TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Џафери: „Корупција нема само кај Албанците“

А1 - 05.12.2004

Арбен Џафери од ДПА на слична линија со ДУИ. Корупција нема само кај Албанците, туку во неа се заглавени сите. По средбата со мандатарот Бучковски, тој побара власта да не навлегува во проблемот само заради своја промоција. „Ние го поддржуваме проектот или тенденцијата да се фатат сите крадци, но ...

Средба на Бучковски со Џафери во седиштето на ДПА

А1 - 05.12.2004

Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Владо Бучковски денеска во седиштето на Демократската партија на Албанците во Тетово се сретна со лидерот на ДПА, Арбен Џафери. На средбата станало збор за евроинтеграциите, реформите во правосудството, имплементацијата на Рамковниот договор, ...

Бучковски со министрите за економија и финансии ќе ја кројат економската програма

Утрински - 05.12.2004

СТРАТЕГИЈА Денеска, на нова средба мандатарот Владо Бучковски и кандидатот за вицепремиер, Минчо Јорданов, во присуство на потенцијалните министри за економија и за финансии, Фатмир Бесими и Никола Поповски, ќе ги оформат контурите на владината економска програма.

Бучковски побара поддршка од Џафери за идните владини приоритети

Утрински - 05.12.2004

Мандатарот вчера во Тетово се сретна со првите луѓе на Демократската партија на Албанците Гојко Ефтоски ТЕТОВО - "Имавме 90-минутна конструктивна средба со претседателот на ДПА, Арбен Џафери, како и со заменикот Мендух Тачи на која разменивме мислења за повеќе прашања.

Поддршка за уставните промени за правосудството

Вест - 04.12.2004

СРЕДБА БУЧКОВСКИ - ГРУЕВСКИ Претседателот на СДСМ и мандатар Владо Бучковски се сретна со Никола Груевски, лидер на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, при што разговарале за прашања кои се од стратегиски интерес за Македонија. Лидерите Бучковски и Груевски разговарале за реформите во судството и за уставните ...

„Кондово“ и „Раштански“ им ја расипаа дружбата

Време - 04.12.2004

БУЧКОВСКИ И ГРУЕВСКИ ДЕБАТИРАА НА НЕУТРАЛЕН ТЕРЕН „Кондово“ и „Раштански лозја“ се двете прашања што ги отворија Владо Бучковски и Никола Груевски и за кои застанаа на различни позиции, на вчерашната средба во четири очи во хотелот „Александар палас“.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните промени во правосудството

Утрински - 04.12.2004

Лидерите на најмоќните политичките партии во власта и во опозицијата вчера разговараа за повеќе стратегиски прашања за Република Македонија За Бучковски Кондово е изолиран случај кој не може да ја дестабилизира државата. Лидерот на СДСМ смета дека треба да профункционира правната држава КАТИЦА ...

Бучковски на мака како да ги смири раскараните соработници

Утрински - 04.12.2004

Влегува ли СДСМ во период на стабилизација или разликите сега по Конгресот ќе добијат во интензитет Ќуркчиев: Во СДСМ нема проблеми, туку сета енергија е насочена кон средување на крупните проблеми во земјата. Петковски, Шекеринска, Митрева и Ќуркчиев на Конгресот на СДСМ Сашко Димевски Има ли ...

Експлозија на суета

Дневник - 04.12.2004

Милан Банов Човекот чиниш побегнал од колумната на својата истомисленичка и сопартијка Шеќеринска (или од есејот на Макс Вебер) Кога во текот на петнаесетина, веројатно и повеќе денови, вашите сетила така офанзивно ќе бидат нападнати (речиси до затапување) со присуството на мандатарот Бучковски во ...

Пендаровски отпадна од играта за МВР

Дневник - 04.12.2004

ВЛАДАТА запна каЈ полициЈата Мандатарот Владо Бучковски вчера не успеа да реши за министерствата за транспорт и врски и за внатрешни работи. По консултациите со претседателот Бранко Црвенковски за местото во МВР, Бучковски синоќа ги продолжи разговорите со лидерот на ДУИ Али Ахмети и тоа за двете ...

Груевски песимист, Бучковски оптимист за економијата и за безбедноста

Дневник - 04.12.2004

мандатарот се сретна со лидерот на опозициЈата ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ја поддржи новата Влада за промените што би го забрзале влегувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ, изјави вчера лидерот Никола Груевски по средбата со мандатарот Владо Бучковски.

Се цртаат контурите на Владината економска програма. На гости кај мандатарот потенцијалниот вице премиер Минчо Јорданов

Канал5 - 04.12.2004

Получасовната средба зад затворени врати во Министретвото за одбрана меѓу мандатарот, Владо Бучковски и идниот вицепремиер, Минчо Јорданов заврши без конкретности за насоките на економската програма.. Деталите ќе се договараат најверојатно в понеделник за Получасовната средба зад затворени врати во ...

Средба на Бучковски и Груевски

А1 - 03.12.2004

Проблемот со вооружените групи во Кондово и начинот на неговото решавање - прва препрека во обновениот дијалог меѓу власта и опозицијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешната средба со мандатарот Бучковски побарал, државата на брз и ефикасен начин да го реши овој проблем.

Бучковски за роденден доби влада

Време - 03.12.2004

СЕ КОМПЛЕТИРА КАБИНЕТОТ Александра М. Митевска <> Минчо Јорданов, претседател на УО на „Макстил“, најверојатно е идниот вицепремиер за економски систем, а Мери Младеновска-Георгиевска, сегашната генерална секретарка на Владата, ќе биде министерка за правда, каде што беше заменичка до пред шест ...

Есад ја обвинувал Рада за составот на новата влада

Време - 03.12.2004

ПОСТКОНГРЕСНИ БРАНУВАЊА ВО СДСМ Дали госпоѓицата-реформаторка сега е задоволна од составот на новата влада - ја прашал пратеникот Есад Рахиќ вицепремиерката Радмила Шеќеринска, на завчерашниот состанок на претседателството на СДСМ.

Минчо Јорданов, вицепремиер за економија

Вест - 03.12.2004

Минчо Јорданов, директор на "Макстил", ќе биде вицепремиер кој ќе се грижи за економските реформи во владиниот кабинет на мандатарот Владо Бучковски. Извесно е дека ресорот здравство ќе го води Владо Димов, а за МВР името ќе се знае по денешната средба на Бучковски со претседателот на државата ...

Џафери не сака да влезе во седиштето на СДСМ

Утрински - 03.12.2004

ОДЛУКА Само претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ја прифати поканата на претседателот на СДСМ, Владо Бучковски, за денешната средба што ја закажа мандатарот за да "поразговара со лидерите на опозициските партии околу стратегиските интереси на Република Македонија и утврдувањето на формите ...

Груевски: Предложената влада е полоша од претходната

Утрински - 03.12.2004

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица Средбите кај мандатарот се трикови од времето на Црвенковски СТРУМИЦА - За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денешната средба кај мандатарот Владо Бучковски е еден од веќе применуваните трикови на неговиот претходник Црвенковски.

Јорданов од „Макстил“ ќе ги менаџира економските реформи

Утрински - 03.12.2004

На синоќешната средба на Бучковски со Ахмети требаше да се симне од дневен ред прашањето за учеството на Буџаку во Владата Менаџерот на „Макстил", Минчо Јорданов, ја прифатил понудата на мандатарот Владо Бучковски да биде четвртиот потпретседател во владата кој ќе биде одговорен за економските ...

За Рахиќ Шеќеринска е пепелашка

Дневник - 03.12.2004

кавга ВО СДСМ Пратеникот Есад Рахиќ на прексиноќешниот состанокот на Претседателството ја критикувал вицепремиерката Радмила Шеќеринска за нејзиниот однос пред и по Конгресот на СДСМ, дознава "Дневник". Рахиќ ја нарекол Шеќеринска "модерна европска пепелашка" и побарал да одговори дали е задоволна ...

Се бараат министри за МВР и за транспорт

Дневник - 03.12.2004

ПРИВРШУВА ЕКИПИРАЊЕТО НА ВЛАДИНИОТ КАБИНЕТ Министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски се ресорите за кои мандатарот Владо Бучковски се уште нема кадровски решенија. По отфрлањето на предлогот на ДУИ Агрон Буџаку да остане во ресорот транспорт и врски, ситуацијата е статус кво и ...

Средба Бучковски - Груевски

Канал5 - 03.12.2004

Безбедносната состојба во Kондово, економската состојба во земјава и Rаштански лозја се прашањата на кои различно гледаат мандатарот Владо Бучковски и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Повеќе од 1 час траеше денешната прва средба на која Гр Безбедносната состојба во Kондово, економската ...

Минчо Јорданов - заменик премиер за економија

Вечер Прес - 03.12.2004

Заменик-премиер за економски систем во идната Влада ќе биде Минчо Јорданов, менаџер на "Макстил", додека Свето Јаневски екс-менаџер на скопска Пивара ќе биде надворешен соработник за советување на премиерот Владо Бучковски за економски прашања.

Груевски: „Составот на оваа влада полош од претходниот“

А1 - 02.12.2004

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе оди на утрешната средба кај Бучковски иако се сомнева во сериозноста на поканата. Сомнежот Груевски го образложи со лошото искуство од ваквите разговори иницирани лани од ВМРО-ДПМНЕ водени со претходникот на Бучковски, а кој владеачката партија ги ...

Мандатарот в петок ќе се сретне со Груевски и Џафери

Утрински - 02.12.2004

ДИЈАЛОГ Владо Бучковски в петок официјално ќе се сретне со претседателите на опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, Никола Груевски и Арбен Џафери. Главна тема на разговорите ќе бидат стратегискитее интереси на Република Македонија и утврдување на облиците на заедничко дејствување во тој правец.

Бучковски планира ќе го засили кабинетот со петмина советници

Утрински - 02.12.2004

ПЛАНОВИ Мандатарот Владо Бучковски планира да го засили својот кабинет со петмина советници. Директорот на ?Алкалоид", Трајче Мукаетов, ќе го советува за економија, Славко Милосавлевски, кој беше амбасадор на Македонија во Србија и Црна Гора, ќе биде советник за внатрешни прашања, додека Вања ...

Тошевски, Мукаетов, Милосавлески и Биљали советници на Бучковски

Дневник - 02.12.2004

СЕ "КРЧКА" КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ Поранешните амбасадори Вања Тошевски и Славко Милосавлевски, бизнисменот Трајче Мукаетов, поранешниот пратеник Мерсел Биљали и портпаролот Марјан Ѓуровски, најверојатно, ќе станат советници во кабинетот на новиот премиер Владо Бучковски.

БИЗНИСМЕНОТ МИНЧО ЈОРДАНОВ НОВ ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ЕКОНОМИЈА. СВЕТО ПИВАРА СЕ ПРЕМИСЛУВАЛ ОТИ НЕ МУ СЕ БЕНДИСУВА ПОЛИТИКАТА ...

Канал5 - 02.12.2004

Првиот човек на Макстил, Минчо Јорданов, ќе биде вицепремиер за економски систем во новата влада.. Тој денеска претпладне ја прифатил понудата на манадатарот Владо Бучковски, откако вчера екс-менаџерот на скопска Пивара, Светозар Јаневски, покажал резерва Првиот човек на Макстил, Минчо Јорданов, ќе ...

Кој ќе седне во ресорот МВР?

Канал5 - 02.12.2004

По утрешните консултациите кои мандатарот Бучковски ќе ги има со претседателот Црвенковски ќе се знае дали министерската функција во МВР ќе ја добие човек од партијата или експерт.. Мандатарот има дилеми какво решение е потребно за овој ресор и за По утрешните консултациите кои мандатарот Бучковски ...

Бучковски ги кани на разговор Груевски и Џафери

А1 - 01.12.2004

Лидерот на најголемата владејачка партија СДСМ и мандатар за составување влада Владо Бучковски, упати покана за официјални средби в петок со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА, Никола Груевски и Арбен Џафери. За тема на разговорите се планирани стратешките интереси на Република Македонија и ...

Свето Пивара влегува во тимот на Бучковски?

Време - 01.12.2004

ПАРТНЕРИТЕ ГИ ПРЕРАСПРЕДЕЛИЈА МИНИСТЕРСТВАТА Александра М. Митевска ДУИ најверојатно ќе му ги отстапи на СДСМ министерствата за правда и за здравство, а за возврат ќе го добие ресорот локална самоуправа. ЛДП, пак, ќе и ги препушти на ДУИ министерствата за економија и за земјоделство, а од СДСМ ќе ...

Вака веќе не бива!

Време - 01.12.2004

Александар Дамовски Пред рака можам да кажам дека и со оваа влада, каква и да биде, нема да биде ништо! По којзнае кој пат гледам нови лидери и квазиреформатори како во почетокот само се пенат, ветуваат, демек со нив ќе почне поновата историја на Македонија, со нив конечно ќе почнат економските ...

Бучко на ручек со директорско лоби

Вест - 01.12.2004

ПРЕГОВОРИТЕ СО КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДАТА ПРИВРШУВААТ Идниот премиер настојува да најде човек од бизнисот кој ќе се зафати со претстојните економски реформи Денес, по ручекот на мандатарот Владо Бучковски со бизнисменот Светозар Јаневски и со уште двајца бизнисмени, ќе се знае името ...

Груевски: Нема да и дадеме сто дена на владата на Бучковски

Утрински - 01.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ во Штип ШТИП - "На владата на Владо Бучковски нема да и дадеме сто дена и уште од почетокот на нејзината работа на јавноста ќе и ги даваме на увид сите нејзини промашувања. Не дека не сме демократи и дека не ги почитуваме установените правила на демократијата.

Свето Пивара вицепремиер?

Дневник - 01.12.2004

СЕ КРЧКА СОСТАВОТ НА НОВАТА ВЛАДА Со распределбата на ресорите во Владата, ДУИ доби едно министерско место повеќе и сега ќе раководи со пет ресори Новата Влада на Република Македонија ќе има вкупно 18 члена - 14 министри и четворица потпретседатели.

Бучковски ќе воведува четири потпретседатели

А1 - 30.11.2004

Новината, која Бучковски ја воведува, се четирите владини потпретседатели - за економски систем, политички систем, евроинтеграции и за имплементација на рамковниот договор. Муса Џафери останува потпретседател во Владата, задолжен за рамковниот договор.

Шеќеринска останува вицепремиер за евроинтеграции

А1 - 30.11.2004

Шеќеринска останува вицепремиер за евроинтеграции во тимот на Бучковски, и покрај децидните најави дека нема да биде дел од новиот владин кабинет. Вели дека се предомислила, зашто токму процесот за евроинтегрирање бил во критичната фаза.

Рада уште се дума

Вест - 30.11.2004

Бучко на маки Вицепремиерката Радмила Шеќеринска се уште се дума дали да ги води евроинтеграциите во владиниот кабинет на Владо Бучковски. Мандатарот за составување нова влада Владо Бучковски и вицепремиерката во оставка Радмила Шеќеринска на вчерашниот 40-минутен попладневен разговор не постигнале ...

Опозициските лидери чекаат покана за средба со идниот премиер

Време - 30.11.2004

ПО НАЈАВАТА НА МАНДАТОРОТ БУЧКОВСКИ Мандатарот за состав на нова влада Владо Бучковски се уште официјално ги нема покането лидерите на опозициските партии на средба што, според најавата на Бучковски, би требало да се случи веќе утре.

Европа навива Шеќеринска да му каже „да“ на Бучковски

Време - 30.11.2004

ЗАСИЛЕНИ ПРЕГОВОРИ ЗА НОВАТА ВЛАДА Александра М. Митевска Мандатарот Владо Бучковски ниту вчера не доби конечен одговор од Радмила Шеќеринска дали ќе остане на вицепремиерската функција и во секторот за евроинтеграции. Тие се сретнаа пред владината седница, по која Шеќеринска отпатува во Софија, на ...

Шекеринска останува во тимот на Бучковски?

Утрински - 30.11.2004

Мандатарот за формирање нова влада вчера попладне се сретна со коалициските партнери Радмила Шекеринска се уште тактизира со останувањето во тимот на нејзиниот сопартиец Владо Бучковски. Својата одлука дали останува или се повлекува од новата влада ќе му ја соопшти на мандатарот дури вечерва, ...

Поповски влезе, Шеќеринска на врата

Дневник - 30.11.2004

ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛАДИНИОТ СОСТАВ Неофицијално, во комбинација за министер е актуелниот директор на Комерцијална банка, Драгољуб Арсовски Вицепремиерката Радмила Шеќеринска вчера ја продолжи неизвесноста дали ќе влезе во составот на новата влада.

Шеќеринска останува во владата

Канал5 - 30.11.2004

Радмила Шеќеринска останува во владата и натаму ќе раководи со секторот за евроинтеграции. Ова е резултат на вечерашните разговори на Шеќеринска со мандатарот Бучковски, откако тој ја уверил дека новата македонска влада ќе остане на реформскиот и евро-инт Радмила Шеќеринска останува во владата и ...

Новата влада на Бучковски ќе има еден член повеќе од актуелниот состав кој е во оставка..

Канал5 - 30.11.2004

Тоа ќе биде четвртиот вицепремиер кој ќе биде задолжен да ги координира економските активности.. За оваа позиција мандатарот утре ќе разговара со екс-директорот на скопска Пивара, Светозар Јаневски.. Ако тој не прифати, според изворите на Канал Тоа ќе биде четвртиот вицепремиер кој ќе биде задолжен ...

Шекеринска го условува своето останување во владата

А1 - 29.11.2004

По децидните изјави дека ништо не може да ја премисли и дека дефинитивно заминува од владата, Шеќеринска денеска се двоуми. На тет а тет средбата со мандатарот, таа го условила своето учество во владата, со персоналниот состав на новиот владин кабинет.

Рада и Никола неизвесни

Вест - 29.11.2004

ДЕНЕС ЌЕ СЕ ЗНАЕ ПОДЕЛБАТА НА РЕСОРИТЕ ВО КАБИНЕТОТ НА БУЧКОВСКИ Дали ќе останат во Владата или не, Радмила Шеќеринска и Никола Поповски, ќе зависи од денешните средби на мандатарот Бучковски со нив Денес ќе се знае распределбата на министерските места во новиот владин кабинет на Владо Бучковски ...

Шеќеринска не му го простува на Бучковски конгресниот грев

Време - 29.11.2004

МАНДАТАРОТ БРЗА ДА ЈА СОСТАВИ ВЛАДАТА Владо Бучковски нема лесно да ја состави новата влада, зашто некои од кандидатите за клучните позиции или не сакаат да соработуваат со него или не прифаќаат да раководат ресори на кои ги планирал идниот премиер.

Министрите ќе одговараат пред премиерот и парламентот, а не пред партиите

Утрински - 29.11.2004

ОДГОВОРНОСТ Во иднина министрите ќе одговараат пред премиерот и пред парламентот, а не пред партиите и партиските шефови. Ова е децидниот став на мандатарот околу одговорноста на луѓето кои ќе бидат дел од неговиот тим. ?Ако оставката на Хари Костов треба да биде поука за сите идни премиери, тогаш, ...

Владата на Бучковски ќе биде избрана до 8 декември

Утрински - 29.11.2004

Течат уставните и деловничките рокови Изборот на новата влада во Собранието најверојатно ќе се случи за десетина дена, иако уставните рокови на мандатарот му даваат повеќе време за да го екипира кабинетот. "За седум дена би требало да завршат консултациите на ниво на коалициски партнери и ако ...

Мандатарот на големи кадровски искушенија

Утрински - 29.11.2004

Денеска попладне трилатерална коалициска средба на лидерите на СДСМ, ЛДП и ДУИ за формирање нова влада и распределба на ресори Мандатарот Владо Бучковски немаше многу време ни за прослава на победата, ни за еуфорија, ни за анализа на изборите во СДСМ.

Бучковски ги потврди обвинувањата на Костов за корупција во Владата

Утрински - 29.11.2004

Интервју за Радио Слободна Европа Мандатарот на нова влада и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, во интервју за Радио Слободна Европа ги потврди обвинувањата на неговиот претходник Хари Костов за корупција во Владата, истакнувајќи дека таа постои, но не може со сигурност да се потврди дека е со такви ...

Бучковски ќе ја пишмани Шеќеринска

Дневник - 29.11.2004

ЖЕСТОКИ ПРЕГОВОРИ ЗА НОВАТА ВЛАДА Конечниот список на новите министерски имиња ќе биде познат во вторник Јован Манасиевски, министер за труд и социјална политика во оставка од Либерално демократската партија, засега е единственото сигурно ново решение на мандатарот за состав на новата влада Владо ...

СИЛЈАН АВРАМОВСКИ НЕМА ДА РАКОВОДИ СО МВР, СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ ВО КОМБИНАЦИЈА ЗА НОВАТА ВЛАДА И БЕЗ ДИРЕКТОРСКОТО МЕСТО ...

Канал5 - 29.11.2004

Мандатарот Владо Бучковски денешниот разговор со неа го оцени како домаќински.. Конечната разврска Бучковски ја најави за утре.. Шеќеринска со писмена изјава.. ,, Мојот став околку евентуалното понатамошно учество во владата најмногу ќе зависи од Мандатарот Владо Бучковски денешниот разговор со неа ...

ШЕЌЕРИНСКА ЌЕ ОСТАНЕ АКО ВЛАДАТА НА БУЧКОВСКИ ИМА КАПАЦИТЕТ ЗА РЕФОРМИТЕ ЗА ЕВРОИНТЕГРИРАЊЕ

Канал5 - 29.11.2004

Во зградата на владата во тек се, според најавите, клучните средби на мандатарот Владо Бучковски со раководствата на ДУИ и на ЛДП по кои најверојатно ќе се исцртаат контурите на новиот владин кабинет.. Пред овие состаноци, Бучковски беше кај претседателот Во зградата на владата во тек се, според ...

Тројката го токми составот на Владата

Вечер Прес - 29.11.2004

Сузана Џамтоска Тројката Бучковски - Ахмети - Пенов денеска ќе го утврдува распоредот на силите во новата влада. Досега, поточно, на завчерашните средби, мандатарот Владо Бучковски ниту давал, ниту пак некој од лидерите барал некое министерство.