TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јордановски избран за претседател на Партијата на слободни демократи

А1 - 21.10.2007

Уште една нова партија на македонската политичката сцена, Партија на слободни демократи. За претседател го избраа поранешниот спикер на собранието, Љубиша Јордановски. Ќе делуваат во центарот, иако во платформата не е прецизирана нивната политичка идеологија.

Формирана „Партија на слободни демократи“ - претседател Љупчо Јордановски

Канал5 - 21.10.2007

Новите „Слободни демократи“ ќе се позиционираат во центарот на политичката карта, ќе трагаат по слободата и по луѓето кои имаат свој став. Таква ќе биде платформата на партија промовирана денеска. Новите Слободни демократи ќе се позиционираат во центарот на политичката карта, ќе трагаат по ...

Нова партија од редовите на СДСМ

А1 - 19.10.2007

Долгонајавуваната партија, формирана од досегашни влијателни членови на најголемата опозициска партија во Македонија СДСМ, ќе биде основана во недела, 21-ви октомври. Партијата е формирана по иницијатива на поранешниот пратеник и претседател на Собранието од редовите на СДСМ Љупчо Јордановски.

В недела се основа Партија на слободните демократи

Дневник - 17.10.2007

В недела и официјално ќе биде промовирана долгонајавуваната нова Партија на слободните демократи . Во скопскиот хотел „Александар палас“ ќе биде одржано основачкото собрание на кое се очекува да биде избрано привременото партиско раководство.