото го направил и еден претставник н Училиштата денес нема да организираат ...
ЗАКАЖАН ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК Вработените во предучилишните установи, основните и средните училишта, факултети, како и во науката и културата, денеска ќе стапат во генерален штрајк. Причина да се прекине наставата во образовните установи, како што велат од Синдикатот за образование, наука и култура ...