TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

АГИМ КРАСНИЌИ ПОВТОРНО ВО КОНДОВО

Вечер Прес - 19.02.2005

Агим Красниќи повторно се шета низ Кондово, заедно со неколкумина од "својата" дружина, меѓу кои и лица од Косово. Жители од Кондово ни рекоа дека, тој веќе неколку дена е во селото, шета со "калашников" и е во кавга со повеќето од селаните, кај кои нема поддршка.

Кондово повторно станува нестабилна зона

А1 - 17.02.2005

Странски претставници во Скопје предупредуваат дека состојбата во Кондово наликува на онаа од ноември минатата година. Високи полициски извори за А1 потврдуваат дека во селото е повторно присутен Агим Красниќи, а во последниве неколку дена таму пристигнале и четворица поранешни команданти на УЧК ...

Кондовец со калашников нападнал полицајци

Време - 16.02.2005

ВИКЕНДОВ Момче од скопското село Кондово вооружено со автоматска пушка во неделата пукало во полициска патрола во близина на селото, но, за среќа, во инцидентот не повредило никого. По престрелката полицајците го уапсиле вооружениот напаѓач, а истражен судија му изрекол триесетдневен притвор.

Кондовчец со автомат пукал во полицајци

Вест - 16.02.2005

ВООРУЖЕНА ПРЕСТРЕЛКА ВО СКОПСКОТО СЕЛО СВИЛАРЕ Х.А. (28) од скопското село Кондово, со автоматска пушка нападнал полициска патрола во селото Свиларе додека биле на службена должност. Набрзо по вооружениот инцидент тој бил уапсен, а истражен судија од Основниот суд Скопје 2, му одредил и мерка ...

Престрелка во Кондово

А1 - 15.02.2005

28 годишниот Ахмет Х. од Кондово два дена е во бегство, откако испукал еден куршум од калашњиков кон полициска патрола, која вршела контрола во селото Долно Свиларе. Полицијата ги интензивирала контролите и деталните прегледи на возилата во скопското предградие бидејќи во неделата тамошните ...

За криминалците во Кондово постапка како за сите

Дневник - 15.02.2005

МВР Полицијата води постапка против криминалците во Кондово исто како против сите други што биле вмешани во криминал, изјави вчера министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски, по шпекулациите дека полицијата подготвува специјална истрага за криминалците во скопското село.

Михајловски. „Кондово се третира како и сите криминални случаи“

А1 - 14.02.2005

Полицијата има ист аршин и кон Кондово и кон останатите криминални случаи. Ова го тврди министерот Михајловски. „Сите лица што се инволвирани во криминал, дали се од Кондово, дали од други градови на Македонија се предмет на работа на МВР, тоа се постапки кои ќе течат.