TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Светската банка е против продажба на ЕСМ

Дневник - 21.05.2005

"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" Здружението на граѓани "Глас за светлина" бара да се стави мораториум на приватизацијата на Електростопанство на Македонија се додека земјава не стане членка на Европската Унија. Во Здружението тврдат дека Светската банка не стои зад приватизацијата на ЕСМ, јави МИА.

„Глас за светлина“ бара мораториум за приватизација на ЕСМ

А1 - 20.05.2005

Здруженито на граѓани „Глас за светлина“ бара да се стави мораториум на приватизацијата на ЕСМ се додека Македонија не стане член на Европската унија. Според „Глас за светлина“, Светската банка не стои зад приватизацијата на македонското Електростопанство.

Телефон, интернет и ТВ канали преку кабелот за струја

Вест - 20.05.2005

ВЛАДАТА ПОДЕЛЕНА ОКОЛУ ИСКОРИСТУВАЊЕТО НА ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА НА ЕСМ ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ Со воведување на ПЛЦ системот, кој како проект веќе и е понуден на Владата од уругвајската фирма РЈК и групацијата "Мер" од Израел, на домаќинствата ќе им се овозможи за 1.500 денари месечно во ...

Поречани и Владата се насукаа во "Јасен"

Дневник - 20.05.2005

ЛОВИШТЕТО НЕПРЕМОСТЛИВО ЗА НАЈКРАТКИОТ ПАТ КОН СКОПЈЕ Нема да не зачуди ако државата наскоро побара да обезбедиме мислење и дозвола од Здружението на домаќинките во Македонија за изградба на патот преку ловиштето "Јасен". Така иронично реагираат Поречани, по завчерашното обвинување од ЕСМ дека ...

Во Јасен пак се лови во матно

Дневник - 20.05.2005

Коментар - Слободан Содиќ На Поречани никако да им се посреќи и конечно да добијат нов пат, за сметка на стариот, кој државата им го потопи со пуштањето во работа на хидроцентралата "Козјак". Затоа, тие до Скопје наместо за 15 минути патуваат три часа преку Кичево, минувајќи дневно повеќе од 300 ...

Владата си играла криенка со Русите

А1 - 19.05.2005

Русите извисија во Македонија. Претставници на фирмата „Интер рау“ фирма ќерка на руското електростопанство се враќаат за москва со празни раце. Од намерите да извршат тест за подготвеноста на владата да им овозможи влез во гасоводот и во електростопанството нема ништо.

ЕСМ мора да се продаде пред изборите

Време - 19.05.2005

ВЛАДАТА СТРАВУВА ОД ЕБОР Мирче Котевски Владата не се откажува од подготовки за приватизација на „Електростопанство на Македонија“ (ЕСМ), но министрите се поделени за тоа дали оваа компанија да се отуѓи пред парламентарните избори, кои според календарот се очекуваат за наесен в година, тврдат ...

ЕСМ ја исклучува струјата, градоначалникот повторно ја вклучува

Време - 19.05.2005

БОГДАНЦИ СЕ ДЕЦЕНТРАЛИЗИРА НА СВОЈ НАЧИН Општинскиот разгранок на СДСМ во Богданци му ги замрси сметките на „Електростопанство на Македонија“ откако вчера неовластено организира вклучување на електросистемот на 30 домаќинства од овој град, кои во понеделникот биле исклучени поради неплаќање.

Ловџии ги избркале геометрите на ЕСМ

Време - 19.05.2005

ПАТОТ ДО „КОЗЈАК“ ЗАГЛАВЕН ВО ЛОВИШТЕТО „ЈАСЕН“ Емил Зафировски Вработени на Националниот парк и ловишта „Јасен“ вчера со ловечки пушки ги спречиле градежниците од ЕСМ да го трасираат патот што треба да го поврзе Поречието кај Македонски Брод со Скопје.

Директорот на "Јасен" не дозволува да се гради патот кон Македонски Брод

Утрински - 19.05.2005

Судир Директорот и вработените во Јавното претпријатие "Јасенни завчера ги спречиле екипите на фирмата "Балкан консалтингги да влезат во националниот парк "Јасенни и да почнат да ги вршат неопходните мерења и подготовки за изградба на патот кон Македонски Брод, кој беше пресечен со изградбата на ...

Исклучени 8.453 домаќинства поради неплатени сметки

Утрински - 19.05.2005

ЕСМ продолжува со акцијата за присилна наплата на долговите за струја Екипите на ЕСМ исклучиле 1.285 индустриски објекти и 94 буџетски корисници МАЈА ТОМИЌ Десетина дена откако трае акцијата на ЕСМ за исклучување на нередовните плаќачи на струја, во компанијата се задоволни од резултатите.

Исклучувањата родија плод

Дневник - 19.05.2005

"ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО НА МАКЕДОНИЈА" "Електростопанство на Македонија" последниве десет дена исклучи 8.453 домаќинства, 1.285 индустриски објекти и 94 буџетски корисници. Благоја Стојановски, директор на Дистрибуцијата во ЕСМ, изјави дека до вчера само во Скопје се собрани повеќе од 200 милиони денари.

Руската „Интер Рау ес“ сака да ги купи и ЕСМ и гасоводот

А1 - 18.05.2005

Високи претставници на руската компанија „Интер Рау ес“ со мешовит државен и приватен капитал дојдоа во Скопје, во обид да го испипаат пулсот на владата за нивно влегување во гасоводниот систем и во македонското електростопанство и тоа во пакет.

Тендерот за ЕСМ најдоцна до ноември

Вест - 18.05.2005

СВЕТСКА БАНКА ЈА НАТЕРА ВЛАДАТА ДА ЈА ОДЛОЖИ ПРОДАЖБАТА НА "ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО" За да заврши планираната приватизација во електроенергетскиот систем пред почетокот на предизборниот период следната година, Владата ќе треба да го објави меѓународниот тендер за приватизација најдоцна Ако Владата сака ...

ЕСМ прво ќе се дели, па ќе се продава

Утрински - 18.05.2005

Владата по втор пат го одложи тендерот за продажба на „Електростопанство на Македонија“ Владата конечно сфати дека е неопходно прво да се среди правната регулатива, а потоа да се изврши приватизација на ЕСМ. Таа пред две недели најави дека до крајот на овој месец ќе избере еден од трите дотогаш ...

ЕСМ ја наполни касата од акцијата за исклучување

Канал5 - 18.05.2005

ЕСМ ја наполни касата од акцијата за исклучување. Денеска се пофалија- ’’со години немало ваков ефект, дневно да се собира по 32 милиона денари само во Скопје’’. Во целава земја исклучени се околу 8500 домaќинства и околу 1200 индустриски потрошувачи.

Јасен не им дава пат на Поречани, тврди ЕСМ

Канал5 - 18.05.2005

Националниот парк Јасен ги запрел отпочнатите работи на патот што го гради Елекстростопанство за Поречани, кои останаа без врска со Скопје, откако браната Козјак го потопи стариот пат. Елеонора Анастасова(Балкан консалтинг беа еднаш на терен и беа сто Националниот парк Јасен ги запрел отпочнатите ...

Експертите и порачуваат на владата да внимава околу продажбата на ЕСМ

А1 - 17.05.2005

Што се крие зад намерата на владата да ја одложи продажбата на ЕСМ. Стручњаците велат ако е искрена тогаш е добро, но ако е само обид да се залаже јавноста тогаш ништо не е сторено. Владата ќе мора да ја докаже искреноста со суштинско менувањее на моделот, а услови за тоа со поделбата постојат.

Странците ќе решат за ЕСМ

Дневник - 17.05.2005

ВЛАДАТА ГИ ЧЕКА ОЦЕНКИТЕ ОД ЕБРД И ОД Светската Банка Владата ја одложува продажбата на "Електростопанство на Македонија" за да ги почека оценките од Европската банка за обнова и развој и од Светската банка за тоа дали треба да се продаваат и хидроцентралите.

Цената на ЕСМ нема да се смени без оглед на тоа дали ќе го продава оваа или идна Влада

Канал5 - 17.05.2005

Последната одлука на Владата, Светската и Европската банка за обнова и развој да пресечат дали од Електростопанство ќе се продава само дистрибуцијата или доколку дозволи законската рамка и хидроцентралите, крена прашина во политичката и експертската јавно Последната одлука на Владата, Светската и ...

Владата донесе одлука да го подели ЕСМ на 2 дела

А1 - 16.05.2005

Владата на денешната седница донела одлука да го подели ЕСМ на 2 дела. Во едниот ќе остане производството, значи термо и хидроцентралите, а во другиот дистрибуцијата, кој најверојатно ќе биде предмет на идна приватизација. Колку ова ќе ја пролонгира постапката за продажба на компанијата, сеуште не ...

МЕПСО и ЕСМ играат незаконски

Време - 16.05.2005

ОПОЗИЦИЈАТА отвори фронт за реформата во енергетскиот сектор Македонскиот електропреносен системски оператор (МЕПСО), акционерско друштво што од јануари формалноправно се издвои од „Електростопанство на Македонија“, работи незаконски, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Нов модел ја одложува приватизацијата на ЕСМ

Вест - 16.05.2005

ВЛАДАТА ОДНОВО ГО ИЗБИРА НАЧИНОТ НА ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО Новиот модел на приватизација значи и одложување на објавата на меѓународниот тендер за продажба на доминантниот пакет од ЕСМ за четири до осум месеци, а во предизборен период Владата не смее да продава држа Продажбата на ...

ЕСМ станува сопственик на броилата за електрична енергија

Утрински - 16.05.2005

Според новиот закон за енергетика што е во собраниска процедура Загубите на ЕСМ поради старите и неисправни броила изнесуваат околу 100 милиони киловат-часа струја годишно МАЈА ТОМИЌ Со новиот закон за енерегетика, што се очекува да се донесе до крајот на овој месец, електричните броила стануваат ...

ЕСМ вработува партиски

Дневник - 16.05.2005

ОБВИНЕНИЕ Во Електростопанство на Македонија се вршат масовни вработувања по партиска линија, обвини вчера опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Атанаско Туневски, член на партиската Комисија за енергетика, не даде конкретни примери за тоа во кои подружници и сектори се направени новите вработувања.

Електростопанство ќе се дели уште на две независни компании. Во едната останува производството, а во другата ...

Канал5 - 16.05.2005

. Двете нови друштва ќе бидат директно под Владата. Ова е денешната одлука на специјалната владина седница на која се расправаше за начинот на продажба на оваа компанија. Со тоа се прекинува судската постапка за формирање на двете фирми ќерки пр . Двете нови друштва ќе бидат директно под Владата.