TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Британија пред блокада на патиштата поради цената на нафтата

А1 - 11.09.2005

На Велика Британија и се заканува целосна блокада на патиштата поради високите цени на бензинот и дизел горивата, предупредија асоцијациите на камионџиите. Водачите на оваа моќна асоцијација за весникот „Сандеј телеграф“ изјавија дека ќе ги блокираат главните патни правци во земјата и приодите до ...

Намалување на цените на нафтените деривати

Макфакс - 09.09.2005

Скопје Цените на нафтените деривати во Македонија од полноќ ќе бидат пониски за 2,5 денари по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 3,97 насто, а рафинериските за 6,33 проценти.

Литар бензин колку 1,5 литар масло за јадење

Време - 07.09.2005

КОЛКАВ Е НАШИОТ ЖИВОТЕН СТАНДАРД Бензините поскапеа за 15 отсто за последниве 10 месеци, а за истиот период платите останаа непроменети. Сега за да наполни еден резервоар со безоловен бензин „премиум“ просечен граѓанин треба да издвои повеќе од една петтина од својата месечна плата.

Граѓаните, засега, не мислат да штедат бензин

Утрински - 07.09.2005

По последниот скок на цената на нафтените деривати во земјава Граѓаните имаат различен став околу цените на бензинот. Некои не размислуваат да ја редуцираат потрошувачката, некои веќе го сториле тоа, а некои мислат дека наскоро би можело да се случи и да го продадат автомобилот МАЈА ТОМИЌ Додека ...

„Суперот“ стигна до 70 денари

Време - 06.09.2005

БЕНЗИНИ Бензините од полноќ поскапеа за 1,5 денар за литар. „Суперот“ или МБ-96 октани се продава за 69,5 денари. Безоловните бензини се продаваат по цена од 66 денари и 66,5 денари, а дизелот ќе чини 54,5 и 55,5 денари за литар.

Бензините пак поскапеа, влијанието врз цените е минимално

Утрински - 06.09.2005

Малопродажната цена на МБ - 96 се зголемува од 68 на 69,50 денари за литар; на БМБ - 90 од 64,50 на 66 денари за литар Цената на барел нафта на светскиот пазар веќе достигна 70 долар, а може да се зголеми по стравотниот налет на ураганот "Катрина" МАЈА ТОМИЌ Цените на нафтените деривати повторно се ...

Литар бензин 70 денари

Дневник - 06.09.2005

од вЧера на полноЌ Бензинот супер од синоќа се продава по рекордна цена од 69,50 денари за литар. Новата цена на безоловниот е 66,50 денари, а на дизелот 55,50 денари. Од Регулаторната комисија за енергетика вчера соопштија дека последното зголемување на цените на горивата во просек за 1,5 денар, ...

Скокна бензинот во Европа

Дневник - 06.09.2005

Разурнувањата од ураганот Катрина предизвикаа скок на цените на бензинот во Чешка, Полска и Словачка. Во Чешка бензинот поскапе за 10 отсто и сега 1 литар "натурал" чини 33 круни (1,2 евро). Опозициската Граѓанска демократска партија побара од Владата да го намали данокот, затоа што со поголеми ...

Бензините поскапи за 1,5, дизелот за еден денар!

Вечер Прес - 06.09.2005

Горивата повторно поскапеа и тоа кај бензините скокот е за 1,5 денар, а дизелот за еден денар. Исто толку поскапе и нафтата за домаќинствата. Според новиот ценовник суперот, односно моторниот бензин од 96 октани, сега се продава по цена од 69,50 денари за литар, безоловниот од 90 октани е со цена ...

Повторно поскапување на нафтените деривати

А1 - 05.09.2005

Поскапуваат бензините за денар и половина. Овој најголем скок на цените досега се должи на растот на цените на светските берзи, објаснуваат во Регулаторната комисија. Новата цена на моторниот бензин - премиум ќе изнесува безмалку 70 денари, односно 69,5 денари, безоловниот регулар ќе се продава за ...

„Катрина“ предизвика поскапување на бензинот

А1 - 05.09.2005

Ураганот „Катрина“ предизвика скок на цените на бензинот на пумпите во Чешка, Полска и Словачка. Во Чешка, каде во текот на викендот бензинот поскапе за 10% и сега литар од најкористениот натурал чини 33 круни, речиси 1,2 евра, на пумпите се создаваа големи гужви.

Поскапуваат бензинот и дизелот

Време - 05.09.2005

НАФТЕН УДАР Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ повторно ќе поскапат најмалку за денар, навестуваат од државната регулаторна комисија за енергетика. Од рафинеријата „Окта“, која секои две недели бара корекција, новите цени планирале да ги правдаат со податокот од минатата недела кога барел ...

Високооктанска инфузијаод Европа за САД

Дневник - 05.09.2005

Европа ги отвори своите стратегиски резерви за бензин за да им помогнат на САД да ја амортизираат енергетската криза предизвикана од ураганот Катрина, јави Ројтерс. Меѓународната енергетска агенција објави дека во септември ќе испраќа по 2 милиона барела на ден во САД.

Историски рекорд на цените на бензините во Македонија

Канал5 - 05.09.2005

Според новите цени што денеска ги утврди Регулаторната комисија за енергетика, литар моторен бензин ќе се продава за 69,5 денари, безоловниот од 90 октани ќе чини 66 денари, а оној од 95 октани 66,5 денари. Според новите цени што денеска ги утврди Регулаторната комисија за енергетика, литар моторен ...

Бензинот поскапува за 1,5 денари

Макфакс - 05.09.2005

Скопје Бензините поскапуваат од ноќеска на полноќ за 1,5 денари за литар, а дизелот и екстра лесното масло за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на литар моторен бензин од 96 октани ќе изнесува 69,50 денари, безоловниот бензин од 90 октани ќе се продава за ...