TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Неистомислениците од Клиничкиот центар

Утрински - 14.09.2007

Митре Новаков, Скопје Интензивна партиска чистка и' се случува на Македонија во овој период на владеење. Жалосно е што лекарите се одбрани како најдобар плен за политичка манипулација и доста често се робови на партиска политика.

Трансформацијата на Клинички падна на првиот тест

А1 - 13.09.2007

Трансформацијата на Клинички центар падна на првиот тест. Владата најверојатно ќе ја врати Клиничка аптека да функционира како посебен правен субјект, откако првично одлучи да ја припои со Заеднички служби, а клиниките сами да се снабдуваат со лекови.

Хонорарците на Клинички во паника!

Вечер - 13.09.2007

Повеќе од 400 хонорарци се во паника, оти договорите на дело во Клиничкиот центар им завршуваат на 20 септември годинава. Тие се уште не знаат дали ќе им бидат продолжени договорите или ќе се најдат на улица. Некои од нив работат и по неколку години, а се уште не се примени во редовен работен однос.

Ниту трага од отворено општество

Утрински - 11.09.2007

Блажо Богдановски, Скопје Владата го означи стартот на трансформацијата на Клиничкиот центар. Не знам дали тоа воопшто се вика трансформација? Мене ми личи на расформација и распарчување. Документот за распарчување уште не е достапен до јавноста, а уште што е пострашно тој не е достапен ниту за ...

Одлуката за реформата на Клиничкиот центар по втор пат излегува во Службен весник

Канал5 - 11.09.2007

По втор пат одлуката за трансформација на клинички излегува во службен весник. Првата верзија била технички неисправна – заборавени се дел од клиники во Клиничкиот центар. Клиниката за детска хирургија беше два пати објавена а заборавена клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.