TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Буш: Македонија и САД се блиски како никогаш досега

Утрински - 15.05.2004

Телеграма од американскиот претседател до Црвенковски Скопје - Американскиот претседател Џорџ Буш упати честитка до Бранко Црвенковски по повод изборот за претседател на Македонија, потенцирајќи дека односите меѓу Македонија и САД се блиски како никогаш досега.

Буш му честита на Црвенковски за изборот за претседател

А1 - 14.05.2004

Американскиот претседател Џорџ Буш упати честитка до Бранко Црвенковски по повод изворот за Претседател на Република Македонија, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет. „Вашата земја даде голем придонес за време на Вашето извршување на функцијата премиер на државата.

Новиот претседател со стара екипа

Дневник - 14.05.2004

СЕ ЕКИПИРА КАБИНЕТot на црвенковски Вработените во досегашниот кабинет од вчера биле префрлени во други служби Претседателот Бранко Црвенковски во новиот кабинет ќе донесе дел од советниците со кои соработуваше како премиер, а другите места дополнително ќе се пополнуваат.

Првиот работен ден на Црвенковски

Дневник - 14.05.2004

Првиот ден, веднаш по инаугурацијата, Бранко Црвенковски поминал два часа во претседателскиот кабинет. По протоколарната средба со претседателот на Собранието и дотогашен вршител на должноста претседател на републиката Љупчо Јордановски и примопредавањето на функцијата, на Црвенковски во кабинетот ...

Црвенковски и официјално претседател на Македонија

Вест - 13.05.2004

Бранко Црвенковски вчера даде свечена изјава во Собранието со која официјално е прогласен за трет претседател на Македонија. Бранко Црвенковски вчера даде свечена изјава во Собранието со која официјално е прогласен за трет претседател на Македонија.

Црвенковски: Чувствувам одговорност пред минатото и пред иднината

Време - 13.05.2004

ИНАУГУРИРАН НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА Александра М. Митевска Многу пати сум се обраќал од оваа собраниска говорница: и како пратеник-опозиционер, и како премиер, а сега првпат ја имам честа да се обратам како претседател на Република Македонија.

Солзи и "Риби" за лидерот

Вест - 13.05.2004

ПРОШТАЛНА ВЕЧЕР ВО СДСМ За спомен и долго сеќавање партијата му подари слика од циклусот "Риби" на Никола Мартиновски Вчерашната седница на претседателството и централниот одбор на СДСМ помина во емотивна атмосфера и солзи во очите на СДСМ-овците кои се разделија од досегашниот лидер и премиер ...

Црвенковски положи заклетва без опозицијата

Утрински - 13.05.2004

Во Собранието на Република Македонија свечено инаугуриран новиот претседател на државата Со свечена изјава пред пратениците и пред целата македонска јавност, дека ќе ги почитува Уставот и законите, ќе го штити територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, Бранко Црвенковски ...

Црвенковски со цвеќе испратен од СДСМ

Утрински - 13.05.2004

Лидерот на социјалдемократите се збогува од своите сопартијци Лидерот на социјалдемократите, Црвенковски, завчера вечер се збогуваше со своите сопартијци на свечените седници на партиското Претседателство и на Централниот одбор.

Премиерот со три мандати стана претседател

Утрински - 13.05.2004

БИОГРАФИЈА Бранко Црвенковски е роден на 12 октомври 1962 година во Сараево. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје, насока информатичка технологија и автоматика. Оженет е со Јасмина и е татко на две деца, Љупчо и Марија.

Опозицијата ја следеше седницата на телевизиските екрани

Утрински - 13.05.2004

Изјави на пратеници по инаугуративниот говор на Бранко Црвенковски Опозицијата вчера не присуствуваше на свечената собраниска седница, на која Бранко Црвенковски беше инаугуриран за нов шеф на државата, но беше присутна во Собранието и го следеше телевизискиот пренос во Клубот на пратениците, во ...

Солзи за збогум од СДСМ

Дневник - 13.05.2004

ОСТАВКА НА ЛИДЕРСКАТА ФУНКЦИЈА Бранко Црвенковски со солзи во очите се простил од своите сопартијци и побарал од нив да ги зачуваат успехот и единството во СДСМ. - Изминативе 13 години мојот живот беше поврзан со партијата. Синот Љупчо ми се роди кога станував пратеник, а ќерката Марија кога ...

Македонија доби претседател

Дневник - 13.05.2004

Црвенковски ИНАУГУРИРАН во ШЕФ НА ДРЖАВАТА Во битката за европска Македонија потребни ни се секој наш граѓанин, колективниот ум, знаење и силна волја и упорност, изјави третиот по ред претседател на државата Со ветување дека ќе биде претседател на сите граѓани, кој ќе ја води Македонија како ...

Довербата треба да се докаже

Дневник - 13.05.2004

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Тоа што вчерашната заклетва ја даде бојкотиран од опозицијата и што за неа ќе биде "лице што победило на фалсификувани избори" не треба да го обесхрабрува новиот шеф на државата Бранко Црвенковски.

Бранко Црвенковски претседател на Македонија

А1 - 12.05.2004

Новиот претседател на РМ Бранко Црвенковски во собранието даде и ја потпиша свечената изјава со која и официјално стапи на должноста. Горд сум што на овие избори ја добив поддршката од припадниците на сите етнички заедници. Како претседател, рече Црвенковски ќе се посветам на јакнење на ...

Опозицијата ја бојкотираше инагурацијата на Црвенковски

А1 - 12.05.2004

Пратениците на опозицијата ја бојкотираа инагурацијата на Црвенковски. Дел од нив наместо на свеченоста седеа во своите пратенички групи од каде и го следеа ТВ пренос. На ваков чекор опозицијата се решила поради изборниот фалсификат, кој не се обидел да го спречи ниту еден државен орган, и покрај ...

Честитка од Г.Г. Стефан до претседателот Црвенковски

А1 - 12.05.2004

„Преку волјата на народот застанавте на чело на нашата Татковина - Република Македонија. Бог нека ви помага во управувањето со кормилото од бродот на нашиот народ, водејќи го во потивко пристаниште низ овие разбранувани времиња.

Црвенковски ќе нема пред кого да се заколне

Време - 12.05.2004

ИНАУГУРАЦИЈАТА БЕЗ ОПОЗИЦИЈАТА Во ВМРО-ДПМНЕ вчера потврдија дека нивните пратеници нема да присуствуваат на денешната седница за инаугурацијата на премиерот Бранко Црвенковски за претседател на државата. Инаугурацијата ќе ја бојкотираат и пратениците од ЛП како коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Црвенковски си ги носи најблиските соработници

Време - 12.05.2004

НОВИ „СТАНАРИ“ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Александра М. Митевска На Бранко Црвенковски денеска му е првиот работен ден како претседател на државата. Вчера тој последен пат беше во Владата како премиер и таму се сретна со првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, со кого разговарал околу ...

Лекција

Вест - 12.05.2004

Првиот претседател на Македонија Киро Глигоров вчера се сретна во владиниот кабинет со новиот шеф на државата Бранко Црвенковски. Спроти денешното официјално преземање на претседателската функција, Глигоров на Црвенковски се обидел за кусо време да му пренесе дел од своето искуство во водењето на ...

Опозицијата ќе ја бојкотира инаугурацијата на Црвенковски

Утрински - 12.05.2004

Денеска напладне почнува петгодишниот мандат на новиот претседател Бранко Црвенковски денеска напладне и официјално ќе ја преземе претседателската функција и пред Собранието, но и пред целата македонска јавност ќе се обврзе дека во наредните пет години совесно и одговорно ќе ја води државата.

Опозицијата ја бојкотира заклетвата на Црвенковски

Дневник - 12.05.2004

ИНАУГУРАТИВНА СЕДНИЦА Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од ЛП нема да присуствуваат на инаугурацијата на новиот претседател Бранко Црвенковски бидејќи се сомневаат во регуларноста на изборите. Денешната свечена седница најверојатно ќе ја бојкотираат и парламентарците од Демократската партија на ...

Ахмети: „Отсуството на ДПМНЕ на инаугурацијата не е добар чин“

Канал5 - 12.05.2004

Неприсуството на опозицијата на денешната инаугурација на Бранко Црвенковски за претседател на државата не е добар чин, бидејќи претседателот е претседател на сите граѓани и на сите политички партии, изјави по свечената седница лидерот на ДУИ Али Ахмет Неприсуството на опозицијата на денешната ...

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДОЛЖНОСТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Канал5 - 12.05.2004

Бранко Црвенковски како нов претседател на Република Македонија, денеска на собраниска седница даде свечена изјава дека ќе ги почитува Уставот и законите, со што и официјално стана шеф на државата. Црвенковски беше избран за претседател на Репу Бранко Црвенковски како нов претседател на Република ...

Дика: „Мандатот на Црвенковски не е легитимен“

Канал5 - 12.05.2004

Координаторот на пратеничката група на ДПА Замир Дика, по инаугурацијата на Бранко Црвенковски за шеф на државата, изјави дека тој не е легитимен претседател на Република Македонија, поради што пратениците на оваа партија не присуствуваа на собранискат Координаторот на пратеничката група на ДПА ...

Црвенковски утре официјално трет претседател на Македонија

А1 - 11.05.2004

Трет претседател на Република Македонија од утре и официјално ќе стане Бранко Црвенковски. Тој, како што официјално е соопштено, ќе положи заклетва на свечена собраниска седница закажана за в среда точно напладне, со што ќе стане третиот претседател на Република Македонија, од нејзиното ...

Италијанскиот претседател му честиташе на Црвенковски

Утрински - 11.05.2004

Телеграма Скопје - ?Посакувам за време на Вашиот мандат успешните односи меѓу Италија и Македонија да изнајдат нови можности за нивно продлабочување, пред сў и во пресрет на приближувањето на Вашата земја кон ЕУ", се вели во честитката што италијанскиот претседател Карло Азелјљо Чампи ја упати до ...

Црвенковски утре официјално трет претседател на Македонија

Канал5 - 11.05.2004

Тој, како што официјално е соопштено, ќе положи заклетва на свечена собраниска седница закажана за в среда точно напладне, со што ќе стане третиот претседател на Република Македонија, од нејзиното осамостојување во 1991 година.

В среда Црвенковски ќе биде инагуриран за претседател на РМ

А1 - 10.05.2004

Спикерот Јордановски и официјално, за во среда, ја закажа собраниската седница на која Црвенковски ќе биде инагуриран за шеф на државата. Тој денеска добил допис од Државната изборна комисија со кој се потврдува дека изборите се завршени и дека Црвенковски е избран за претседател.

ВМРО ДПМНЕ ќе ја бојкотираат инагуративната седница

А1 - 10.05.2004

Дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ, како и повеќето пратеници од оваа партија се затечени од одлуката да се бојкотира седницата на парламентот на која Црвенковски треба да биде инагуриран за претседател на државата, дознава А1.

Црвенковски го доби уверението за претседател, инаугурацијата в среда

Време - 10.05.2004

ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА Државната изборна комисија завчера на Бранко Црвенковски му го врачи уверението со кое се потврдува дека тој е избран за претседател на Република Македонија. Новиот претседател ќе ја преземе функцијата по потпишувањето на свечената изјава, што, како што вчера изјави генералниот ...

НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕМА КОЈ ДА МУ ЧЕСТИТА

Утрински - 10.05.2004

СОЊА КРАМАРСКА Ако се изземат честитките од сопартијците и симпатизерите и оние што пристигнуваат од колегите во странство, како и впрочем при сите досегашни претседателски избори, и на овој сегашен нов претседател нема кој да му честита од домашниот политички терен.

Без ВМРО-ДПМНЕ на инаугурацијата

Утрински - 10.05.2004

Опозицијата зазема став кон изборот на Црвенковски за претседател Опозицијата зазеде став кон изборот на Бранко Црвенковски за претседател на државата, а тоа е дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува на церемонијата на неговата инаугурација, која, најверојатно, ќе се одржи в среда.

Бранко Црвенковски и официјално претседател на Македонија

Утрински - 10.05.2004

ДИК му го врачи уверението на новоизбраниот шеф на државата, инаугурацијата на свечена седница, најверојатно в среда Бранко Црвенковски и официјално е новиот претседател на Република Македонија. Со врачувањето на уверението за избор на шеф на државата, Државната изборна комисија му ја верификуваше ...

Црвенковски в среда ќе се заколне

Дневник - 10.05.2004

СОБРАНИЕ Инаугуративната седница на која Бранко Црвенковски како нов претседател на државата ќе даде свечена изјава ќе се одржи в среда во 12 часот. Откако ќе даде заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите, Црвенковски и официјално ќе стапи на должноста шеф на државата.